преспански договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Feb 2022 14:14:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преспански договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каракамишева ќе го спори Преспанскиот договор пред судот во Стразбур! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-kje-go-spori-prespanskiot-dogovor-pred-sudot-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-kje-go-spori-prespanskiot-dogovor-pred-sudot-vo-strazbur/#respond Wed, 02 Feb 2022 14:14:41 +0000 https://kurir.mk/?p=626002

Уставниот суд го отфрли Барањето за заштита на лични права повредени со Преспанскиот договор, поднесено од универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска со образложение дека договорот не бил поединечен акт, а преземените дејствија не биле индивидуални дејствија со кои може да бидат повредени индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица. Судијата известител Осман Кадриу вели дека клучно е тоа што со конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање. Каракамишева во барањето, образложено на 15 страници, бараше од Уставниот суд да се утврди дека со Конечната спогодба од Преспа ѝ се повредни правата за кои Уставниот суд пружа заштита и да донесе привремена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт. Судијата известител Осман Кадриу, кажа дека привремената мерка е беспредметна и таа може да се одреди само во случај на поведување на постапка. Незадоволна од ваквото образложените, професорката по уставно право, за весникот ВЕЧЕР изјави дека отфрлањето на нејзиното барање значи дека овие права не може да си ги заштити пред македонските судови, па  поради тоа, правдата ќе продолжи да ја бара пред Судот за човекови права во Стразбур. -Не е точно дека поднесеното барање нема деловнички основ врз кои треба да се  поведе постапка. Во член 51 од Деловникот на Уставниот суд јасно стои дека „Секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110, алинеја 3, од Уставот на Република Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање“.  Деловничката одредба повикува на постоење или на поединечен акт или на дејство со чиешто извршување била сторена повреда на слободите и правата. Според мене, сите горенаведени дејствија се дејствија со кои се повредуваат моите лични и неприкосновени права, правото на самоидентификација, право на самоопределување, право на свој национален и културен идентитет, право на име на држава, појаснува професорката Каракамишева. -Просто е невозможно да прифатам дека во Р Македонија може да има Албански театар, Турски народен театар, АЛ – САТ(Албанска сателитска) телевизија, а да нема, односно, да се укине и забрани моето право да имам Македонски театар, Македонска опера и балет, да гледам Македонска радио и телевизија. Не може да ми се укине правото на заштита да членувам и да имам активности со Македонски културно-уметнички друштва кои имаат настапи во странство, финансирани од владини проекти за култура и сл., рече Каракамишева. Таа додаде: „имам лично и неприкосновено право да се нарекувам како сакам и да имам култура каква сакам. Моите деца не сакам да учат историја напишана од Владата во Атина или во Софија, туку од историја што е напишана од научници историчари кои преку оценка на објективни факти ќе излезат со вистината. Јас, ниту моите деца не сум должна да прифатам геноцидно ограничување од некоја туѓа Влада, посебно кога станува збор за цивилизација, историја и култура“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-kje-go-spori-prespanskiot-dogovor-pred-sudot-vo-strazbur/feed/ 0
Мицкоски: Нема да дозволам Заев да го користи Преспанскиот договор како аргумент за да продолжи со криминалот и да ја повторува придавката по десет пати, јас тоа нема да го правам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nema-da-dozvolam-zaev-da-go-koristi-prespanskiot-dogovor-kako-argument-za-da-prodolzi-so-kriminalot-i-da-ja-povtoruva-pridavkata-po-deset-pati-jas-toa-nema-da-go-pravam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nema-da-dozvolam-zaev-da-go-koristi-prespanskiot-dogovor-kako-argument-za-da-prodolzi-so-kriminalot-i-da-ja-povtoruva-pridavkata-po-deset-pati-jas-toa-nema-da-go-pravam/#respond Sun, 07 Nov 2021 18:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=592355

