Преспански јаболкобер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Sep 2018 12:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Преспански јаболкобер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе се берат јаболките и ќе се слуша „Црвена јабука“: Почнува манифестацијата во Ресен https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kje-se-berat-jabolkite-i-kje-se-slusha-crvena-jabuka-pochnuva-manifestacijata-vo-resen/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kje-se-berat-jabolkite-i-kje-se-slusha-crvena-jabuka-pochnuva-manifestacijata-vo-resen/#respond Wed, 19 Sep 2018 12:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=103120

Традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ ќе се одржи од 25 до 28 септември во Ресен, а со симболично откинување на првото јаболко на Крстовден официјално ќе почне и бербата на преспанското јаболко. Манифестацијата ќе почне со вечер посветена на ресенчани насловена „Тринаесет песни за тринаесет Величествени“, а следниот ден во Домот на културата „Драги Тозија“ ќе биде отворена изложба со дела од ликовната работилница „Преспански ликовни мотиви“. На градскиот плоштад „Цар Самоил“ настап ќе имаат културно-уметнички друштва од Ресен и Хрватска, а ќе настапи и групата „Фонтана“ од Битола. По откинувањето на првото јаболко на 27 септември, на верскиот празник Крстовден, на градскиот плоштад ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Си – до“ и групата „Охридска чалгија“, ќе се одржи ликовна работилница „Јаболко на хартија“, како и саем на земјоделска механизација и трибина „Предизвици и придобивки од ЕУ ориентирано земјоделство“. Вечерната забава ќе им биде препуштена на „Бени и Нон стоп“ и „Црвена јабука“. Според програмата, на 28 септември на Градскиот стадион во Ресен ќе се одигра меморијален фудбалски турнир „Благоја Котларовски-Баги“, а во спортската сала „Зоран Стојановски“ меморијален ракометен турнир „Зоран Стојановски“, во вечерниот дел преспанци и гостите ќе ги забавуваат „Екстраваганза“ и „Слаткаристика“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kje-se-berat-jabolkite-i-kje-se-slusha-crvena-jabuka-pochnuva-manifestacijata-vo-resen/feed/ 0