предмети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Jul 2023 08:23:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предмети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извршен вонреден надзор во предметите поврзани со работата на Општина Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/#respond Tue, 11 Jul 2023 08:23:14 +0000 https://kurir.mk/?p=855294

Комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија изврши вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против лицето Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник. Во текот на работата, Комисијата имаше увид во вкупно 30-тина заведени предмети од кои најстарите завршени постапки датираат од 2006 година, при што и во еден дел од веќе решените предмети Комисијата испрати укажувања до јавните обвинители во однос на нивното постапување. Основното јавно обвинителство Струга води четири предмети против наведеното лице оформени од почетокот на годинава, а постапува и во 2 предмети во предистрага од 2021 година кои се однесуваат на конкретни проекти на Општина Струга. За други четири предмети во работа (2 од 2019 и 2 од 2022), јавните обвинители кои преземале дејствија добија укажувања и насоки со цел дополнително да се динамизира постапувањето. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има во работа вкупно 5 предмети (2 во РО и 3 во КО уписник). Меѓу нив е и предметот со спорната набавка на службени автомобили во Општина Струга, кон кој е приклучена и иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција и извештај на Државниот завод за ревизија, и во кој е донесена Резолуција за еден дел од наводите, меѓутоа останатиот дел се уште е предмет на проверки. На надлежниот јавен обвинител му се дадени насоки за натамошно постапување во овој предмет. Вишото јавно обвинителство Битола доби насока во следниот период да врши зачестени контроли и да го следи постапувањето во сите предмети против избрани и именувани лица во основните јавни обвинителства во своја надлежност. За време на извршениот надзор, членовите на Комисијата извршија и директни разговори со јавните обвинители од кои побараа да се произнесат дали чувствувале какви било притисоци во постапувањето и дали се соочуваат со проблеми при водењето на постапките. Во исто време, членовите на Комисијата апелираа до надлежните јавни обвинители за поголема ажурност и ги охрабрија да го пријавуваат секој обид да се компромитираат постапките што се водат во јавните обвинителства. Исто така, на јавните обвинители уште еднаш им беше посочена и огромната важност за транспарентност и отчетност при водењето на сите постапки од интерес на јавноста. Под обврска да се води од начелото на пресумпција на невиност, Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека во сите активни предмети против наведеното лице ќе бидат преземени неопходните дејствија и ќе бидат испитани сите околности, а евентуално утврдените кривични дела нема да останат без соодветен кривичен прогон. Имајќи ги предвид наодите од извршениот надзор, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе повеќе дополнителни мерки со цел јакнење на отпорноста на јавнообвинителскиот систем и ажурноста на јавнообвинителското постапување: а) Писмено укажување до сите Виши и основни јавни обвинителства за ажурирање на постапувањето во сите предмети, особено во предметите кои се однесуваат на кривични дела од областа на корупцијата и во предметите кои се однесуваат на избрани и именувани функционери. б) Писмено укажување до Вишите јавни обвинителства за задолжителна контрола на постапувањето по предметите против избрани и именувани лица при секој редовен надзор во основите јавни обвинителства во нивна надлежност. в) Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе иницира средба со Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и други надлежни органи и институции, со цел активирање на национален фронт за борба против корупцијата. Во рамките на своите надлежности како орган кој раководи со истражната постапка, Јавното обвинителство ќе им даде конкретни насоки на останатите институции од правосудната полиција за динамизирање на нивните постапки, ќе инсистира на соработка и ќе побара сите други институции да одговорат со максимални напори и вложувања во борбата против криминалот. г) Ќе се иницира средба со Здружението на јавните обвинители за да се разгледа можноста да се воспостави канал за пријавување на обиди за притисоци и влијанија врз јавни обвинители. Со тоа ќе се отвори можност за пријавување и од граѓаните, од другите институции, но и од самите јавни обвинители, а обвинителството ќе воспостави механизми за проверка на ваквите наводи. Во овој процес ја очекуваме поддршката од јавноста, но и од меѓународните институции и организации кои ја следат нашата работа. Толеранција на какви било облици на криминал нема и нема да има.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/feed/ 0
Одите на одмор и не знаете каде да ги скриете скапоценостите и парите? Погледнете ги овие генијални идеи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odite-na-odmor-i-ne-znaete-kade-da-gi-skriete-skapotsenostite-i-parite-poglednete-gi-ovie-genijalni-idei-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odite-na-odmor-i-ne-znaete-kade-da-gi-skriete-skapotsenostite-i-parite-poglednete-gi-ovie-genijalni-idei-video/#respond Mon, 26 Jun 2023 07:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=849601

