преспанско езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 08:53:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png преспанско езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Намален водостојот на Дојранското и на Преспанското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-dojranskoto-i-na-prespanskoto-ezero-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-dojranskoto-i-na-prespanskoto-ezero-2/#respond Mon, 09 Oct 2023 08:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=886802

За два сантиметра е намелен водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е на 14 сантиметри под апсолутно појавениот минимум и е за 1,9 метри понизок од просекот за октомври. Пониско од просечното и тоа за шест сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 1,74 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Нивоата, пак, на реките во земјава најчесто се исти како вчера или имаат благо зголемување или намалување. Најголемо зголемување на водостојот од 11 сантиметри во споредба со вчера има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а најголемо намалување од 10 сантиметри има Црн Дрим кај Ложани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-dojranskoto-i-na-prespanskoto-ezero-2/feed/ 0
Акција за чистење на плажите на Преспанско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktsija-za-chistene-na-plazhite-na-prespansko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktsija-za-chistene-na-plazhite-na-prespansko-ezero/#respond Sun, 17 Sep 2023 14:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=878811

На плажата Сливница на Преспанско Езеро денеска почна акција за чистење на езерските плажи, со што Делегацијата на ЕУ во земјава и Општина Ресен се вклучија во глобалното чистење на плажите на морски и езерски води, што се врши секоја трета недела во септември. Според Бен Нупнау, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје, најголемото загадување на плажите е загадување од пластика и затоа треба да се зголемува јавната свест, но и да се зголеми грижата на владата за оваа состојба. -Делегација на ЕУ првпат организира еколошка акција од ваков тип на Преспанско Езеро, затоа што сме загрижени за ситуацијата на преспанскиот брег и плажи. Природата е прекрасна, но видливо е и загадувањето на плажите. Нашата цел е да се чистат езерските води и тоа секогаш се прави во третата недела од месец септември. За жал, најголемото загадување на водите, е загадување од пластика и тоа мора да се спречи. Владите треба да преземат обврска за заштита на водите на езерата и да се развива свесност кај луѓето, истакна Нупнау. Акцијата за чистење на плажите на Преспанско Езеро е мотивирана од млади европски амбасадори „We Balkans“ кои во Преспа доаѓаат и претставуваат повеќе држави од Западен Балкан. -Преспанското Езеро е еден од најголемите национални симболи на Македонија и јавно се заблагодарувам на Делегацијата на ЕУ што поддржа ваков проект кој е еден од бројните проекти поврзани со заштита на животната средина во Преспа. Се надевам дека денешната акција за зачувување на животната средина освен кај локалното население, позитивно ќе се рефлектира и кај посетителите, туристите. Автентичноста на Преспа и природата во Преспа заеднички треба да ја чуваме, порача градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Акцијата за чистење на плажите на Преспанско Езеро се одржа во рамки на кампањата „EUBeachCleanUp“ организирана од Европската Комисија со EEAS и Обединетите нации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktsija-za-chistene-na-plazhite-na-prespansko-ezero/feed/ 0
НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasa-prespanskoto-ezero-od-1984-do-2020-zagubi-sedum-otsto-od-povrshinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasa-prespanskoto-ezero-od-1984-do-2020-zagubi-sedum-otsto-od-povrshinata/#respond Thu, 14 Sep 2023 09:50:52 +0000 https://kurir.mk/?p=877959

