прехранбени компании – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 09:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прехранбени компании – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: Прехранбените компании кои користат субвенционирана струја не ги намалија цените, ќе предложиме укинување на мерката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-prehranbenite-kompanii-koi-koristat-subventsionirana-struja-ne-gi-namalija-tsenite-ke-predlozhime-ukinuvane-na-merkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-prehranbenite-kompanii-koi-koristat-subventsionirana-struja-ne-gi-namalija-tsenite-ke-predlozhime-ukinuvane-na-merkata/#respond Thu, 23 Feb 2023 09:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=804070

Министерството за економија во моментот работи на дизајнирање на нови мерки со цел намалување на цените на основните прехранбени производи. Мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи целосно се почитува од трговците, но голем дел од прехранбените компании кои користат субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Економски магазин“ на Телевизија Алсат. Како што кажа министерот, Министерството за економија имаше неколку средби со Стопанските комори, особено со компаниите кои се најголеми производители на основни прехранбени производи, од каде произлезе заклучокот дека Владата треба да преземе соодветни мерки во делот на електричната енергија со единствена цел да им се помогнеме на производителите на основни прехранбени производи и се влијае на намалување на цените кои се истакнати со владина одлука, како што се основните производи како лебот, маслото, тестенините и така натаму, особено млекото. „Значителен дел на домашни компании со кои имавме џентлменски договор за жал не го почитуваа договорот кој сме го имале помеѓу Владата и Стопанските комори и не ги намалија цените на основните прехранбени производи. Ние како Министерство за економија добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат, до крајот на овој месец очекуваме и конечен извештај. Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, над 60-70% од нив не ја почитувале истата одлука и ги имаат истите цени на производите кои ги имале во ноември пред стапи на сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија“ кажа министерот Бектеши. Според Бектеши, што се однесува за мерката за ограничување на профиртната маржа која што исто така беше донесна со цел намалување на цените на прехранбените производи, согласно податоците на ДПИ истата се почитува кај сите трговци. „Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен и прави контроли кај сите компании кои што користат субвенционирана струја. Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачи оние кои ги прекршуваат одредбите ќе бидат санкционирани, па дури и може да бидат затворени“ кажа министерот Бектеши. Министерот кажа дека за субвенционирање на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор досега се одвоени  околу 1,2 до 1,3 милиони евра, средства кои може да се користат за други мерки посебно за граѓаните кои имаат најголема потреба. „Во моментов со Министерството за финансии дизајнираме нови мерки. Наместо да ги субвенционираме одредени компании кои не ги почитуваат одредбите договореното , тие средства во Буџетот кои се опеделени за антикризни мерки да ги пренамениме во намалување на одредени давачки, било тоа да е царина или други давачки и на тој начин да влијаеме на намалување на цените“ кажа министерот Бектеши. Министерот потенцираше дека мерката за субвенционирање на струјата на основните и средните училишта и за јавните комунални претпријатија ќе остане, а за компаниите предлогот на Министерството за економија е истата да се укине. Во однос на цената на електрична енергија, министерот Бектеши кажа дека се анализира можноста да се врати евтина тарифа на електрична енергија два часа преку ден. Враќањето на евтината тарифа на струја преку ден ја чини државата околу 15-16 милиони евра годишно, средства кои сега секако се пренаменети за други мерки за поддршка на граѓаните.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-prehranbenite-kompanii-koi-koristat-subventsionirana-struja-ne-gi-namalija-tsenite-ke-predlozhime-ukinuvane-na-merkata/feed/ 0
Водечки прехранбени компании, иако побарале, нема да добиваат субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechki-prehranbeni-kompanii-iako-pobarale-nema-da-dobivaat-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechki-prehranbeni-kompanii-iako-pobarale-nema-da-dobivaat-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/#respond Mon, 28 Nov 2022 15:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=767729

Компании од прехранбената индустрија, иако опфатени со мерката за субвенционирана струја, не ќе може да склучат договори со ЕСМ. Аплицирале, но се одбиени зашто имале фотоволтаици. Како што велат за МИА од Стопанската комора на Македонија, се работи за носечки компании во одделни прехранбени сектори. -Иако опфатени со мерката за субвенционирана струја од 1 декември, некои компании од прехранбената индустрија, водечки во своите сектори, не ќе може да склучат договори со ЕСМ зашто имаат поставено фотоволтаици, истакнуваат од Комората, но не откриваат конкретно за кои компании станува збор. Заклучно со 23 ноември, кога истече крајниот рок за пријавување за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена, апликации доставиле 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор. Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechki-prehranbeni-kompanii-iako-pobarale-nema-da-dobivaat-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/feed/ 0
Околу 150 прехранбени компании од 1 декември ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-150-prehranbeni-kompanii-od-1-dekemvri-kje-bidat-prefrleni-na-reguliraniot-pazar-na-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-150-prehranbeni-kompanii-od-1-dekemvri-kje-bidat-prefrleni-na-reguliraniot-pazar-na-elektrichna-energija/#respond Thu, 13 Oct 2022 19:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=744997

Од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар како еден од начините и мерките за намалување на цените на основните прехранбени производи, а со тоа и инфлацијата, најави министерот за економија Крешник Бектеши. – Оваа мерка би важела од 1 декември 2022 година имајќи во предвид дека треба да се справуваме и со инфлацијата во делот на храната, а одредени компании кои произведуваат основни прехранбени производи имаат за три до четири, па дури и 10 пати поголеми трошоци во импутот електрична енергија. За да се намалат овие трошоци кои се директен импут во крајната цена ние ќе ги ставиме тие дејности на регулираниот пазар, по конкурентна цена на струјата, но со обврска да се намалат цените на основните прехранбени производи за процентот за кој ќе им се намали трошокот за струја, рече Бектеши во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Во однос на парното греење во Скопје министерот Бектеши кажа дека набавен е гас за првите две недели од октомври по најповолна цена, кој е двојно поевтин од претходните понуди, а очекувањата се дека од следниот месец ќе се обезбеди гас по поконкурентни цени со цел да има најниски трошоци за граѓаните. -На 15 октомври со почетокот на грејната сезона ќе почне снабдувањето со топлинска енергија, радијаторите во Скопје ќе бидат топли. Топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона, истакна Бектеши. Тој ги повика граѓаните да ги следат мерките и препораките за штедење на Владата бидејќи така ќе заштедат и во домашниот буџет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-150-prehranbeni-kompanii-od-1-dekemvri-kje-bidat-prefrleni-na-reguliraniot-pazar-na-elektrichna-energija/feed/ 0