преговори за името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jun 2018 08:36:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преговори за името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иванов до Заев: Договорот треба да биде во согласност со Уставот, а не да предвидува негова измена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-do-zaev-dogovorot-treba-da-bide-vo-soglasnost-so-ustavot-a-ne-da-predviduva-negova-izmena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-do-zaev-dogovorot-treba-da-bide-vo-soglasnost-so-ustavot-a-ne-da-predviduva-negova-izmena/#respond Tue, 12 Jun 2018 08:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=64825

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, оценува дека вчерашната изјава на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ Тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО и зголеми внатрешните опасности претставува очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување.

-Стратешките определби на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО се јасно дефинирани и непроменети. Зачувувањето на уставното име и изнаоѓањето на решение кое нема да предизвика уставни промени, во никој случај не е насочено против интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Склучувањето на меѓународен договор содржан во еден или повеќе поврзани меѓусебни документи треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена, се вели во соопштението испратено од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Во врска со повикот на премиерот Заев за поддршка на евентуалниот договор од страна на сите политички чинители, претседателот Иванов уште еднаш укажува дека е потребен широк национален консензус за изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.

-Претседателот Иванов смета дека е несериозно и неодговорно прашањето за името, кое е исклучително важно прашање за граѓаните на Република Македонија, и наметнати технички барања, да се решаваат телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави, стои во соопштението.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-do-zaev-dogovorot-treba-da-bide-vo-soglasnost-so-ustavot-a-ne-da-predviduva-negova-izmena/feed/ 0
Заев и Ципрас денес телефонски ќе ги финишираат преговорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-cipras-denes-telefonski-kje-gi-finishiraat-pregovorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-cipras-denes-telefonski-kje-gi-finishiraat-pregovorite/#respond Tue, 12 Jun 2018 05:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=64717

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас утрово треба да остварат уште еден телефонски разговор во рамки на процесот на преговори за решавање на спорот за името, откако вчера разговараа 60 минути. Двајцата премиери се договорија денеска телефонски да продолжат со разговорите за спорот за името, а според оценките на двете страни преговорите се при крај и има надеж и очекувања за постигнување решение пред Самитот на ЕУ подоцна во текот на месецов. Заев и Ципрас вчера разговарале за преостанатите прашања и разгледале неколку идеи за решенија, а за нивниот доглоочекуван разговор речиси истовремено информираа двете влади. За вчерашниот разговор, кабинетот на Ципрас, посочи дека минал во добра клима и двајцата премиери се договориле да ги завршат нивните разговори во денешниот телефонски контакт. Заев вчера изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и додаде оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни. - Наша конечна цел е да добиеме фер договор заснован на факти, кој ќе не стави на маса со сите прозападни земји и каде рамноправно, рамо до рамо, ќе го јакнеме нашиот идентитет, ќе ја јакнеме економијата и ќе отвораме перспективи. Веројатно мојот оптизмизам ќе се оствари. Но, конечно ќе биде, кога ќе биде конечно се. Се надевам дека тоа ќе биде утре, рече премиерот синоќа во дебата на „Топ тема“. Македонскиот премиер нагласи дека е битно да се постигне квалитетно решение, кое ќе биде правно поткрепено, достоинствено и ќе го зачува идентитетот, поради тоа што понатаму тоа решение треба да има и позитивен одѕив кај граѓаните на земјава, кои за него треба да на крај да се изјаснат на референдум. Кон крајот на септември, почетокот на октомври може да се одржи референдум за името, најави Заев и додаде дека тој термин е соодветен за да се завршат сите процеси до крајот на