прехранбена индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Nov 2022 08:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прехранбена индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поевтина струја за прехранбената индустрија, комунални претпријатија и училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-prehranbenata-industrija-komunalni-pretprijatija-i-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-prehranbenata-industrija-komunalni-pretprijatija-i-uchilishta/#respond Wed, 30 Nov 2022 08:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=768667

Повеќе компании од прехранбената индустрија, јавни водоводни комунални претпријатија и основни и средни училишта од утре па до 30 април идната година кога истекува кризната состојба во енергетиката ќе се снабдуваат со електрична енергија по повластена цена преку „ЕСМ продажба“. Согласно одлуката на Владата, компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час, за основните и средните училишта субвенционираната цена ќе биде по 95 евра за мегават час исто како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици. До 23 ноември, крајниот рок за пријавување за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември, беа пријавени 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474-те на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70-те, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор. Властите најавуваа дека субвенционирана струја ќе добијат околу 1.000 субјекти од прехранбениот сектор од кои 600 мали пекарници. Според нив, релативно малиот интерес покажан за пријавување за добивање струја по повластена цена се должи на фактот што голем дел од нив имаат важечки договори за снабдување со електрична енергија, а некои и веќе имаат поставено сопствени фотоволтаици. Сепак, дел од ние што навремено не се пријавиле имаат можност тоа да го направат во следните денови и од 1 јануари да бидат снабдувани со електрична енергија по повластена цена. Властите велат дека од 1 декември сите компании кои можат да ја користат мерката за субвенционирано снабдување со електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час ќе треба да ги намалат цените на производите. Премиерот Димитар Ковачевски неодамна порача дека мерките за субвенционирана електрична енергија за компании кои произведуваат основни прехранбени производи се направени со цел за најмалку за 10 проценти да се намалат цените на таквите производи. -Со последната мерка на Владата обезбедивме поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Резултатите веќе се евидентни, одредени производители ја намалија цената на лебот, а цената на маслото за јадење на одредени произведувачи е намалена и за 40 денари. Очекувам во наредните денови до 10 отсто намалување на цените на основните прехранбени производи. Ова е време на одговорност, не е време за профит, порача завчера Ковачевски. Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, неодамна рече дека се знае какви одлуки ќе се носат на Влада ако од 1 декември нема намалување на цените на основните прехранбени производи согласно компонентата или, пак, инпутот на електрична енергија. -Од 1 декември треба да ги видиме резултатите на пазарот на коригирани цени на основните прехранбени производи, а во следните четири месеци додека трае кризната состојба очекувам да продолжи намалувањето на нивните цени. Намалувањето за 10 отсто е реално согласно сите анализи кои се направени од страна на Министерството за економија и другите институции, истакна Бектеши. Најави дека Државниот пазарен инспекторат во континуитет ќе врши контроли кон трговците на големо и на мало за почитување на мерката за ограничени маржи при утврдување на цените. Дополнителни контроли, како што кажа, се очекуваат од 1 декември. -За оние кои нема да користат повластена цена на струјата ќе следат други мерки кои ќе се донесат во случај да не ги намалат цените. Согласно Законот за трговија можеме да донесеме мерки во време на криза за замрзнување на цени, одредување на маржи, и слично. Ги имаме листите и Државен пазарен инспекторат ќе врши соодветни контроли, рече Бектеши. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски пред некој ден посочи дека за вкупно 518 нови субјекти АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември ќе треба да обезбеди електрична енергија по пониски цени. -Списокот е пратен до „ЕВН дистрибуција“ за и од нивна страна да се спроведат неопходните процедури со цел од 1 декември непречено да почне испораката на електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час за стопанските субјекти од прехранбената индустрија и по 95 евра за училиштата и за јавните претпријатија, рече Васко Ковачевски. Истакна дека во изминатиот период за субвенционирано снабдување со електрична енергија се пријавиле и компании за кои не се однесуваше одлуката на Владата поради што не се земени во предвид. Има, како што кажа, и такви со некомплетни пријави и додаде дека тие ќе може да ги комплетираат во наредниот период и да влезат во групата за субвенционирано снабдување од 1 јануари идната година. -Засега немаме прецизен и дефиниран податок колкава ќе биде вкупната количина на електрична енергија која АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“ ќе треба да ја обезбеди за овие три категории на потрошувачи. Пресметките се прават сега и ќе се изготват во соработка со ЕВН Електродистрибуција, рече Васко Ковачевски. За новите корисници, како