прегледи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Oct 2022 05:17:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прегледи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесплатни прегледи и консултации на ГАК по повод Светскиот ден на менопауза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-pregledi-i-konsultacii-na-gak-po-povod-svetskiot-den-na-menopauza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-pregledi-i-konsultacii-na-gak-po-povod-svetskiot-den-na-menopauza/#respond Tue, 18 Oct 2022 05:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=746794

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје по повод 18 Октомври – Светскиот ден на менопаузата, ќе се спроведе недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза. – Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично, соопштија од ГАК. Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби. Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените. Годинава, фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-pregledi-i-konsultacii-na-gak-po-povod-svetskiot-den-na-menopauza/feed/ 0
Бесплатни прегледи за тетовските пензионерки по повод меѓународниот месец за борбата против рак на дојката https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplatni-pregledi-za-tetovskite-penzionerki-po-povod-megjunarodniot-mesec-za-borbata-protiv-rak-na-dojkata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplatni-pregledi-za-tetovskite-penzionerki-po-povod-megjunarodniot-mesec-za-borbata-protiv-rak-na-dojkata/#respond Mon, 03 Oct 2022 12:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=740432

Здружението на пензионери во Тетово преку Комисијата за здравство, организира бесплатни субспецијалистички ехо-прегледи во текот на октомври, по повод меѓународниот месец за борбата против рак на дојката. Прегледите се вршат во просториите на Здружението во Тетово во вторник, четврток и петок од 10 до 14 часот од страна на специјалист радиолог д-р Павле Спасеновски. -Со оглед дека октомври е меѓународниот месец за борбата против рак на дојката секој вторник, четврток и петок од 10 до 14 часот ќе има бесплатни прегледи, а пензионерите не треба да носат ни упат само треба добра волја да дојдат на прегледи да се јават тука. Резултатите се даваат веднаш, а ако има потреба за понатамошно третирање им даваме и рентген снимки, изјави д-р Спасеновски. Докторот потенцира дека превентива и честите прегледи се најдобар начин за брзо октривање на оваа болест. Со соодветен третман пациентката може да ги избегне трагичните последици. -За жал за рак на дојка, за малигнитетот, нема никакви симптоми, единствено е што треба да се најде тврда грутка во градите. Сепак треба да се прави и разлика, бидејќи секоја циста е тврда, а не секоја циста е значи и рак на дојката. Прв посериозен знак кој жените може да го препознаат е да се допира кожата на градите и ако станала како кора од портокал, тоа е знак дека нешто не е во ред и да се јават за преглед, изјави д-р Спасеновски. Тетовското пензионерско здружение има над 11 илјади членови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/besplatni-pregledi-za-tetovskite-penzionerki-po-povod-megjunarodniot-mesec-za-borbata-protiv-rak-na-dojkata/feed/ 0
Сите гледаа во нив: Видеото од оваа СВАДБА собра 7 милиони прегледи, а еве и зошто! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/site-gledaa-vo-niv-videoto-od-ovaa-svadba-sobra-7-milioni-pregledi-a-eve-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/site-gledaa-vo-niv-videoto-od-ovaa-svadba-sobra-7-milioni-pregledi-a-eve-i-zoshto/#respond Tue, 08 Feb 2022 09:41:07 +0000 https://kurir.mk/?p=628473

На оваа свадба сите гледаа во нив... Стомачни танчерки на оваа свадба во Турција направија „делириум“. Имено сите присутни гледаа во нив и нивните бујни гради додека тие играле. Гостите кои биле присутни на оваа свадба веднаш почнале да играат со овие танчерки, а видеото беше споделено со јавноста и собра повеќе од 7 милиони прегледи. Погледнете зошто стана вирално ова видео:
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/site-gledaa-vo-niv-videoto-od-ovaa-svadba-sobra-7-milioni-pregledi-a-eve-i-zoshto/feed/ 0
Поради страв пациентите избегнуваат лекар: Клиниката за хематологија апелира до граѓаните редовно да одат на преглед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-strav-pacientite-izbegnuvaat-lekar-klinikata-za-hematologija-apelira-do-gragjanite-redovno-da-odat-na-pregled/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-strav-pacientite-izbegnuvaat-lekar-klinikata-za-hematologija-apelira-do-gragjanite-redovno-da-odat-na-pregled/#respond Wed, 07 Apr 2021 14:13:27 +0000 https://kurir.mk/?p=493769

