Преподобна Марија Египетска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Apr 2023 08:53:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Преподобна Марија Египетска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска е Недела на Света Марија Египетска: Надеж за сите кои искрено ќе се покајат и тргнат по вистинскиот пат со божја правда! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-nedela-na-sveta-marija-egipetska-nadezh-za-site-koi-iskreno-ke-se-pokajat-i-trgnat-po-vistinskiot-pat-so-bozhja-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-nedela-na-sveta-marija-egipetska-nadezh-za-site-koi-iskreno-ke-se-pokajat-i-trgnat-po-vistinskiot-pat-so-bozhja-pravda/#respond Sun, 02 Apr 2023 08:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=818989

Петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на Страсната Седмица, Црквата ја достигнува полнотата на покајанието. А светата Марија Египетска е впечатлив пример токму на длабоко покајание. Таа од својата дванаесетта година почнала да живее развратно и во разврат поминала седумнаесет години. Во една прилика, дошла во Јерусалим и посакала да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, ветувајќи дека потоа ќе го смени својот живот. Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. А таа, откако го целивала Чесниот Крст, оставила сè и се населила во пустината од другата страна на Јордан. Таму поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Така, таа од голема грешница, со Божја помош, станала голема светителка. Денес се чествува Света Марија Египетска која претставува надеж за сите оние кои искрено ќе се покајат и ќе тргнат по вистинскиот пат со помош на божјата правда… Житието на оваа светителка го напиша ерусалимскиот патријарх свети Софрониј. Еден свештеномонах, старецот Зосим, се оддалечи еднаш за време на Чесниот Пост во задјорданската пустина, на растојание од дванаесет дена одење. Одеднаш здогледа едно човечко суштество, суво, голо во телото, со коса бела како снег, кое веднаш почна да бега од погледот на Зосим. Старецот долго трчаше додека онаа човечка прилика не прилегна во потокот и не викна: „Авво Зосиме, прости ми заради Господ, не можам да ти се обратам, зашто сум гола жена!“ Тогаш Зосим и’ ја дофрли својата горна наметка и таа му се јави. Старецот беше застрашен од звукот на своето име што го изговорија усните на таа непозната жена. На негово долго настојување жената му го раскажа своето житие. Таа била родена во Мисир и од својата дванаесетта година почнала да живее развратно во Александрија и во разврат поминала цели седумнаесет години. Гонета од блудниот телесен оган еден ден седнала на кораб што пловел за Јерусалим. Кога пристигнала во Светиот Град, посакала и таа да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, исповедајќи ја својата грешност и нечистотија, а ветувајќи дека по ова ќе појде таму каде што ќе ја упати Богородица. Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. Откако го целивала Чесниот Крст повторно излегла во припратата пред иконата и ѝ се заблагодарила на Пресвета Богородица, но во тој миг чула глас: „Ако го преминеш Јордан, ќе најдеш мир!“ Таа веднаш купила три леба и тргнала кон Јордан, каде што стигнала истата вечер. Утредента се причестила во манастирот на Св. Јован и ја преминала реката. Во пустината поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во страв, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Се хранела со зелје. Сега таа го замоли свети Зосим идната година да дојде на брегот на Јордан и да и’ донесе Причест, ветувајќи му дека ќе дојде да се причести. Следната година авва Зосим дојде на брегот носејќи ѝ Света Причест, а се чудеше како светителката ќе го премине Јордан. Во тој миг виде на блесокот од месечината дека таа дојде до реката, ја прекрсти и појде по водата како по суво. Кога ја причести, го замоли идната година да дојде кај истиот оној поток каде што се видоа првпат. Авва Зосим појде и на тоа место го најде нејзиното мртво тело, а над главата натпис: „Погребај го, авво Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај му го правот на правот, се претставив на први април, во ноќта на спасоносното Христово страдање, по причестувањето со Божествените Тајни“. Од овој натпис авва Зосим го дозна прво нејзиното име, а второ страшното чудо дека таа претходната година, истата онаа ноќ кога се причести, стасала до овој поток до којшто тој мораше да патува дваесет дена. Вака Зосим го погреба телото на чудесната светителка Марија Египетска. А кога се врати во манастирот, ја раскажа целата историја на нејзиниот живот и чудото коешто самиот го виде од неа. Така ја прослави Господ покајаната грешница. Света Марија се споменува и во петтата недела на Чесниот Пост. Во тие денови Црквата им ја предочува на верните како пример за покајание. Се упокои во Господа околу 530 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-nedela-na-sveta-marija-egipetska-nadezh-za-site-koi-iskreno-ke-se-pokajat-i-trgnat-po-vistinskiot-pat-so-bozhja-pravda/feed/ 0