Видео кое е прегледано повеќе од 30 милиони пати. Сезоната на одмори штотуку започна, но со неа доаѓаат и проблемите. Празните куќи и станови се совршени мети за крадците, а многу семејства се грижат каде да ги сокријат своите скапоцености и заштеди. За да бидете сигурни, најдобро би било работите да се сокријат за да се минимизираат шансите крадците да ги најдат. Избегнувајте класични места и места кои се лесно достапни, а доколку немате идеја каде да ги скриете, видеото може да ви помогне.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odite-na-odmor-i-ne-znaete-kade-da-gi-skriete-skapotsenostite-i-parite-poglednete-gi-ovie-genijalni-idei-video/feed/ 0
ФОТО: Накит и лични предмети на Елвис Присли одат на аукција https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-nakit-i-lichni-predmeti-na-elvis-prisli-odat-na-aukcija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-nakit-i-lichni-predmeti-na-elvis-prisli-odat-na-aukcija/#respond Tue, 02 Aug 2022 20:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=713169

Колекција накит која легендарниот Елвис Присли му ја подарил на својот менаџер Том Паркер, ќе се најде на аукција на 27 август. Како што е наведено, на аукцијата ќе се најдат околу 200 предмети. Меѓу нив ќе има часовници, златни прстени со скапоцени камења, ланчиња, но и гитара на која Присли свирел за време на познатиот повратнички настап во 1968 година, пренесува Ројтерс. Присила Присли, сопруга на легендарниот музичар, обезбедила голем број од предметите кои ќе се најдат на закажаната аукција. Наведува дека била принудена на ваков чекор поради постојани лажни предмети на нејзиниот сопруг на пазарот. -Сакам да знам со сигурност дека овие автентични предмети ќе му припаднат на некого кој ќе се грижи за нив, некој кој ќе ги цени, вели Присила. За Ројтерс истакнала дека оваа колекција накит е интересна и разновидна, а настанала од постојани напорти на сопружниците Присли да се сетат што би бил вистинскиот избор за подарок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-nakit-i-lichni-predmeti-na-elvis-prisli-odat-na-aukcija/feed/ 0
Скопјанец на паркинг пред Градска болница украл предмети од возило – украденото вратено, крадецот приведен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-na-parking-pred-gradska-bolnica-ukral-predmeti-od-vozilo-ukradenoto-vrateno-kradecot-priveden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-na-parking-pred-gradska-bolnica-ukral-predmeti-od-vozilo-ukradenoto-vrateno-kradecot-priveden/#respond Sun, 03 Jul 2022 08:28:28 +0000 https://kurir.mk/?p=699105

На 02.07.2022 во 06.40 часот на ул.„11ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(37) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на ноќта на паркинг простор пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со употреба на сила и подесен алат одзел предмети од патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ш.(59) од с.Трубарево, скопско. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-na-parking-pred-gradska-bolnica-ukral-predmeti-od-vozilo-ukradenoto-vrateno-kradecot-priveden/feed/ 0
Овие три работи треба да ги фрлите од вашиот дом: Влијаат врз вашиот мир и прават да се чувствувате лошо https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-tri-raboti-treba-da-gi-frlite-od-vashiot-dom-vlijaat-vrz-vashiot-mir-i-pravat-da-se-chuvstvuvate-losho/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-tri-raboti-treba-da-gi-frlite-od-vashiot-dom-vlijaat-vrz-vashiot-mir-i-pravat-da-se-chuvstvuvate-losho/#respond Mon, 17 May 2021 07:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=511192

Како што пишува mydoiman.com начелата на фенг шуи, многу јасно укажуваат кои предмети треба да ги задржиме, а од кои треба да се ослободиме. Според Енџи Чо, стручњак за фенг шуи, просторот во кој престојуваме може и тоа како да влијае на количината на стрес кој го чувствуваме секој ден. Доколку ги имате овие предмети во домот, размислете да се ослободите од нив. Суво цвеќе Исушените цветови или гранки се непосакувани во светот на фенг шуи, бидејќи симболизираат распаѓање. Несакани подароци И покрај најдобрите намери, веројатно не постои личност која никогаш не добила подарок кој не го сака. „Можеме да го цениме гестот, но задржувањето на нешто што не сме го сакале, влијае на нашиот мир и среќа”, вели Чо и советува таквите подароци да му ги подариме на некој кој ќе знае да ги цени. Скршени предмети Кој  нема вакви предмети во домот? Ги оставаме некаде на страна, чекајќи момент кога конечно ќе ги поправиме. Освен што зафаќаат простор, според начелата на фенг шуи, ваквите предмети шират лоша енергија. Најчесто, поправката ќе се одложи со месеци, па дури и години. Предметите кои го чекаат редот за поправка, секогаш кога ќе ги видиме не потсетуваат на обврската која не сме ја исполниле, па се чувствуваме лошо. Со други зборови, собираме обврски кои требало одамна да ги завршиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-tri-raboti-treba-da-gi-frlite-od-vashiot-dom-vlijaat-vrz-vashiot-mir-i-pravat-da-se-chuvstvuvate-losho/feed/ 0
Сите ја правиме истата грешка: Овие 4 работи во домаќинството ретко се чистат, а претставуваат легло на бактерии https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ja-pravime-istata-greshka-ovie-4-raboti-vo-domakjinstvoto-retko-se-chistat-a-pretstavuvaat-leglo-na-bakterii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ja-pravime-istata-greshka-ovie-4-raboti-vo-domakjinstvoto-retko-se-chistat-a-pretstavuvaat-leglo-na-bakterii/#respond Wed, 17 Mar 2021 13:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=483716