што кажа, делумно ќе треба да се направи набавка на електрична енергија за што Владата ќе субвенционира средства кон ЕСМ од предвидениот буџет за енергетската криза во 2022 и 2023 година. Од Стопанската комора завчера информираа дека водечки прехранбени компании опфатени со мерката за субвенционирана струја, иако побарале, нема да добиваат субвенционирана струја зашто веќе имаат поставено фотоволтаици. -Иако опфатени со мерката за субвенционирана струја од 1 декември, некои компании од прехранбената индустрија, водечки во своите сектори, не ќе може да склучат договори со ЕСМ зашто имаат поставено фотоволтаици, истакна од Комората, но не откриваат конкретно за кои компании станува збор. Од „ЕСМ продажба“ информираа дека по пошта ги пратиле договорите за субвенционирано снабдување со поевтина струја од 1 декември. -„ЕСМ продажба“ ги испрати по пошта договорите за снабдување по субвенционирана цена до речиси сите јавни основни и средни училишта кои поднесоа пријави и кои ги исполнуваа условите, а за чии броила ЕВН Дистрибуција одобри снабдување. Тече испраќањето на договорите и на правните субјекти од прехранбената индустрија и до субјекти кои произлегуваат од водостопанската дејност. Субјектите за кои Дистрибуција не одобува снабдување на нивните броила или на дел од нивните броила, се известуваат телефонски од страна на „ЕСМ продажба“, со цел да преземат мерки во однос на причините утврдени од Дистрибуција, велат од „ЕСМ продажба“. Од 1 јануари, додаваат, на субвенционирано снабдување ќе бидат приклучени сите субјекти кои дополнително ќе се пријават во следниот период, како и тие кои при првото пријавување немале комплетни документи и кои ќе ги комплетираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-prehranbenata-industrija-komunalni-pretprijatija-i-uchilishta/feed/ 0
Стартува постапката за поевтина струја за дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-postapkata-za-poevtina-struja-za-del-od-prehranbenata-industrija-vodostopanstvata-i-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-postapkata-za-poevtina-struja-za-del-od-prehranbenata-industrija-vodostopanstvata-i-uchilishta/#respond Thu, 10 Nov 2022 07:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=758298

Заинтересираните од прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата најдоцна до 20 ноември до ЕСМ продажба треба да ги достават потребните документи за склучување на договор за снабдување со поевтина електрична енергија од 1 декември. Договори со ЕСМ продажба може да склучат физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност со главна приходна шифра – 01.47 oдгледување на живина, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец). Исто така, договор може да склучат и потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици и основни и средни јавни училишта. Овие категории потрошувачи кои ќе сакаат да се префрлат на снабдување со електрична енергија од ЕСМ продажба, велат од АД ЕСМ, ќе треба да ги регулираат своите односи со нивните сегашни или досегашни снабдувачи, и додаваат дека АД ЕСМ тука нема никаква надлежност, вклученост и одговорност, односно тоа е однос меѓу трети страни. Согласно одлуката на Владата АД ЕСМ преку ЕСМ продажба до 30 април идната година има обврска да ги снабдува со поевтина електрична енергија производителите на основни прехранбени производи, водостопанските јавни претпријатија, основните и средните училишта и јавните здравствени установи. За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи. Процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта се поставени на официјалната веб страница на АД ЕСМ на линкот https://www.esm.com.mk/?p=14637 од каде засегнатите субјекти можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните меил адреси кои се наведени во упатствата, како и во архивата на АД ЕСМ. -Одлуката на Владата е донесена со цел да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период, рече вчера премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Тој посочи дека документацијата и упатствата се крајно поедноставени. Побара компаниите од прехранбената дејност, кои ќе добијат струја по повластена цена, да бидат солидарни и да ги намалат цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 проценти. И министерот за економија Крешник Бектеши неодамна рече дека очекува поради намалувањето на цената на електричната енергија, компаниите од прехранбената индустрија да ги поевтинат производите. Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, рече, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи. Според компаниите, поевтината струја за еден месец ќе овозможи стабилизирање на пазарот, по што може да се утврди намалувањето на цената на пекарските производи за околу 10 отсто. Завчера, коментирајќи ја официјалната инфлација од 19,8 проценти за октомври што ја објави Државниот завод за ревизија, премиерот Ковачевски порача дека нивото на инфлација е високо, не е високо само кај нас, туку во сите држави и е резултат на порастот на цените и на гасот, на електричната енергија и на прехранбените производи. -Не само што ме загрижува, туку тоа е нешто на што деноноќно работиме со министрите. Заради тоа донесовме одлука за цена на електрична енергија која ќе биде дадена на прехранбената индустрија за основните прехранбени производи, со цел цените да се намалат за најмалку 10 проценти. Затоа се донесе одлуката тие да се снабдуваат со струја преку ЕСМ со цена од 80 евра