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, резултатите од локалните избори, како и за очекувањата во наредниот период во однос на формирање ново парламентарно мнозинство. Мицкоски потенцираше дека СДСМ доживеа дебакл на локалните избори и дека тоа е доволна причина Зоран Заев да ја поднесе оставката уште утре, иако самиот ја најави уште пред една недела. Мицкоски додаде дека не е коректно од страна на Заев да се обидува да го користи преспанскиот договор како своја лична заштита и да продолжува со криминалите, бидејќи и ЕУ, а и граѓаните на Република Македонија се уверија дека Зоран Заев аамо ветуваше и лажеше, а не исполни ништо од условите за ЕУ. "Неколку години наназад се обраќа кон јавноста користејќи ја придавката, иако е свесен дека со тоа задира во чувствата на граѓаните, по цена да се додвори кај соседните земји. Јас тоа нема да го правам, бидејќи сум доволно свесен за манипулацијата во врска со придавката и нејзината примена", додаде Мицкоски. -Граѓаните на Република Македонија избраа просперитет и нови проекти, наспроти криминал и стагнација на целата земја. Тоа е голема чест, но и одговорност, и токму поради тоа новите градоначалници се зафатија со работа уште од првиот ден, изјави Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nema-da-dozvolam-zaev-da-go-koristi-prespanskiot-dogovor-kako-argument-za-da-prodolzi-so-kriminalot-i-da-ja-povtoruva-pridavkata-po-deset-pati-jas-toa-nema-da-go-pravam/feed/ 0
Мицкоски: Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа, не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот да му дадете право да краде https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-dodeka-sum-vo-vmro-dpmne-prespanskiot-dogovor-nema-da-bide-zavrshena-rabota-ne-moze-da-mu-se-dozvoli-toj-shto-go-poddrzuva-dogovorot-da-mu-dadete-pravo-da-krade/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-dodeka-sum-vo-vmro-dpmne-prespanskiot-dogovor-nema-da-bide-zavrshena-rabota-ne-moze-da-mu-se-dozvoli-toj-shto-go-poddrzuva-dogovorot-da-mu-dadete-pravo-da-krade/#respond Thu, 08 Jul 2021 21:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=534155

Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа и тоа на 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на ЕУ. И не може да е Преспанскиот договор завршен се додека Тони го гледам дома и ми вика во очи, тато носи ме во Македонија, тој така го вика Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Не може додека постои ВМРО-ДПМНЕ да е завршен Преспанскиот договор, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисјата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија. Мицкоски додаде дека Преспанскиот договор нема да биде завршена работа, не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот да му дадете право да краде. „Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој пропреспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, даа краде, да пљачка, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа не го прифаќам“, нагласи Мицкоски. Мицкоски посочи дека тоа е не е дел од неговите вредности. Во Македонија не треба да имаме криминалци во политиката, да немаме корумпирани политичари. Во Македонија мора да владее законот и да има реформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-dodeka-sum-vo-vmro-dpmne-prespanskiot-dogovor-nema-da-bide-zavrshena-rabota-ne-moze-da-mu-se-dozvoli-toj-shto-go-poddrzuva-dogovorot-da-mu-dadete-pravo-da-krade/feed/ 0
Претседателот на МАНУ со факти против Заев: Преспанскиот договор го брише, а не го гарантира македонскиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-so-fakti-protiv-zaev-prespanskiot-dogovor-go-brishe-a-ne-go-garantira-makedonskiot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-so-fakti-protiv-zaev-prespanskiot-dogovor-go-brishe-a-ne-go-garantira-makedonskiot-identitet/#respond Wed, 30 Jun 2021 08:41:12 +0000 https://kurir.mk/?p=529729

