прелет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 15:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прелет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Еве како изгледаше прелетот на американските „ЅВЕРОВИ“ Б-52 над Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-eve-kako-izgledashe-preletot-na-amerikanskite-dzverovi-b-52-nad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-eve-kako-izgledashe-preletot-na-amerikanskite-dzverovi-b-52-nad-skopje/#respond Mon, 22 Aug 2022 15:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=722196

Два воени воздухоплови од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатланската област, информираат од Министерството за одбрана. Во однос на прелетот на двата американски бомбардери потполковникот Јован Азмановски од Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо. „Денеска, граѓаните на Скопје и Северна Македонија можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, кои што го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците”, рече потполковникот Азмановски. Бомбардерите Б-52 во Северна Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар. Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-eve-kako-izgledashe-preletot-na-amerikanskite-dzverovi-b-52-nad-skopje/feed/ 0
Американски воени авиони денеска ќе прелетуваат над Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-voeni-avioni-deneska-kje-preletuvaat-nad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-voeni-avioni-deneska-kje-preletuvaat-nad-skopje/#respond Mon, 22 Aug 2022 05:46:14 +0000 https://kurir.mk/?p=721844

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денеска во 14:35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52. Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија. -Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснуваат од МО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-voeni-avioni-deneska-kje-preletuvaat-nad-skopje/feed/ 0
Американски Ф-35 прелетаа над Скопје (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-f-35-preletaa-nad-skopje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-f-35-preletaa-nad-skopje-foto/#respond Fri, 17 Jun 2022 14:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=692237

Денеска на аеродромот во Петровец извршија прелет и слетаа два борбени авиони од типот Ф-35 на Националната гарда на Вермонт, како приказ на силното сојузништво и единство во Алијансата, како и на речиси тридецениското партнерство меѓу Армијата на Македонија и Националната гарда на Вермонт и подготвеноста на Алијансата да ја заштити безбедноста на своите земји членки. На настанот присуствуваа и заменик амбасадорот на САД, Ерик Маер и потполковникот Џон Мекреј од Националната гарда на Вермонт. Министерката за одбрана Славјанка Петровска во изјава за медиумите порача дека слетувањето на авионите Ф-35 на македонска територија е непобитен доказ дека Македонија е дел од нешто што е поголемо од сите нас и дека зад нашата безбедност и безбедноста на Алијансата стојат сите сојузници со своите капацитети и способности. „Северна Македонија е дел од мисијата на НАТО за патролирање на воздушниот простор повеќе од една година. Овој елемент на интеграција во НАТО на националниот воздушен простор за нас е една од најважните активности на војската во мирновременски услови. Важно е да се истакне дека аеродромите во Северна Македонија можат да обезбедат поддршка за авионот Ф-35 во извршување на различни мисии во воздушниот простор на НАТО", рече министерката. Петровска се осврна и на стратешкото партнерство со САД, како и на партнерството помеѓу Армијата на Македонија и Националната гарда на Вермонт, кое трае речиси три децении. „Овие напредни борбени воздухоплови се дел од 134-та борбена ескадрила на Националната гарда на Вермонт. Партнерството меѓу Северна Македонија и Вермонт отсекогаш било пример за соработка, пријателство и взаемна поддршка", потенцираше Петровска. Полковникот Џон Мекреј од Националната гарда на Вермонт порача дека ниту една земја самостојно ги нема ресурсите за да се справи со сите безбедносни предизвици и дека токму партнерствата ни ја даваат колективната сила и мудрост за да ги идентификуваме и со заеднички сили да ги надминеме заканите по нашата безбедност. „Токму поради членството на Северна Македонија во НАТО како сојузник можеме да ја споделиме безбедноста која произлегува од мисиите за патролирање на воздушниот простор и брзо распоредување на напредни способности на платформата Ф-35, како што докажавме денес", рече Мекреј. Мекреј, укажувајќи на тридецениската врска помеѓу Вермонт и Македонија, истакна дека и Македонија дава свој придонес кон одржувањето на подготвеноста на силите. „Северна Македонија обезбедува обука и ресурси за воздухопловните сили на НАТО преку воениот аеродром во Петровец и полигонот за обука Криволак кои ни се потребни за да ја одржиме нашата подготвеност. Воздухопловните сили на НАТО, пак, имаат шанса да тренираат заедно со вашиот Воздухопловен Винг и Армијата за да ја гарантираат сегашната и идната безбедност на Северна Македонија, на балканскиот регион и на Европа", подвлече тој. Авионот Ф-35 е едносед, едномоторeн, повеќенаменски борбен авион. Авионот има способности за електронско војување и разузнавање, надзор и извидување. Повеќенаменскиот борбен авион од петтата генерација е фокусиран на воспоставување на воздушна супериорност и реализација на мисии воздух-земја. Двата авиони ќе извршат и прелет над главниот град Скопје во попладневните часови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-f-35-preletaa-nad-skopje-foto/feed/ 0
Бугарија, Полска и Чешка забранија прелет на руски авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bugarija-polska-i-cheshka-zabranija-prelet-na-ruski-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bugarija-polska-i-cheshka-zabranija-prelet-na-ruski-avioni/#respond Sat, 26 Feb 2022 09:39:15 +0000 https://kurir.mk/?p=637040