годината. Враќање на фрустрациите, радикализмот, квазипатриотизмот, нациоанализмот, се последиците од евентуалното отфрлање на договорот со Грција на референдумот, според македонскиот премиер. - Сето тоа не ни треба. Ние градиме граѓанско, мултиетничко општество. Македонија има перспектива „запишана во катастар со имотен лист“ како секоја нормална земја, перспектива како членка на НАТО, на ЕУ. Тоа ќе биде поттик и за реформите и за унапредување на животот на граѓаните. Не сакам и да помислам што ќе се случи ако не успее. Мора да гледаме напред и убеден сум дека оваа шанса нема да ја испуштиме како граѓани на Македонија, порача Заев. Тој не стравува од незадоволство по објавувањето на договорот и додаде дека граѓаните ќе ги имаат на увид сите аргументи, сите фактори и ќе го кажат својот став. За гаранциите од Грција и меѓународната заедница дека договореното ќе се спроведе, Заев вели дека тоа е предвидено во договорот. Изрази очекување дека претседателот Ѓорге Иванов нема да го спречи целиот процес, ставајќи вето на договорот, кој би бил ратификуван во Парламентот. - Верувам дека Иванов и мисли добро на Македонија и дека нема да дозволи да и даде причина на Грција да не прати писмо до ЕУ и НАТО, потенцира премиерот. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера во интервју за грчката телевизија „Контра“, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери истакна дека е направен решителниот чекор. - Мислам дека денес го направивме решителниот чекор и утре ќе разговараат повторно двајцата премиери и ќе го завршат разговорот што го започнаа денеска, рече тој и објасни дека „преговорите не се права линија тргнавме и одиме на маратон“, туку дека преговорите се „напорен пат со подеми, падови и тешкотии“. Во однос на европската и евроатлантската перспектива на Македонија, Коѕијас рече дека со ратификуван договор во нашето Собранието, Грција ќе даде зелено светло на Самитот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 јуни, а ако се оди според планираното НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја. - Штом го имаме ратификувано договорот, да се надеваме дека ќе го имаме, од нивното Собрание, како ратификувани и прашањата што ги имаме со Албанија, ние со големо задоволство ќе дадеме „ок“ за да тргнат по нивниот европскиот пат. Секако, доколку ги имаме навистина решено сите проблеми, се надевам дека утре ќе завршиме, ние треба да помогнеме и да ги поддржиме овие земји на нивниот европски пат, рече вчера Никос Коѕијас. Во однос на членството во НАТО, објасни покана е она што може да се даде, како што е планирано, ако се биде во ред на Самитот на 11 и 12 јули, додавајќи дека за оваа покана потребни се ратификации од сите земји членки. Во однос на тоа кога договорот би пристигнал во грчкиот парламент, Коѕијас истакна дека потребно е да се завршат сите внатрешни процеси кај нас за да започне процесот за членство во ЕУ и НАТО, а потоа и Грција ќе го ратификува договорот за да стапи во сила. Говорејќи за името Коѕијас нагласи дека тоа ќе биде соопштено по разговорот меѓу двајцата премиери, доколку утре се комплетираат деталите, но откри дека името е веќе одбрано. Додека пак, во однос на јазикот го повтори ставот дека македонскиот јазик е признат уште во 1977 од ОН. Заев вчера не сакаше да шпекулира во однос на евентуалното решение за името и за тоа дали Република Северна Македонија е можното решение, како најспоменувано во медиумите, нагласувајќи дека решението ќе биде квалитетно и ќе го зачува достоинството и идентитетот на двете страни. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-cipras-denes-telefonski-kje-gi-finishiraat-pregovorite/feed/ 0
Предлогот Северна Република Македонија, без превод на англиски, значи комплетно ново име на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-severna-republika-makedonija-bez-prevod-na-angliski-znachi-kompletno-novo-ime-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-severna-republika-makedonija-bez-prevod-na-angliski-znachi-kompletno-novo-ime-na-drzavata/#respond Thu, 07 Jun 2018 06:59:38 +0000 https://kurir.mk/?p=63131