Преспанското Езеро, кое се протега од околу 260 квадратни километри, што е повеќе од двојно од територијата на Париз, изгуби седум отсто од својата површина и половина од својот волумен во периодот од 1984 до 2020 година, објави денеска „Еурактив“, повикувајќи се на извештај на НАСА. Посочувајќи дека повеќе од две третини од езерото и припаѓа на земјава, а остатокот на Грција и Албанија, порталот наведува дека станува збор за едно од најстарите езера во Европа, старо пет милиони години, кое е дом на повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија. Локалниот рибар Ванчо Василевски за „Еурактив“ вели дека неговото кајче често се насукува, додавајќи дека само во последните два-три месеци нивото на водата опаднало за 36 сантиметри, а во последните денови „веројатно за уште два-три сантиметри“. - Ќе се намали повеќе. Нема дожд, нема зима, нема снег, нема реки. Само една река влегува во езерото... Ова е катастрофа, природна катастрофа, додава Василевски. Во текстот се наведува дека водата во Преспанското Езеро сега е за повеќе од осум метри под нивото од доцните 70-ти години на минатиот век, при што се додава дека Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) предупредила оти некои видови на диви животни во езерото се изложени на ризик од исчезнување, поради „уништување на нивното живеалиште преку штетни земјоделски практики, ерозија и испуштање непречистен отпад и отпадни води“. - Секој пад на нивото на водата може да влијае и на многу поголемото Охридско Езеро, кое е на само 10 километри од Преспа и кое црпи околу една третина од својата вода од Преспанското Езеро. Екологистите велат дека недостигот на дожд, испарувањето и прекумерната употреба на водата за наводнување од сите три земји се главните причини за нејзината загуба, се додава во текстот. Биологот Драган Арсовски од Македонско геолошко друштво за порталот вели дека нивото на езерото растело и опаѓало низ вековите и природата преживеала, но денес луѓето не успеваат да се прилагодат и да преземат акција. - Има некои работи кога станува збор за глобалните климатски промени кои едноставно не можеме да ги промениме и треба да се прилагодиме на она што доаѓа. Некои работи можеби можеме да ги промениме, како што се нашите секојдневни навики, изјавува Арсовски. Дополнително закана за ендемските видови во Езерото претставува и употребата на пестициди од страна на овоштарите, кои преку земјата одат во подземните води, а од таму и во Преспанското Езеро и насекаде, се додава во текстот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasa-prespanskoto-ezero-od-1984-do-2020-zagubi-sedum-otsto-od-povrshinata/feed/ 0
Намален водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-i-na-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-i-na-ohridskoto-ezero/#respond Tue, 05 Sep 2023 08:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=874698

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското, а за два на Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера. Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,8 метри понизок од просечниот и е на само два сантиметра до апсолутно измерениот минимален водостој забележан на 15 ноември  2022 година. Нивоата, пак, на Охридското и на Дојранското езеро се повисоки од просекот за овој период од годината и тоа за седум сантиметри кај Охридското и за 1,88 метри кај Дојранското Езеро. Водостоите на реките во земјава најчесто се минимално намалени во споредба со вчера. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-i-na-ohridskoto-ezero/feed/ 0
На брегот на Преспанското Езеро воздушна бања за респираторно болните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-bregot-na-prespanskoto-ezero-vozdushna-bana-za-respiratorno-bolnite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-bregot-na-prespanskoto-ezero-vozdushna-bana-za-respiratorno-bolnite/#respond Tue, 29 Aug 2023 05:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=871883