по мегават час, изјави тогаш Ковачевски во телевизиско гостување. Како што истакна вчера Ковачевски, Владата има јасен план за справување со кризата и дека производството на ЕСМ е зголемено за нешто над 25 проценти со што се задоволени потребите на конзумот на регулираниот пазар. – Досега во текот на изминатите неколку месеци, немаше увоз на електрична енергија за регулираниот пазар. Тоа значи дека она што Владата го постави како план, тоа и го остварува. Да не заборавиме дека досега немавме ниту еден ден без електрична енергија, иако во регионот имаше држави коишто имаа и по шест часа рестрикции во текот на денот, рече вчера Ковачевски. Владата, пак, вчера информираше дека АД ЕСМ на 8 ноември произведе 10.542 мегават часови електрична енергија од кои во термоелектраните се произведени 7.919, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2.623 мегават часови, како и дека набави 2.400 мегават часови електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-postapkata-za-poevtina-struja-za-del-od-prehranbenata-industrija-vodostopanstvata-i-uchilishta/feed/ 0
Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, училиштата и ЈП од областа на водоснабдувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-kompaniite-od-prehranbenata-industrija-uchilishtata-i-jp-od-oblasta-na-vodosnabduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-kompaniite-od-prehranbenata-industrija-uchilishtata-i-jp-od-oblasta-na-vodosnabduvanjeto/#respond Sun, 30 Oct 2022 14:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=752723

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, по денешната седница на Влада, информираше дека се донесени одлуки со кои ќе обезбеди поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи, основните и средните училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето кои работат со пуктни и прочистителни станици. За компаниите ќе биде обезбедена струја од 80 евра по мегават час и со ваквата одлука, Владата очекува дека ќе се влијае и врз стабилизирањето на крајната цена на основните прехранбени производи. – Ќе обезбедиме поевтина струја во износот од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, нагласи Ковечевски. Претседателот на Владата потсети дека веќе било јавно соопштено од производителите на основните производи дека со ваква одлука цените треба да се намалат најмалку за 10 проценти. Основните и средните училишта ќе имаат можност до 1 декември да склучат договор со ЕСМ продажба за набавка на електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, а по истата цена со електрична енергија ќе може да се снабдуваат и јавните комунални претпријатија. – Во оваа тешка зима им помагаме и на основните и средните јавни училишта за да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја. Основните и средните јавни училиште при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија можат да склучат договор за снабдување со ЕСМ продажба по цена од 95 евра по мегават час. Можност за снабдување со електрична енергија обезбедувме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и од одведување на отпадни води кои работат со пуктни и прочистителни станици со што ќе обезбедиме непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават час електрична енергија, нагласи Ковечевски. Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека се работи за околу 200 компании. Посочи дека ќе се помогнат овие компании се со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и да не се зголеми цената на водата. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poevtina-struja-za-kompaniite-od-prehranbenata-industrija-uchilishtata-i-jp-od-oblasta-na-vodosnabduvanjeto/feed/ 0
Од прехранбената индустрија уверуваат дека има доволно масло за јадење и суровини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prehranbenata-industrija-uveruvaat-deka-ima-dovolno-maslo-za-jadenje-i-surovini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prehranbenata-industrija-uveruvaat-deka-ima-dovolno-maslo-za-jadenje-i-surovini/#respond Tue, 15 Mar 2022 15:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=647668

Нема проблем со обезбедувањето суровини за еден од основните прехранбени артикли, маслото за јадење. Сончогледот главно се увезува зашто сме мал производител, но добро се менаџира со залихите и набавката за наредниот период, велат од прилепската компанија „Витаминка“ кој со 60 отсто ги покрива домашните потреби. Според Љупчо Велески, менаџер за извоз, цената е според насоките на институциите. -„Витаминка“ е доминантен производител на масло за јадење за домашниот пазар и со околу 60 проценти ги задоволува домашните потреби. Македонија има многу мало производство на сончоглед, па доминантно се снабдуваме од странство. Со оглед на новите мерки и ограничувањата, производството е за домашниот пазар. Во овој момент, во овие констелации, „Витаминка“ има доволно обезбедено базична суровина за производство на сончогледово масло за јадење, најмалку за наредните месеци и прави напори перманетно тој процес да се одржува. Цената е под контрола и е во склоп со препораките од институциите, вели Велески. Што се однесува на извозот на другите производи, засега нема проблеми. Транспортот е непречен, но, разбирливо, поскап. Иако националните економии ги штитат домашните производи, извозот е перманентен поради стаблни договори и дисперзирање на пазарот. -Кризата  во Украина се надоврза на кризата од пандемијата и во многу