Република Северна Македонија, име без превод на англиски јазик. Овој предлог е ставен на маса пред македонскиот премиер Зоран Заев, кој продолжува во преговорите со Грција да тргува со нашето уставно име. Додека македонската Влада молчи, кај нашиот јужен сосед гласно се зборува за текот на преговорите. Според информациите на грчкиот весник „Та Неа“ денес се очекува да има брзи промени во преговорите за името на Република Македонија. Одговорот на Зоран Заев дали прифаќа конечниот грчки предлог што беше договорен во Њујорк, меѓу Димитров и Коѕијас ќе го покаже патоказот во текот на случајот. Како што пишува грчкиот весник доколку одговорот биде позитивен, тогаш Заев ќе има телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Доколку пак Македонија не даде позитивен одговор во текстот се вели дека тогаш преговорите ќе пропаднат и двете земји ја пропуштаат шансата да најдат договор, особено во ова време. Ваквиот предлог за смена на нашето уставно име без превод на англиски јазик, е целосно губење на суштината. Ова не е сложено име за кое ни рекоа дека преговараат. Напротив, доколку Заев го прифати предлогот, на Македонија ќе и биде сервиран комплетно нов идентитет. Македонската јавност во исчекување на тоа до каде премиерот може да оди во овие, за нас, штетни преговори. Нивната нетрпеливост се должи на фактот што Заев неколку пати ги менува своите изјави и ставови, а веќе покажа дека договара промена на уставот иако ветуваше дека тоа нема да се случи. Дополнително, по децении преговори, македонскиот премиер “климна со главата“ за ерга омнес решение, кое секако е нешто што граѓаните не го прифаќаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-severna-republika-makedonija-bez-prevod-na-angliski-znachi-kompletno-novo-ime-na-drzavata/feed/ 0
И Македонија и Грција го чекаат разговорот меѓу Заев и Ципрас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-makedonija-i-grcija-go-chekaat-razgovorot-megju-zaev-i-cipras/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-makedonija-i-grcija-go-chekaat-razgovorot-megju-zaev-i-cipras/#respond Wed, 06 Jun 2018 05:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=62738

Мошне скоро се очекува телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за потврда за досега постигнатото во преговорите за решавање на 25-годишниот спор за името и да закажат евентуална средба, која како што беше најавувано би можела да се одржи во Преспа. Според најавите од двете страни, станува збор за денови до воспоставување на контактот. Премиерите на двете страни се водржани околу коментарите на тоа дали постои договор, дали е постигнат компромис за можно име, меѓутоа во јавоста и од македонска и од грчка страна излегуваат можни предлози за решение. Тие двајца последен пат се сретнаа на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, минатиот месец каде, според тогашните изјави ги приближија позициите, а Заев дури излезе и со најприфатливо решение, Република Илинденска Македонија, кое потоа беше отфрлено од грчка страна.   Премиерот Заев вчера изјави дека во прашање се денови кога ќе се случи телефонскиот разговор меѓу него и Ципрас и додаде дека во моментот се уште се создаваат околностите тоа да се случи. Македонскиот премиер не сакаше да шпекулира за прифатливите предлози околу името, ниту за тие содржани во пакетот на медијаторот Метју Нимиц, ниту за  оние кои завчера во интервју за Канал 5 ги спомена Артан Груби од ДУИ, како можни нови креативни решенија, Република Крушевска Македонија, Република Соверемена Македонија или Република Европска Македонија. Процесот, според него е на самиот крај и изрази верување дека крајот ќе биде успешен. - Прашањето е сензитивно и ќе останам внимателен. Овие денови сакам да бидат денови на успешно завршување на процесот. Кога сите детали ќе бидат договорени  веднаш ќе бидат споделени. Чувствително е кај нас, чувствително е и во Грција, рече Заев и додаде дека, сепак, за прашањето на крајот граѓаните ќе одлучуваат на референдум. Зборот „денови“ вчера го спомена и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, кој дури и спомена пет до десет за ставање на потписите. - Имам чувство дека раководството во нашата земја пријател на север, раководството во Скопје сега, кога треба да завршиме со ова, ги сфати големите тешкотии што постојат за имплементација на договорот и ова одигра улога да сака одново да го разгледа договорот, да разговара за одредени појаснувања за самиот договор, но длабоко сум убеден и се надевам дека ова, набргу, за неколку дена ќе се надмине, рече Коѕијас. Коѕијас излезе со став дека дошло време да се каже големото „да“ или големото „не“ во однос на последните случувања во преговорите. И тој не сакаше да говори за тоа што е договорено, но сепак напомена дека од пакетот пет имиња