Во прегратките на планината Галичица, долж западниот брег на Преспанското крајбрежје, во густа борова шума сместена е Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања Отешево. Повеќе од 40 години, илјадници пациенти со респираторни нарушувања уживале во благопријатната клима, каде се вкрстуваат ветровите од Јадранско, Јонско и Средоземно море, но и да го вдишат благопријатното присуство на радон, кој има позитивен ефект врз здравјето на пациентите. Благопријатноста, во оваа, како што многумина ја нарекуваат воздушна бања, се чувствува уште во првиот здив. Воздухот е посебен, поразличен, за момент се чуствувате како да сте на некој посебен дел од земјата, во некој рај за дишење. Но, покрај местоположбата, пријатната клима и убавата природа, таму ќе ве пречека стручен медицински тим со насмевка, убав збор и пружена нега. Во пространиот двор меѓу боровите се издигаат три згради, ресторан за храна на хоспитализираните, еден објект е за физикална медицина и рехабилитација, а другиот е за пулмонална рехабилитација. Капацитетот на двата оддели е 72 легла, но поради реновирањето на едната зграда, овој период работат со помалку хоспитализирани. Со насмевка не пречека Биле, портпаролка во Болницата и за миг поуживаме под боровите во магијата околу нас, зачинета со информации околу работата. За лекување и рехабилитација на пациентите се грижи тим од осум лекари меѓу кои пулмолог, физијатар и интернисти, како и физиотерапевти, медицински сестри и помошен персонал. Располага со комплетно опремени интернистички оддел, оддел за физикална терапија и лабораторија. Се прават алерготестови, спирометрија, бронхопровокации, гасни анализи... Основана од доктор Арсе, мисијата за осовременување ја продолжува неговата снаа Основана од доктор Арсе Гошаревски во далечната 1980 година, изградена на внимателно избрана локација на средна надморска височина без големи варијации во температурата и без никакви аерозагадувачи во близина, меѓу два национални парка Галичица и Пелистер и покрај самиот езерски брег. Местоположбата е неслучајно избрана. Напротив, по подолги истражувања, доктор Гошаревски со тим експерти на ниво на поранешна Југославија подолг период истражувале и геоклиматскиот фактор најмногу пресудил за институцијата да е токму тука на тоа место. Доктор Гошаревски бил на чело на Болницата до 2000 година и ја сметал за негов втор дом. Аманетот од доктор Арсе денеска го продолжува неговата снаа, Билјана Гошаревска. Во исполнување на мисијата почната од нејзиниот свекор, Биле, која е портпарол во Болницата, со својата посветеност максимално помага во подобрувањето на условите како на пациентите, така и на вработените. Со својот ентузијазам, Гошаревска неуморно работи на имплеметација на проектите. Еден од нив е реконструкција на главната зграда во која е сместен одделот за рехабилитација. Но, тука не застанува, размислува како да ги подобри условите и во другата зграда, а постојано е во комуникација и со донатори од земјава и странство со тенденција Специјалната болница да ја направи светски центар. Вежбите за дишење главни за рехабилитацијата на пациентите Во Специјалната болница, како што ни појасни директорката, доктор Александра Пили, пациентите може да дојдат на еднодневен преглед и на рехабилитација од седум, 10 или 21 ден. - Кога ќе дојдат кај нас, на пациентите најпрво им се прави преглед, лабораториски испитувања и комплетна дијагностика. Доколку во текот на лекувањето се појави потреба се прават и алерголошки тестирања. Се вклучува соодветна терапија согласно резултатите, вели Пили. Во рамки на рехабилитацијата, пациентите еднаш дневно, односно претпладне прават вежби за дишење, пешачат по патеките, ги уживаат благодетите што природата ги втемелила, тука на ова место наречено рај за хронично болните. Потешко болните добиваат и кислородна поддршка и инхалации, според потребите. - Вежбите за дишење, долгите утрински прошетки покрај езерскиот брег, инхалациите... даваат голем резултат во лекувањето и рехабилитацијата кај болните. По завршување на претстојот на рехабилитација, пациентот добива соодвенти совети и терапија што е потребна за негобото натамошно лекување, додава директорката. Во соработка со Клиниката за пулмологија и алергологија од јуни до октомври, секоја сабота доаѓаат професори на главна визита, пред кои се презентира состојбата на потешките пациенти. Доколку процени професорот, ја менува терапијата, а ги земаат и на дополнителни испитувања на Клиника. За успехот на болницата говорат позитивните приказни на пациентите За една институција да може одлично да функционира потребна е тимска работа, што во Специјализираната болница во Отешево е беспрекорна. Сведок за тоа се позитивните лица на вработените, но и насмевката и бојата на гласот со која разговараат со пациентите. За успехот на Болницата, пак, зборуваат илјадниците оздравени и рехабилитирани пациенти и нивните семејства. - Познати сме од благодарноста на пациентите низ цела Македонија. Имаме пациенти што доаѓаат по 25-30 години и велат дека Болницата ги вратила во живот, нагласува Пили, посочувајќи пример со пациент кој дошол во многу лоша состојба со дубак и помош од сопругата, но по лекувањето и рехабилитацијата се вратил исправен. Покрај пациенти од поранешна Југославија, во минатото тука се рехабилитирале и рудари, спортисти, а доаѓале и студенти за едукација. Интересот и сега е голем, покрај пациенти од цела држава имало побарувања и од соседството: од Албанија, Србија и Грција. - Нашиот успех се гледа преку благодарноста на болните, кои по рехабилитацијата се вратиле во нормален живот, на работа и во секојдневните обврски со намалени или надминати респираторни проблеми, нагласува Гошаревска. Во оваа установа се праќаат и пациентите со тешки последици по прележан Ковид 19, каде им се пружа соодветна пулмонална рехабилитација со физикална терапија, по што голем дел ги надминале симптомите на замор, отежнато дишење, малаксаност, односно го подобриле квалитетот на живот. Пациентите презадоволни, се враќаат дома здрави и со нови пријателства Претстојот во Специјалната болница за Отешево покрај за рехабилитација придонесува и за многу нови пријателства. Тоа го потврдија и скопјанките Цветанка Лазарова и Есма Биеф, чие пријателство било обновено по средбата тука. Двете се презадоволни од третманот и услугата што ја добиваат од лекарите и останатиот медицински персонал, за што им се многу благодарни. Цветанка или како што сите ја викаат Цеце, боледува од астма и веќе шест години доаѓа на рехабилитација во Отешево по препорака на нејзината лекарка. - Презадоволна сум од целокупниот третман од 21 ден. Од рехабилитацијата се чувствувам многу подобро, состојбата ми се подобрува за 90 проценти, вели Цеце. Задоволство од претстојот искажа и Есма, која исто така доаѓа шеста година по ред, по препорака на лекар од Клиниката за пулмологија и алергологија. - Имам доста подобрување, покрај вежбите за дишење правам и физикални третмани, а по завршување на рехабилитацијата добиваме насоки како да се однесуваме понатаму, вели Есма, нагласувајќи дека во животот нема сретнато подобар медицински тим за работа. Покрај редовниот годишен буџет што установата го добива од Министерството за здравство, секојдневно пристигнуваат донации од добронамерници, кои придонесуваат кон подобрување на условите за лекување и работа. Долгогодишните пријатели, холандската фондација „Воздух за Преспа“ несебично секоја година, па и повеќе пати годишно донира лекови, потребна апаратура и инвентар во Болницата. Оваа фондација формирана од Кес и Јохана Барс, пријатели на семејството Гошаревски, воодушевени од убавините на Преспа и бенефитите кои ги пружа Специјалната болница во Отешево, ја формирале фондацијата со цел да помагаат. Тоа неуморно го прават повеќе од 30 години. Во над 30 донации, досега меѓу другото имаат доставено медицинско возило, бронходилататори, спрејинхалатори и разна терапија потребна за лекување на пулмолошко болните. Неодамна пристигна донација од болнички инвентар и медицинска апаратура од Letzcare a.s.b.l од Луксембург, како и ацидобазен анализатор ABL9 од светски реномираниот производител Radiometer од компанијата Фармахем. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-bregot-na-prespanskoto-ezero-vozdushna-bana-za-respiratorno-bolnite/feed/ 0
Намален водостојот на Преспанското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero-8/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero-8/#respond Fri, 25 Aug 2023 09:05:31 +0000 https://kurir.mk/?p=870799

