премиера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 06:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png премиера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во битолскиот театар премиера на претставата „Брод за кукли“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitolskiot-teatar-premiera-na-pretstavata-brod-za-kukli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitolskiot-teatar-premiera-na-pretstavata-brod-za-kukli/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=842070

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини - како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот Младеновиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола. -Сите ние сме во позиција да го преиспитаме нашето живеење, и малкумина од нас сме задоволни од сопствениот живот. Тие бајки без среќен крај го одбележуваат животот на луѓето на овие простори, тука каде што ние живееме, каде сѐ се случи по распадот на земјата, со распадот на економскиот и политичкиот систем и создаде нервозни, гладни и понижени луѓе кои живеат несреќен живот. Таа потрага по смислата на сопствениот живот во серии на неоствареност е нешто што ја прави величенствена оваа поезија на Милена Марковиќ, како литературно така и како сценско дело, посочи Младеновиќ. „Брод за кукли“ - во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип. Во претставата ќе настапат актерките Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitolskiot-teatar-premiera-na-pretstavata-brod-za-kukli/feed/ 0
Премиера на претставата „Животинска приказна“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-zhivotinska-prikazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-zhivotinska-prikazna/#respond Mon, 22 May 2023 05:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=837207

Претставата “Животинска Приказна” во режија на Александар Јовановски, денеска премиерно ќе се одигра во Јавна Соба. “Животинска Приказна” е сублимација на “Домашен живот” и “Зоолошка приказна”, две дуо драми од Едвард Олби кои во својата беспрекорна корелација го доловуваат недостатокот на комуникација - главното нешто кое ги одвојува луѓето од животните. Претставата говори за удобноста во која луѓето запаѓаат дур го живеат својот живот, заборавајќи на необврзувачката задача да се биде човек во вистинска смисла… човек кој е обичен следбеник на животното. Иако блиски, ликовите во Животинска приказна, секој на свој начин се сосема оддалечени од животното во себе, губејќи ги основните пориви кои го движат моторот на животот или пак се нурнуваат во нив, давејќи се во длабочината и така сосема го забораваат вистинското животно во себе. Ликовите во претставата ги толкуваат актерите Никола Кузелов, Ања Митиќ и Виктор Велевски. Билети за претставата можат да се набават на https://www.bileti.mk/e/zivotinskaprikazna. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-zhivotinska-prikazna/feed/ 0
Премиера на „Нема да си сама“ на затворањето на 21. „Синедејс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-nema-da-si-sama-na-zatvoranjeto-na-21-sinedejs/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-nema-da-si-sama-na-zatvoranjeto-na-21-sinedejs/#respond Thu, 14 Jul 2022 08:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=704896

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Нема да си сама“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, во МКЦ Парк вечер во 21 часот ќе заврши 21. Фестивалот на европски филм „Синадејс“. Во изминатите осум дена на различни локации низ Скопје беа прикажани 50 филмови во повеќе селекции, од кои натпреварувачки се – Официјалната и СЕЕ-селекцијата (Southeastern Europe). Наградите за нив ќе ги доделат две жири-комисии: Марија Апчевска, Иева Норвилиена и Алфтед Холигхаус – за официјалната селекција и Ѓулин Устин, Дамјан Козоле и Диего Апарисио – ќе одлучуваат за наградите за СЕЕ-селекцијата. По доделувањето на наградите, премиерно ќе биде прикажан филмот „Нема да си сама“ на Столевски, кој годинава, како што наведува МКЦ, стекна светска слава по премиерата на Фестивалот на независен филм „Санденс“ -Пред оваа проекција режисерот има особена возбуда за која вели: „Фестивалските публики ми се омилените. „Нема да си сама“ како приказна е зачната токму тука во Скопје и многу ме радува што конечно ќе се прикаже на затворањето на „Синедејс“. Длабоко ме допреа страсните, емотивни реакции од публиката во Санденс. Со нетрпение и возбуда ги чекам овдешните, вели Горан Столевски, информира МКЦ. Приказната во филмот „Нема да сама“, која се случува во изолирано планинско село, е за девојче грабнато од древен дух и преобразено во вештерка. Љубопитна за животот на луѓето, младата вештерка случајно убива една селанка, па потоа го зема нејзиниот облик за да живее во нејзината кожа. Љубопитноста и се разгорува и продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек. По проекцијата на филмот, 21-виот „Синедејс“ официјално ќе биде затворен со диџеј-сет на актерот Оливер Митковски, соопшти Младинскиот културен центар, организатор на фестивалот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-nema-da-si-sama-na-zatvoranjeto-na-21-sinedejs/feed/ 0
Во Драмски театар премиера на „Вернисаж“ од Хавел во режија на Теа Беговска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-dramski-teatar-premiera-na-vernisaz-od-havel-vo-rezija-na-tea-begovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-dramski-teatar-premiera-na-vernisaz-od-havel-vo-rezija-na-tea-begovska/#respond Wed, 15 Jun 2022 06:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=691064

