престој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 08:37:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png престој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија го заострува законот за престој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-zaostruva-zakonot-za-prestoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-zaostruva-zakonot-za-prestoj/#respond Thu, 26 Oct 2023 08:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=893269

Германската Влада планира да го интензивира протерувањето на лицата кои немаат право на престој во Германија, соопшти министерката за внатрешни работи Ненси Фесер по синоќешниот владин состанок во Берлин. - Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право на престој во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја, рече таа. Според неа, протерувањето на оние кои немаат право на престој во Германија е неопходно за да можат да ги исполнат обврските кон оние на кои навистина им е потребна хуманитарна помош и заштита. - Заострувањето на законот е неопходно за да можеме да продолжиме да ја исполнуваме нашата одговорност кон луѓето кои бараат заштита од терор и војни, како што е, на пример, случајот со над 1,1 милион бегалци од Украина, додаде министерката која е членка на социјалдемократите. Целта на предлог-законот, кој допрва треба да помине во собраниска процедура, е да се намалат моменталните отежнувачки околности кои стојат на патот за поефикасен процес на протерување од Германија. Така, притворот што и претходи на депортацијата би можел да трае 28 дена наместо досегашните 10. Дополнително, полицијата би можела да бара лица на списокот за депортација во засолништа за бегалци и да влегува во простории за сместување на други жители на прифатилиштата, а не само во оние за кои се трага. Протерувањето повеќе нема да се најавува, затоа што во минатото многумина се засолнуваа на непозната адреса пред протерувањето, а може да се прегледаат мобилни телефони и компјутери за да се потврди државјанството на лицето кое треба да биде протерано. Депортациите честопати не успеваат затоа што луѓето на кои не им е даден статус на бегалец или чие барање за азил е одбиено ги уништуваат нивните лични документи и одбиваат да дадат информации за нивното потекло, па властите не можат да одредат во која земја некој треба да биде протеран. Ќе бидат отстранети и законските пречки за да се овозможи побрза депортација на луѓето кои го прекршиле законот или лицата кои се сметаат за опасни поради нивната екстремистичка позадина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-zaostruva-zakonot-za-prestoj/feed/ 0
Албанец приведен во Тетово, еве што злоупотребил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/albanets-priveden-vo-tetovo-eve-shto-zloupotrebil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/albanets-priveden-vo-tetovo-eve-shto-zloupotrebil/#respond Fri, 24 Mar 2023 16:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=816103

На 23.03.2023 околу 13:20 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле И.С.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребил туристичкиот престој на подрачјето. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/albanets-priveden-vo-tetovo-eve-shto-zloupotrebil/feed/ 0
Зголемена цената за престој на дете во градинка во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemena-cenata-za-prestoj-na-dete-vo-gradinka-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemena-cenata-za-prestoj-na-dete-vo-gradinka-vo-kavadarci/#respond Mon, 14 Nov 2022 08:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=760068

Зголемена е цената за престој на дете во градинка во Кавадарци, се вели во известувањето објавено на веб-страницата на детската градинка „Рада Поцева“. – ЈОУДГ “Рада Поцева”- Кавадарци постапувајќи согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, број 08-6019/49 од 29.09.2022, известува дека, износот за надоместок на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите е зголемен и од сегашните 1.490 денари, ќе изнесува 2.000 денари. Сметките за октомври 2022 ќе бидат пресметани по гореспоменатата одлука, пишува во известувањето. Во известувањето од градинката се вели дека за децата што престојуваат во градинка, а се на самохрани родители, со еден жив родител, во целост има ослободување од плаќање на надоместок, за згрижување во градинката. Во правилникот за утврдување на цените, е запишано дека од надоместок за престој во градинка, се ослободуваат и деца од семејство примател на социјална помош, но и дете на самохран родител, во случај кога не е позната судбината на вториот родител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemena-cenata-za-prestoj-na-dete-vo-gradinka-vo-kavadarci/feed/ 0
Во Црна Гора одобрен им е престој на 13.500 Руси и 11 илјади Украинци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-odobren-im-e-prestoj-na-13-500-rusi-i-11-iljadi-ukrainci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-odobren-im-e-prestoj-na-13-500-rusi-i-11-iljadi-ukrainci/#respond Fri, 14 Oct 2022 08:34:04 +0000 https://kurir.mk/?p=745168