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), само водостојот на Охридското Езеро е повисок од просекот за август и тоа за еден сантиметар. Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 1,92 метра пониско од просечното, а на Дојранското за 1,3 метри. Најголемо намалување на водостојот кај реките во споредба со вчера имаат Струмица на мерното место кај Ново Село, каде нивото е намалено за 21 сантиметар, и Вардар кај Јегуновце со намалување од 20 сантиметри. Водостојот во споредба со вчера најмногу, пак, е зголемен кај Црна Река на мерното место кај Р.Б. Мост и тоа за пет сантиметри и кај Вардар во Скопје, каде зголемувањето е четири сантиметри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero-8/feed/ 0
Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-prespanskoto-ezero-ponisko-za-eden-santimetar-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-prespanskoto-ezero-ponisko-za-eden-santimetar-3/#respond Wed, 23 Aug 2023 08:29:27 +0000 https://kurir.mk/?p=869906

Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења. Како што информира УХМР, водостоите на сите три езера се пониски од августовскиот просек. И состојбата на реките е без поголеми промени. Не се измерени значителни отстапувања на водостоите во однос на вчерашниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-prespanskoto-ezero-ponisko-za-eden-santimetar-3/feed/ 0
Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-prespanskoto-ezero-ponisko-za-eden-santimetar-2/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-prespanskoto-ezero-ponisko-za-eden-santimetar-2/#respond Tue, 22 Aug 2023 08:15:52 +0000 https://kurir.mk/?p=869450

Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења. Како што информира УХМР, водостоите на сите три езера се пониски од августовскиот просек. И состојбата на реките е без поголеми промени. Не се измерени значителни отстапувања на водостоите во однос на вчерашниот ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-prespanskoto-ezero-ponisko-za-eden-santimetar-2/feed/ 0
Намален водостојот на Преспанското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero-7/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero-7/#respond Fri, 18 Aug 2023 08:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=868257

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од трите езера само водостојот на Охридското Езеро е повисок од просекот за август и тоа за само еден сантиметар. Нивото на Преспанското Езеро е за 1,85 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината, а на Дојранското Езеро, пак, е пониско за 1,26 метри. За разлика од езерата, водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки или се блиску до просекот за август. Најголеми отстапувања имаат реките Црн Дрим на мерното место кај Ложани и Брегалница кај Берово, каде нивото е речиси двојно пониско од просечното и Пчиња кај Катлановска Бања и Вардар кај Јегуновце каде нивото е скоро двојно повисоко од просечното.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero-7/feed/ 0
Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро за еден сантиметар пониски од вчера https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoata-na-ohridskoto-i-prespanskoto-ezero-za-eden-santimetar-poniski-od-vchera/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoata-na-ohridskoto-i-prespanskoto-ezero-za-eden-santimetar-poniski-od-vchera/#respond Mon, 14 Aug 2023 08:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=866437

Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се за еден сантиметар пониски од вчера, покажуваат денешните хидрометеоролошки мерења, додека нивото на Дојранското Езеро е без промени. Според УХМР, Охридското Езеро е нешто над августовскиот просек, а Преспанското и Дојранското се со подпросечни вредности за август. Кај водостоите на реките денеска нема поголеми отстапувања во однос на вчерашниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoata-na-ohridskoto-i-prespanskoto-ezero-za-eden-santimetar-poniski-od-vchera/feed/ 0