прекршување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Mar 2022 18:44:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прекршување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД приземјуваат 100 авиони кои ги прекршуваат американските санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjuvaat-100-avioni-koi-gi-prekrshuvaat-amerikanskite-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjuvaat-100-avioni-koi-gi-prekrshuvaat-amerikanskite-sankcii/#respond Fri, 18 Mar 2022 18:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=649745

Американското Министерство за трговија ќе наложи денеска приземјување на 100 авиони кои неодамна полетаа кон Русија и за кои се верува дека ја прекршуваат американската извозна контрола, вклучително и авион што го користел рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Списокот, во кој имале увид западни медиуми, вклучува 99 авиони „Боинг“ управувани од руски патнички и товарни превозници, вклучително и Аерофлот, Ер Бриџ Карго, Утаир, Нордвинд, Азур Ер и Авиастар-ТУ, како и оној на Абрамович – Gulfstream G650, што дополнително може да ги попречи руските напори да продолжат со извршување меѓународни летови. Американското Министерство за трговија соопшти дека ќе ги предупреди компаниите и другите субјекти во светот дека полнењето гориво, одржувањето, поправката или обезбедувањето резервни делови или други услуги, ги прекршува американските извозни контроли и ги подложува компаниите на американски присилни мерки кои може да вклучуваат значителни затворски казни, парични казни, губење на извозни привилегии или други ограничувања. Во соопштението на Министерството се наведува дека оваа акција значи оти меѓународните летови од Русија за споменатите авиони се всушност суспендирани. Министерката за трговија на САД, Џина Раимондо истакна дека Министерството ја објавува оваа листа со цел да ја информира меѓународната јавност дека нема да дозволи руски и белоруски компании и олигарси да патуваат неказнето, кршејќи ги американските закони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjuvaat-100-avioni-koi-gi-prekrshuvaat-amerikanskite-sankcii/feed/ 0
Приведени три лица од Тетово – спротивно на здравствените прописи организирале веселба со 200 гости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-od-tetovo-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi-organizirale-veselba-so-200-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-od-tetovo-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi-organizirale-veselba-so-200-gosti/#respond Sun, 18 Jul 2021 09:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=538251

На 18.07.2021 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости. Исто така, приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-tri-lica-od-tetovo-sprotivno-na-zdravstvenite-propisi-organizirale-veselba-so-200-gosti/feed/ 0
Полицискиот час не го почитувале 13 лица – регистрирани 375 прекршоци за неносење маски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-chas-ne-go-pochituvale-13-lica-registrirani-375-prekrshoci-za-nenosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-chas-ne-go-pochituvale-13-lica-registrirani-375-prekrshoci-za-nenosenje-maski/#respond Tue, 18 May 2021 08:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=511714

Од 00.00 часот до 04.00 часот (18.05.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (17/18.05.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 375 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-chas-ne-go-pochituvale-13-lica-registrirani-375-prekrshoci-za-nenosenje-maski/feed/ 0
Караџовски го прекршил законот и потпишал измени на протоколот за работа во Собранието во време на пандемија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-go-prekrshil-zakonot-i-potpishal-izmeni-na-protokolot-za-rabota-vo-sobranieto-vo-vreme-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-go-prekrshil-zakonot-i-potpishal-izmeni-na-protokolot-za-rabota-vo-sobranieto-vo-vreme-na-pandemija/#respond Fri, 23 Apr 2021 17:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=501337

Претседателот на Собранието Талат Џафери во денешното “Само интервју” на Канал 5 телевизија кажа дека не се плаши од кривичните пријави што ги доби откако одржа седница со два пратеника позитивни на Ковид-19. Бидејќи тој пратил барање до Државната здравствена комисија за измени на протоколот во Собранието и добил одговор на постоечки протокол за одржување на седници со потпис на д-р Жарко Караџовски. -Поради пандемијата ја отворив темата за алтернативно работење на Собранието. Затоа сакав да воведам онлајн работење на пратениците, но опозицијата го одби тоа. И тогаш на 17-ти ноември мината година поднесов барање за измена и дополнување на протоколот за работа на Собранието. На 18-ти ноември од Државната здравствена комисија добив акт со кој се одобрува под кои услови и под која процедура ќе се работи во Собранието. А тоа е во посебни простории и со посебно нивно движење низ Парламентот. И таму пишува дека доколку заразениот пратеник сака да присуствува на седница Собранието е должно да му овозможи услови зацртани во тој протокол, рече Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karadzovski-go-prekrshil-zakonot-i-potpishal-izmeni-na-protokolot-za-rabota-vo-sobranieto-vo-vreme-na-pandemija/feed/ 0
Нелоски:Богдановиќ беше во хотел за време на полициски час, го прекрши законот и наместо да понесе одговорност тој прави драми и театри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-bogdanovikj-beshe-vo-hotel-za-vreme-na-policiski-chas-go-prekrshi-zakonot-i-namesto-da-ponese-odgovornost-toj-pravi-drami-i-teatri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-bogdanovikj-beshe-vo-hotel-za-vreme-na-policiski-chas-go-prekrshi-zakonot-i-namesto-da-ponese-odgovornost-toj-pravi-drami-i-teatri/#respond Thu, 22 Apr 2021 17:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=500930

