премин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jan 2023 17:41:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png премин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СБ на ОН едногласно одлучи преминот меѓу Турција и сириски Идлиб да остане отворен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ednoglasno-odluchi-preminot-megu-turtsija-i-siriski-idlib-da-ostane-otvoren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ednoglasno-odluchi-preminot-megu-turtsija-i-siriski-idlib-da-ostane-otvoren/#respond Mon, 09 Jan 2023 17:41:13 +0000 https://kurir.mk/?p=785200

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно одлучи граничниот премин меѓу Турција и северозападна Сирија, кој е под контрола на бунтовниците, да остане отворен во следните шест месеци за испорака на важни помош. Русија, главниот сојузник на Сирија, исто така гласаше за одлуката, што е изненадувачки потег бидејќи претходно се воздржуваше или ставаше вето на резолуциите за прекугранична испорака на помош. Москва се залагаше хуманитарната помош, наместо преку турската граница, да биде пренесена во северозападната сириска провинција Идлиб со конвои од областите контролирани од владата во Дамаск, преку линиите на конфликтот. Турција ги поддржува бунтовниците уште од првите години на граѓанската војна во Сирија. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека страшната хуманитарна ситуација во Сирија се влошува и оти милиони Сиријци можеби нема да ја преживеат зимата доколку не се обноват испораките на помош за Идлиб од Турција. Гутереш рече дека пратките со помош се зголемени преку борбените линии во Сирија, но додаде дека тие не можат да ја заменат „големината или обемот на масовната прекугранична операција на Обединетите нации“. Конвој од 18 камиони вчера влезе во Идлиб преку линиите на фронтот контролирани од сириските владини сили. Советот за безбедност во јули усвои резолуција за шестмесечно продолжување на испораката на хуманитарна помош за Идлиб, каде живеат 4,1 милион луѓе. Многу од нив се внатрешно раселени поради речиси 12-годишниот конфликт во кој загинаа стотици илјади луѓе, а раселени се половина од 23-те милиони кои живееле во Сирија пред војната. Денешната резолуција дозволува испораката на помош за Идлиб преку преминот Баб ал Хава од Турција да продолжи во следните шест месеци, до 10 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ednoglasno-odluchi-preminot-megu-turtsija-i-siriski-idlib-da-ostane-otvoren/feed/ 0
На Табановце се чека околу еден час за влез, на ГП Богородица околу 30 минути за излез од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-tabanovce-se-cheka-okolu-eden-chas-za-vlez-na-gp-bogorodica-okolu-30-minuti-za-izlez-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-tabanovce-se-cheka-okolu-eden-chas-za-vlez-na-gp-bogorodica-okolu-30-minuti-za-izlez-od-makedonija/#respond Mon, 11 Jul 2022 18:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=703540

Поради зголемена фреквенција на возила, на Граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу еден час, а на ГП Богородица за излез од државава времето на чекање е околу 30 минути. Автомотосојузот информира дека на останатите премини, од македонска страна, вечерва нема подолги задржувања за влез и излез од државата. – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-tabanovce-se-cheka-okolu-eden-chas-za-vlez-na-gp-bogorodica-okolu-30-minuti-za-izlez-od-makedonija/feed/ 0
ГП „Меџитлија“ се затвора до 4 август https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gp-medzitlija-se-zatvora-do-4-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gp-medzitlija-se-zatvora-do-4-avgust/#respond Wed, 22 Jul 2020 09:02:39 +0000 https://kurir.mk/?p=379513

Грчкиот граничниот премин „Ники“ односно граничниот премин „Меџитлија“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник), во врска со новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники“, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во овој период. „Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“, информираат денеска од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gp-medzitlija-se-zatvora-do-4-avgust/feed/ 0