преговарачка рамка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jul 2022 17:34:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преговарачка рамка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Милошоски: Преговарачката рамка е резултат на неспособноста на Заев, Ковачевски, Маричиќ и Бујар Османи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/miloshoski-pregovarachkata-ramka-e-rezultat-na-nesposobnosta-na-zaev-kovachevski-marichikj-i-bujar-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/miloshoski-pregovarachkata-ramka-e-rezultat-na-nesposobnosta-na-zaev-kovachevski-marichikj-i-bujar-osmani/#respond Thu, 21 Jul 2022 17:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=708581

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, вечерва во своето гостување во емисијата ,,Само интервју”, рече дека ако блокадата на Бугарија ние ја толкуваме како причина за да отстапиме дополнително од интегритетот на Уставот или од кои било други прашања, ние самите ќе си го поканиме второто, третото, петтото или десеттото вето. - Тогаш Бугарија ќе развие навика и ќе каже во ред, тука ветото функционира, денес ќе им го смениме Уставот, утре учебникот, задутре ќе им го смениме споменикот и на крајот ќе смениме сѐ што сакаме. Македонија не треба да прифати таков начин на преговори, тоа не е европеизација на државата и тоа не го зборам само јас. Земете го Гералд Кнаус, многу добар познавач и промотор на европеизација и обединување на Европа, земете ја Малинка Ристова – работи 30 години на тоа. Вархеи и Фон Дер Лаен земаат плата, месечно по 24.000 евра и 27.000 евра Урсула фон дер Лајен за да дојде и да каже убави зборови, потоа ќе замине во Ангола, потоа во Мароко, ќе разговара за гас итн. – рече Милошоски. Милошоски кажа ако се земе предвид регионот, Црна Гора преговара веќе 10 години, а други земји кандидати во рок од 6-7 стануваат членки, Србија води преговори веќе 8 години и треба да бидеме реално со себе, ако во ЕУ има замор од проширување, зошто би се правеле отстапки кога не ни е гарантирано членството. - Ако се направат отстапки, како што беше во случајот Словенија – Хрватска и двете земји постигнат некој компромис кој што треба да се сретне во моментот на зачленувањето на Хрватска во ЕУ и се прави одреден компромис, тогаш вреди да се размисли. Европа има интерес да има транформација и во македонското општество и во целиот регион, затоа што ние природно, културно и економски припаѓаме кон Европа. Зошто тука би имале влијание некои трети или четврти држави кои имаат помалку со европските вредности и со нашите вредности? Но, Европа треба да си ги почитува своите правила, јас ќе ве потсетам на еден пример каде што Македонија успеа да се обедини. Тоа беше Лисабонската декларација, тогаш целата ЕУ кажа ние сме спремни да ја признаеме вашата држава доколку нема збор Македонија во истата. Тогаш беше Глигоров, беше Кљусев, опозиција, влада и други - рече Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/miloshoski-pregovarachkata-ramka-e-rezultat-na-nesposobnosta-na-zaev-kovachevski-marichikj-i-bujar-osmani/feed/ 0
Лепавцов: Преговарачката рамка е во целост одговорност на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovarachkata-ramka-e-vo-celost-odgovornost-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovarachkata-ramka-e-vo-celost-odgovornost-na-vladata/#respond Thu, 14 Jul 2022 06:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=704824

Поранешниот амбасадор на Македонија во Европската Унија, Андреј Лепавцов се огласи на социјалните мрежи во врска со францускиот предлог. Вели дека преговарачката рамка и нејзиното одобрување во целост се одговорност на Владата. -Како поранешен амбасадор на Република Македонија во ЕУ, можам да споделам дека најблиску до вистинско започнување на преговорите со ЕУ бевме во декември 2012 година. За жал, Грција и Бугарија со големи маки тоа го спречија во последен момент. Деновиве сме сведоци на наменско инволвирање на Собранието во дискусија и гласање околу преговарачката рамка. Преговарачката рамка, преговарањето со ЕУ околу нејзината содржина и нејзино одобрување е во целост одговорност на Владата, пишува Лепавцов на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovarachkata-ramka-e-vo-celost-odgovornost-na-vladata/feed/ 0
Не може да се изгласа Преговарачка рамка ако ние не кажеме „да“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-moze-da-se-izglasa-pregovarachka-ramka-ako-nie-ne-kazeme-da/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-moze-da-se-izglasa-pregovarachka-ramka-ako-nie-ne-kazeme-da/#respond Wed, 22 Jun 2022 05:45:03 +0000 https://kurir.mk/?p=693943