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев во најновата колумна за „Нова Македонија“ анализирајќи ги членовите од Преспанскиот договор, вели дека истиот го брише, а не го гарантира, македонскиот идентитет. Коцарев вели дека за оваа колумна бил поттикнат од оваа изјава: „Пред Преспанскиот договор, за целиот свет сме биле ФИРОМ, а денес сме Македонци од Република Северна Македонија, кои зборуваат македонски јазик. Јас сум го потпишал тој Договор, сум го преговарал тој Договор и апсолутно целосно ги гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и нашата македонска национална посебност. Апсолутно нема дилема кога се употребува на Северна Македонија, а кога македонско, Македонец, Македонка и така натаму.“ -Во врска со општоприфатеноста на македонскиот идентитет пред и по ПД, би сакал да подвлечам дека тврдењето „пред Преспанскиот договор, за целиот свет сме биле ФИРОМ“ апсолутно не е точно. Имено, а за тоа веќе пишував во „Нова Македонија“, пред ПД за осумдесет проценти од светот, вклучувајќи ги десетте најмногубројни држави во светот и трите суперсили Кина, Русија, САД, нашата држава беше именувана како Република Македонија, а не ФИРОМ. Членот 7 од Преспанскиот договор Како што се изјаснив и претходно, членот 7 од ПД е клучен за идентитетските прашања, па затоа подолу ќе се задржам подетално на него. Но би сакал да укажам дека, во принцип, т.н. „задолжителни норми на меѓународното право“ (Jus cogens), во кои влегуваат и човековите права, што го вклучува и правото на припадност кон национален идентитет, не може да бидат регулирани со меѓународни договори. Пред да пристапам кон толкување на членот 7, би потсетил дека под идентитет се подразбира: „именскиот и колективниот идентитет, културниот идентитет (јазик, литература, музика, уметност, фолклор), религиозниот идентитет, етничкиот и национален идентитет, кои ја чинат посебната – македонската историска содржина“, пишува Коцарев во колумната. Тој вели дека недореченоста остава простор временскиот период да се реши произволно, со апсолутно отворена можност на целосна штета на државата Македонија, или, на пример, со друг договор, но не со државата Грција, туку, на пример, со државата Бугарија. -Тука, пред сѐ, би сакал да истакнам дека оваа колумна нема за цел негирање на правото на Грција да ја гледа историјата така како што сака и ја доживува, бидејќи секој има право на свое минато. Впрочем, според став 2, граѓаните на државата Грција во регионот Македонија може себеси да се нарекуваат Македонци и, според став 3, граѓаните на државата Македонија, исто така, може себеси да се нарекуваат Македонци. Меѓутоа, според став 4, двете држави изјавуваат дека официјалниот јазик и преостанатите одлики на државата Македонија не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на државата Грција. Така, за да направам разлика меѓу Македонците во државата Грција и Македонците во државата Македонија, ќе ги користам термините „елински Македонци“ и „словенски Македонци“, соодветно. Покрај претходно забележаната недореченост на временскиот период во овој член, во продолжение ќе набележам и дополнително толкување, кое покажува дека членот 7 не само што не го гарантира туку, всушност, го брише македонскиот идентитет. Имено, овој член ја определува просторната рамка за употребата на термините „Македонија“ и „македонски“ или, со други зборови кажано, во северниот регион на државата Грција нема словенски Македонци, бидејќи терминот Македонија во државата Грција е веќе резервиран не само за областа и народот во северниот регион на Грција туку и нивните одлики, вклучувајќи ги елинската цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денешен ден. Така, спротивно на историските факти, овој договор тврди дека во регионот Македонија во државата Грција од антиката до денес живееле само елински, но не словенски Македонци. Тргнувајќи од фактот дека дејствувањето на словенските Македонци во државата Грција е дел од македонскиот идентитет, произлегува дека ПД, како што претходно истакнав, го брише, а не го гарантира, македонскиот идентитет, забележува Коцарев. целата колумна на Коцарев може да ја почитате ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-so-fakti-protiv-zaev-prespanskiot-dogovor-go-brishe-a-ne-go-garantira-makedonskiot-identitet/feed/ 0
Митревски : Големо зло е направено со Преспанскиот договор, не постои Македонија тоа е протекторат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitrevski-golemo-zlo-e-napraveno-so-prespanskiot-dogovor-ne-postoi-makedonija-toa-e-protektorat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitrevski-golemo-zlo-e-napraveno-so-prespanskiot-dogovor-ne-postoi-makedonija-toa-e-protektorat/#respond Tue, 15 Dec 2020 22:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=443739