Раното дијагностицирање на хематолошки малигни заболувања може да спаси живот. Пред повеќе од една година новиот коронавирус започна да се шири низ светот и предизвика пандемија, а со тоа и кризна состојба на светско ниво. Она што навистина загрижува, велат од Клиниката за хематологија, е тоа што што поради стравот и мерките на претпазливост пациентите одбегнуваат да одат на рутински прегледи кај своите матични лекари и сè почесто одлучуваат да останат дома дури и кога имаат симптоми и нарушено здравје. Ваквата состојба, велат од таму, е особено загрозувачка за лицата кои имаат хематолошки заболувања. Токму поради тоа, директорката на Универзитетската клиника за хематологија, проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис, апелира до граѓаните кои имаат потреба за преглед или лекарска консултација да не го одложуваат одењето на лекар бидејќи раното дијагностицирање и соодветниот третман на хематолошките малигни заболувања имаат клучно значење за излекување и успешен клинички исход од третманот. Ако пациентите се третираат навремено, вели таа, многу од нив може да се излекуваат и да имаат долг и квалитетен живот. „Пандемијата со Ковид-19 има големо влијание врз времето потребно за поставување на финалната дијагноза кај пациентите кои страдаат од хематолошки малигни заболувања. Дисконтинуитетот во патот на дијагностика на пациентот со малигна лимфаденопатија доведе и до намален број на новодијагностицирани пациенти. Голем дел од пациентите од страв од самата пандемија остануваат дома, самите не можат да ги препознаат симптомите на малигна лимфаденопатија и сето ова води кон задоцнето поставена дијагноза, а со тоа и полош клинички исход за пациентите. Ги советувам пациентите да не се плашат од евентуална зараза со коронавирусот затоа што на клиниката строго се почитуваат и спроведуваат сите здравствени протоколи. Со цел прегледите да бидат побрзи и безбедни, со пократок ред на чекање и да се запази социјалната дистанца, а притоа пациентите да добијат современа и комплетна услуга, по принципот еден пациент во една ординација, работата на клиниката се одвива во две смени. Апелирам и до матичните лекари да ја користат новата е-амбуланта, дел од 'Мој термин' (телефонска консултација со матични лекари) која овозможува закажување на консултативен термин со одреден специјалист за своите пациенти за кои сметаат дека имаат потреба од специјалистичка консултација“, вели проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис. Таа додава дека бидејќи и психофизичкото здравје на пациентите кои веќе имаат поставена дијагноза малигнен лимфом е многу важно подготвена е и соодветна брошура на тема „Водич запациентите со не-хочкинов лимфом“. Имајќи ја предвид важноста на навременото дијагностицирање на ваквите заболувања, Здружението за хематологија на Македонија изработи и нов Алгоритам за дијагностика на зголемени лимфни јазли во тек на пандемија. Новиот алгоритам веќе е достапен за сите матични лекари и општи болници на ниво на целата држава. „Во изминатиот период беа организирани и неколку едукативни вебинари за стручната јавност, како и гостувања во телевизиски емисии од областа на здравството, на тем 'Што претставува лимфомот' со цел да ја зголеми јавната свесност за оваа болест, нејзините рани симптоми, како и кој е најбрзиот пат до соодветна дијагностика, затоа што смртноста на недијагностицираните и нетретирани малигни болести е поголема од смртноста предизвикана од Ковид-19“, велат од Клиниката за хематологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-strav-pacientite-izbegnuvaat-lekar-klinikata-za-hematologija-apelira-do-gragjanite-redovno-da-odat-na-pregled/feed/ 0