предложени од Нимиц, Коѕијас во игра се три (Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Нова Македонија), откако „Република Македонија (Скопје)“ било отфрлено од грчка, а „Република Вардарска Македонија“, од македонска страна. Договорот е на 20 страни, а за  ратификацијата и имплементацијата на предвидени се конкретни чекор, ратификација во македонското Собрание, па референдум и уставни промени, а потоа зелено светло од грчкиот Парламент. Според оценките на Коѕијас, ако договорот се склучи набргу, во македонското Собрание ќе стигне следните седмици, референдумот веројатно би бил на есен, додека пак по референдумот, би се направиле уставни промени. На прашањето кога договорот би пристигнал во грчкиот Парламент, Коѕијас објаснува дека „договорот ќе ги предвидува предусловите за ратификација и дека нема да може да биде пред референдумот во Скопје“. Коѕијас исто така го одвои црковното прашање од спорот со името. - Името не е работа на Светиот синод на ГПЦ и добро би било да не се меша, вели Коѕијас и додава дека околу признавањето на автокефалност или било што друго на една црква е во надлежност на Вселенската патријаршија, а не е тема на Светиот синод на црквата на Грција. Коалицискиот партнер во грчката Влада, Независни Грци останува на позицијата дека е против сложено име, кое во себе ќе го содржи терминот Македонија. - Скопје денес е мала државичка, но утре не се знае, е еден од аргументите на заменик-министерот за транспорт и врски на Грција, Никос Мавраганис, зошто Независни Грци остануваат на таа позиција. А коалицискиот партнер на СДСМ, ДУИ, пак преку Артан Груби завчера не само што изнесе нови можни креативни решенија, туку и нагласи дека се е договорено во преговорите и оти останува уште начинот на имплементација на договорот. И според Груби во прашање се денови до потпишувањето на договорот. Груби изрази уверува дека ќе успееме да потпишеме договор со, кој, како што рече „ќе успееме да го зачуваме тоа што е најважно за моите сограѓани Македоници: идентитетот, јазикот, државјанството“. - Македонецот ќе остане Македонец, било во Скопје или во Брисел и Вашингтон. Јазикот ќе остане македонски, во групата на словоенски јазици, што е факт, рече Груби. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-makedonija-i-grcija-go-chekaat-razgovorot-megju-zaev-i-cipras/feed/ 0
Коѕијас открива детали од преговорите за промена на нашето име: „Вардарска“ отпадна, дојде време да се каже „да“ или „не“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-otkriva-detali-od-pregovorite-za-promena-na-nasheto-ime-vardarska-otpadna-dojde-vreme-da-se-kaze-da-ili-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-otkriva-detali-od-pregovorite-za-promena-na-nasheto-ime-vardarska-otpadna-dojde-vreme-da-se-kaze-da-ili-ne/#respond Tue, 05 Jun 2018 06:24:05 +0000 https://kurir.mk/?p=62397

Опцијата „Вардарска Македонија“ како решение во спорот за името со Грција дефинитивно е пропаднат предлог, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за грчката државна телевизија, и додава дека дојде време да се каже „да“ или „не“ за едно од трите преостанати варијанти со можност да се најде „креативно“ решение за уште некој назив во меѓувреме. - Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Нова Македонија се имињата што се останати на масата, откако отпадна и Република Вардарска Македонија и во наредните денови може да се дојде до решение, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ. Според него, договорот е добар компромис од кој добиваат и двете страни. Вардарска не било прифатено од македонската Влада, бидејќи потсетувало на окупацијата. Говорејќи за можните имиња, Коѕијас, исто така рече дека „Атина му предложила на Скопје“ да предложи нови имиња, ако не прифаќа некој од предлозите на посредникот Метју Нимиц. Во секој случај, според Коѕијас, штом се потврди, договорот е двата премиери - Зоран Заев и Алексис Ципрас да го објават предлогот истовремено. -Наш национален интерес е да го решиме проблемот со името со соседите и тоа е целта на нашата активна надворешна политика, изјави Коѕијас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-otkriva-detali-od-pregovorite-za-promena-na-nasheto-ime-vardarska-otpadna-dojde-vreme-da-se-kaze-da-ili-ne/feed/ 0
Во Њујорк продолжуваат разговорите за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-njujork-prodolzuvaat-razgovorite-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-njujork-prodolzuvaat-razgovorite-za-imeto/#respond Fri, 25 May 2018 07:02:51 +0000 https://kurir.mk/?p=58131