Дарко Митревски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“  кажа дека големо зло е направено со Преспанскиот договор и дека со него веќе не постои државата Македонија како што ја знаеме. Уште на луѓето не им е јасно какво зло е направено. Прво не постои повеќе Македонија да го разјансиме тоа . Според Преспанскиот договор Македонија е дефинирана како област во Северна Грција. Не постои Македонија. Тоа таму кај што ти сега си во моментот се вика поинаку. И тоа има нема никаква врска со никакви наши политички идеали и никаква наша традиција . Тоа е наметнато име истакна Митревски . Дополнително Митревски потенцираше дека бидејќи не постои името Македонија не постои ни државата Македонија со потпишување на договорот  и дека не е суверена земја. Бидејќи не постои Македонија не постои ни државата Македонија. Таа држава сега што е таму е туѓа , тоа е протекторат тоа е една територија наметната на македонскиот народ . Тоа не е суверена Македонија за која гласавме 91 година појасни Митревски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitrevski-golemo-zlo-e-napraveno-so-prespanskiot-dogovor-ne-postoi-makedonija-toa-e-protektorat/feed/ 0
За Заев, вредело потпишувањето на Преспанскиот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-zaev-vredelo-potpishuvanjeto-na-prespanskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-zaev-vredelo-potpishuvanjeto-na-prespanskiot-dogovor/#respond Wed, 17 Jun 2020 10:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=358990

Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – ВРЕДЕШЕ!, напиша на Фејсбук, лидерот на СДСм и екс премиер Зоран Заев. Истиот, со пропаднат Референдум за промена на името, го смени уставното име и Уставот на државата. Понатаму во статусот, тој пишува: „Вредеше затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните. Македонската иднина е обезбедена, а границите засекогаш сигурни. Вредеше затоа што Преспанскиот договор не донесе чекор поблизу до Европската Унија и конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција. По 15 години чекање почнуваме преговори за членство. НАТО и ЕУ се наша силна поддршка за развој, но и за соочување со предизвиците и опасностите како што е коронавирусот. Изминатиот период добивме голема помош и поддршка од нив. Вредеше затоа што денес имаме соседи кои силно нѐ поддржуваат. Во нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Грција сега не само што не нѐ блокира, туку и го помага нашето забрзано интегрирање. Вредеше затоа што обезбедивме сигурна иднина за нашите деца, развојна економија и нови партнерства и пријателства. Дадовме значаен придонес за стабилноста во регионот и станавме светол пример за сите. Продолжуваме напред!- напиша Заев на ФБ, фалејќи се со „резултатите“ од промената на уставното име на државата на неговата двегодишнина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-zaev-vredelo-potpishuvanjeto-na-prespanskiot-dogovor/feed/ 0
АНАЛИЗА: Парадоксален старт на предизборни „меѓународни“ мешања: Награда за мир за договор кој внесе толку многу немир и неспокој?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-paradoksalen-start-na-predizborni-megjunarodni-meshanja-nagrada-za-mir-za-dogovor-koj-vnese-tolku-mnogu-nemir-i-nespokoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-paradoksalen-start-na-predizborni-megjunarodni-meshanja-nagrada-za-mir-za-dogovor-koj-vnese-tolku-mnogu-nemir-i-nespokoj/#respond Thu, 20 Feb 2020 12:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=306507