Привремен или постојан престој во Црна Гора им е одобрен на нешто повеќе од 13.500 руски државјани, додека истовремено во земјата има околу 11 илјади Украинци врз основа на привремена заштита или одобрен престој, покажуваат податоците на црногорското Министерството за внатрешни работи. Од почетокот на војната во Украина барање за престој во Црна Гора во времетраење до 90 дена побарале 112.755 граѓани на Русија и 50.614 Украинци. Министерството за внатрешни работи наведува дека од почетокот на војната во Украина на 24 февруари до 10 октомври годинава е регистриран влез во земјата на 119.619 државјани на Руската Федерација, од кои 103.406 биле регистрирани и на заминување. „За истиот период престој до 90 дена пријавиле 112.755 државјани на Руската Федерација“, соопшти црногорското МВР. Во моментов, 8.157 граѓани на Руската Федерација живеат во Црна Гора врз основа на одобрен привремен престој, од кои 4.269 врз основа на одобрен продолжен престој додека 1.146 Руси живеат во Црна Гора со одобрен постојан престој. За истиот период регистриран е влез на 73.558 државјани на Украина, додека на излез биле регистрирани 65.700 украински државјани. „За истиот период престој до 90 дена пријавиле 50.614 граѓани на Украина“, соопшти црногорското МВР. Во земјата моментално престојуваат 934 граѓани на Украина врз основа на одобрен привремен престој, 1.141 државјанин на Украина по продолжен привремен престој, како и 2.359 граѓани на Украина со одобрен постојан престој. „Барања за одобрување на привремена заштита поднеле 6.722 граѓани на Украина, од кои одобрени се 5.833 барања, додека 889 се во постапка“, покажуваат податоците на црногорското Министерство за внатрешни работи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-odobren-im-e-prestoj-na-13-500-rusi-i-11-iljadi-ukrainci/feed/ 0
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА НАШИНЦИТЕ КОИ САКААТ ДА ОСТАНАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Во иднина полесно од толериран до постојан престој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlichna-vest-za-nashincite-koi-sakaat-da-ostanat-vo-germanija-vo-idnina-polesno-od-toleriran-do-postojan-prestoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlichna-vest-za-nashincite-koi-sakaat-da-ostanat-vo-germanija-vo-idnina-polesno-od-toleriran-do-postojan-prestoj/#respond Tue, 07 Jun 2022 14:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=687931

Странците кои живеат во Германија пет и повеќе години врз основа на таканаречениот „дулдунг“ или толериран престој и кои се добро интегрирани во општеството, во иднина треба да добијат целосно уредено право на престој, најави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Предлог-законот со измени во регулатива треба да биде изготвен пред летните одмори, а во него, според Фезер, ќе има олеснувања за квалификуваната работна сила меѓу имигрантите. Истовремено, со него ќе биде полесно протерувањето на оние кои го изгубиле правото на престој. Германски „Шпигел“ објавува дека во земјата во моментов има повеќе од сто илјади лица кои пет или повеќе години живеат во Германија токму со толериран престој. Тие лица немаат регулиран статус на престој, па оттаму не можат да ги остварат сите свои права, поради што се планира да им се олесни патот до виза за престој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlichna-vest-za-nashincite-koi-sakaat-da-ostanat-vo-germanija-vo-idnina-polesno-od-toleriran-do-postojan-prestoj/feed/ 0
Престојот на Ѓоковиќ во Австралија „виси на конец“: Министерот за имиграција сè уште го разгледува укинувањето на виза https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prestojot-na-gjokovikj-vo-avstralija-visi-na-konec-ministerot-za-imigracija-se-ushte-go-razgleduva-ukinuvanjeto-na-viza/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prestojot-na-gjokovikj-vo-avstralija-visi-na-konec-ministerot-za-imigracija-se-ushte-go-razgleduva-ukinuvanjeto-na-viza/#respond Thu, 13 Jan 2022 08:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=618706

