премии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Jan 2023 08:47:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png премии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мотив плус за нашите ракометари: РФМ ги одреди премиите за првата фаза на СП! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/motiv-plus-za-nashite-rakometari-rfm-gi-odredi-premiite-za-prvata-faza-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/motiv-plus-za-nashite-rakometari-rfm-gi-odredi-premiite-za-prvata-faza-na-sp/#respond Wed, 11 Jan 2023 08:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=785839

Македонската репрезентација утре со чартер лет ќе отпатува за Краков каде не очекува настап на Светското првенство во кое за ривали во првата фаза ќе ги имаме Норвешка, Холандија и Аргентина. Нашата главна цел е да се обидиме да ја минеме групата против противници кои се квалитетни, незгодни, борбени, ама секако и ние имаме свои адути кои ќе се обидеме да ги искористиме. Ракометарите добија и мотив плус за добар резултат на Мундијалот, односно РФМ ги одреди премиите за секоја победа на овој собир на најдобрите светски селекции. Ако забележиме една победа во групата што воедно ќе значи и место во главната фаза, тоа за играчите и стручниот штаб ќе донесе награда од 30.000 евра. Две победи ќе им донесат 45.000 евра, а ако имаат „три од три“ против Норвежаните, Холанѓаните и Аргентинците тогаш ќе бидат поделени 60.000 евра. „Црвено-жолтите“ своите натпревари ги играат на 13, 15 и 17 јануари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/motiv-plus-za-nashite-rakometari-rfm-gi-odredi-premiite-za-prvata-faza-na-sp/feed/ 0
РФМ ја исплати ветената награда за ракометарите за пласман на СП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-ja-isplati-vetenata-nagrada-za-rakometarite-za-plasman-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-ja-isplati-vetenata-nagrada-za-rakometarite-za-plasman-na-sp/#respond Fri, 03 Jun 2022 09:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=686076

РФМ ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласман на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска. Ова доаѓа по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска. Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска совладувајќи ги репрезентациите на Романија и Чешка во бараж квалификациските натпревари. Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи осмо учество на ракометен Мундијал кој ќе се одржи во Полска и Шведска во јануари 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rfm-ja-isplati-vetenata-nagrada-za-rakometarite-za-plasman-na-sp/feed/ 0
Сточарите разочарани, се уште не им се исплатени премиите за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stocharite-razocharani-se-ushte-ne-im-se-isplateni-premiite-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stocharite-razocharani-se-ushte-ne-im-se-isplateni-premiite-za-2020-godina/#respond Sat, 01 May 2021 14:20:08 +0000 https://kurir.mk/?p=504346

Претседателот на Здружението на сточари од Кичевско Ајрадин Бајрами изјави дека сопствениците на матични стада овци во кичевијата се крајно разочарани од инертниот однос на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи се уште не им се исплатени премиите за 2020 година, кои вообичаено се префрлаа на нивна сметка до крајот на февруари. Годинава, истакна Бајрами, се соочуваме со најголеми проблеми во одгледувањето на матичните стада овци. Голем проблем ни претставуваат се уште неисплатените субвенции за 2020 година, што требаше да легнат на наша сметка уште во февруари. Дефицитот на средства ни ја отежнува работата нормално да функционираме и затоа не треба да чуди намалениот интерес за одгледување на овци во нашиот регион, рече Бајрами и потенцира исто така дека е зголемена откупната цени на годинешното јагне, откако ги продадоа годинешните јагниња. -Кога беа за продажба нашите јагниња кон средината на март, цената на откупувачите се движеше од 135 до 140 денари за килограм жива мера, а денес кога во целост го продадовме годинешното јагне, цените се подигнаа и се движат од 170 до 180 денари, како да се чекаше да го продадеме нашето јагне за потоа да можат да речат дека цените и не биле така ниски во споредено со претходните години. Сите трошоци се зголемени од храната до лекарствата, единствено нашите приходи се намалени и ако продолжи оваа агонија и ние ќе завршиме со одгледување на овци, додава Бајрами. Тој рече дека ако во блиска иднина не бидат исплатени субвенциите за минатата година, тие ќе ги блокираат патиштата за да ја потсетат Владата на обврските кои ги презема кон нив. Јагнешкото во продавниците во Кичево се движи од 350 до 400 денари за килограм и ретко кој од граѓаните купува повеќе од еден бут.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stocharite-razocharani-se-ushte-ne-im-se-isplateni-premiite-za-2020-godina/feed/ 0
Големи премии за Лацио при освојување на титулата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golemi-premii-za-lacio-pri-osvojuvanje-na-titulata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golemi-premii-za-lacio-pri-osvojuvanje-na-titulata/#respond Tue, 16 Jun 2020 14:47:56 +0000 https://kurir.mk/?p=358722

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одделил бонуси од 18 милиони евра што ќе ги добијат „орлите“, доколку ја освојат титулата во Италија, пренесува „Кориере дело Спорт“. Според информациите, раководството и играчите постигнале договор за бонусите, а за секој од нив ќе бидат потребни околу 400.000 евра доколку Скудетото „слета“ во Рим. Лацио е втор во пласманот по лидерот Јувентус пред продолжението на Серија „А“ овој викенд. Претседателот на Лацио и фудбалерите се согласија да не земаат месечна плата за време на паузата поради пандемијата, а уште една плата е одложена за декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golemi-premii-za-lacio-pri-osvojuvanje-na-titulata/feed/ 0
УЕФА објави рекордни премии за учесниците на ЕП 2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-objavi-rekordni-premii-za-uchesnicite-na-ep-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-objavi-rekordni-premii-za-uchesnicite-na-ep-2020/#respond Sat, 22 Dec 2018 10:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=143580

Европската фудбалска централа (УЕФА) објави рекордни премии за тимовите кои ќе учествуваат во финалната фаза на Европското првенство во 2020 година. Вкупниот награден фонд на турнирот ќе изнесува 371 милиони евра, објави официјалната веб-страница на УЕФА. Зголемувањето е за 23 отсто. Наградниот фонд на ЕП 2016 во Франција изнесуваше 301 милиони евра. Секој од 24-те финалисти ќе добие минимум 9,25 милиони евра за време на групната фаза, тимовите ќе освојат дополнителни 1,5 милиони за победа и 750 илјади за нерешено. За поминување во осминафиналето, премијата е 2 милиони евра за секој тим во четвртфиналето – по 3,25 милиони евра, во полуфиналето – по 5 милиони евра. Победникот на турнирот ќе добие 10 милиони евра, а финалистот – 7 милиони евра. Така на пример, шампионот на ЕП 2020 може да заработи 34 милиони евра, ако освои три победи во својата група. На ЕП 2016 оваа сума изнесуваше 27 милиони евра. Европското првенство во 2020 година за прв пат ќе се одржи во 12 различни градови на Европа. Тоа се Санкт Петербург, Амстердам, Баку, Билбао, Будимпешта, Букурешт, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен и Рим. Полуфиналето и финалето ќе се играат во Лондон. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-objavi-rekordni-premii-za-uchesnicite-na-ep-2020/feed/ 0