Претседателот Стево Пендаровски синоќа оцени дека на историските прашања и оспорувањата за јазикот не им е место во Преговарачката рамка, нагласувајќи дека таа не може да се усвои, ако ние не кажеме „да“. Во врска со предлогот на француското претседателство со ЕУ, Пендаровски рече дека ние досега „немаме видено пишан документ“. Државниот секретар за европски прашања на Франција, Клеман Бон, пак, на прашање на МИА дали францускиот предлог внесува билатерални македонско-бугарски прашања во Преговарачката рамка, се огради од ставот дека тој е спротивен на македонските интереси, но истакна дека „бугарските преокупации треба да се земат предвид на внимателен начин“. Во однос на Преговарачката рамка, шефот на државата синоќа во интервју за ТВ24 нагласи дека граѓаните не треба да стравуваат, оти нешто ќе ни биде наметнато со сила. – Да нема страв ниту еден граѓанин во државата. Не може да се изгласа Преговарачката рамка, ако ние не кажеме да. Со сила преговори под вакви услови никогаш не се случиле, нагласи Пендаровски. Тој во интервјуто откри и дека Софија не бара Бугарите да бидат наведени само во Преамбулата на Уставот, туку и во неговиот нормативен дел, потенцирајќи дека ниту една заедница во државата не е внесена во нормативниот дел на Уставот, па оттука не е можно да влезат ниту Бугарите. Во нормативниот дел на Уставот сега се споменуваат само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница. Претседателот додаде дека вакви понижувања и потценувања какви што сме имале во последниве две години од Бугарија, не сме доживеале за 20 години преговори со Грција. Во однос на најавата дека премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите на Отворен Балкан, претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, денеска ќе одлучат дали ќе одат во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, Пендаровски го советува првиот човек на Владата да не оди на средбата, што е најавен да се одржи утре пред состанокот на Европскиот совет, на кој треба да се одлучи за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Според Пендаровски, Ковачевски нема што да бара таму, посебно што на завчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, бугарската страна изнела пет нови барања за симнување на ветото за земјава. Францускиот државен секретар Бон, пак, вели дека „држеле до принципот оти преговарачката рамка не е место за чисто билатерални преговори“. – Мора да се констатира дека има билатерална блокада со месеци. Внимателно и со баланс, но отфрлам дека ова би било против интересите на Северна Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што ЕК ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми во преговарачката рамка кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Северна Македонија, на внимателен и ограничен начин, изјави Бон. Тој повеќепати нагласи дека не сака да дава детали затоа што преговорите сѐ уште траат и не сака да ги загрози. Целта е да се отворат преговорите, првпат видовме добра волја, рече Бон коментирајќи ја бурната политичка сцена во Софија, каде повторните превирања можат да го загрозат процесот до крајот на неделава. Францускиот државен секретар, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна и дека ги поздравува напорите на Скопје и Софија во последниот период да изнајдат решение. Инаку, нацрт-заклучоците од Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 23 и 24 јуни, до кои дојде МИА, се уште се празни под точката за Северна Македонија. Заклучоците од Самитот за проширувањето на ЕУ, сега преименувани во „Поширока Европа“, првично се занимаваат со идеите за „нова платформа“ за вклучување на сите земји на европскиот континент и продолжување на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница. Тука е споменат и Западниот Балкан, земјите од Источното партнерство и сите држави партнери на ЕУ. Документот потенцира дека оваа „рамка“ нема да ги замени постоечките инструменти на ЕУ, меѓу другото и проширувањето. Што се однесува до Западниот Балкан, ЕУ уште еднаш ќе ја повтори својата „целосна и непоколеблива“ заложба за членството на земјите од регионот и се стреми да повика на забрзување на процесот на нивно пристапување во ЕУ. Нацрт-заклучоците се основниот документ што им се поднесува на лидерите и тој може да претрпи измени, зависно од исходот на политичките дебати на Самитот. Северна Македонија, под точка 13, останува празна, со куса реченица: „преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија“ и ништо повеќе. Како што објави МИА вчера, процесот на усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија засега е неизвесен. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во понеделникот вечерта разговарале кусо за францускиот предлог и преговарачката рамка. Мнозинството земји членки сакаат да се реши спорот и да се испорача нешто за Скопје и Тирана до крајот на ова недела, но политичката неизвесност во Бугарија не дозволува преголем оптимизам кај земјите на ЕУ. Дипломат од западна земја членка на ЕУ за МИА изјави дека сите присутни, вклучително и бугарскиот амбасадор, ги поздравиле напорите на Франција да се деблокира процесот меѓу Скопје и Софија. – Приказната меѓутоа не е готова, имаме комплексна политичка ситуација во Бугарија и во овој момент никој не може да каже како ќе заврши сево ова, велат дипломатите. Бугарската Влада се соочува со гласање на доверба во Собранието, што првенствено го отвора прашањето кој ќе ја претставува Софија на претстојниот Самит – премиерот Кирил Петков или претседателот Румен Радев. Освен тоа, на завчерашниот состанок дипломатите велат дека бугарскиот претставник настапил и со нови барања, меѓу кои и протоколот да биде потпишан, а не само усогласен помеѓу Северна Македонија и Бугарија и да биде дел од преговарачката рамка. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, амбасадорот не наишол на голема поддршка на состанокот, пред сѐ од оние земји кои се подобро запознаени со спорот. Барањето да биде потпишан протоколот отвора и прашања на рокови, бидејќи се мали шансите, дури и да се согласи Северна Македонија, тоа да биде финализирано до крајот на Самитот на ЕУ в петок. Бугарската страна го повторила барањето Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија пред да се одржи првата меѓувладина конференција, а инсистирала и дека не смее да има автоматизам за одржувањето на втората меѓувладина доколку бугарските барања не бидат исполнети. Во исто време, шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера објави дека „францускиот предлог“ за деблокирање на европскиот пат на земјава досега не е добиен во МНР и затоа нема можност да биде доставен до Собранието, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој е и претседател на собраниската комисија за надворешна политика, испрати писмо до премиерот Димитар Ковачевски и Османи да се достават до собраниската комисија документите што ги поседуваат. – Формално досега не е добиен „француски предлог“ како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите членки на ЕУ, со кои ние сме во постојана комуникација. Оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела. Второ – евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби ќе преставува записник од одржување на Меѓувладината комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година, наведе Османи. Тој информира дека засега е одржана само една седница на оваа Комисија во 2019 година и овој записник, кој е единствениот Протокол засега, е јавно достапен веќе три години. – Оттука, нема финализиран записник затоа што не е одржана втората седница на Меѓувладината комисија, појасни Османи во врска со писмото на Милошоски, во кое тој бара до Собранието да бидат доставени „протоколот и Преговарачката рамка поврзана со Бугарија“. Милошоски, пак, во објавата на Фејсбук, наведе дека „за документите што се однесуваат на Македонија, Владата нема право да ги крие од јавноста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа“. Македонската опозиција останува на ставот дека нема да поддржи каков било документ што е на штета на македонските интереси. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека „предлогот ги вклучува сите бугарски барања во рамката за преговори за влез во ЕУ и се условува влез на Македонија во ЕУ со бугаризација што ќе се спроведува етапно, а сето тоа ќе биде надгледувано од Комисија“. – Предлогот не е решение на проблемот, тој ќе создаде мноштво други проблеми кои имаат за цел да ги асимилираат Македонците. Предлогот не е воопшто европски и не се потпира на вредностите за хуманост, соработка и рамноправност, наведе Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски повика да се отфрли тој документ и оти партијата нема да прифати ниеден документ кој што задира во македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската самобитност. Од Левица, пак, повикуваат на прекин на преговорите со Бугарија и апелираат и останатите парламентарни партии да излезат со ваков став – во спротивно, велат оттаму, ќе бидат директни учесници во уште едно национално