Македонската јавност повеќе од рамнодушно ја прими веста дека поранешните премиери на Македонија и на Грција, Алексис Ципрас и Зоран Заев, добиле награда за мир за Преспанскиот договор. Денеска се соопшти дека Меѓународната награда за мир на Вестфалија паднала во рацете на екс премиерите. -Алексис Ципрас и Зоран Заев постигнаa дипломатски подвиг со постигнатиот договорот за повеќедеценискиот конфликт околу името на Македонија, давајќи многу значаен придонес за стабилноста на целиот балкански регион, тврди во својата изјава  д-р Рајнхард  Зинкан претседавач на Економската заедница на Вестфалија и Липе. Индикативно е што наградата се доделува скоро две години по договорот, а свечено ќе биде доделена и на повеќе од две години на истиот, во септември 2020-та. Веста ја пренесе кој друг ако не македонскиот сервис на Дојче Веле, кој вчудовидувачки во последно време ја игра улогата на најистурена  филијала на владејачката констелација, а чиј дел од новинарските коментатори честопати ги засенуваат и досегашните најизвикани медиуми со просоцијадемократска ориентација и нивните најистурени експоненти како Политико, Дерала и Тричковски. Почитуваниот д-р Рајнхард Зинкан, во ниту еден момент на ја објасни неправдата нанесена кон македонскиот народ со договорот кој стана познат како Преспанска капитулација. Зинкан ги фали само наводните придобивки од него, но не споменува дека токму во Македонија тој договор се спроведе насила, без почитување на волјата и гласот на народот, со небулзоен  и неуспешен за „ЗА“-евци „консултативен“, а не задолжителен референдум нелогично направен по потпишувањето. Луѓето, т.е. жирито кое ја додели оваа награда, најверојатно не знаат или поверојатно замижуваат и на начинот на кој овој договор беше вметнат во Уставот на Македонија, правен „оче наш“ за секоја нормална држава, кој се смени насила и со уцени со затвори, чин кој изнедри една ултра-зависна пратеничка група во македонското собрание. Очигледно, доделувачите на „престижната“ награда која се доделува и во мошне сомнителен тајминг, на повеќе од 20 месеци по потпишувањето овековечено со размена на вратоврски, не ги интересира ставот на Македонците кои рекоа едно силно НЕ на 30-ти септември 2018-та година, па 16 месеци по него доделија награда која „случајно“ или не треба некому да даде ветер во едра. Секако, доколку не постоеше тотално резигнираниот однос на македoнската јавност и некој пројавеше интерес кон веста за оваа небулозна награда. Основниот проблем на оваа „награда“ е што таа е за мир?! Објаснувањето е дека истата придонела за стабилизација на Балканот, небаре ги смири Косово и Србија или ставила крај на некогашната војна во Босна. Како прво прашање се поставува она дали некогаш и некаде некој поставил прашање за некаква си можност за каква и да е војна или барем какви било воени тензии меѓу земјата која пред година и половина се викаше Македонија (а така ќе се вика засекогаш за над 80% од Македонците) и нејзиниот јужен сосед Грција? Поверојатно, Грците „стравуваа“, т.е. посакуваа посилен „напад“ врз нивните плажи на Халкидики од македонските туристи кои секоја година оставаат десетици милиони евра во грчките џебови. Уште поголем проблем е што оваа „награда за мир“ се дава за најголемиот немир и неспокој кој некој некогаш го внел во душата на Македонецот во последните децении на постоењето на државата. Преспанскиот договор стана синоним за непотребна и насилна алатка која внесе најголеми поделби во државата од нејзиното постоење и повеќе, договор кој макеоднското национално ткиво го поддели на патриоти и т.н. северџани, како што првите погрдно ги нарекуваат оние кои го прифатија новото, наметнато име на државата. Контра нив, јуришниците на т.н. северџани, почитувачите на името Република Македонија ги нарекоа македонџани. Раслојувањето на националното ткиво зазема алармантни размери, а северната придавка секојдневно прави уште поголем и се’ поголем процеп меѓу народот, токму поради овој договор кој отвори многу непотребни прашања, а кој сега Вестфалија ќе го овековечи со награда за мир?! Како еден договор кој треба на престижните универзитети да се изучува како пример како и по која цена не треба да се прави меѓудржавен договор, стана причина за доделување награда за мир, макар од Вестфалија? Тоа ќе го толкуваат странските и домашните правници во следните години. Нашите правници, пак, одамна си го кажаа своето. Барем оние кои не се неколкумината на платниот список на СДСМ. Проблемот е што во Македонија никој веќе не ги слуша познавачите на правото, а последен пример за тоа беше и контраверзниот Закон за ЈО, наречен Зокиев Законик. Вистината, формално-правна, де факто и де јуре и како и да сакате да кажете е дека во светот не постоел ниту постои договор, бил или не меѓународен, кој не може да се поништи. Настојувањата и тврдењата на една владејачка каста на заминување за неиреверзибилност на процесот