преговори за име – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Apr 2018 15:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преговори за име – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН ја потврдија новата рунда преговори во Виена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/on-ja-potvrdija-novata-runda-pregovori-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/on-ja-potvrdija-novata-runda-pregovori-vo-viena/#respond Mon, 23 Apr 2018 15:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=45009

Медијаторот на ОН во спорот меѓу Македонија и Грција околу името Метју Нимиц задутре во Виена ќе одржи состанок со шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас, потврдија од ОН. Како што стои на официјалната веб-страница на ОН, средбата е дел од напорите за пронаоѓање заемно прифатливо решение за името.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/on-ja-potvrdija-novata-runda-pregovori-vo-viena/feed/ 0
Новата рунда преговори во фокусот на грчките медиуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-runda-pregovori-vo-fokusot-na-grchkite-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-runda-pregovori-vo-fokusot-na-grchkite-mediumi/#respond Wed, 17 Jan 2018 09:56:42 +0000 http://kurir.mk/?p=12159

Вниманието на Македонија и Грција денеска е насочено кон Њујорк, каде што почнуваат долгоочекуваните преговори меѓу Атина и Скопје за спорот со името, коментираат грчките весници.
Весникот „Прото тема“ ја пренесува изјавата на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, кој најави дека терминот Македонија ќе биде содржан во предлогот за решавање на името.
Нимиц напомена дека Грција го прифатила тој термин, со самото признавање на земјата под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, пренесува МИА. „Прото тема“ додава дека Панос Каменос, лидер на партијата Независни Грци, која е дел од владината коалиција се заложил за името „Вардарска“ (Македонија). Каменос претходно повика за свикување на референдум за спорот за името. „Њуз.ин“ смета дека со предлогот за референдум Каменос, кој изданието го определува како „подводна карпа“, може да и нанесе силен удар на Владата на премиерот Алексис Ципрас. „Катимерини“, објави дека Владата во Атина не го поддржува референдумот. Весникот ја објавува и оценката на архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, кој уште еднаш напомена дека позицијата на Грчката православна црква е јасна и оти таа е против терминот „Македонија“ да се содржи во името. „Вима“ објави дека Нимиц изразил оптимизам дека двете страни ќе успеат да пронајдат попозитивен пристап кон македонското прашање, кој тој се надева дека ќе стане појасен по постигнувањето на конечната спогодба. Весникот додаде дека по гласањето на нацрт-законот со новите мерки за штедење, владини извори изразиле надеж дека следната парламентарна седница ќе биде посветена на прашањето за името. „Нимиц се ориентира кон решение, кое во себе ќе го содржи терминот Македонија, пишува „Та неа“. - Треба да бидеме реалисти, со оглед на тоа што во моментов името на државата во ОН е Поранешна Југословенска Република Македонија, ги цитира „Та неа“ изјавата на Нимиц за „Антена“. „Та неа“ пишува и за улогата на министрите за надворешни работи на двете земји, кои ги интензивираа средбите во интерес на забрзување на решавање на спорот. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека националната позиција на Грција на овие преговори ќе се сведе на име со географска одредница за севкупна употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-runda-pregovori-vo-fokusot-na-grchkite-mediumi/feed/ 0
Заев кажа дека нема црвени линии и Грците почнаа да ги редат барањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-kaza-deka-nema-crveni-linii-i-grcite-pochnaa-da-gi-redat-baranjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-kaza-deka-nema-crveni-linii-i-grcite-pochnaa-da-gi-redat-baranjata/#respond Mon, 08 Jan 2018 16:59:05 +0000 http://kurir.mk/?p=7861