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок сè уште ја разгледува одлуката за статусот на визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон. Хок сè уште размислува за употреба на дискреционите овластувања да ја укине визата на 34-годишниот Србин, откако ги разгледал доказите обезбедени од адвокатите на Ѓоковиќ за ова прашање, изјави Морисон во Канбера. – Ова се лични министерски овластувања што може да ги спроведува министерот Хок и нема да давам дополнителни коментари во овој момент, рече Морисон во забелешките што ги објави австралиската новинска агенција ААП. Според ДПА, учеството на Ѓоковиќ на Австралија Опен следната недела останува нејасно во очекување на одлуката на Хок. Суд во Мелбурн во понеделникот го поништи откажувањето на визата на Ѓоковиќ минатата недела во однос на строгите правила за влез во Австралија поврзани со коронавирусот. Ѓоковиќ не е вакциниран. Кабинетот на Хок вчера соопшти дека дополнителните информации од адвокатите на Ѓоковиќ ја поместиле временската рамка за одлука. И австралиските медиуми јавуваат дека Хок денеска нема да донесе одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ. Извор од федералната влада потврдил дека Хок сè уште размислува за ова прашање и дека нема да донесе одлука вечерва по локално време, јавија весниците „Сиднеј Морнинг Хералд“ и „Ејџ“. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prestojot-na-gjokovikj-vo-avstralija-visi-na-konec-ministerot-za-imigracija-se-ushte-go-razgleduva-ukinuvanjeto-na-viza/feed/ 0
Канада ќе им додели престој на 90 илијади странски студенти и работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kanada-kje-im-dodeli-prestoj-na-90-ilijadi-stranski-studenti-i-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kanada-kje-im-dodeli-prestoj-na-90-ilijadi-stranski-studenti-i-rabotnici/#respond Thu, 15 Apr 2021 06:45:52 +0000 https://kurir.mk/?p=497422

Канада ќе им додели статус на постојан престој на 90.000 странски студенти и работници кои се на нејзина територија и кои, особено, помогнаа во лекувањето на болните за време на пандемијата. Тоа го објави канадскиот министер за имиграција Марко Мендичино. Програмата за доделување статус со постојан престој, која трае до 6 мај, е наменета за оние работници кои имаат најмалку едногодишен престој во Канада во здравството или друга професија за која се смета дека е од суштинско значење, како и за оние странски студенти кои примиле диплома за високо образование во последните четири години. Мерката ќе и овозможи на Канада да ја исполни својата цел за повеќе од 400.000 мигранти во 2021 година и да го надомести падот на бројот на лица примени минатата година поради пандемијата и затворањето на границите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kanada-kje-im-dodeli-prestoj-na-90-ilijadi-stranski-studenti-i-rabotnici/feed/ 0
Во Франција за 2020 забележан е драстичен пад на издавање визи, престој, азил, заштита и државјанства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-za-2020-zabelezan-e-drastichen-pad-na-izdavanje-vizi-prestoj-azil-zashtita-i-drzavjanstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-za-2020-zabelezan-e-drastichen-pad-na-izdavanje-vizi-prestoj-azil-zashtita-i-drzavjanstva/#respond Tue, 26 Jan 2021 11:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=460019

