преоговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Mar 2022 19:32:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преоговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Слуцки најави дека набрзо ќе продолжат преговорите меѓу Русија и Украина: Да немаме илузии дека следниот пат ќе имаме конечен резулатат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slucki-najavi-deka-nabrzo-kje-prodolzat-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina-da-nemame-iluzii-deka-sledniot-pat-kje-imame-konechen-rezulatat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slucki-najavi-deka-nabrzo-kje-prodolzat-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina-da-nemame-iluzii-deka-sledniot-pat-kje-imame-konechen-rezulatat/#respond Mon, 07 Mar 2022 19:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=642881

Шефот на комитетот на Думата за меѓународни работи и член на руската делегација Леонид Слуцки вечерва изјави дека набрзо ќе продолжат преговорите помеѓу Русија и Украина. – Преговорите навистина набрзо ќе продолжат. Да немаме илузии дека на следниот чекор ќе имаме конечен резултат. Тоа ќе биде целосно напорна и доследна работа, истакна Слуцки. Тој додаде дека „консултациите нема да бидат лесни“. – Не се надеваме дека нашите колеги веднаш ќе заземат став близок до нашиот и дека потоа целосно ќе го исполнат договорот, наведе Слуцки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slucki-najavi-deka-nabrzo-kje-prodolzat-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina-da-nemame-iluzii-deka-sledniot-pat-kje-imame-konechen-rezulatat/feed/ 0
На барање на Киев и Роман Абрамович учествува во преговорите меѓу Русија и Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-baranje-na-kiev-i-roman-abramovich-uchestvuva-vo-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-baranje-na-kiev-i-roman-abramovich-uchestvuva-vo-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina/#respond Mon, 28 Feb 2022 15:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=638121

Руско-израелскиот милијардер Роман Абрамович престојува во Белорусија на барање на Киев, со цел да помогне во преговорите меѓу Русија и Украина за ставање крај на конфликтот. Абрамович, сопственикот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, бил побаран од Украинците да помогне и тој отпатувал за Белорусија за да учествува во дискусиите, објави израелскиот весник „Џерузалим пост“. Делегации на Русија и на Украина пристигнаа во белорускиот пограничен град Гомел и започнаа преговори со цел да се најде начин да се прекинат борбите во Украина. Абрамович има блиски врски со еврејските заедници во Украина и Русија. Амбасадорот на Украина во Израел, Јевхен Корничук, не сакаше да го коментира конкретно учеството на Абрамович во преговорите, нагласувајјќи само дека Киев „го цени секој што може да помогне, доколку има доволно влијание“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-baranje-na-kiev-i-roman-abramovich-uchestvuva-vo-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina/feed/ 0
Ковачки: Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што содржи пакетот 5+1 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-osmani-ne-sobra-hrabrost-pred-pratenicite-i-makedonskata-javnost-da-kaze-za-shto-tochno-se-pregovara-i-shto-sodrzi-paketot-5-1/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-osmani-ne-sobra-hrabrost-pred-pratenicite-i-makedonskata-javnost-da-kaze-za-shto-tochno-se-pregovara-i-shto-sodrzi-paketot-5-1/#respond Sat, 29 Jan 2022 11:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=624320

Бугарската влада соопшти дека се преговара за вметнување на Бугарите во Уставот на Република Македонија и тоа не за дали, туку кога Бугарите ќе бидат впишани во Уставот. Од друга страна, и покрај пресудите на ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија, изјавуваат дека нема да дозволат ниту да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, а камоли истото да биде впишано во бугарскиот Устав и истото да ги добие сите права согласно меѓународните стандарди. Во текот на вчерашниот ден министерот за надворешни, Бујар Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што точно содржи пакетот 5+1. Бујар Османи не достави никаков писмен материјал до пратениците туку се обиде со усно објаснување да дефокусира од клучните прашања за кои е заинтересирана бугарската страна, односно за македонскиот јазик кој не сакаат ниту да го споменат, и за етногенезата на македонскиот народ, изјави на денешната прес конференција, Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Ковачевски и Османи бегаат и не доставуваат што точно доставиле до Софија. - Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание. Како и Зоран Заев, така и Ковачевски првата работа што ја прави е ветување на надворешни фактори за отворање на Уставот и негова промена. Ниту тогаш Заев, ниту сега Ковачевски нема легитимитет да преговара и договара менување на највисокиот правен акт на државата затоа што за тоа нема никаква општествена оправданост, туку истото служи за купување на уште некој ден или месец плус на власт, и претставува блед обид за глумење на допадливост, истакна Ковачки. Тој појасни дека за се' што се преговара и распродава македонската јавност и дека тие како политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, дознаваат од изјави на бугарски политичари и новинари. - Османи и Ковачевски можат да реферираат пред комисијата за надворешни работи, на затворена седница, но тие бегаат од опозицијата, исто како и од македонската јавност заради националното предавство кое го прават. Преговори за македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ не смее да има, а процесот мора да се води врз база на реципроцитет, во спротивно, Заев, Ковачевски и Османи ризикуваат поларизација на состојбата во државата за што лично ќе бидат одговорни, додаде Ковачки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-osmani-ne-sobra-hrabrost-pred-pratenicite-i-makedonskata-javnost-da-kaze-za-shto-tochno-se-pregovara-i-shto-sodrzi-paketot-5-1/feed/ 0