преспански регион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 13:06:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преспански регион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овоштарите од преспанскиот регион и оваа година имаат проблем со пласманот, власта им ја нема исплатено помошта од 3 денари по килограм од лани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespanskiot-region-i-ovaa-godina-imaat-problem-so-plasmanot-vlasta-im-ja-nema-isplateno-pomoshta-od-3-denari-po-kilogram-od-lani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespanskiot-region-i-ovaa-godina-imaat-problem-so-plasmanot-vlasta-im-ja-nema-isplateno-pomoshta-od-3-denari-po-kilogram-od-lani/#respond Sat, 26 Nov 2022 13:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=766872

Денеска сум на средба со овоштарите од преспанскиот регион, разговаравме за актуелната состојба на откупот и пласманот на конзумното и индустриското јаболко од овој регион. Она што можам да го потенцирам и сакам да ја информирам јавноста е дека овоштарите упатија сериозна критика до актуелната власт за повеќе проблеми кои се наталожени од изминативе години од лошите и погрешни политики кои што ги применува власта. А тоа е дека се уште овоштарите од преспанскиот регион ги чекаат оние дополнителни 3 денари од минатата година коишто требаше да власта преку интеревентниот фонд да им ги исплати бидејќи имаа лоша откупна сезона, стои во Фејсбук објавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека сме 2022 година, тече новата реколта, а тие 3 денари се уште не се исплатени. - Исто така потенцираат дека повратот на 2% спрема земјоделците веќе трета година по ред власта го нема направено. Потенцираат дека и оваа година се соочуваат со сериозен проблем околу пласманот јаболкото. Тоа значи дека оние минимални количини кои се откупуваат индустриско јаболко се по мизерни 3 до 3,5 денари по килограм, додека конзумното се откупува за некои 8 до 9 денари за килограм. Меѓутоа кога ќе се одбие она што оди како индустрија испаѓа дека цената е далеку под производната а тоа значи дека ќе имаме уште една тешка година за овоштарите од овој регион, односно ќе имаат проблеми во егзистенцијата за наредната зима која што ќе биде од економски тежок карактер, појасни Трипуновски. Тој упати порака до власта да барем оваа последна година од своето владение се одважи и им помогне на овоштарите од овој регион затоа што овие луѓе немаат друга егзистенција освен пласманот и продажбата на јаболкото кое го произведуваат како и да ги доисплати сите субвенции кои ги има обврска да ги исплати и сите мерки кои ги заслужуваат да ги добијат во текот на наредниве месец дена до затворање на буџетот и нормално ако не е способна на пролет да се оди на предвремени парламентарни избори затоа што како што вели тој, ВМРО-ДПМНЕ има план и концепт како да помогне и на овоштарите и на сите земјоделци во Македонија кои заслужуваат достоинствен живот преку загарантиран пласман на својот род. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespanskiot-region-i-ovaa-godina-imaat-problem-so-plasmanot-vlasta-im-ja-nema-isplateno-pomoshta-od-3-denari-po-kilogram-od-lani/feed/ 0
50 сантиметри снег во Преспанскиот регион: Снежната покривка добредојдена за овошките и езерото https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/50-santimetri-sneg-vo-prespanskiot-region-sneznata-pokrivka-dobredojdena-za-ovoshkite-i-ezeroto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/50-santimetri-sneg-vo-prespanskiot-region-sneznata-pokrivka-dobredojdena-za-ovoshkite-i-ezeroto/#respond Mon, 22 Mar 2021 11:13:22 +0000 https://kurir.mk/?p=486050

Снежните врнежи што го зафатија Преспанскиот регион направија прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе села, но позитивно ќе влијаат врз овошните насади, како и за хидролошката состојба на Преспанското Езеро. Сите патишта и приоритетните улици, како што информира градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, се исчистени и проодни. – Силните врнежи од снег направија прекини во снабдувањето со електрична енергија на потегот од Претор до Долно Дупени и кон Стење. Три екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот и што побрзо приклучување во системот со електрично напојување. Во овој момент, нема поголем дефект, но, поради лошите временски услови, често доаѓа до прекини на електричната мрежа, изјави Гошаревски за МИА. Службата за зимско одржување при Општина Ресен, нагласи тој, цела ноќ е на терен и континуирано работи на расчистување на снежната покривка, која изнесува околу 50 сантиметри. – Пролетниот снег, кој непрекинато врне од вчера, нема да им наштети на овошките, напротив ќе влијае позитивно, а добредојден е и за подобрување на хидролошката состојба на Преспанското Езеро, нагласи Гошаревски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/50-santimetri-sneg-vo-prespanskiot-region-sneznata-pokrivka-dobredojdena-za-ovoshkite-i-ezeroto/feed/ 0