предавство. И од Советот на амбасадори апелира до Владата да го сочува достоинството на нашите граѓани и да ги почитува и опстои на црвените линии за зачувување на идентитетот и интегритетот на Северна Македонија. Совет на Амбасадори се надева и очекува ЕУ да има доволно чувство за реална проценка на политичката состојба во Северна Македонија и да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени, туку таквиот процес да биде поместен за кога тоа ќе го дозволат политичките и општествените услови. Комисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледан „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. На седницата, како што е најавено, „ќе биде претставен и ставот на бугарското МНР за записникот од заедничката средба согласно членот 12 од Договорот со Република Северна Македонија од 2017 година, како и пакет документи на Претседателството со Советот на ЕУ во врска со процесот на проширување на ЕУ“. Во меѓувреме, бугарското МНР соопшти дека документите за преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија немаат ознака за тајност и се впишани во јавната евиденција на Народното собрание и на Советот на министри на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, соопштението на бугарското МНР претставува реакција на повикот на владејачката партија Продолжуваме со промената (ПП) на премиерот Кирил Петков до шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска „да ја отстрани ознаката за тајност од документите поврзани со Република Северна Македонија“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-moze-da-se-izglasa-pregovarachka-ramka-ako-nie-ne-kazeme-da/feed/ 0
„Стандард“: Доколку Софија го прифати францускиот предлог, Советот за општи работи на ЕУ утре ќе ја одобри преговарачката рамка со Скопје https://arhiva.kurir.mk/svet/region/standard-dokolku-sofija-go-prifati-francuskiot-predlog-sovetot-za-opshti-raboti-na-eu-utre-kje-ja-odobri-pregovarachkata-ramka-so-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/standard-dokolku-sofija-go-prifati-francuskiot-predlog-sovetot-za-opshti-raboti-na-eu-utre-kje-ja-odobri-pregovarachkata-ramka-so-skopje/#respond Mon, 20 Jun 2022 09:22:40 +0000 https://kurir.mk/?p=693039

Доколку Софија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Република Македонија, утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки и придружните документи за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите, наведува софиски „Стандард“. Весникот потсетува дека постојаните дипломатски претставници на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат вечерва во Луксембург за да разговараат за т.н. „француски предлог“ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и за почеток на преговорите со Скопје и Тирана за членство во Унијата, при што ставот на Бугарија за преговарачката рамка предложена од Франција како претседавач со ЕУ се очекува да го изнесе Комисијата за надворешни работи на бугарското Народно собрание, откако Владата во Софија на 15 јуни реши сите одлуки во врска со спорот со земјава да им ги препушти на бугарските пратеници. „Стандард“ тврди дека во поднесениот предлог на француското претседателство и европските институции се прифатени повеќето барања на Бугарија за Македонија и тие се вклучени во преговарачката рамка. – Промената на Уставот на Македонија ќе обезбеди почитување на правата на Бугарите во земјата, а Европската комисија ќе врши мониторинг на процесот, што ги вклучува и дискриминацијата и говорот на омраза, наведува весникот. Во меѓувреме, потпретседателот на бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристиан Вигенин оцени дека „францускиот предлог“ е најдоброто решение понудено од 2019 година, па досега. Вигенин синоќа гостувајќи во Нова ТВ изјави дека предлогот првпат ги содржи речиси сите прашања кои Бугарија ги смета за проблематични, а се однесуваат на говорот на омраза и правата на Бугарите во Република Македонија. – Има мониторинг механизам кој ќе ги следи овие прашања. Во однос на Бугарите таму, најдено е решение кое мислам дека е најдобро, изјави Вигенин, кој е член на Бугарската социјалистичка партија. Сепак, според него, одлуката околу повлекувањето на бугарското вето за земјава не треба да ја донесе само Парламентот, туку е потребна поширока дебата во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/standard-dokolku-sofija-go-prifati-francuskiot-predlog-sovetot-za-opshti-raboti-na-eu-utre-kje-ja-odobri-pregovarachkata-ramka-so-skopje/feed/ 0
