Предраг Антонијевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Aug 2021 12:48:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Предраг Антонијевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Првата изјава на Драган Бјелогрлиќ по притворот: „Жал ми е што наседнав на провокации“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvata-izjava-na-dragan-bjelogrlikj-po-pritvorot-zal-mi-e-shto-nasednav-na-provokacii/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvata-izjava-na-dragan-bjelogrlikj-po-pritvorot-zal-mi-e-shto-nasednav-na-provokacii/#respond Tue, 24 Aug 2021 12:48:08 +0000 https://kurir.mk/?p=554469

- Жал ми е што наидов на ужасните провокации на господинот Антонијевиќ кои траат повеќе од година и пол. Жал ми е што господинот Антонијевиќ, не знам зошто, се појави токму во моментот кога имав две прекрасни премиери. Жал ми е што не издржав достоинствено да ги игнорирам неговите ужасни провокации, што дозволив ова да фрли сенка врз овие два прекрасни настани. Жал ми е што го направив тоа - рече денеска веднаш откако Драган Бјелогрлиќ го напушти Нишското основно јавно обвинителство. Тој беше сослушан како осомничен за насилно однесување, чија жртва беше режисерот Предраг Гага Антонијевиќ кога вчера утрото го претепа во кафулето на хотелот „Амбасадор“ во центарот на Ниш. По сослушувањето, обвинителството одлучи да го укине притворот што вчера му беше одреден на Бјелогрлиќ, поради што тој вечерта ја помина во притворската единица на КПУ во Ниш. Тој им се заблагодари на луѓето од обвинителството и, како што рече, „прекрасни полицајци од Ниш“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvata-izjava-na-dragan-bjelogrlikj-po-pritvorot-zal-mi-e-shto-nasednav-na-provokacii/feed/ 0
ФОТО: Проговори режисерот кој бил нападнат од Бјелогрлиќ, објавена и снимка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-progovori-reziserot-koj-bil-napadnat-od-bjelogrlikj-objavena-i-snimka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-progovori-reziserot-koj-bil-napadnat-od-bjelogrlikj-objavena-i-snimka/#respond Mon, 23 Aug 2021 09:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=553877

Утринава одекна веста за приведувањето на актерот Драган Бјелогрлиќ под сомнение дека го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ во еден хотел во Ниш. -Во голем шок сум. Тоа мене да ми се случи, во мојот роден град, на филмски фестивал. Седев на троседот со колегите, разговаравме. Ми дојде зад грб, не успеав да се бранам. Беше во видна алкохолизирана состојба, можеби и дрогиран. Непресметливо се однесуваше, тврди режисерот за Блиц.рс. Антонијевиќ верува дека нападот може да биде поради две причини. -Една е корупциската афера која ја открив и поради која сега сме на суд, а втора е тоа што тој е голем противник на филмот „Дара од Јасеновац“. Ова е омраза која се искажа на најлош начин, вели Антонијевиќ. Дел од српските медиуми објавија видео снимка за која велат дека е наводниот напад.    
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-progovori-reziserot-koj-bil-napadnat-od-bjelogrlikj-objavena-i-snimka/feed/ 0
Уапсен Драган Бјелогрлиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uapsen-dragan-bjelogrlikj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uapsen-dragan-bjelogrlikj/#respond Mon, 23 Aug 2021 07:19:17 +0000 https://kurir.mk/?p=553855

Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека рано утринава околу 4 часот во хотел во Ниш зад грб го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ и го удрил повеќе пати во пределот на главата. -Бјелогрлиќ се залета и го удри во глава Антонијевиќ, тврди извор за „Блиц.рс“. Антонијевиќ на лицето имал видливи повреди, а според „Блиц“, Бјелогрлиќ е во полиција каде треба да даде изјава за настанот. Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека на почеток од 2016 година му нудел мито за да поддржи еден филм. Режисерот ја објавил преписката со актерот од 2016 година во која се вели дека „би можело да се заработи и 100.000“, а во мејлот се гледа дека Антонијевиќ категорично одбил. Бјелогрлиќ ги демантираше овие наводи тврдејќи дека преписката е лажирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uapsen-dragan-bjelogrlikj/feed/ 0