Во зградата на ОН во Њујорк денеска треба да продолжат разговорите за надминување на спорот за името на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, медијаторот Метју Нимиц. Средбата треба да започне во 09:30 часот по њујоршко време или 15.30 часот по македонско време, а по завршување на денешната рунда се очекува некој или сите учесници во процесот да дадат изјави за тоа дали е направен некаков исчекор во преговорите. Во пресрет на новата рунда разговори за името, која започна вчера во 16:30 часот по македонско време, Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација. - Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор, порача Димитров по средбата со Гутереш. Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, пак, по средбата со генералниот секретар на ОН, спроти денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц, изјави дека другата страна треба да покаже прагматизам и реализам за да најде решение. Прашан дали од Нимиц очекува да достави синтетичен предлог од сето она што го доставиле двете страни, Коѕијас вели дека Грција го сторила тоа, но останува отворено прашањето со името. - Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите, вели шефот на грчката дипломатија и објаснува дека преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и меѓу техничките групи. Средбата во Њујорк следи по минатонеделните разговори на премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на кои опцијата „Република Илинденска Македонија“ беше издвоена како најприфатлива. Македонската страна пред средбата во Њујорк изјави дека останува на ставот дека тоа е добар предлог за конечно решение, додека грчката го отфрли предлогот и нагласи дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот - предлози од Нимиц. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-njujork-prodolzuvaat-razgovorite-za-imeto/feed/ 0
Ципрас на Твитер во врска со името: Последните метри се секогаш најтешки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-na-tviter-vo-vrska-so-imeto-poslednite-metri-se-sekogash-najteshki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-na-tviter-vo-vrska-so-imeto-poslednite-metri-se-sekogash-najteshki/#respond Wed, 16 May 2018 20:02:24 +0000 https://kurir.mk/?p=54998

Направени е напредок, но има уште пат да се изоди, напиша грчкиот премиер на Твитер во однос на преговорите за името, објавувајќи фотографии од подготвителниот Самит на партијата на европските социјалисти во Софија, во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој присуствуваше и македонскиот премиер, Зоран Заев. - На Самитот на Партијата на европските социјалисти, лидерите ги поздравија досегашните наши напори за да најдеме заемно прифатливо решение за името. Истакнаа дека само прогресивни лидери би можеле да го постигнат тоа. Им се заблагодарив, признав дека се направени многу чекори на напредок, но има уште пат да се изоди. Последните метри се секогаш најтешки, напиша Алексис Ципрас на официјалниот Твитер профил на премиерот на Грција, во двата твита. Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер, заедно со пораките објави и фотографија. На едната е заедно со претседателот на европските социјалисти Сергеј Станишев и македонскиот премиер Зоран Заев, а на другата со лидерите на социјалистичките партии. Според грчките медиуми, во рамките на состанокот на европските социјалисти, двајцата премиери имале разговор во пресрет на утрешната официјална средба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-na-tviter-vo-vrska-so-imeto-poslednite-metri-se-sekogash-najteshki/feed/ 0
Во Брисел оптимизам дека Грција и Македонија ќе постигнат договор во јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-brisel-optimizam-deka-grcija-i-makedonija-kje-postignat-dogovor-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-brisel-optimizam-deka-grcija-i-makedonija-kje-postignat-dogovor-vo-juni/#respond Tue, 15 May 2018 11:18:48 +0000 https://kurir.mk/?p=54344