Брисел тврди дека воопшто не се разговара за преговарачката рамка со Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brisel-tvrdi-deka-voopshto-ne-se-razgovara-za-pregovarachkata-ramka-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brisel-tvrdi-deka-voopshto-ne-se-razgovara-za-pregovarachkata-ramka-so-makedonija/#respond Fri, 17 Jun 2022 13:20:35 +0000 https://kurir.mk/?p=692218

Ова е ставот на европкомесарот за проширување Оливер Вархеј, кој во фото-финишот во обидите за европсктата деблокада на земјава, кажа дека проблемот сега е во Софија. И додека целата надеж сега е насочена кон францускиот предлог за решение, Вархеј смета дека решениеот на проблемот треба да е прашање на денови. -Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, знам дека има комплетен застој во Софија, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ. Во оваа фаза не можеме да зборува за било каква преговарачка рамка. Нема причина да чекаме уште поради внатрешни политички прашања во Бугарија, се надевам дека зборуваме за денови, а не за месеци или години (за почеток на преговорите со Македонија). -– Оливер Вархеј – Еврокомесар за проширување И додека Македонија е целосно блокирана поради иразционалните Бугарски барања, Комисијата денес одлучи да препорача кандидатски статус за членство во ЕУ на Украина и Молдавија. Грузија „извиси“, а од Брисел побараа земјата да спроведе подлабоки реформи пред да се стекне со кандидатски статус. -Комисијата му предложи на Советот на Европа: Прво, на Украина да и биде дадена европска перспектива и второ на Украина да и биде доделен кандидатски статус. Ова е секако подразбира дека државата ќе продолжи со идни навистина важни реформи. Според Комнисијата, Украина јасно демонстрираше аспирации и посветеност да живее во духот на европските вредности и стандарди. -– Усрула фон дер Лајен – Претседателка на Европксата комисија Дали Украина и Молдавија и официјално ќе станат земји кандидати зависи од консензусот по ова прашање, кој на 23-24 јуни, за време на самитот на ЕУ во Брисел, ќе го градат земјите членки. На истиот собир ќе биде и јасно дали Македонија конечно ќе добиеме датум за преговори или европскта перспактива на земјава и регионот ќе биде „замрзната“ на неопределено време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brisel-tvrdi-deka-voopshto-ne-se-razgovara-za-pregovarachkata-ramka-so-makedonija/feed/ 0
Радев до Мицотакис: Договорот од Преспа и Договорот за пријателство да станат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-do-micotakis-dogovorot-od-prespa-i-dogovorot-za-prijatelstvo-da-stanat-del-od-pregovarachkata-ramka-na-makedonija-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-do-micotakis-dogovorot-od-prespa-i-dogovorot-za-prijatelstvo-da-stanat-del-od-pregovarachkata-ramka-na-makedonija-so-eu/#respond Mon, 20 Dec 2021 15:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=610906

Бугарскиот претседател Румен Радев за време на разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Софија повикал Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Македонија и Препсанскиот договор меѓу Грција и Македонија да бидат вклучени во преговарачката рамка за членство на Македонија во ЕУ, соопшти прес-центарот на бугарскиот претседател. Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедничкиот став на двајцата бил дека европската интеграција на Република Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да се поврзе со почитување на европските вредности и преземените обврски во билатералните договори. Друга тема на која разговарале Радев и Мицотакис било унапредувањето на билатералната енергетска, транспортна и економска поврзаност меѓу Бугарија и Грција. Двајцата го поздравија обновувањето и понатамошниот развој на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Грција, кое го идентификуваа како клучно не само за нивните билатерални односи, туку и за стабилноста во регионот на Југоисточна Европа. Забрзувањето на процесот на изградба на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е приоритет за двете земји, беше истакнато на средбата. Дополнителен позитивен ефект врз енергетската диверзификација меѓу Бугарија и Грција ќе биде лансирањето на терминалот за течен гас во близина на Александрополис што се очекува да се случи во 2023 година и во кој Бугарија поседува 20 проценти од акционерскиот капитал на компанијата што ќе го гради и управува. Софија и Атина сакаат да ја подобрат транспортната поврзаност, вклучително и преку отворање на нови гранични премини, што ќе придонесе Бугарија и Грција да имаат висок потенцијал и успешно да го развијат секторот за информатичка технологија во нивните економии, што создава поволни услови за продлабочување на билатералното партнерство, вклучително и на регионално ниво. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-do-micotakis-dogovorot-od-prespa-i-dogovorot-za-prijatelstvo-da-stanat-del-od-pregovarachkata-ramka-na-makedonija-so-eu/feed/ 0
ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговарачката рамка со Македонија по најавената блокада од Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-deneska-nema-da-donese-odluka-za-pregovarachkata-ramka-so-makedonija-po-najavenata-blokada-od-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-deneska-nema-da-donese-odluka-za-pregovarachkata-ramka-so-makedonija-po-najavenata-blokada-od-bugarija/#respond Tue, 17 Nov 2020 06:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=430429

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ денеска виртуелно ќе го одржат долгоочекуваниот Совет за општи работи на кој требаше да се усвои рамката за преговори со Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. На денешниот состанок е речиси извесно дека Бугарија ќе ја блокира преговарачката рамка за Македонија поради билатералните несогласувања, додека од страна на германското претседателство, со помош на Европската Комисија, сѐ уште се водат напори за надминување на разликите до крајот на оваа година. Од Советот се минимизира фактот што нема да се донесе одлука денеска упатувајќи на фактот дека состанокот не е физички, како и мартовскиот министерски состанок на кој се донесе одлуката за отпочнување на преговорите со Скопје и Тирана беше виртуелен, што само малку го одложи процесот поради бирократските процедури, но не го спречи носењето на одлуката. Дипломатите во Брисел се свесни дека Софија засега нема намера да попушти за барањето да се вметне билатералниот спор во ЕУ процесот со Северна Македонија, барање кое е неприфатливо за другите земји членки на ЕУ. Како што веќе јави МИА, во новата методологија на Европската Унија за пристапните преговори со земјите кандидати поглавјето 35 се брише. Претходно ова поглавје постоеше како опција за „други прашања“, односно политики кои не се предвидени во ниедно друго поглавје. Најистакнат пример е тој со Србија за која поглавјето 35 е посветено на односите со Косово, и за кое ЕУ има мандат од Советот за безбедност на Обединетите Нации, како безбедносно прашање. Бугарско-македонскиот спор не се смета за безбедносен во ниту една меѓународна организација. Во случајот со Белград, и поради сензитивноста на косовското прашање, поглавјето 35 има иста тежина како поглавјата 23 и 24 (правда и судство) и има моќ да го блокира, суспендира, или врати назад целиот процес на интеграција на Србија во ЕУ. Токму тоа, според дипломатите со кои разговараше МИА, го бара и Бугарија за Македонија, што би довело до „билатерализација“ на процесот на проширување со Скопје, нешто што е спротивно на принципите на ЕУ. За дипломатите од земјите членки на ЕУ ова може да биде „опасен преседан“ за останатите земји кандидати на западниот Балкан, но исто така ја потврдува тезата на најскептичните земји дека проширувањето кон источноевропските земји се случило прерано и дека треба да се стопира. Со ова Бугарија би можела да им направи „голема противуслуга на сите земји од регионот“ коментираат од земјите членки на Унијата. – Оваа политика на условување на Бугарија се плашам дека само ќе ги зајакне резервите на скептичните земји членки на ЕУ кон проширувањето и ќе се искористи како потврда за тезата дека прерано ја примивме Бугарија и дека сега ја плаќаме цената за тоа, објасни искусен ЕУ дипломат за МИА. Инсистирањето на Софија да ја блокира Македонија „непринципиелно“, велат дипломатите, „може да има далекусежни последици“ и ретко кој во ЕУ ја разбира бугарската позиција, посебно со оглед на тоа дека станува збор за историски прашања за кои дипломатите не се стручни, ниту со кои се занимаваат. Прашање денеска е како ќе се постават другите земји членки кон нивниот сојузник Бугарија. Бројни дипломати во ЕУ не очекуваат голем притисок врз Софија засега поради претстојните избори во март. Истовремено денеска се преговара и за повеќегодишната буџетска рамка на Европската Унија, како и пакетот за економско закрепнување. Извесно е дека Унгарија и Полска ќе го блокираат делот од буџетот посветен на сопствените средства на ЕУ, со што се доведува во ризик целата ЕУ во време на криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-deneska-nema-da-donese-odluka-za-pregovarachkata-ramka-so-makedonija-po-najavenata-blokada-od-bugarija/feed/ 0