Во согласност со кодексот за добра пракса на европската статистика, Генералниот директорат за странци во Франција (ДГЕФ) на Министерството за внатрешни ја објави годишната статистика што спаѓа во рамките на миграцијата и меѓународната заштита. Од податоците се гледа дека пандемиската криза сериозно ги ограничи миграциските текови во 2020 година, погодени од отсуството на воздушни врски и затворањето на многу граници. Покрај тоа, голем број административни шалтери беа принудени да ја ограничат или прекинат својата активност за време на првото затворање, јави дописникот на МИА. Издавањето визи во 2020 година е драстично опаднато (- 79,8 отсто), со вкупно издадени 712.311 визи за влез и престој во Франција. Во нив, бројот на визи за краток престој за Шенген зоната падна уште повеќе (- 82,9 отсто) додека визите за долг престој доживеаја помал пад од 37,1 отсто. Кина од првото падна на четвртото место според бројот на издадени визи (зад Мароко, Русија и Алжир). Семејната имиграција, која се уште претставува најголем дел од миграцискиот проток, е поумерено опадната (- 16,9 отсто). Ова е поврзано со фактот дека дел од семејните визи за престој им се даваат на луѓето кои веќе престојуваат на територијата кога аплицираат за нив. Влијанието на затворањето на границите поврзано со здравствената криза е помалку важно отколку за другите визи. Случајот со студентите е посебен, со значаен пад (-20,4 отсто), во контекст на брзиот развој на образованието на далечина. Ова веројатно се објаснува со поврзаноста на календарот за меѓусебно ограничување со оној на запишување на универзитетите и со имплементација на нова алатка за онлајн апликација. Ова им овозможи да го достават своето барање за дозвола за престој без одлагање, што може брзо да се обработи. Професионалната имиграција е особено погодена од кризата со Ковид-19 со пад од повеќе од 31 отсто. Ова веројатно следи по веројатното одложување, па дури и напуштање, на миграциските проекти поврзани со работата, без разлика дали да останат со роднини или поради забавувањето на економската активност во Франција. Во 2020 година, издадени се речиси 27.700 „пасоши за таленти“, (приближно 8.400 први дозволи и 19.250 во обновување), т.е. вкупно намалување за 25 отсто. Исто така и првите хуманитарни дозволи за престој се во опаѓање (- 15,3 отсто). Борбата против нередовната имиграција продолжува, но во 2020 година вкупниот број на протерување на странци со нерегуларен престој опадна за 47,8 отсто, особено поради поголемите потешкотии при организирање патувања во контекст на здравствена криза со затворањето на границите на земјите приматели, затворање на многу конзулати, што го попречува добивањето на пропусница, падот на воздушниот сообраќај, тешкотиите во добивањето на ПЦР тестови. Токму принудните протерувања и асистираните доброволни заминувања на државјани на трети земји забележаа најголем пад (- 51,8 отсто и – 63,0 отсто). Помаганите и спонтаните заминувања се најмалку погодени од овој пад (-39,8 отсто и -22,7 отсто). Вкупно речиси 15.950 странци со нерегулирана состојба за престој ја напуштија Франција во 2020 година. Во 2020 година, 81.669 први барања за азил (вклучени малолетни лица) и 11.757 повторни се регистрирани во Единствени шалтерите за барање за азил (ГУДА), односно 38,2 отсто во споредба со 2019 година. Бројот на луѓе на кои им е дадена заштита во Франција е 24.118 во 2020 година по 36.275 во 2018 година (- 33,5 отсто). Во 2020 година, бројот на добиените француски државјанства со декрет и со декларација (брак, наследници на Французи, браќа и сестри на Французи), под одговорност на Министерството за внатрешни работи, опадна за 20 отсто, повторно поради суспендирање на приемот на публиката за време на првото затворање и постепено повторно отворање на шалтерите. Оваа промена опфаќа намалување на бројот на државјанства со декрет кој падна од 49.671 во 2019 година на 41.927 (- 15,6 отсто), како и бројот на државјанства по декларација, кој опадна за 27,9 отсто (18.223 наспроти 25.262 во 2019 година).(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-za-2020-zabelezan-e-drastichen-pad-na-izdavanje-vizi-prestoj-azil-zashtita-i-drzavjanstva/feed/ 0