Се празнува Преподобна Марија Египетска https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-prepodobna-marija-egipetska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-prepodobna-marija-egipetska/#respond Thu, 14 Apr 2022 05:14:41 +0000 https://kurir.mk/?p=662699

Животот на преподобна Марија Египетска е еден од највпечатливите раскази во историјата на христијанската агиографија. Таа била родум од Египет и живеела во шестиот век. На 12-годишна возраст избегала од дома и се населила во Александрија. Суптилниот раскош на овој голем и славен град бргу ја восхитил девојката, па таа почнала со незгаслива жед да граба за себе што е можно повеќе од земните задоволства. Кога се доближила до возраста од околу 30 години, во нејзиниот живот се случува темелен земјотрес, пресврт кој ја преобразува оваа распусна и разуздана жена во една од најголемите подвижнички-пустиножителки во историјата на Црквата. Се повлекла во Египетската пустина, каде живеела се до својата смрт. За да не остане непознато ова чудесно животно сведоштво, Бог така ги наредил работите што еден монах по име Зосима ја сретнал во пустината оваа подвижничка, ја чул од неа нејзината приказна, а подоцна и ја запишал.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-prepodobna-marija-egipetska/feed/ 0
Денес е Преподобна Марија Египетска, по силниот животен пресврт станува една од најголемите подвижнички на црквата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-prepodobna-marija-egipetska-po-silniot-zivoten-presvrt-stanuva-edna-od-najgolemite-podviznichki-na-crkvata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-prepodobna-marija-egipetska-po-silniot-zivoten-presvrt-stanuva-edna-od-najgolemite-podviznichki-na-crkvata/#respond Wed, 14 Apr 2021 05:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=496805

Животот на преподобна Марија Египетска е еден од навпечатливите раскази во историјата на христијанската агиографија. Таа била родум од Египет и живеела во шестиот век. На 12-годишна возраст избегала од дома и се населила во Александрија. Суптилниот раскош на овој голем и славен град бргу ја восхитил девојката, па таа почнала со незгаслива жед да граба за себе што е можно повеќе од земните задоволства. Кога се доближила до возраста од околу 30 години, во нејзиниот живот се случува темелен земјотрес, пресврт кој ја преобразува оваа распусна и разуздана жена во една од најголемите подвижнички-пустиножителки во историјата на Црквата. Се повлекла во Египетската пустина, каде живеела се до својата смрт. За да не остане непознато ова чудесно животно сведоштво, Бог така ги наредил работите што еден монах по име Зосима ја сретнал во пустината оваа подвижничка, ја чул од неа нејзината приказна, а подоцна и ја запишал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-prepodobna-marija-egipetska-po-silniot-zivoten-presvrt-stanuva-edna-od-najgolemite-podviznichki-na-crkvata/feed/ 0
Денеска е Преподобна Марија Египетска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-prepodobna-marija-egipetska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-prepodobna-marija-egipetska/#respond Tue, 14 Apr 2020 05:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=331716

Со што можам да се пофалам јас која што долго време бев послушница на ѓаволот. Се срамам да раскажувам за својот живот – му одговорила монахињата. - Но јас ќе ти раскажам моите дела за да разбереш со колку срам е исполнета мојата душа. Се ќе ти раскажам. Ништо немам да премолчам. Но те молам да не престануваш да се молиш за мене, за и јас да најдам милост во судниот ден. Јас сум родена во Египет. Кога бев на дванаесет години побегнав од татковиот дом и отидов да живеам во Александрија. Меѓу соблазните на големиот и раскошен град јас ја изгубив девственоста и се оддадов на лекомислен и порочен живот. Така минуваа годините на мојата младост. Еднаш, тоа беше во време на жетва видов дека многу луѓе одат кон морскиот брег. Дознав дека сите одат за Ерусалим каде што ќе пристигнат за празникот Воздвижение на Крстот Господов. Се замешав во народот и замолив да ме земат и мене во коработ. Ми беше весело меѓу бучната и многубројна толпа. Преку сето време на патувањето по море јас ги соблазнував сопатниците со своето бесрамно поведение. О човече, Божји! Кој јазик би можел да го искаже и кое уво би можело да ги слуша порочните дела што ги направив на коработ. Кога пристигнавме во Ерусалим јас заедно со народот се упатив кон црквата. Беше толку тесно, што со голема мака се доближив до вратата. Кога стапнав на прагот некаква невидлива сила ме задржуваше и јас не можев да ја совладам. Уморена и замајана јас се тргнав настрана за да соберам сили зашто како што си мислев поради слабата женска сила не можам да влезам во црквата. По малку тргнав со друга група богомолци но и тој пат истата сила ме задржа. Тогаш јас се вратив и застанав во еден агол на црковниот притвор и потпрена на ѕидот размислував зошто не можам