предвремено гласање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Apr 2022 07:26:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предвремено гласање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Словенија започна предвременото гласање пред изборите во недела https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-zapochna-predvremenoto-glasanje-pred-izborite-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-zapochna-predvremenoto-glasanje-pred-izborite-vo-nedela/#respond Tue, 19 Apr 2022 07:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=665134

Во Словенија утрово почна предвременото гласање за неделните избори за 90 пратеници во Народното собрание (парламентот). Во 7 часот беа отворени 96 избирачки места, по едно во секоја од изборните единици низ државата, на кои може да гласаат гласачите кои во недела нема да бидат во своето место на живеење или од други причини сакаат да гласаат порано. Најавено е дека претседателот Борут Пахор денеска предвреме ќе гласа, пренесува Хина. Гласачите ќе можат предвреме да гласаат во среда и четврток од 7 до 19 часот. Среда е крајниот рок за пријавување на гласачите кои сакаат да гласаат надвор од местото на живеење во недела, како и рокот за пријавување за гласање дома, што е можност што им се дава на оние кои нема да можат да гласаат на избирачкото место. поради коронавирус или карантин. Право на глас на парламентарните избори имаат околу 1,65 милиони словенечки гласачи. Од 90 пратеници во парламентот, 88 се избираат од листата на 21 партија и здружение што имаат пријавени кандидати. Останатите двајца се претставници на италијанското и унгарското малцинство. Пратениците на малцинствата ги избираат само полнолетните граѓани на тие заедници во местата каде што живеат. Изборната кампања продолжува до петок на полноќ, кога почнува изборниот молк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-zapochna-predvremenoto-glasanje-pred-izborite-vo-nedela/feed/ 0
Американците одат масовно на предвремено гласање или гласаат по пошта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-odat-masovno-na-predvremeno-glasanje-ili-glasaat-po-poshta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-odat-masovno-na-predvremeno-glasanje-ili-glasaat-po-poshta/#respond Thu, 15 Oct 2020 13:36:15 +0000 https://kurir.mk/?p=416833

На помалку од три недели пред закажаните избори на 3 ноември, околу 15 милиони Американци досега гласале предвремено, дали лично или преку пошта, поради страв од коронавирусот. Може да се случи за првпат во американската историја на генерални избори предвремено да гласаат мнозинство од избирачите, пишува Вашингтон пост. Весникот јавува за долги редици да се уфрли ливчето во такви сојузни држави како Џорџија. Во Северна Каролина, приближно еден од секој петти кој досега гласал преку пошта, или околу 500.000 вкупно, не гласал на изборите во 2016 година. Во Мичиген досега гласале повеќе од еден милион луѓе, или отприлика една четврина од одзивот во 2016 година. Во шест држави – Флорида, Ајова, Мејн, Кентаки, Северна Каролина и Пенсилванија досега гласале вкупно 3.5 милиони избирачи. Според достапните податоци, во овие држави има отприлика двапати повеќе регистрирани демократи отколку републиканци. Се дознава дека од тие кои гласале, голем дел се Афроамериканци и жени, групи кои го фаворизираат демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден отколку Доналд Трамп, актуелниот претседател. Многумина од оние кои гласале предвремено или по пошта, изјавуваат дека го сториле тоа во првиот можен момент за да ја запечатат судбината на Трамп. Според републиканците, демократите можеби навистина водат во предвременото гласање, но не е познато дали нивниот број е доволно голем. Од кампањата на Трамп велат дека Бајден можеби ќе победи во предвременото гласање, но дека претседателот ќе надокнади на изборниот ден, кога ќе гласаат неговите поддржувачи кои не веруват во гласање преку пошта. Но, иако демократските избирачи претходно бараа да гласаат преку пошта, многумина сепак одличија да дојдат лично и да гласаат во специјалните центри за предвремено гласање, јавува весникот. Па така, во Џорџија на некои места има долги редици. Во Хјустон, Тексас например, само во еден округ, округот Харис каде мнозинство се Афроамериканци, 128.000 гласачи досега уфрлиле гласачко ливче. Во Северна Каролина, Тексас, и Аризона, резултатите од предвременооте и гласањето преку пошта ќе бидат објавени на 3 ноември од 19:30 до 20 часот по локално време. Слично ќе биде и за сите друи држави каде се гласа предвремено. Овие три држави обезбедуваат 55 гласови на електоралните колеџи од 270 вкупно потребни за добивање на изборите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-odat-masovno-na-predvremeno-glasanje-ili-glasaat-po-poshta/feed/ 0
САД: Соборен рекордот во предвремено гласање, досега гласот го дадоа над 12 милиони Американци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-soboren-rekordot-vo-predvremeno-glasanje-dosega-glasot-go-dadoa-nad-12-milioni-amerikanci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-soboren-rekordot-vo-predvremeno-glasanje-dosega-glasot-go-dadoa-nad-12-milioni-amerikanci/#respond Wed, 14 Oct 2020 08:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=416158

