препорака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Dec 2020 20:06:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png препорака – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО препорачува: Маски да се носат и по дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporachuva-maski-da-se-nosat-i-po-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporachuva-maski-da-se-nosat-i-po-doma/#respond Wed, 02 Dec 2020 20:04:17 +0000 https://kurir.mk/?p=437820

Светската здравствена организација (СЗО) излезе со нова препорака, а со која се бара луѓето и по дома да носат маски кога ќе им доаѓаат гости, со цел спречување на ширењето на корона вирусот. Од СЗО велат дека луѓето треба да носат маски и дома за да ја спречат заразата со коронавирус кога доаѓаат кај нив гости однадвор, а не можат да одржуваат социјална дистанца. Маските треба да се носат дома за време на посетата, ако не е јасно дали просторијата е добро проветрена, според новите упатства објавени денеска во Женева. СЗО претходно бараше носење маски во преполни јавни простори. Здравствената организација на ООН сега препорачува поширока употреба на маски во здравствените установи. Персоналот и другите работници кои не се вклучени во болничката нега се ставени на списокот на луѓе кои треба постојано да ги покриваат носот и устата. Пациентите треба да носат маски во ситуации кога ќе дојдат во близок контакт со други луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporachuva-maski-da-se-nosat-i-po-doma/feed/ 0
Како коалициониот пртнер на Заев ги смирува граѓаните: Корона е подобра од домашен притвор? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-koalicioniot-prtner-na-zaev-gi-smiruva-gragjanite-korona-e-podobra-od-domashen-pritvor-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-koalicioniot-prtner-na-zaev-gi-smiruva-gragjanite-korona-e-podobra-od-domashen-pritvor-foto/#respond Fri, 20 Mar 2020 18:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=319683

Во екот на кризата со коронавирусот што ја зафати Македонија, покрај мерките и препораките од надлежните повици за поголема одговорност стигнуваат од сите страни, па така вечерва еден од коалиционите партнери на Заев, Самка Ибраимоски со порака преку социјалната мрежа на Фејсбук ги повика граѓаните да бидат одговорни... Имено, тој на Фејсбук го напиша следното: -Почитувани пријатели една моја препорака, замислете дека сте во домашен притвор 14 дена и се ќе си биде подобро со коронавирусот, стои во објавата на Ибраимоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-koalicioniot-prtner-na-zaev-gi-smiruva-gragjanite-korona-e-podobra-od-domashen-pritvor-foto/feed/ 0
ЕК препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-preporacha-makedonija-da-gi-pochne-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-preporacha-makedonija-da-gi-pochne-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/#respond Tue, 17 Apr 2018 14:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=42075

Европската комисија препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, соопшти попладнево на прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот за напредокот на земјата. Препораката се базира на направената длабока анализа, нагласи Хан. Додаде дека е сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори. - Реформите во јавната администрација борбата против организираниот криминал судството, оценувањето на судиите и обвинителите се видливи, ги гледаме резултатите од тие напори, напомена Хан. Порача рефорите да продолжат - во јавната админстрација, борбата со корупцијата и организираниот криминал, а особено во судството. Истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен Балкан повторно ја потврдиле својата европска иднина. ЕК, како што посочи, за тоа ги награди Македонија и Албанија со препорака за почнување на пристапните преговори. - Но тука не завршуваат напорите. Имаме уште многу работа. Далеку сме од готов производ, но сме на добар пат. Извештајот е позитивен и оптимистичен за Западен Балкан, но мора да напоменеме дека влезот во ЕУ треба да се заслужи. Важно е да кажеме дека целиот процес се заснова врз постигнатите резултати и секој треба да работи на она што му е дадено како задача, рече Хан. Додаде дека наскоро ќе бидат видливи и конкретни резултати на Самитот во Софија, каде ќе бидат склучени конкретни договори со цел полесна соработка со ЕУ во неколку области меѓу кои економската соработка и енергетиката. Нагласи оти во земјата и регионот е важно да се подобрат условите за инвестиции преку подобрување на економската клима и додаде дека владеењето на правото е мошне важен фактор во таа насока. Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која вечерва заминува во посета на Тирана, утре на Скопје, а потоа и на Подгорица и Белград, го отвори пресот и напомена дека Западен Балкан е дел од Европа и оти во иднина ќе стане дел од ЕУ. - Позитивната порака, која Скопје и Тирана ја очекуваа од ЕК дојде, рече Могерини. Изрази уверување дека земјите од регионот ќе ги спроведат реформите и ќе покажат конкретни резултати, бидејќи, како што рече граѓаните на тие земји тоа го очекуваат од нивните власти. Могерини нагласи дека со пакетот за проширување на Унијата ќе се зголемат мирот и стабилноста во регионот, но и во ЕУ, но и ќе се отворат економските можности за земјите-членки и земјите-кандидатки. Хан доаѓа во посета на Македонија, при што ќе има средба со премирот Зоран Заев, а ќе учествува и на премиерскиот ручек на Дигиталниот самит што во наредните два дена ќе се одржи во Скопје. За време на престојот во Скопје Могерини треба да се обрати и пред пратениците во македонскиот Парламент. МИА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-preporacha-makedonija-da-gi-pochne-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/feed/ 0