Високи европски дипломати брифираат за оптимизмот што владее во ЕУ во пресрет на Самитот во Софија за договор меѓу Скопје и Атина во текот на идниот месец. Висок дипломатски извор, близок до Европскиот Совет, утрово ги информираше новинарите за текот на подготовките на софискиот самит, каде лидерите на ЕУ очекуваат добри вести од Скопје и Атина за текот на преговорите. - Сѐ уште нема среќен крај и нема да има оваа недела, но има добар напредок.  Она што е важно е да има решение за грчко-македонскиот спор на почетокот на јуни, тоа би можело да е клучно за позитивна одлука на Европскиот Совет во јуни, брифираше дипломатот. Во јуни шефовите на држави и влади на ЕУ ќе се состанат во Брисел за самит посветен на проширувањето, на кој ќе се разгледуваат препораките на Европската Комисија (ЕК) дадени во април, меѓу кои е и препораката за старт на преговори за Македонија. -Тоа е временската рамка која нам ни е потребна, изјави дипломатот, а во Софија в четврток двајцата лидери ќе брифираат за преговорите. Дипломатите во Европскиот Совет сметаат дека доколку Македонија и Грција постигнат договор за спорот може да се очекува “позитивно прелевање“ во другите земји во регионот. -Ќе има импакт врз општата атмосфера, но и врз одлуката за Албанија, изјави дипломатот. Европскиот Совет го дава договорот меѓу Бугарија и Македонија постигнат минатата година како пример за тоа како две земји од регионот можат да ги надминат тензиите. - Бевме сведоци на договорот помеѓу Македонија и Бугарија. Имаше многу спорни теми, но успеаја да го решат овој проблем. Ова треба да биде модел, посочувајќи ја и демаркацијата на границата помеѓу Црна Гора и Косово како втор “позитивен пример“ од Западниот Балкан. Запрашан дали ЕУ разгледува опција за отворање преговори без конечен компромис на спорот за името помеѓу двете страни, дипломатот одговори: - Она што нам ни е потребно е позитивен сигнал од билатералните односи. Уште сме полни со надеж дека е можно во јуни да се постигне договор и се надеваме дека Заев и Ципрас ќе го оправдаат нашиот оптимизам уште повеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-brisel-optimizam-deka-grcija-i-makedonija-kje-postignat-dogovor-vo-juni/feed/ 0
Интензивна недела за преговорите, пред средбата Заев-Ципрас во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intenzivna-nedela-za-pregovorite-pred-sredbata-zaev-cipras-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intenzivna-nedela-za-pregovorite-pred-sredbata-zaev-cipras-vo-sofija/#respond Tue, 08 May 2018 05:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=51234

Конечен договор за решавање на „македонскиот проблем“ се очекува на средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, планирана за 17 мај на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија. На средбата и претходи интензивна недела на преговорите, во рамки на која се очекува да се отворат спорните прашања, пред се опсегот на употреба на името, но и барањето на Грција за измени во македонскиот Устав. Премиерот Заев во интервјуто за МИА на почетокот на минатиот месец рече дека кога ќе биде закажана следната средба меѓу него и Ципрас всушност ќе значи дека преговорите се при кај и оти решението е на повидок. - Верувам дека тој процес се доближува до моментот кога треба да следува средба помеѓу мене и Ципрас. Тоа ќе значи дека напредокот во разговорите стинал до тоа ниво за да се премине и на ниво на премиери на државите. Ако слушнат граѓаните дека се закажува средба меѓу Заев и Ципрас, тоа значи конкретна практична потврда, дека преговорите се во вистинска насока и дека е можно да се дојде до решение, истакна Заев во интервјуто за МИА. Грчкиот информативен портал „Њуз247“ јави дека е планирана тет-а-тет средба Заев-Ципрас доколку не се случи нешто непредвидено. Дипломатски извори за „Њуз247“ потенцираат дека и покрај тешкотиите што постојат, постигнат е важен напредок и договор во поголемиот дел од темите во преговорите и покрај тоа што останува главната разлика за употребата на името ерга омнес. Заев и Ципрас имаат „отворена телефонска линија, иако разговорите и контактите не се објавуваат. ефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас по состанокот на маргините на квадрилатералната средба во Солун, каде, како што кажаа разгледувале комбинаторки за најспорните прашања, се очекуваа оваа недела повторно да се состанат најпрво тет-а-тет, а потоа и со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името Метју Нимиц. Димитров и Коѕијас ќе седнат а иста маса во Сунио во близина на Атина во рамки на министерскиот состанокот Вишеград 4 и Балкан 4, закажан за 11 и 12 мај. В петок во рамки на конференцијата во Сунио, веројатно Димитров и Коѕијас ќе остварат нова билатерална средба. За в сабота е закажан состанок со медијаторот Нимиц, по