Честопати, при чистење на куќата, не обрнуваме жвнимание на овие предмети, а треба. Добро е да се знае дека ниту дома не сме заштитени од бактерии. И во нашиот дом има места или предмети што можат да бидат извор на нечистотија и патогени микроорганизми. Човек никогаш не би ни помислил колку патогени живеат под еден покрив. Експертите од германската лабораторија „Charles River Laboratories“ во своето истражување во 2016 година ја проучувале површината на 30 предмети во домаќинството, а на нив откриле околу 340 видови бактерии. Добро е познато дека кујнскиот бар, мијалникот, фрижидерот, тастатурата и сите рачки бараат редовно чистење и дезинфекција, бидејќи тие често се допираат и се во контакт со храна. Сепак, уште четири точки во домот исто така се сметаат за критични. Завеса во када или туш кабината Една студија за безбеден дом докажа дека завесата може да има дури 60 пати повеќе патогени од тоалетното седиште. Површината на завесата е една од најзагадените предмети во бањата, поради дневниот туш и постојаната влажност што одговара на микроорганизмите. Покрај редовното чистење, важно е да се истегне завесата помеѓу две туширања за да се исуши. Држач за четки за заби Студија на Американската национална санитарна фондација (NFS) изброи повеќе од 3 милиони микроорганизми на само 10 квадратни сантиметри од површината на држачите на четки за заби.Иако не се сите микроорганизми штетни бактерии, препорачливо е редовно да се чисти таа чаша. Копчиња на шпоретот NFS исто така привлекува внимание кон копчињата за шпорет. Ние често забораваме да ја исчистиме таа површина, па многу бактерии се населуваат таму. Бидејќи често се допираат за време на готвењето, тие мора редовно да се чистат со крпа за дезинфекција или раствор на оцет и вода. Апарат за кафе или апарат за загревање на вода Лоши вести за љубителите на кафе и чај: грејачи на кафе или вода се користат секојдневно, но многу ретко се чистат. Препорачливо е да ги исчистите овие апарати во согласност со упатствата. Ако посветите поголемо внимание на чистењето на критичните точки во станот, навистина можете да живеете во хигиенски многу побезбедна средина без патогени микроорганизми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ja-pravime-istata-greshka-ovie-4-raboti-vo-domakjinstvoto-retko-se-chistat-a-pretstavuvaat-leglo-na-bakterii/feed/ 0
Бидете внимателни: За овие работи мислите дека немаат рок на траење и ги чувате дома, но многу грешите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bidete-vnimatelni-za-ovie-raboti-mislite-deka-nemaat-rok-na-traenje-i-gi-chuvate-doma-no-mnogu-greshite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bidete-vnimatelni-za-ovie-raboti-mislite-deka-nemaat-rok-na-traenje-i-gi-chuvate-doma-no-mnogu-greshite/#respond Thu, 29 Oct 2020 17:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=422300