Законот важи за сите освен за функционерите на власта. Ова го кажувам затоа што господинот Богдановиќ бил излезен по 20 часот. Она што ВМРО-ДПМНЕ го кажува е дека Богдановиќ го крши законот иако имал дозвола за движење, но тој е присутен во дел од хотелот кој што е ресторантски дел. Ако се видат протоколите кои што се донесени од институциите кои ги водат СДСМ, може да се забележи следното. Имено, на последната одлука за превентивни мерки и наменски протоколи за заштита од корона вирусот, во членот 2 пишува дека се затвораат за посетители и гости сите уготителски објекти и угостителскиот објект дел за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотели, истакна претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во “Само вистина” на Канал 5 телевизија. Во членот 2 рече Нелоски, најпрвин пишува дека е забрането за луѓе и гостите можат да бидат во делот за храна ама до 20 часот. А јавноста на снимката виде дека гостите седат по 20 часот. -Она што е дополнително страшно освен што имаме прекршување на законот, градоначалникот Богдановиќ не ја признава грешката. Јас очекував да излезе и да каже луѓе извинете, јас бев во ресторан иако не смеев да бидам и подготвен сум да ги сносам и моралните и политичките одговорности кои што ги имам и последици. Наместо тоа, видовме многу лоша драма и театар од страна на Државниот пазарен инспекторат кои што има многу недоследности. Најпрвин градоначалникот излезе и кажа дека го сместувал играчот на КК Работнички, не ми е јасно каде престојувал тој играч четири дена бидејќи пред да го сместува градоначалникот тој изиграл натпревар. Кога видоа дека реакциите од граѓаните не престануваат, градоначалникот излезе со штуро објаснување дека го сместувал играчот и дека имал потврда за тоа. Функционерите треба да се пример за граѓаните. Со оваа случка, Богдановиќ им порача на сите граѓани кои сакаат да се видат со пријатели дека можат да си уплатат во соба во одреден хотел и таму да си се видат, посочи Нелоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-bogdanovikj-beshe-vo-hotel-za-vreme-na-policiski-chas-go-prekrshi-zakonot-i-namesto-da-ponese-odgovornost-toj-pravi-drami-i-teatri/feed/ 0
Побарани парични казни за прекршување на полицискиот час во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pobarani-parichni-kazni-za-prekrshuvanje-na-policiskiot-chas-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pobarani-parichni-kazni-za-prekrshuvanje-na-policiskiot-chas-vo-skopje/#respond Wed, 31 Mar 2021 09:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=490156

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица. Обвинетите, при контроли извршени на 23 и 24 март, биле затекнати во прекршување на полицискиот час. Спротивно на определената забрана за движење во периодот од 22 до 05 часот како мерка за сузбивање на заразна болест, тие се движеле на различни локации во градот. Јавното обвинителство за обвинетите предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pobarani-parichni-kazni-za-prekrshuvanje-na-policiskiot-chas-vo-skopje/feed/ 0
МВР: 12 лица не го почитувале полицискиот час, 408 казни за неносење маска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-12-lica-ne-go-pochituvale-policiskiot-chas-408-kazni-za-nenosenje-maska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-12-lica-ne-go-pochituvale-policiskiot-chas-408-kazni-za-nenosenje-maska/#respond Thu, 11 Mar 2021 08:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=480574

