препород – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 May 2022 16:50:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png препород – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Партијата на Макрон се преименува во „Препород“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/partijata-na-makron-se-preimenuva-vo-preporod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/partijata-na-makron-se-preimenuva-vo-preporod/#respond Thu, 05 May 2022 16:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=672511

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката во движење, го смени своето име во „Препород“, „народна партија чија задача е да биде отворена за граѓаните и пратениците од каде и да доаѓаат“, изјави денеска нејзиниот генерален секретар Станислас Гуерини. -Ние пристапивме кон радикалната реформа на Републиката во движење за да можеме да продолжиме да го шириме ова политичко движење, кое беше основано пред нешто повеќе од шест години од претседателот Емануел Макрон и кое ќе се нарекува „Преродба“, рече Гуерини. Тој ова го кажа на прес-конференција во Париз, на која присуствуваа поранешниот премиер Едуар Филип (партија Хоризонти), претседателот на националното собрание Ричард Феран (ЛРЕМ) и поранешниот министер Франсоа Бајру (Партија Модем). Сите овие партии го најавија сојузот наречен „Заедно“ во кој се приклучуваат во пресрет на парламентарните избори на 12 и 19 јуни. Емануел Макрон победи на претседателските избори на 24 април со 58,55 отсто од гласовите, но неговата битка со кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен (41,45 отсто) ја покажа длабоката поделеност во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/partijata-na-makron-se-preimenuva-vo-preporod/feed/ 0