Русија доби официјално известување од Бугарија, Полска и Чешка дека на руските авиони им е забранет влез во воздушниот простор на тие земји, јавија руските медиуми. Според московски медиуми, Русија сега планира понатамошни активности. -Бугарија, Полска и Чешка испратија известување за забрана за користење на нивниот воздушен простор (за руски авиони), така што сега ги разгледуваме нашите идни дејствија, наведе извор од воздухопловните руски власти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bugarija-polska-i-cheshka-zabranija-prelet-na-ruski-avioni/feed/ 0
Русија забрани летови на британски авиони во нејзиниот воздушен простор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-letovi-na-britanski-avioni-vo-nejziniot-vozdushen-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-letovi-na-britanski-avioni-vo-nejziniot-vozdushen-prostor/#respond Fri, 25 Feb 2022 10:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=636522

Русија го ограничи користењето на својот воздушен простор за авиони поврзани или регистрирани со Велика Британија, вклучително и транзитни летови, соопшти Росавиација. Од 11:00 часот по московско време на 25 февруари, беше воведено ограничување за користење на рускиот воздушен простор за летови на авиони во сопственост, изнајмени или користени од лица поврзани со Велика Британија или регистрирани во Велика Британија до точки на територијата на Русија, вклучително и транзит летови низ воздушниот простор на Русија“, соопшти Росавијација. Како што е наведено, оваа мерка е преземена во согласност со одредбите од Меѓувладиниот договор за воздушен транспорт меѓу Русија и Велика Британија како одговор на непријателските одлуки на британските воздухопловни власти во врска со ограничувањата на редовните летови на сопственици, изнајмени или користени лица поврзани со Русија или регистриран во Русија“. Говорејќи во парламентот во четвртокот, британскиот премиер Борис Џонсон рече дека Лондон ги забранува активностите на Аерофлот во Обединетото Кралство поради ситуацијата во Украина, а исто така воведува санкции за бројни воени корпорации. После тоа, Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија (Росавијација) испрати известување до британските воздухопловни власти да се придржуваат до одредбите од договорот за воздушен транспорт, предупредувајќи дека Русија може да примени реципрочни мерки по санкциите против Аерофлот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-letovi-na-britanski-avioni-vo-nejziniot-vozdushen-prostor/feed/ 0
(ВИДЕО) Како изгледаше НАТО прелетувањето над македонското небо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kako-izgledashe-nato-preletuvanjeto-nad-makedonskoto-nebo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kako-izgledashe-nato-preletuvanjeto-nad-makedonskoto-nebo/#respond Thu, 09 Dec 2021 17:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=606196