Од вчера (10.03.2021) во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро. -Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата, информира МВР. Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021)  по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-12-lica-ne-go-pochituvale-policiskiot-chas-408-kazni-za-nenosenje-maska/feed/ 0
Шкотската премиерка се извини за прекршување на епидемиолошките мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotskata-premierka-se-izvini-za-prekrshuvanje-na-epidemioloshkite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotskata-premierka-se-izvini-za-prekrshuvanje-na-epidemioloshkite-merki/#respond Wed, 23 Dec 2020 06:48:41 +0000 https://kurir.mk/?p=446923

Шкотската премиерка Никола Старџон се извини за кршењето на мерките за сузбивање на коронавирусот, откако е забележана дека ја отстранила мзаштитната маска за време на еден погреб. Фотографијата објавена во шкотски „Сан“ ја прикажува Старџон како разговара со три жени во еден бар, држејќи се на дистанца, но без маска. Епидемиолошките мерки во Шкотска предвидуваат задолжително носење маска во затворен простор, освен на маса, а маската мора да се носи додека гостите се движат. Старџон присуствувал на погреб на владин претставник, пренесува Гардијан. – Накусо ја тргнав маската. Тоа беше глупава грешка и навистина ми беше жал, рече премиерката. Таа додаде дека секој ден размислува за важноста на носење маска и затоа сака да се извини. – Направив грешка и жал ми е, рече Старџон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shkotskata-premierka-se-izvini-za-prekrshuvanje-na-epidemioloshkite-merki/feed/ 0
Ампева: Работничка од Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење права во корона-криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/#respond Tue, 22 Dec 2020 10:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=446612

Работничка од приватен сектор во Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата, соопшти Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип. Забележува дека за време на оваа здравствено – економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази утринава ја добила позитивната вест. -Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито, вели Ампева. Посочи дека работничката, која одобрила да се објави информацијата е со цел да се охрабрат работниците, доколку се повредени нивните работнички права и да бидат одлучни и упорни во нивното остварување. – Да се обратите до соодветните институции, како и до „Гласен текстилец“ кој секогаш е на страната на работниците и секогаш достапен да даде помош и соодветно да ве упати при остварувањето на работничките права.Правдата е достижна, само е потребно храброст, одлучност и упорност, порача Ампева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/feed/ 0
Австриски суд казни со 2.400 евра угостител со македонско потекло за прекршување на карантинот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriski-sud-kazni-so-2-400-evra-ugostitel-so-makedonsko-poteklo-za-prekrshuvanje-na-karantinot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriski-sud-kazni-so-2-400-evra-ugostitel-so-makedonsko-poteklo-za-prekrshuvanje-na-karantinot/#respond Thu, 17 Dec 2020 10:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=444582

Судот во австрискиот град Линц осудил угостител со македонско потекло на парична казна од 2.400 евра поради преккршување на карантинот. На угостителот му останале уште два дена од карантинот, но излегол да го прошета неговото куче ротвајлер во блиската шума, и сега тоа скапо ќе го чини. Тој со сопругата во ноември се вратиле од одмор од С Македонија, но при ваќањето неговата жена била позитивна на Ковид-19, а тој како прв контакт морал да оди во карантин. Подоцна и тој бил позитивен на тест откако развил благи симптоми на болеста. По поминати осум дена, односно на два дена од истекот на наложениот карантин тој го прекршил законот. Полицијата дошла до зградата во која живеел и го повикала на мобилен да се покаже на прозорецот, но тој токму тогаш бил излезен со кучето за што и кажал на полицијата, по што му напишале пријава. Судиката одлучила дека шетањето на кучето не е причина за прекршување на карантинот и му одредила парична казна, наведувајќи дека во шумата се шетаат и други луѓе.. Казнетиот се правдал дека ротвајлерот морал да го изнесе во природа, бидејќи станал агресивен затворен во четири ѕида. -Не бев свесен дека некого можам да заразам и не верував дека сум инфективен, рекол тој. Државниот обвинител кажал дека прошетката со ротвајлерот можела многу брзо да доведе до судир со други кучиња и тогаш би било тешко да се одржи растојанието од други сопственици на кучиња. Судот му одредил парична казна при што во одредувањето на висината на казната ја зел предвид и тешката сититуација на угостителот, а тој најавил жалба бидејќи му се чинела превисока. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriski-sud-kazni-so-2-400-evra-ugostitel-so-makedonsko-poteklo-za-prekrshuvanje-na-karantinot/feed/ 0