престрелки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 11:51:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png престрелки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спорадични престрелки во Картум, повеќе држави се обидуваат да го евакуираат својот персонал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporadichni-prestrelki-vo-kartum-poveke-drzhavi-se-obiduvaat-da-go-evakuiraat-svojot-personal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporadichni-prestrelki-vo-kartum-poveke-drzhavi-se-obiduvaat-da-go-evakuiraat-svojot-personal/#respond Sat, 22 Apr 2023 11:51:04 +0000 https://kurir.mk/?p=826383

Спорадични пукотници доцна синоќа одекнуваа низ главниот град на Судан, Картум, иако завојуваните страни се согласија на прекин на огнот, додека едната страна рече дека е подготвена да отвори аеродром за евакуација на странски државјани. Обединетите нации, САД, Велика Британија, Јапонија, Швајцарија, Јужна Кореја, Шведска и Шпанија соопштија дека се подготвуваат или веќе се обидуваат да го евакуираат својот персонал, по еднонеделното насилство во кое, според Министерството за здравство на Судан, загинаа повеќе од 600 луѓе. Според очевидци, артилерискиот оган продолжил доцна синоќа иако бил со помал интензитет од претходниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporadichni-prestrelki-vo-kartum-poveke-drzhavi-se-obiduvaat-da-go-evakuiraat-svojot-personal/feed/ 0
Експлозија и престрелки во Кабул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-prestrelki-vo-kabul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-prestrelki-vo-kabul/#respond Sat, 20 Apr 2019 15:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=189168

Група вооружени лица денеска извршија напад врз зградата на Министерството за телекомуникации на Авганистан во центарот авганистанскиот главен град Кабул. Очевидци на настанот за западни медиуми изјавија дека прво се слушнала експлозија, по што уследила престрелка меѓу „неколкумина вооружени лица“ и припадници на авганистанските безбедносни сили. Вработен во Министерството за телекомуникации изјавил дека видел најмалку три вооружени лица, како влегуваат во зградата. – Едниот од нив активираше експлозив, а другите двајца се бореа со обезбедувањето, изјави службеникот. Претставник на авганистанското Министерство за здравство информираа дека в болница биле пренесени шест ранети лица, но други извори неофицијално соопштуваат за најмалку тројца загинати. Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Насрат Рахми соопшти дека при престрелката со полицијата биле убиени двајца „терористи“, без да посочи дали има жртви меѓу припадниците на безбедносните сили. Рахми изјави дека во тој дел на Кабул повеќе не се слушаат истрели, но нагласи дека засега нема информации како завршил нападот. Извори од безбедносните сили, меѓутоа, информираа дека по неуспешниот напад на зградата на Министерството, дел од напаѓачите се забарикадирале во блиската пошта, но засега нема потврда на ваквите информации. Денешните борби во Кабул следат по вчерашното откажување на разговорите меѓу претставници на авганистанското општество и талибанците во катарскиот главен град Доха. Тоа требаше да бидат први разговори меѓу претставници на авганистанската Влада и талибанските бунтовници, со цел изградба на мерки на доверба и разгледување на можноста за отпочнување преговори за ставање крај на 17-годишниот конфликт во Авганистан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-prestrelki-vo-kabul/feed/ 0
Минатиот викенд прв по 25 години без престрелки во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatiot-vikend-prv-po-25-godini-bez-prestrelki-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatiot-vikend-prv-po-25-godini-bez-prestrelki-vo-njujork/#respond Tue, 16 Oct 2018 06:36:27 +0000 https://kurir.mk/?p=115425

Минатиот викенд бил првиот во Њујорк без престрелки од 1993 година. – Во петокот, саботата и неделата немаше ниту едно пукање, ниту убиство. Тоа се случува за првпат по децении и тоа е нешто со кое можеме да се гордееме, не само полицијата туку и жителите на градот, изјави на прес- конференција шефот на локалната полиција Џејмс О’Нил. Последниот викенд без пукање во градот со население од 8,5 милиони луѓе бил во 1993 година. Полицијата регистрира намалување на бројот на престрелките од почетокот на годината за 1,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Бројот на убиства во Њујорк сепак е зголемен оваа година – 600. Минатата година имало 292 убиства, најмалку од 50-те години на минатиот век. Во првата половина од годината биле регистрирани 147 убиства, за осум отсто повеќе од истиот период минатата година. Најголем дел од убиствата се извршени во неколку квартови на Бруклин и Бронкс. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatiot-vikend-prv-po-25-godini-bez-prestrelki-vo-njujork/feed/ 0