да влезам во храмот како другите и да го видам животворниот Крст Господов. Одеднаш Божествена светлина ми го озарти срцето, моите духовни очи ми се отворија и јас разбрав дека моите гревови се таа невидлива сила која не ме пушта да влезам во храмот. Скршена во духот јас си го припомнив минатиот живот и се ужаснав од длабочината на моето паѓање. Долго плачев, рикав и се удирав во градите поради тешките гревови. Кога ги кренав очите на ѕидот го видов ликот на Божјата Мајка. Откако не ги симнав очите од тој благ лик, јас започнав искрено да се молам: – Пречиста Дево – шепотев јас – признавам дека сум голема грешница и не сум достојна дури да го погледнам твојот пречист лик. Но јас сум слушала дека Твојот Син дошол на земјата за да ги повика грешниците кон покајание. Помогни ми да влеза и јас во храмот и да го вида она дрво на кое бил распнат родениот од Тебе Бог. Поклони ми ја таа милост да можам и јас да се поклонам на пречесниот Крст Господов. Ако се удостојам со таа радост јас ќе се откажам од досегашниот грешен живот и ќе одам таму каде што Ти ќе ми заповедаш. Така се молев јас и ми се стори дека молитвата ми е слушната од Неа. Со возбуда и страв повторно се упатив кон влезот на храмот и тогаш без тешкотии влегов внатре. Опфатена од неземна радост јас смирено се поклонив и го целував Крстот Господов. Потоа излегов и се вратив пак пред иконата на Божјата Мајка паднав на колена и продолжив да се молам. – О преблажена Богородице Дево, ти пројави кон мене голема љубов и велика милост. Ти не се згнаси од недостојната молитва на една блудница и ми даде можност да ја видам светињата, кон која што не бев достојна дури ни да погледнам.. Јас сум готова да го исполнам ветувањето. Биди ми раководителка и покажи ми го патот што води кон покајание. Тогаш слушнав некој далечен глас кој ми рече: „Ако минеш отаде Јордан таму ќе најдеш спокој за твојата душа. Се покорив на тој глас и веднаш тргнав на пат. Непознат човек ми даде малку пари, со кои купив три леба и откако се распрашав во која насока се наоѓа реката Јордан го продолжив патот. Околу 9 часот наутро го видов Крстот Господов, а при заоѓањето на сонцето стигнав во манастирот Свети Јован Претеча кој е блиску до р. Јордан. Откако си ги измив рацете и лицето во светата река јас се вратив во манастирот и се причестив со светите Тајни. Половината од едниот леб го изедов, пиев вода од светата река и спиев на земјата. Другиот ден ја минав реката и откако се помолив на Пресвета Богородица, дојдов во таа пустина каде што се посамотив и тука се заселив очекувајќи Бог да ме спаси од немоќта на душата и од бурите на животот. – Одамна ли си дошла тука? – ја праша Зосима. – Минаа веќе четириесет и седум години, откако сум излегла од светиот град. – А како преживеа толку време подалеку од луѓето. Со што се хранеше? – Тешко е да ти раскажа што се сум преживеала во таа пустина. Ми е страв за си спомнам за грешните помисли кои ме измачуваа како љути ѕверови 17 години. Тука јас донесов два леба и половина но тие скоро се завршија. Тогаш јас требаше да се хранам со корења и да трпа глад. Многу се мачев кога ќе си споменев на вкусната храна која што ја јадев во Египет. Кога имав сиромашка храна во пустината – трева и корења, јас ги сакав рибата и месото кои некогаш ги имав во изобилство. Тука често не наоѓав вода за да си ја угасам жедта и си помислував на оние скапи вина, од кои некогаш многу пиев. Понекогаш ми се јавуваше желба да ги пеам оние блудни песни кои порано ми преставуваа радост. Но кога ќе дојдев на себе си јас почнував да плачам и да се удирам во градите, додека ме грееше некоја чудна светлина и ме успокојуваше. Жестока беше борбата со блудните навики. Многу пати сум паѓала на земјата и сум плачела до изнемоштеност. Ден и ноќ сум лежела без чувства на земјата додека ме осветли таа чудна светлина и ме успокои. Облеката ми изгни, и телото на тешки искушенија трепереше од студ или гореше од сончевата горештина. но најмногу ме измачуваа лошите мисли и порочните желби. Легната на земјата јас викав на Бога за помош и не станував додека не се успокои моето срце. Тогаш ме исполнуваше некоја чудна светлина ме зафаќаше пријатен спокој и јас и бев благодарна на мојата небесна покровителка Богородица. Така се мачев седумнаесет години но потоа настапи спокојство. Како што гледаш Господ ми ги сочува и телото и душата. Словото Божје е мојот леб и мојата заштита. Јас се хранам со надежта за спасение зашто е запишано: „Не само од леб ќе живее човек“. (Мат. 4:4) Зосима се зачудил што монахињата употребува изрази од Светото Писмо и ја запрашал дали ги учела некогаш псалмите и Библијата. Таа се насмевнала и рекла: „Откако ја минав реката Јордан не сум видела никаков друг човек освен твоето лице денеска. И Библија не сум учила, ниту сум слушала да ја читаат и пеат, зашто самото Слово Божјо е живо и го освојува човекот“. Фрагмент од житието ма Преподобна Марија Египќанка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-prepodobna-marija-egipetska/feed/ 0