тој во Виена, кој се одржа на 25 април, но од кој и Димтров и Коѕијас, а и самиот Нимиц излегоа без детали за разговараното. По средбата во Солун, Димитров и Коѕијас најавија дека за разгледуваните комбинаторики ќе ги информираат премиерите на двете земји. - Како што знаете разлики се уште има. Ова што вчера и денеска го правевме е испитување комбинации, кои едната или другата страна би можеле да ги прифатат и тоа е нашата задача. За овие елементи треба да разговараме и дома и да ја искористиме и следната средба, рече Димитров по средбата во Солун, која се одржа на 4 мај. Истакна дека прашањето е комплексно и влогот е многу голем. Димитров нагласи дека главните разлики остануваа во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на употреба. Коѕијас се надоврза дека на двете страни им е јасно дека не треба да се гледа кусогледо, туку треба да се фокусираат на решавање на проблемот.  И шефот на грчката дипломатија вели дека останува да бидат решени едно до две клучни прашања. Како спорно останува и прашањето за Уставот, инстирирањето на грчката страна да се смени Уставот на земјата и инстистирањето на македонската страна сето тоа да се реши со меѓународен договор. Портпаролот на Владата во Грција изјави дека предуслов за решавање на прашањето е поранешната југословенска Република Македонија да ја прифати обврската за промена на нејзиното уставно име. Ѕанакопулос уште еднаш ја повторува грчката позиција за која смета дека би можела да биде прифатена и технички имплементирана од македонска страна за да постои одржливо решение. - Потребен е договор кој јасно ќе ги опише чекорите на решението. Промена на името во меѓународните односи, во продолжение признавање, на пример, од грчка страна, потоа промена на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија за во Уставот да се вклучи новото име, а потоа поддршка од Грција  за интеграција на соседот во сите меѓународни организации. Ова е позицијата што ја претставивме во преговорите, вели Ѕанакопулос. Македонија се надева дека прашањето за името ќе се реши до Самитот на ЕУ во јуни од кој очекува датум за почеток на преговорите, како и покана за членство на јулскиот Самит на НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intenzivna-nedela-za-pregovorite-pred-sredbata-zaev-cipras-vo-sofija/feed/ 0
Почна состанокот на Димитров и Коѕијас со Нимиц https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sostanokot-na-dimitrov-i-kodzijas-so-nimic-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sostanokot-na-dimitrov-i-kodzijas-so-nimic-2/#respond Wed, 25 Apr 2018 14:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=46024

Во канцелариите на ОН во Виена попладнево почна средбата на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц. Двете министерства и македонското и грчкото, на нивните официјални Твитер профили објавија фотографии од средбата. Засега нема формални најави колку ќе трае средбата и дали по неа ќе има изјави за медиумите. Премиерот Заев денеска изјави дека очекува да биде направен исчекор на средбата во Виена. - Има напредок кој ни дава причина да веруваме дека може да се направи исчекор и сега, во Виена, да ја искористиме секоја можност за приближување кон конечното решение. Верувам дека креативноста на двајцата министри, тимовите зад нив и јас и Ципрас од другата страна даваме поддршка и охрабрување за да се изнајдат конструктивни и креативни решенија кои буквално ќе ги задоволат двете страни во нивните очекувања и ќе бидат достоинствени за двете земји и нивните граѓани, рече Заев. Во пресерет на новата рунда рзаговори за името се огласи и грчката Влада преку портпаролот Димитрис Ѕанакопулос. Рече дека Атина во преговорите направила отстапки, и сега е време и Скопје да ги направи неопходните чекори за постигнување договор. Посочи дека Грција има два јасни услова: прво сложено име и второ важење на името ерга омнес, нешто за што предуслов е модификација на уставното име на соседот. Грчките медиуми ја карактеризираат денешната средба во Виена како клучна и решавачка. Новинарите кај јужниот сосед, потсетуваат дека дека разликите остануваат непроменети, а насјпорен е опсегот на името што ќе биде договорено. И претходната средба во ист формат беше одржана во Виена на 30 март. Во меѓувреме Коѕијас и Димитров имаа билатерални средба на 12 април во Охрид. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sostanokot-na-dimitrov-i-kodzijas-so-nimic-2/feed/ 0