Официјална Атина почна да „шутира пенали“ на празен гол откако премиерот Зоран Заев во интервју за грчката телевизија Алфа истакна дека Македонија нема никакви црвени линии во преговорите во Грција. Ваквиот настап на Заев од страна на грчките власти е дочекан со отворени раце и веројатно протолкуван како повик да се наведе се што грчката страна сметала или не сметала дека ќе помине во преговорите за проблемот кој Грција го има со нашето уставно име. Министерот за надворешни работи на Грција, според грчките медиуми, за време на седницата на Владата, ги известил министрите за грчките позиции во преговорите за името. Повикувајќи се на свои информации, медиумите во Грција, меѓу кои и државната агенција, како што јавува дописникот на МИА од Атина, објавија дека сложено име со географска одредница за севкупна употреба е позицијата што ја претставил Никос Коѕијас. - Според информациите, министерот за надворешни работи во неговото обраќање го извести Министерскиот совет за позициите со кои грчката страна учествува во преговорите за името со пЈРМ. Господинот Коѕијас, рече дека националната позиција беше веќе претставена во 2007-2008 и се однесува на сложено име со географско потекло и за севкупна употреба, пишува грчката новинска агенција, пренесува МИА. Според АПЕ-МПЕ, Коѕијас рекол дека конкретното прашање, актуелната Влада го наследила, затоа што во минатото не се преземале иницијативи. - Оваа влада е смела и сериозна и има храброст доследно да оди кон решавање на проблемите, рекол шефот на грчката дипломатија, според грчката државна агенција. Грчката телевизија Скај на нејзиниот сајт објави дека Коѕијас во неговото обраќање не споменал конкретни предлози за името, а освен министерот за надворешни работи, за време на седницата на Владата, за прашањето за името не говорел никој друг министер. Претходно, како што веќе објави МИА, во 20-минутното обраќање пред министрите, на почетокот на владината седница, спорот со името, кусо го спомена грчкиот премиер. Дека грчката Влада се залага за сложено име за севкупна употреба е веќе познато по миниминистерскиот совет одржан минатиот четврток, во премиерската палата. Тогаш, Никос Коѕијас по завршување на состанокот, во изјава за новинарите рече дека „во прашањето за името, Владата, поддржува и преговара за едно сложено име, едно име за сите употреби, она што Грција го презентираше како позиција и во Букурешт.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-kaza-deka-nema-crveni-linii-i-grcite-pochnaa-da-gi-redat-baranjata/feed/ 0
Столтенберг во Скопје, разговори за името во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-vo-skopje-razgovori-za-imeto-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-vo-skopje-razgovori-za-imeto-vo-njujork/#respond Fri, 05 Jan 2018 09:24:42 +0000 http://kurir.mk/?p=6778

Интензивни активности се предвидени овој месец во процесот на преговори меѓу Атина и Скопје за надминување на спорот околу името. За 19 јануари е закажана нова средба во Њујорк на медијаторот Метју Нимиц со претставници на Грција и на Македонија, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе го посети Скопје на 17 и 18 јануари, објави грчкиот весник „Прото тема“. Германскиот весник „Зидвест пресе“, пак, наведува дека  „грчкиот премиер Алексис Ципрас е подложен од силен притисок од САД за решавање на спорот“. Весникот наведува дека раздвижувањето на спорот околу името на Македонија се должи на смената на политичкото раководство во Скопје. Според „Зидвест пресе“, спорот со името е прашање кое сериозно ја засега меѓународната дипломатија, затоа што „станува збор за спор со геополитички размери, што значајно ги надминува и границите на регионот“. Весникот се осврнува и на улогата на меѓународниот посредник Метју Нимиц, истакнувајќи дека „тој 25 години вложува напори да посредува во спор, којшто многу тешко може да биде разбран од јавноста надвор од Балканот“. Сложено име со географска одредница за севкупна употреба е позицијата на грчката Влада за прашањето за името на Македонија, било истакнато вчера на состанокот на Владата во Атина. Телевизијата ЕРТ наведува дека шефот на дипломатијата Никос Коѕиас на состанокот побарал согласност од сите политички сили по тоа прашање. Главната опозициска партија Нова демократија, според весникот „Катимерини“, смета дека Панос Каменос, лидерот на помалиот коалициски партнер во Владата на Ципрас, на „Независни Грци“ бил согласен на секаков компромис за спорот за името, само за да си ја задржи позицијата во власта. Весникот „Контрањуз“ тврди дека вчера се одржала тајна средба во четири очи меѓу Ципрас и Панос Каменос на која требало „да се скрши мразот“. Веднаш по тој состанок Ципрас свикал состанок на кој учествувал и вицепремиерот Јанис Драгасакис, шефот на дипломатијата Коѕијас, и други членови на Кабинетот. Весникот „Вима“ поставува прашње дали настаните околу Македонија ќе „родат“ некаква нова десничарска партија во Грција, поради фактот дека доста пратеници од Нова демократија не ја прифаќаат употребата на името „Македонија“, како евентуално ново име на државата. Според весникиот, однесувањето на тие пратеници предизвикало можна дебата за тоа дали треба да биде создадена нова партија со десничарска ориентација. Грчките весници вчера цитираа грчки пратеници, кои даваат предлози за новото име на Македонија, како на пример „Дакија“, „Мизија“, „Балканска централна република“ и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-vo-skopje-razgovori-za-imeto-vo-njujork/feed/ 0