Со денешната воздухопловна вежба на аеродромот во Петровец која вклучуваше НАТО авион Авакс, грчки ловци Ф-16 и државниот авион Лирџет, денеска беше одбележано вклучувањето на небото на Северна Македонија во системот за воздухопловно патролирање на Алијансата. На настанот кој практично покажа како се реализира НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над Северна Македонија присуствуваа министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на воено-дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорката на САД, Кејт Брнз и грчкиот амбасадор Русос Кундурос. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред присутните порача дека на денешниот настан може во реалноста да се види што значи НАТО да заштитува, да обединува и да зацврстува. „Тука на аеродромот во Петровец можевме да видиме како изгледа НАТО мисијата за воздушно патролирање на небото над Северна Македонија со што и нашиот воздушен простор целосно се приклучи во системот на НАТО воздушното патролирање и од денеска да можеме да кажеме дека безбедноста на нашето небо е дел од НАТО безбедноста“, рече министерката Шекеринска. Министерката истакна дека Северна Македонија беше сигурен партнер на Алијансата, а сега е сигурен сојузник во НАТО на кој може да му се верува. „Успеавме во најкус временски период да ја завршиме воената интеграција со НАТО и затоа продолжуваме и понатаму да го зголемуваме нашето одбранбено буџетирање, финансирањето на нашите одбранбени способности, но и да го зголемуваме нашиот придонес кон регионалната безбедност. Заедно сме посилни, тоа беше нашето мото, нашата мотивација да станеме членка на НАТО. Денеска можевме да видиме дека таа гаранција и тоа членство значи поголема безбедност и сигурност за сите наши граѓани како на земја, така и во воздух“, рече таа. Шекеринска се заблагодари на нашите грчки сојузници кои покажаа подготвеност со свои капацитети да го заштитуваат нашето небо, што е приказ за тоа како треба да соработуваат две соседни, пријателски и сојузнички земји. Командантот на Комбинираниот воздухопловен оперативен центар во Торехон, Шпанија, генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака, кој пристигна со авионот Авакс истакна дека земјава треба да биде горда што соработува заедно со останатите земји во НАТО и ја унапредува регионалната стабилност и безбедност. „Од 2020 година, кога Северна Македонија официјално пристапи во НАТО, бевте во можност да се прилагодите на НАТО, преку инкорпорирање на многу нови процедури, а сега ги постигнавте резултатите. Мора да се гордеете со вашата работа. Убеден сум дека ќе го одржувате истото ниво на успех во корист на сите земји“, рече генералот Де Ла Круз Каравака. НАТО воздухопловното патролирање е клучен дел од колективната одбрана, што служи како столб на Алијансата и овозможува ист стандард на обезбедување на небото на секоја од земјите – членки. Оваа мисија не се фокусира на една специфична закана, туку е една од основните алатки за зачувување на безбедноста на НАТО. Преку континуирано воздухопловно набљудување и патролирање, воздухоплови на НАТО во само неколку минути можат да одговорат на секаков вид на несигурност на небото на Алијансата. Годинава се одбележува 60-годишнина од почетокот на воздухопловното патролирање на НАТО над европското небо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kako-izgledashe-nato-preletuvanjeto-nad-makedonskoto-nebo/feed/ 0
Прелет на воздухопловите на Армијата утре над Скопје  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prelet-na-vozduhoplovite-na-armijata-utre-nad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prelet-na-vozduhoplovite-na-armijata-utre-nad-skopje/#respond Tue, 09 Jun 2020 16:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=355782