ги оценуваат како класична демагогија за ширење на рамнодушност и апатија. Реалноста е дека, особено во правото владее прагмата „панта реи“, односно, се’ тече и се’ се менува, особено кога правдата е на ваша страна. Во јавноста одамна „виси“ и сознанието дека по примерот на „меЏународната“ канонада на дузина посети пред Референдумот, кој и покрај тоа беше неуспешен за Заев и СДСМ па мораа насила и патетично да го прогласат за „успешен“, пред овие избори кои се ден „Д“ за Македонија каква што ја знаеме, ќе има и нов, но не толку силен наплив на „поддршка“ за  партијата и нејзиниот назјивикан експонент, кој премина преку националните интереси и светии за да „реши“ проблем кој сега е реално поголем од она што беше пред три години. Партијата која му кумуваше на правниот Франкенштајн од Преспа, се правда дека со ова  обезбедила членство во НАТО, кое никому не му беше ни спорно освен на Грција и која не блокираше уште во 2008-та кога требаше да станеме полноправна членка. За ова вето имаме и пресуда од Меѓународниот суд во Хаг, кој сега може да послужи само како изветвен доказ за првата дипломатска победа на Македонија, која поради СДСМ сега е само Пирова победа. За потсетување, Македонија и како „нечленка“ беше 6-та држава во НАТО според учеството на војската и бројот на жители. Очигледно, на Вестфалија не и е битно што Ципрас и Заев се поранешни премиери, а според анкетите и расположението на народот во двете земји, веројатно ќе останат такви и во „далечна“ иднина. Казната на народот која следува и во Македонија, најверојатно, ќе ја извртуваат и правдаат со нивната наводна  „жртва“ на кариерите, која Заев немаше ни да ја има по поразот во 2016-та доколку некој не реши дека тој е совршена алатка во процесот на промена на името. Совршен избор на лик кој нема многу да прашува што треба да стори, а за возврат ќе биде премиер и уште поважно за него, амнестиран за стореното во „Пуч“ и во „Поткуп“ каде целата јавност слушна како Заев бара поткуп од струмичкиот бизнисмен. Незасегнати од националните губитоци на македонските граѓани, помал дел странците и натаму ќе го фалат оној кој се дрзна без поддршка на мнозинството да смени име, Устав и преамбула. Проблемот за актуелната гарнитура е што соочени со нивната тотална неспособност, особено покажана на полето на економијата и јасно презентирана на полето на правдата (дел од носечките параметри за една функционална демократија која сега е во состојба на хибриден режим) СДСМ загуби многу од поранешните поддржувачи, кои се свесни дека не можат да поддржат ваква нефункционална, хибридна констелација. На страна, проблемот лежи и во фактот што она што требаше да се стори на планот на името, социјалдемократите го сторија (сторија и повеќе отколку што треба со таблите, регистрациите и имињата на институциите), така што нивното присуство во власта веќе е непотребно, целта е остварена, а натамошната судбина на името кое може и да се врати во вистинската, првобитна форма за две месеца нема ни да биде од интерес на засегнатиот дел од меѓународната заедница. И странскиот фактор е свесен дека станува збор за партија која од една страна има полна уста со ЕУ и НАТО, а од друга кон правото и политичките противници се однесува како башибозук на подарен пашалак. Најголемиот проблем за СДСМ, сепак, е фактот што народот стана скептик и одамна отрпна на странски пораки и влијанија, кои во последно време се дури и контрапродуктивни за нарачателите од екс Бихаќка. Ова расположение особено се засили по лажните ветувања за датум за преговори од челници на ЕУ, а истиот тој датум беше морков во убедување на дел од македонските граѓани за да гласаат на Референдумот. За потсетување, придавката Северна и промена на името крајно небулозно и манипулаторски не беа ни спомнати на Референдумот, туку се гласаше за прифаќање на Преспанскиот договор за наводен влез во ЕУ и НАТО. Сега, основното прашање на социјалните мрежи е како испадна по сета шарада, перипетии и силување на правото, уставот и тормозење на државата, за истата таа „преспанска капитулација“, некој на Заев му доделува награда за мир ?! Кога, разбирливо, не ја доби Нобеловата за мир, која отсекогаш и беше само утопија и политичка патка за дигање рејтинг, граѓаните се шегуваа дека по сите негови дејанија во Македонија, на Заев треба да му се компензира и да му се даде Нобелова награда за криминал и рекет... Само за потсетување, Алфред Нобел, чија фондација ја доделува Нобеловата награда за мир го изуми динамитот. Поведени од оваа логика, тогаш зошто би било чудно лик кој внесе толку немир и неспокој да добие награда за мир?   Љупчо Цветановски  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-paradoksalen-start-na-predizborni-megjunarodni-meshanja-nagrada-za-mir-za-dogovor-koj-vnese-tolku-mnogu-nemir-i-nespokoj/feed/ 0
