преодна влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Feb 2020 18:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преодна влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанските републиканци бараат преодна влада и предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-republikanci-baraat-preodna-vlada-i-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-republikanci-baraat-preodna-vlada-i-predvremeni-izbori/#respond Sun, 02 Feb 2020 18:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=298299

Во Албанија се погласни и почести се барањата за организирање предвремени парламентарни избори и формирање преодна влада 100 денови пред избори. Вакво барање денеска дојде и од Фатмир Медиу, лидер на Републиканската партија и поранешен министер за одбрана, кој истовремено обвини дека „Албанија е во социјален, општествен и економски шок“, што е последица на „загубената контрола од владејачкото мнозинство“. – Немаме парламент, немаме избрана туку именувана локална самоуправа. Трговијата со дрога сега стана доминантна, обвини Медиу. Тој го повтори уште еднаш барањето за нови избори. – Предвремени избори мора да има, а и преодна влада три месеци пред какви било избори, порача Медиу. Медиу ја истакна важноста од донесувањето на изборните реформи, со што треба да се предвидат казни за купување гласови, декриминализација и финансирање на партиите и кампањите. Тој и претходно на Национално собрание на партијата за излез од длабоката политичка криза, во која се наоѓа земјата, предложи во Албанија да се примени „моделот на Македонија“ за преодна влада, 100 дена пред избори. Лидерот на главната опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша, кој во континуитет бара оставка на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада која ќе спроведе слободни предвремени избори, пред два дена изјави дека со договорот постигнат со владејачките социјалисти за донесување на изборните реформи предвидено е спроведување предвремени избори. Тоа, пак, го демантираше владејачката Социјалистичка партија, чиј генерален секретар и координатор на пратеничката група,Таулант Бала, наведувајќи дека предвремените избори не се тема на дијалог со тој сојуз, односно не со Љуљзим Баша, додаде дека мандатот добиен од албанските граѓани истекува во јуни 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskite-republikanci-baraat-preodna-vlada-i-predvremeni-izbori/feed/ 0
И Дачиќ против формирањето на преодна влада пред изборите во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-dachikj-protiv-formiranjeto-na-preodna-vlada-pred-izborite-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-dachikj-protiv-formiranjeto-na-preodna-vlada-pred-izborite-vo-srbija/#respond Sat, 31 Aug 2019 11:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=235404

Шефот на српската дипломатија и лидер на владејачката Социјалистичка партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ се спротивстави на предлогот од опозицијата за формирање преодна влада, истакнувајќи дека тие се формираат само во тешки политички кризи, која во Србија ја нема. Дачиќ за РТС изјави дека најавите за бојкот на изборите не претставуваат голема политичка криза и дека опозицијата нема поддршка за тоа ниту во меѓународната заедница. – Слушајте, преодните влади се формираат поради тешка политичка криза. Каква политичка криза имаме ние во Србија? Тоа е кога клуб од мојота Житораѓа ќе ја бојкотира средбата со Барселона и од тоа би се правел светски проблем, истакна Дачиќ. Тој наведе дека изборните правила ги пропишале демократите (ДС) и праша како порано тие правила им беа добри, а сега не се. – Не дека сум против (идејата за преодна влада и бојкот), туку сум против за ова да се придава големо значење. Ниту една од западните земји не го поддржува бојкотот. Изборите се редовни и кој сака да учествува, нека учествува, додаде Дачиќ. Реакцијата на Дачиќ, уследи по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека „опозицијата го сонува македонското сценарио“, како и дека „тие (опозицијата) фантазираат за преодна влада…а Србија не е банана држава“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-dachikj-protiv-formiranjeto-na-preodna-vlada-pred-izborite-vo-srbija/feed/ 0