На малата сцена на Драмски театар-Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска. Што е слободниот човек денес и дали тој воопшто постои е темата на „Вернисаж”. Беговска, која првпат режира во Драмски театар, вели дека била мотивирана од тоа што темата е актуелна и денес, иако чешкиот драматург, дисидент и политичар Хавел текстот го напишал во 1973 година. Раскажува за луѓето жртви на доброобмислен општествен систем, конвенционален свет во кој дури и среќата и љубовта, вели режисерката, се на некој начин организирани и однапред испланирани. -„Вернисаж“ – што значи „откривање“, е смешен коментар на маргинализираниот човек. Тоа е откривање на нашето вистинско лице, откривање на вистинската слика на општеството и на вистинската слика на системот, рече Беговска на прес-конференција во понеделникот. По денешната премиера, утре ќе има и репризната изведба на „Вернисаж“. Во претставата играат актерите Роберт Вељановски, Гордана Ендровска и Предраг Павловски. Преводот на текстот е на Никола Маџиров. Сценограф е Енес Деари, костимограф Раде Василев, композитор Енес Беговски, автор на визуализација и анимации – Милчо Узунов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-dramski-teatar-premiera-na-vernisaz-od-havel-vo-rezija-na-tea-begovska/feed/ 0
КЕЈТ МИДЛТОН ГИ ЗАСЕНИ ХОЛИВУДСКИТЕ УБАВИЦИ ВО КАН: Покажа како се доаѓа на црвениот тепих, а еден детаљ го одбележа и изгледот на Вилијам! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kejt-midlton-gi-zaseni-holivudskite-ubavici-vo-kan-pokaza-kako-se-doagja-na-crveniot-tepih-a-eden-detalj-go-odbeleza-i-izgledot-na-vilijam-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kejt-midlton-gi-zaseni-holivudskite-ubavici-vo-kan-pokaza-kako-se-doagja-na-crveniot-tepih-a-eden-detalj-go-odbeleza-i-izgledot-na-vilijam-foto/#respond Fri, 20 May 2022 09:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=679442

Во Лондон синоќа се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Top Gun: Maverick“, а покрај актерската легенда Том Круз, на тепихот се појавија и Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам. Војвотката за оваа пригода избра елегантен црн фустан со потпис на Роланд Мареј, а белиот појас на нејзините откриени раменици ја направи оваа креација многу ефикасна. Целиот стајлинг Кејт го заокружи со висечки обетки, дијамантски прстен, црна чанта, а како и секогаш војвотката не претерала со шминката. Очите само ги нагласила со црна сенка. Сепак, она што малкумина го забележале е деталот на мокасините на Вилијам. Имено, Вилијам и неговата сопруга се познати како луѓе кои многу внимаваат на деталите, па принцот за оваа прилика на мокасините имаше извезено мало бело-сино авионче, кое потсетува на оној користен во оригиналниот акционен филм од 1986 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kejt-midlton-gi-zaseni-holivudskite-ubavici-vo-kan-pokaza-kako-se-doagja-na-crveniot-tepih-a-eden-detalj-go-odbeleza-i-izgledot-na-vilijam-foto/feed/ 0
Премиера на 25. филм за Џемс Бонд „Не е време да се умре“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-25-film-za-dzems-bond-ne-e-vreme-da-se-umre/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-25-film-za-dzems-bond-ne-e-vreme-da-se-umre/#respond Sat, 09 Oct 2021 12:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=575951

Британската амбасада во Скопје покани пријатели од филмската индустрија, културната дејност и бизнис секторот од Обединетото Кралство и Северна Македонија на премиерата на 25. филм за Џемс Бонд „Не е време да се умре“ (NoTimeToDie), соопштија од британската Амбасада. Брендот Џемс Бонд, наведуваат, е стожер на британската филмска индустрија. „Не е време да се умре“ го држи и рекордот на најдолг филм за Бонд, со времетраење од дури два часа и 43 минути. Филмот има и најголем број прикажувања во кино салите од сите други филмови во историјата на Обединетото Кралство, односно имаше прикажувања во 772 кино сали со повеќе од девет илјади претстави дневно. – Амбасадорката Рејчел Галовеј носеше креација изработена од одржливи материјали што го дизајнираше еден од студентите по моден дизајн кои учествуваа на Ревијата на одржлива мода во организација на Британската амбасада Скопје како дел од овогодинешните прослави на роденденот на Кралицата Елизабета Втора, се вели во соопштението. Ковид-19, додаваат од Амбасадата, имаше значително економско и социјално влијание врз културниот и креативниот сектор во светски рамки. – Поддржете ги со тоа што ќе го гледате одличниот филм No Time To Die #007 во кино салите во Северна Македонија, наведуваат од британската Амбасада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-25-film-za-dzems-bond-ne-e-vreme-da-se-umre/feed/ 0
ФОТО: Кејт Мидлтон блесна на премиерата на „Не е време за умирање“, погледнете во каков фустан се појави https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kejt-midlton-blesna-na-premierata-na-ne-e-vreme-za-umiranje-poglednete-vo-kakov-fustan-se-pojavi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kejt-midlton-blesna-na-premierata-na-ne-e-vreme-za-umiranje-poglednete-vo-kakov-fustan-se-pojavi/#respond Wed, 29 Sep 2021 07:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=569865

Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон остави силен впечаток синоќа на британската премиера на филмот за агентот Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“ (No Time to Die), во Лондон. Кејт на црвениот тепих во „Ројал Алберт хол“ пристигна во златен фустан – креација на Џени Пекам, украсен со светки и монистра. Елегантниот стајлинг бил надополнет со златни обетки. На црвениот тепих беа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, како и принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол. Филмот „Не е време за умирање“ ја имаше својата светска премиера 18 месеци подоцна од планираното, по неколкуте одложувања поради пандемијата на Ковид-19. Британскиот глумец Даниел Крејг по петти, последен пат го глуми тајниот агент „007“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kejt-midlton-blesna-na-premierata-na-ne-e-vreme-za-umiranje-poglednete-vo-kakov-fustan-se-pojavi/feed/ 0
Премиера на трејлерот за новиот македонски акциски серијал BLACK OPS https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-trejlerot-za-noviot-makedonski-akciski-serijal-black-ops/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-trejlerot-za-noviot-makedonski-akciski-serijal-black-ops/#respond Fri, 04 Jun 2021 13:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=519048

Во Скопје утревечер премиерно ќе биде прикажан трејлерот за новата македонска акциска серија насловена BLACK OPS. Серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски). -Квалитетната актерска екипа, составена од David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој викенд премиерно ќе ја внесат јавноста во неизвесниот свет на BLACK OPS, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови, најавува продукцијата. Black Ops е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател. Промотивниот настан за како што ја нарекуваат, оваа нова експлозивна филмска акција, ќе се одржи на платото пред Скопје Сити Мол – (од страната на Тренд Кафе), а премиерата на трејлерот на BLACK OPS е од затворен карактер и ќе се одржи во Синеплекс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-trejlerot-za-noviot-makedonski-akciski-serijal-black-ops/feed/ 0
Повторно одложена премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, ова е новиот датум https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/povtorno-odlozena-premierata-na-noviot-film-za-dzejms-bond-ova-e-noviot-datum/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/povtorno-odlozena-premierata-na-noviot-film-za-dzejms-bond-ova-e-noviot-datum/#respond Sat, 03 Oct 2020 14:27:50 +0000 https://kurir.mk/?p=411960

Премиерата за новото продолжение на филмот за познатиот агент Џејсм Бонд „Нема време за умирање“, ќе биде одложена за април идната година, најавија продуцентите на Твитер. Се очекува филмот во кој Даниел Крег ја игра улогата на агентот 007, во киносалите да се најде на 2 април 2021 година, една година подоцна од првопланираното. Премиерата на филмот беше одложена уште во март кога пандемијата со коронавирусот почна да се шири во светот. Потоа беше планирано премиерата да се одржи во Велика Британија на 12 ноември и во САД една недела подоцна. Одлуката за новото одложѓување на премиерата, како што пишуваат странските медиуми, не е изненадување особено ако се земе во предвид фактот дека бројот на новозаболени повторно расте во САД, но и во Европа, пренесува Танјуг. -Сфаќаме дека сите оние кои го сакаат Бонд ќе бидат разочарани, но со нетрпение очекуваме заедно следната година да го гледаме 25 продолжение за Џејмс Бонд, истакнале продуцентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/povtorno-odlozena-premierata-na-noviot-film-za-dzejms-bond-ova-e-noviot-datum/feed/ 0
Премиера на „Врба“ во Романија, во август и во Кина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-vrba-vo-romanija-vo-avgust-i-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-vrba-vo-romanija-vo-avgust-i-vo-kina/#respond Fri, 31 Jul 2020 13:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=384393

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски вечер ќе има романска премиера на најстариот и најголем романски интернационален фестивал – Трансилванија во Клуж-Напока. -Ова е еден од првите фестивали во светот кој ќе се одржи во услови на пандемија – филмовите ќе се прикажат пред публика на отворени простори, соопшти продукцијата „Банана филм“. „Врба“ во август ќе има и кинеска премиера, на фестивалот во Пекинг, каде што ќе биде прикажан во престижната официјална програма за награди. Во програмата „Под ѕвездите“ на интернационалниот филмски фестивал во Нанси, Франција, во август ќе биде прикажан и претпоследниот филм на Манчевски, „Бикини Мун“. Светската премиера на „Врба“ беше на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. Потоа филмот два и пол месеца беше прикажуван во кината низ земјава, а беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Сараево, Софија… „Врба“ ја освои и наградата за најдобар филм во програмата „Недела на режисерите“ на 40. Филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-vrba-vo-romanija-vo-avgust-i-vo-kina/feed/ 0