Димовски: Не Мизрахи, цела Влада на СДСМ го прекрши Преспанскиот во полза на Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-ne-mizrahi-cela-vlada-na-sdsm-go-prekrshi-prespanskiot-vo-polza-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-ne-mizrahi-cela-vlada-na-sdsm-go-prekrshi-prespanskiot-vo-polza-na-grcija/#respond Fri, 14 Feb 2020 21:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=304229

Не Рашела Мизрахи, СДСМ и цела Влада го прекршија Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во очи на гласањето за разрешувањето на министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи која наводно го прекршила договорот со Грција. Димовски го прочита и членот од Преспанскиот договор со кој се уредува кога македонската држава за внатрешна употреба треба да го користи новото име на државата. -Предлагам првата точка да се симне од ред. Ќе образложам зошто. Затоа што госпоѓата Рашела Мизрахи го нема прекршено Преспанскиот договор и го нема прекршено уставот на РМ. Напротив господинот Оливер Спасовски и минситрите од СДСМ го имаат прекршено Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција. Ќе ви прочитам зошто. Член 10 точка Б вели, „политичкиот преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали“ како таблата во министерството „кои се исклучиво за внатрешна употреба на втората страна“, како таблата на министерството „издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1 став 3 ќе започне при отварање на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од 5 години од тогаш“. Кога ќе се отвори поглавјето со Европската Унија. Поглавјето за труд и социјална политика не е отворено. Не отворено ни поглавјето за внатрешни работи, но вие господине Спшасовски сте го прекршилче Преспанскиот договор во полза на Грција. МВР за документите кои што ги издава за граѓаните на Република Македонија го прекршило Преспанскито договор во полза на Грција. Она „Северномакедонска кујна“ кое го стави министерството за земјоделие е прекршување на преспанскиот договор во полза на Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-ne-mizrahi-cela-vlada-na-sdsm-go-prekrshi-prespanskiot-vo-polza-na-grcija/feed/ 0
Мицкоски: Не може да ни забраните да се бориме за исправање на неправдата со Преспанскиот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-moze-da-ni-zabranite-da-se-borime-za-ispravanje-na-nepravdata-so-prespanskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-moze-da-ni-zabranite-da-se-borime-za-ispravanje-na-nepravdata-so-prespanskiot-dogovor/#respond Wed, 05 Feb 2020 19:17:37 +0000 https://kurir.mk/?p=299816

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма телевизија, а во врска со Преспанскиот договор истакна дека не е демократски да се забранува да се бориме за исправање на неправдата којашто ни е нанесена. -Не е демократски и не е во духот на вредностите да им забраните на луѓето да се борат, да ја исправат неправдата којашто тие мислат дека им е ненесена, вели Мицкоски. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ стотина пати го повторил истото, кажано е дека не треба да се дозволи ниту политичарите или било кој друг да ја игнорира реалноста, но тоа не значи дека треба да им забранува на граѓаните да се борат и со тоа да ја исправат таа неправда со договорот од Преспа. -Ако кажам дека ќе ја игнорираме, нема да бидам искрен спрема вас и спрема граѓаните. Таа реалност никој не ја игнорира, но ние ќе се бориме да ја исправиме таа реалност. Ние како политичари сме луѓе коишто ќе се борат да ја исправат таа неправда, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-moze-da-ni-zabranite-da-se-borime-za-ispravanje-na-nepravdata-so-prespanskiot-dogovor/feed/ 0