ја „здрма“ светската економија и имаше дискунтинуитет во глобалниот синџир на снабдување и на продажба. Сега уште во поголема мера се искомплицираа тие процеси. Процесите се отежнати, но извозот функционира. „Витаминка“  има континуиран извоз во 30-тина земји. Првиот квартал во годинава ни дава за право да се надеваме ќе продолжи растот на извозот. Побарувачката на странските пазари е стабилна. Но никој не може да предвиди што ќе се случи понатаму. Ќе биде многу тешко ако настане прекин на клучните суровини, цените на суровините и натаму растат, исто и на енергенсите. За нас како фирма поволно е тоа што имаме стабилни партнерски договори со најголемите трговски системи во Европа, имаме солидна диверзификација на производи и на пазари, не зависиме доминантно од еден пазар, туку пласманот ни е дисперзиран што ни дава некоја сигурност. Основните, базичните суровини и продукти се ставени под контрола на државните институции, и секоја земја која е производител согледува прво да ги намири сопствените потреби и да чува за одреден период. Дисбалансот е направен со кризата, тоа ќе ги зголемува цените, објасни Велески. Се оценува дека во државава добро се менаџираат состојбите, особено со залихите. -Кај нас мислам дека снабдувањето се менаџира многу квалитетно, имаме доволно залихи на клучните суровини за одреден временски период и за да ги задоволиме потребите на производството. Во континуитет се дополнуваат залихите, така што од тој аспект сме заштитени како компанија- производител, вели Љупчо Велески, менаџер во прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prehranbenata-industrija-uveruvaat-deka-ima-dovolno-maslo-za-jadenje-i-surovini/feed/ 0
ЕУ од идната година го забранува титаниум диоксидот кој се користи во прехранбената индустрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-od-idnata-godina-go-zabranuva-titanium-dioksidot-koj-se-koristi-vo-prehranbenata-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-od-idnata-godina-go-zabranuva-titanium-dioksidot-koj-se-koristi-vo-prehranbenata-industrija/#respond Fri, 08 Oct 2021 12:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=575435

Титаниум диоксидот кој се користи како пигмент во прехранбената индустрија ќе биде забранет во Европската унија од 2022, најави Европската Комисија. Оваа супстанца се користи во разни производи како мастики за џвакање, супи и печива како за да им се даде посветла боја на продуктите, но по анализа на здравствените власти на ЕУ заклучено е дека овој пигмент е штетен по здравјето на луѓето. Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, изјави дека не се преговара за здравјето на граѓаните на ЕУ. -Денеска одлучно делуваме заедно со нашите земји членки врз основа на сериозна наука за да отстраниме ризик од хемикалија која се користи во храната, рече еврокомесарката. Титаниум диоксидот или Е171 содржи ризик од генотоксичност според европските здравствени власти. Предлогот за забрана на оваа супстанца треба да биде усвоена до крајот на оваа година и да почне да се отстранува од ЕУ од почетокот на 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-od-idnata-godina-go-zabranuva-titanium-dioksidot-koj-se-koristi-vo-prehranbenata-industrija/feed/ 0
СЗО и ФАО: Вработените во прехранбената индустрија да користат заштитна опрема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-i-fao-vrabotenite-vo-prehranbenata-industrija-da-koristat-zashtitna-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-i-fao-vrabotenite-vo-prehranbenata-industrija-da-koristat-zashtitna-oprema/#respond Wed, 15 Apr 2020 09:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=332509

Вработените во компаниите што работат со храна, а не се чувствуваат добро или имаат симптоми на коронавирус, не треба да одат на работа, препорачуваат од Светската здравствена организација и Организација за земјоделство и храна во Водичот за КОВИД 19 и безбедност на храната наменет за компаниите. Препораката на СЗО и ФАО е вработените во прехранбената индустрија без оглед на нивната здравствена состојба, да практикуваат лична хигиена и да користат заштитна опрема како маски и ракавици. – Ова е императив затоа што ако заразениот работник управува со храна, можно е тој да го пренесе вирусот во храната со која работи или да го пренесе на површините за преработка на храна со кашлање и кивање или преку контакт со рака. Утврдено е дека некои лица кои се уште не покажуваат симптоми, се заразени и способни за ширење на вирусот, е наведено во Водичот. Во него се посочени и останатите препораки како миење на рацете, употреба на средства за дезинфекција, чистење на работните површини и избегнување на близок контакт. Од СЗО и ФАО нагласуваат дека иако е малку веројатно дека луѓето може да се заболат со коронавирусот од храна, сепак имајќи предвид дека тој може да се шири преку капките од кашлање или кивање кои на површините се задржуваат подолго време, потребни се мерки за заштита во прехранбената индустрија. – Досега нема докази за вируси кои предизвикуваат респираторни заболувања да се пренесуваат преку храна или нејзиното пакување. Коронавирусите не можат да се размножуваат во храната, им треба домаќин, животниски или човечки организам за да се размножуваат, пишува во Водичот од СЗО и ФАО што на македонски јазик го преведе Институтот за јавно здравје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-i-fao-vrabotenite-vo-prehranbenata-industrija-da-koristat-zashtitna-oprema/feed/ 0