Ние секогаш се сеќаваме да го провериме датумот на истекување на млекото, и знаеме колку долго можеме да ги користиме нашите производи за убавина. За жал, воопшто не обрнуваме внимание на предметите во нашата куќа кои нè опкружуваат повеќе отколку што треба. Токму поради тоа, ве советуваме да започнете да ги проверувате датумите на истекување на одредени работи… и не само на работите од вашиот фрижидер! СПАЛНА СОБА Перници (од 2 до 3 години) Со текот на времето, перниците од кој било вид започнуваат да стануваат дом на прашина и паразити и може да предизвикаат голем број проблеми, започнувајќи од болки во вратот, па сè до неизбежно губење на формата. Домашни папучи (6 месеци) Домашните папучи се совршена животна средина за ширење габични инфекции. Затоа, тие треба соодветно да се чистат и перат, што е можно повеќе или пак, да се менуваат на секои 6 месеци. БАЊА Сунѓер (2 месеци) и луфа (6 месеци) Во сунѓерите и луфите за капење со тек на време започнуваат да растат габички и мувла. Природните и синтетичките луфи можете да ги вриете во жешка вода за да ги убиете бактериите кои би можеле да растат со цел да се заштитите себеси од несакани инфекции. Пешкири (од 1 до 3 години) Мокрите пешкири се совршена животна средина за растење на бактериите. Дури и константното перење не е решение за овој проблем, па најдобро би било да ги смените во истиот момент кога ќе забележите дека нивната текстура се менува. Четка за заби (3 месеци) Секако, четката за заби треба да се промени кога влакната ќе започнат да паѓаат. Но, исто така треба да купите нова четка за заби откако сте имале настинка или грип, инаку ризикувате да се заразите повторно. Хидроген пероксид (од 2 до 12 месеци) Откако ќе го отворите шишето, хидрогенот пероксид се претвора во регуларна вода во текот на 2 месеци. Неотворено шише со хидроген пероксид не би требало да го чувате подолго од година дена. БИРО ЗА РАЗУБАВУВАЊЕ Чешел (1 година) Чешелот и четката за коса би требало да се чистат еднаш неделно и да се менуваат секоја година. Доколку е четка за коса со природни животински влакна, тогаш би требало да се менува на секои 7 до 10 месеци.

Парфеми, колонска вода, тоалетна вода (од 1 до 4 години)

Парфемите и колонската вода кои содржат есенцијални масла траат до 3 години кога се чуваат затворени и до 2 години кога се чуваат отворени. Тоалетната вода може да се чува до 4 години кога се чува затворена и до 2 години кога се чува отворена. ПРОИЗВОДИ ЗА БЕБИЊА Цуцла за бебе (од 2 до 5 недели) Цуцлите направени од латекс треба да бидат менувани без разлика на тоа колку долго се користени или кому припаѓаат. Латексот многу лесно се крши и пука и може да започнат да растат габички. Детски седишта за во автомобил Со тек на време пластиката и пената се влошуваат, односно седиштето го губи својот облик и не е во состојба да го штити детето. Секогаш е подобро да купите ново седиште за деца за во автомобилот отколку да земете на старо. ОБЛЕКА Градник (од 1 до 2 години) Откако вашиот градник ќе ја изгуби формата, еластичноста, ќе стане голем или мал, или пак неудобен, фрлете го во ѓубре без никакво каење. Патики за трчање (1 година) Откако ќе истрчате многу километри, вашите патики започнуваат да ја губат удобноста, што значи повеќе стрес на вашите зглобови. КУЈНА Зачини (од 1 до 3 години) Зачините го губат својот вкус и мирис со текот на времето. Теренските зачини не треба да се чуваат подолго од 6 месеци. Брашно (од 6 до 12 месеци) Брашното со основен квалитет може да се чува до 6 месеци. Брашното со висок квалитет може да се чува до 12 месеци. ПОДРУМ Противпожарен апарат (15 години) Ако има некоја штета на вашиот противпожарен апарат, како што е пукнатина на цревото, најдобро би било да го однесете на сервис што е можно побрзо. Штекери за струја (од 1 до 2 години) Секој штекер има одреден капацитет. Ако го надминете, тој ќе започне да се однесува лошо и може да предизвика сериозни проблеми. Средства за дезинфекција (3 месеци) По овој период, средствата за дезинфекција започнуваат да ја губат својата ефикасност. Спреј против комарци (2 години) По 2 години, спрејот против комарци станува бескорисен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bidete-vnimatelni-za-ovie-raboti-mislite-deka-nemaat-rok-na-traenje-i-gi-chuvate-doma-no-mnogu-greshite/feed/ 0
Калајџиев: Предметите префрлени од СЈО во ОЈО кои се отворени надвор од рокот се незаконски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-predmetite-prefrleni-od-sjo-vo-ojo-koi-se-otvoreni-nadvor-od-rokot-se-nezakonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-predmetite-prefrleni-od-sjo-vo-ojo-koi-se-otvoreni-nadvor-od-rokot-se-nezakonski/#respond Thu, 13 Feb 2020 09:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=303261