По Заев и Локвенец ги „плаши“ граѓаните со враќање на уставното име Република Македонија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-zaev-i-lokvenec-gi-plashi-gragjanite-so-vrakjanje-na-ustavnoto-ime-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-zaev-i-lokvenec-gi-plashi-gragjanite-so-vrakjanje-na-ustavnoto-ime-republika-makedonija/#respond Wed, 22 Jan 2020 13:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=293225

И Хари Локвенец, пратеник на СДСМ, се вклучи во новата шема на партијата во која граѓаните на Македонија се „плашат“ со враќање на уставното име Република Македонија и поништување на Преспанскиот договор. Најпрвин со партиски утрински соопштенија, па со специјален прес на лидерот Заев, СДСМ откри што ќе биде основата на нивната кампања на претстојните предвремени парламентарни избори. Пи-ар статезите се согласуваат дека двете нишки на кои ќе се базира кампањата на владејачката партија ќе бидат враќањето на „режимот“ и „плашење“ со враќање на уставното име преку поништување на Преспанскиот договор. Денеска Локвенец изјави: „ВМРО-ДПМНЕ на македонските граѓани не им нуди ништо ново, освен познатите погубни политики со кои сака да ја врати државата со децении назад. Најавите дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа директно го загрозува нашето понатамошно и полноправно членство во НАТО, како и нашата интеграција во ЕУ.“ Инаку, на последниот Самит на ЕУ, Унијата потврди дека промената на името никогаш и не била услов за Македонија, а недобивањето на датумот го оправда со вистината за неизвршените реформи од Заевата Влада и со реформите во сопствениот систем на проширување, за што вината се насочи кон Макрон. СДСМ, пак, ги злоупотреби емоциите на граѓаните и при референдумското прашање во 2018-та, кога наместо за промена на името праша дали граѓаните се за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, против кој се изјаснија 65% од граѓаните. И покрај сите подметнувања, Референдумот беше неуспешен за владејачката гарнитура, но и покрај тоа тие насила, без почит кон ставот на народот, го протуркаа договорот и промената наимето и Уставот, сето тоа пропратено со закани, уцени и амнестии на пратеници од опозицијата за добивање на потребното 2/3 мнозинство во Парламентот. Сега, гласот за нив партијата на власт ќе го претставува како глас за ЕУ, а никогаш нема да ја споменат цената која државата и граѓанита ја платија за наводното одмрзнување на процесот на евроинтеграции кој реално тапка во место и не е мрднат од статус-кво. Оптимистичките прогнози на тинк-тенк организациите од Унијата за влез на Македонија во ЕУ се движат во рамките на 15 до 20 години. НАТО е веќе завршена работа, но и овде СДСМ нема никогаш да спомне огромната и непотребно платена цена, имајќи предвид дека Македонија беше и онака неформална членка на НАТО, а во 2008-та не станавме членки само поради „пријателска“ Грција, која не блокираше, а за тоа добивме и пресуда од судот во Хаг. Пи-ар стартезите посочуваат дека и натаму СДСМ ќе тера анти-кампања против опозицијата темелена на измислени, апстрактни именки како РЕЖИМ, фраза со помош на која ламентираа и правеа фама 11 години како опозиција, но и покрај тоа не победија на изборите во 2016-та година. На помош, сега партијата ги има и судовите и обвинителството, кои ќе даваат ветер во едра и преку процесите на СЈО, целосно обезвреднето како институција по Рекет, и оние за 27 април - средства од судско-владејачката спрега преку ќе ги враќаат реминисценциите за наводниот режим во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Познавачите на состојбите потенцираат дека СДСМ вака атакува кон немакедонското гласачко тело, конкретно кон Албанците, свесни дека македонското гласачко тело се повеќе се оддалечува од партијата, која самата е виновна за ова преку антинационалните дејствија во изминатите три години, поврзани со името, законот за двојазичност и договорите со Грција и Бугарија. Најавуваат и очекуван силен контраефект кај Македонците од кампањата на СДСМ со „плашење“ со враќањето на уставното име во комбинација со уништената економија и криминогената обоеност со редица рекети, тендери и дузина афери на актуелната влада од екс Бихаќка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-zaev-i-lokvenec-gi-plashi-gragjanite-so-vrakjanje-na-ustavnoto-ime-republika-makedonija/feed/ 0