Кандидатите за претседател на САД од Републиканската и Демократската партија, Доналд Трамп и Џо Бајден вчера одржаа предизборни собири во важните сојузни држави Пенсилванија и Флорида, на нецели три седмици пред изборите закажани за 3 ноември. Досега 12 милиони Американци гласаа на изборите, вклучувајќи 1,6 милиони на Флорида, покажува проекцијата на Универзитетот Флорида. Со тоа е урнат рекордот по бројот на предвремени гласови. На митингот во Пенсилванија, Трамп ја критикуваше енергетската политика на Бајден, бидејќи индустријата за нафта и гас вработува голем број жители на таа држава, а анкетата на Ројтерс/Ипсос покажува дека актуелниот претседател заостанува зад Бајден во клучните држави. Трамп го обвини Бајден дека сака да го забрани хидрауличното фрактурирање, процес на извлекување нафта и гас кој се смета за еколошки штетен. – Едно од најважните прашања во Пенсилванија е опстојување на фрактурирањето, им рече Трамп на насобраните, сугерирајќи дека поради Бајден, многумина во Пенсилванија ќе останат без работа. – Џо Бајден повеќе пати рече дека ќе го укине фрактурирањето. Тој е лажго, додаде Трамп. Бајден претходно изјави дека ќе забрани ново производство на нафта и гас на земјиште во сопственост на федералната влада, но рече дека нема да забрани фрактурирање, иако претходно изнесуваше конфузни ставови. Во меѓувреме, Бајден беше во Флорида, обраќајќи им се на постарите гласачи и критикувајќи го Трамп за начин на кој управува со пандемијата на коронавирусот. Анкета на Ројтерс/Ипсос објавена во понеделникот покажува дека Бајден има предност од седум процентни поени во Пенсилванија, во однос на пет процентни поени една недела претходно. Трамп победи во таа држава во 2016 година со мала разлика. Обраќајќи им се на околу 50 луѓе собрани во округот Броуард, јужна Флорида, Бајден рече дека Трамп немарно ја отфрла заканата од коронавирус. – За Доналд Трамп вие сте потрошни. Некои на кои може да се заборави. Вие сте речиси никој. Така тој гледа на постарите лица. Така ве гледа вас, им порача Бајден на насобраните приврзаници. Поради заканата од Ковид-19, Бајден во рамки на кампањата организира мали собири со почитување на епидемилошките мерки, наспроти Трамп кој организира масовни митинзи, каде ретко кој досега носеше заштитна маска. Доколку Бајден победи на Флорида, значително ќе се намалат шансите на Трамп за реизбор, а последната анкета покажува дека демократите имаат поголема поддршка од клучните демографски групи во државата, посебно од постарите лица. Трамп победи на Флорида во 2016 година со разлика од 1,2 процентни поени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-soboren-rekordot-vo-predvremeno-glasanje-dosega-glasot-go-dadoa-nad-12-milioni-amerikanci/feed/ 0