преговори со грција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Jun 2018 12:10:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преговори со грција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јовановски: Во Грција се забележува триумфализам и апсолвирано е дека прифативме ерга омнес, сигурни се дека ги имаат добиено преговорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-vo-grcija-se-zabelezuva-triumfalizam-i-apsolvirano-e-deka-prifativme-erga-omnes-sigurni-se-deka-gi-imaat-dobieno-pregovorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-vo-grcija-se-zabelezuva-triumfalizam-i-apsolvirano-e-deka-prifativme-erga-omnes-sigurni-se-deka-gi-imaat-dobieno-pregovorite/#respond Fri, 08 Jun 2018 12:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=63641

Ципрас без договор доби многу нешта што Андонис Самарас ни на сон не можеше да ги добие. Во Грција може да се забележи еден вид на триумфализам затоа што таму е апсолвирано дека имаме прифатено ерга омнес.  Читајте ги грчките медиуми, тие се сигурни дека ја имаат добиено работата. Грција доби многу и дури и да не се потпише сега договор, стартната позиција на идниот грчки преговарачки тим ќе биде многу покомотна во однос на идниот македонски тим. Од лошо ни иде на полошо, изјави во емисијата Ѕид на Алфа, професорот по историја и еден од најголемите познавачи на македонско-грчките односи, Далибор Јовановски. - Доколку се прифатат грчките барања, ќе имаме тешки последици по Република Македонија, затоа што повеќе од јасно, затоа што дури и најлибералната влада на Грција, владата на Ципрас апсолутно нема намера да прифати македонски идентитет како што ние сакаме да го прифатиме. Повеќе од очигледно е дека и оваа грчка влада нема да прифати македонски јазик со превод од македонски на други јазици вклучително и на грчки, вели Јовановски. Јовановски потенцираше дека во овој момент малку е веројатно дека грчкиот парламент ќе го ратификува договорот  и затоа е најдобро доколку ратификацијата оди паралелно во двата парламенти.  Бидејќи како што додаде грчката опозицијата јавно кажува дека нема да прифати ништо што е спротивно од грчките интереси, а коалициониот партнер на Ципрас постојано повторува дека се спротивставува името Македонија да стои во конечното решение. - Грција има страшна дипломатија и многу често нивните успеси не се должеле на војнички победи туку на нивната дипломатија и сега од една страна има дипломатија со искуство наспроти дипломатија која не знае што прави, истакна Јовановски. Во однос на јазикот Јовановски нагласи дека дури и сега по некое чудо се спаси македонскиот јазик, при евентуален влез во ЕУ, Грција повторно ќе го отвори прашањето за јазикот бидејќи таму македонскиот треба да биде службен јазик, а тоа го истакна и Мицотакис кој се поверојатно дека ќе ја формира идната грчка влада кој изјави дека доколку договорот во иднина не им одговара повторно ќе ги отворат некои прашања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-vo-grcija-se-zabelezuva-triumfalizam-i-apsolvirano-e-deka-prifativme-erga-omnes-sigurni-se-deka-gi-imaat-dobieno-pregovorite/feed/ 0
Нимиц: Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nimic-terminot-makedonija-kje-bide-sodrzan-vo-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nimic-terminot-makedonija-kje-bide-sodrzan-vo-imeto/#respond Wed, 17 Jan 2018 08:33:10 +0000 http://kurir.mk/?p=12065

Предлог решението за името ќе го вклучува терминот „Македонија“, изјави медијаторот на ОН Метју Нимиц пред денешната нова рунда разговори во Њујорк со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. - Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот - изјави Нимиц за грчката ТВ Антена. Посочи дека името со кое земјата е заведена во ОН е „поранешна југословенска република Македонија“, односно терминот Македонија е дел од името, а и Грција ја има признаено со тоа име. Нимиц истакна дека нема волшебно решение за името, дека спорот трае предолго и оти натамошното одолговлекување би го направило проблемот уште потежок за решавање. Се надева дека ќе се најде решение што ќе ги задоволи амбициите и на Атина и на Скопје. Вели дека во Грција доминира ставот оти по надминувањето на економската криза земјата треба да игра позначајна улога во регионот. Еден од начините за тоа е Грција да го реши проблемот со својот северен сосед, рече Нимиц. Во Скопје, пак, како што наведе, доминира мислењето дека некои од идеите во минатото не биле задоволителни за нив, но оти е дојдено времето ова прашање да се реши и земјата да продолжи по својот европски е евроатлантски пат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nimic-terminot-makedonija-kje-bide-sodrzan-vo-imeto/feed/ 0