Ние немаме точна анализа колку СЈО било успешно. Јас би го оценил проектот како повеќе неупсешен отколу успешен. Лошо се организираше системот, не се организираа предметите, оцени универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. Тој прашува „зошто СЈО влезе во авантура да отвора нова предмети, дали сакаше пак да се факторизира, да го оправда големиот број на вработени“. – СЈО немаше потреба да го зема Монструм, да го отвора предметот Империја тоа се процеси кои и се загрозија зошто ги ставија во законскиот рок што е проблематичен за СЈО, а отворање во незаконски рок ги прави и предметите незаконски, рече Калајџиев. Според него проблемот на оваа власт е што извршаната власт удира шамар на судската власт. -И сега се сака со предлог законот за јавно обвинителство да се плукне на мислењето на Врховниот суд што е непримерно. Се сака да се озаконат наназад проблематичните трансфери на предметите на СЈО кои и ден денес тврдам дека не се законски, оние од СЈО во редовното обвинителство. И сега законот има еден куп на непотребни работи меѓу кои и дека овие постапки ќе продолажат. Што му е работа на овој закон кои постапки ќе продлжат и уште вели ќе продлажат по овој закон?! Што значи дека дека нема да се водат по Законот за кривилна постапка кој е за тоа?! Доказите ќе имаат друг режим, тоа се будалаштини невидени. Вакви екскурзии се непримерени, посочува Калајџиев на гостувањето на Алфа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-predmetite-prefrleni-od-sjo-vo-ojo-koi-se-otvoreni-nadvor-od-rokot-se-nezakonski/feed/ 0
За предметите на СЈО кои незаконски беа префлени во ЈО, Дескоска вели дека не е сигурна дали Јанева сама ги пишувала писмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-predmetite-na-sjo-koi-nezakonski-bea-prefleni-vo-jo-deskoska-veli-deka-ne-e-sigurna-dali-janeva-sama-gi-pishuvala-pismata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-predmetite-na-sjo-koi-nezakonski-bea-prefleni-vo-jo-deskoska-veli-deka-ne-e-sigurna-dali-janeva-sama-gi-pishuvala-pismata/#respond Fri, 22 Nov 2019 19:23:47 +0000 https://kurir.mk/?p=267875

Во вечерашната емисија „Само Вистина„ министерката за правда, Рената Дескоска фрли сомнеж за тоа дали Катица Јанева самата ги пишувала писмата со кои се префли надлежноста на предметите на СЈО на Јавното обвинителство. Имено Јанева на 04.09.2019 испрати писмо со кое нареди сите докази и бомби да му бидат предадени на јавното обвинителство односно кај Љубомир Јовевски, што тогаш ЈО го прифати писмото како официјална наредба и постапи по истото. Јавноста тогаш шпекулираше дека писмата можеби и не се напишани од Јанева при што тогаш нејзината адвокатка Ирена Фрчковска кажа дека Јанева е во тешка физичка и психичка состојба. - Катица Јанева си контактирала со нејзините адвокати, а колку што знам постапката на префрлањето на писма одело преку судија којшто е надлежен значи вие не можете како адвокат да прошверцувате писма од обвинет човек, него тоа писмо мора оди преку надлежен суд така што моите информации се дека таа постапка си е изведена, а кој како си ја организирал, јас не сум видела дали таа си ги пишувала тие писма или не, кажа Дескоска во своето гостување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-predmetite-na-sjo-koi-nezakonski-bea-prefleni-vo-jo-deskoska-veli-deka-ne-e-sigurna-dali-janeva-sama-gi-pishuvala-pismata/feed/ 0
Почнува предавањето на предметите од СЈО во ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-predavanjeto-na-predmetite-od-sjo-vo-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-predavanjeto-na-predmetite-od-sjo-vo-jo/#respond Fri, 13 Sep 2019 08:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=240179

Специјалното јавно обвинителство од денеска треба да почне да ги предава предметите на Јавното обвинителство на Република Македонија. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека е утврден начинот на преземање на предметите, а од СЈО оти се подготвени за трансфер на сите списи и докази во Јавното обвинителство. Се очекува предавањето на предметите да биде заокружено до 15 септември кога истекува мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“. Засега не се знае кој ќе продолжи да ги застапува предметите и како ќе се распоредат вработените од СЈО. Стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО вчера преку јавно писмо изрази разочараност од недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство и апелира до меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на обвинителството и до политичките чинители во земјава внимателно и активно да ги следи актуелните процеси поврзани за навниот работен ангажман. Писмото е потпишано од стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО е адресирано до амбасадите на САД, Кралството Холаднија и Делегацијата на ЕУ, како и до претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и до министерката за правда Рената Дескоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-predavanjeto-na-predmetite-od-sjo-vo-jo/feed/ 0