По повод 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, за утре од 12:00 до 13:00 часот е планирано надлетување над Скопје со група на воздухоплови. Како што соопшти РЦУК – Скопје, групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа: три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера Ми-24, два хеликоптери Bell-206 и два авиони ZLIN-242L. –Се надеваме дека граѓаните на Град Скопје ќе уживаат во прелетот на воздухопловите на Армијата на Република  Македонија. Воедно, од името на сите припадници на Воздухопловниот ВИНГ, во време на светската пандемија од КОВИД-19, на граѓаните на Република Македонија им посакуваме да останат во добро здравје и ведар дух, да ги почитуваат препораките за заштита, а на сите заболени им посакуваме поскоро оздравување и закрепнување, стои во писмената изјава на мајор Сашо Павловски. Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на воздухопловниот ВИНГ утре ќе се обрати вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска. –Доколку временските услови овозможат, во рамките на свеченоста е предвидено демонстрација на летање од страна на авијацијата на нашата Армија, како и прелет на авионите Ф-16 кои го изведуваат редовното воздушно патролирање на НАТО над нашата територија кое започна со нашето полноправно членство, а кое согласно техничкиот аранжман го реализира военото воздухопловство на Република Грција, информираат од Министерството за одбрана. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prelet-na-vozduhoplovite-na-armijata-utre-nad-skopje/feed/ 0
ФОТО: Несекојдневна глетка над македонското небо, САД на ваков начин ни го честита членството во НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nesekojdnevna-gletka-nad-makedonskoto-nebo-sad-na-vakov-nachin-ni-go-chestita-chlenstvoto-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nesekojdnevna-gletka-nad-makedonskoto-nebo-sad-na-vakov-nachin-ni-go-chestita-chlenstvoto-vo-nato/#respond Fri, 29 May 2020 13:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=351392

Четири грчки воени авиони и два на САД претпладнево ја надлетаа Македонија како гест на добредојде за земјава како полноправна членка на НАТО. Леталата дојдоа од правец на Меѓународниот аеродром во Скопје и се движеа долж Повардарието на височина од 1.500 метри. „САД испраќаат силна порака за одличната соработка меѓу две земји и оти и по влезот во Алијансата остануваат наш силен сојузник и стратешки партнер“,вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Авионитте на грчкото воено воздухопловство беа ловци од типот „Ф16“, а американските од типот „Б1“ кои вчера полетаа од Јужна Дакота и по 30 часовен лет и танкирање гориво во воздух претпладнево ја надлетаа и Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nesekojdnevna-gletka-nad-makedonskoto-nebo-sad-na-vakov-nachin-ni-go-chestita-chlenstvoto-vo-nato/feed/ 0
Американски борбени авиони се упатија кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-borbeni-avioni-se-upatija-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-borbeni-avioni-se-upatija-kon-makedonija/#respond Thu, 28 May 2020 16:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=351154

Американски воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот. Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија. Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром, велат од МО. -Нашите американски сојузници испраќаат силна порака дека нашите две земји одржуваат одлична соработка и дека по континуираната поддршка што ни ја даваа на патот кон НАТО, и по влезот во Алијансата остануваат и понатаму наш силен сојузник и стратешки партнер, потенцира министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Американските авиони ќе полетаат денеска од сојузната држава Јужна Дакота и ќе имаат 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје. Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук. Демонстрацијата на овој прелет ќе биде уште една потврда за срдечниот прием на Македонија во НАТО и сигнал за продолжување на соработката. Членството на Република Северна Македонија во НАТО започна со широка поддршка од страна на сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со бројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците. Како нова членка на НАТО, Република Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-borbeni-avioni-se-upatija-kon-makedonija/feed/ 0
Пробни прелети на македонско небо за потребите на НАТО  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/probni-preleti-na-makedonsko-nebo-za-potrebite-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/probni-preleti-na-makedonsko-nebo-za-potrebite-na-nato/#respond Tue, 21 May 2019 05:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=200182

Со два прелета во воздушниот простор на Република Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе го извршат воздухоплови на вооружените сили на Република Грција. Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор. Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Република Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана. Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/probni-preleti-na-makedonsko-nebo-za-potrebite-na-nato/feed/ 0