прекршено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 May 2020 16:49:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прекршено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прекршено примирје во Либија: Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekrsheno-primirje-vo-libija-silite-na-generalot-haftar-go-granatirale-tripoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekrsheno-primirje-vo-libija-silite-na-generalot-haftar-go-granatirale-tripoli/#respond Wed, 06 May 2020 16:49:30 +0000 https://kurir.mk/?p=342613

Најмалку тројца цивили се убиени во напад врз либискиот главен град Триполи, што го предводеле силите на генералот Калифа Хафтар, јави агенцијата Анадолија. Амин ал-Хашими, консултант за односи со јавност во Министерството за здравство, изјави дека силите на Хафтар денеска го гранатирале Триполи. Тој потврди дека во нападот загинале тројца цивили, а 19 се повредени, меѓу кои има и деца. Ал-Хашими, исто така, истакна дека гранати паѓале на крајбрежниот пат во регионот Таџура, додавајќи дека тоа е единствениот пат што го поврзува Триполи со околните области на истокот од земјата. Либија од 2011 година се наоѓа во длабока политичка и безбедносна криза, откако од власта беше соборен и потоа и убиен дотогашниот долгогодишен лидер Моамер ел-Гадафи. Либиската Влада за национално единство, со седиште во Триполи, ја ужива поддршката од Обединетите нации и меѓународната заедница, додека владата на Хафтар, чие седиште е во Тобрук, ги предводи силите поддржани од Русија, но и од Египет и Обединетите Арапски Емирати Силите на Хафтар во четвртокот соопштија дека е прогласен прекин на огнот во текот на светиот месец Рамазан. Ахмед Ал-Мисмари, портпарол на либиската национална армија (ЛНА), изјави дека сите воени операции во Либија биле прекинати во текот на месецот на постот, но денеска се појави вест дека е прекиното примирјето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekrsheno-primirje-vo-libija-silite-na-generalot-haftar-go-granatirale-tripoli/feed/ 0