пресуди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 11:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пресуди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Условни пресуди за обвинетите доктори Бесими и Етеми за пожарот во Модуларната болница во Тетово, д-р Вучевски ослободен од вина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovni-presudi-za-obvinetite-doktori-besimi-i-etemi-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-d-r-vuchevski-osloboden-od-vina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovni-presudi-za-obvinetite-doktori-besimi-i-etemi-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-d-r-vuchevski-osloboden-od-vina/#respond Mon, 05 Jun 2023 11:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=842233

Тетовскиот суд денеска изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во Модуларната болница во Тетово. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“. Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не повторат делото. Заедно со Вучевски и Клиничка болница е ослободена за делото "непостапување по здравствени прописи". На Клиничката болница и е изречена парична казна од еден милион денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovni-presudi-za-obvinetite-doktori-besimi-i-etemi-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-d-r-vuchevski-osloboden-od-vina/feed/ 0
ВИДЕО: Почна протестот против пресудите за убиството на Никола Саздовски – Саздо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pochna-protestot-protiv-presudite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pochna-protestot-protiv-presudite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/#respond Fri, 09 Apr 2021 13:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=494864

Семејствата на обвинетите за убиството на Никола Саздовски - Саздо, заедно со навивачката група „Шверцери“ денеска од паркот во Чаир го започнаа протетестот ротив судските пресуди од 16 години затвор за убиството на младиот Никола. Семејствата бараат делата на обвинетите да се преквалификуваат од „убиство“ во „насилство со смртни последици“. Како што велат, пресудите се со двојни стандарди и се носат на етничка основа. Организаторите на овој протест велат дека и тие се жртви на политички монтирани случаи. Видео: Телевизија Сител]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pochna-protestot-protiv-presudite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/feed/ 0
Mицкocки за 27 април: Ќe има peвизиja на тој и на cитe пoлитички диктиpaни пpecyди по пaдoт на 3aeв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickocki-za-27-april-kje-ima-pevizija-na-toj-i-na-cite-politichki-diktipani-ppecydi-po-padot-na-3aev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickocki-za-27-april-kje-ima-pevizija-na-toj-i-na-cite-politichki-diktipani-ppecydi-po-padot-na-3aev/#respond Sat, 13 Feb 2021 12:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=468236

Имаме заробено обвинителство каде се диктираат обвиненија, и тоа не само за 27.април туку и за други обвиненија кои што служат за политички прогон – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше вчерашната одлука на Апелациониот суд во Скопје да ја потврди затворската казна за учесниците во 27.април, односно да ја намали за само една година. Мицкоски најави ревизија на судските процеси по промената на власта, но не на начин на кој тоа сега го прави СДСМ, туку таквата ревизија би ја правеле колеги на „заробените обвинители и судии“ како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. – Имаме судство кое функционира по диктат, односно, како владетелот – во случајот Зоран Заев и СДСМ ќе им издиктираат такви пресуди се носат. Ако сето ова го сумираме и го анализираме, тогаш доаѓаме до заклучокот дека сме хибриден режим, заклучува Мицкоски. – Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија, која што ќе ја прават колеги судии и обвинители но кои што биле чесни и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт ќе бидат практично предмет на постапка. Сите оние судии кои ги прифатиле овие диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно, согласно законите и Уставот санкционирани – констатира Христијан Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickocki-za-27-april-kje-ima-pevizija-na-toj-i-na-cite-politichki-diktipani-ppecydi-po-padot-na-3aev/feed/ 0
Предложено суспендирање на пресудите на лидерите на Златна зора до жалбите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predlozeno-suspendiranje-na-presudite-na-liderite-na-zlatna-zora-do-zalbite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predlozeno-suspendiranje-na-presudite-na-liderite-na-zlatna-zora-do-zalbite/#respond Mon, 19 Oct 2020 10:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=418049

Грчката јавна обвинителка предложи денеска пресудите на припадниците на неонацистичката партија Златна зора, кои се осудени на по десет години затвор, да се суспендираат до жалбите. Овој предлог единствено не се однесува на Гиоргос Рупакиас, кој е осуден за убиството на музичарот Павлос Фисас. Обвинителката наведе дека обвинетите, на кои се однесува овој предлог, со исклучок на Никос Михалољакос, немаат кривично досие, ги почитувале претходните ограничувања на движењето и не се обиделе да побегнат. Доколку судот го прифати предлогот на обвинителката, тоа значи дека лидерите на Златна зора, кои се обвинети за водење криминални организации, нема да заминат в затвор се додека не се донесе одлука за нивната жалба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predlozeno-suspendiranje-na-presudite-na-liderite-na-zlatna-zora-do-zalbite/feed/ 0
По измените на законот во Шведска има за 75 отсто повеќе пресуди за силување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-izmenite-na-zakonot-vo-shvedska-ima-za-75-otsto-povekje-presudi-za-siluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-izmenite-na-zakonot-vo-shvedska-ima-za-75-otsto-povekje-presudi-za-siluvanje/#respond Mon, 22 Jun 2020 20:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=361150

Во последните две години во Шведска, откако е изменет законот, пресудите за силување се зголемени за 75 проценти, поради што се засилија и повиците до другите земји и тие да ги сменат своите закони. Во законот од 2018 година Шведска ја смени дефиницијата за силување во „секс без согласност“ и за разлика од многу други земји, обвинителите сега не мора да ја докажуваат употребата или заканата со насилство. Националниот совет за спречување на криминалот соопшти дека зголемувањето на бројот на пресуди од 190 во 2017 година на 333 во 2019 година покажа дека промената на законодавството одигра поголемо влијание од очекуваното, пренесуваат британските медиуми. -Ова ја покажува итната потреба и другите земји да го следат примерот, рече Катарина Бергехед, виш советник за правата на жените во „Амнести Интернешнл“ во Шведска, додавајќи дека „сексуалната активност мора да биде спогодбена , а се друго е силување“. Велика Британија, Белгија, Канада, Кипар, Германија, Грција, Исланд, Ирска и Луксембург веќе го дефинираат силувањето како секс без согласност, додека Данска, Финска, Шпанија и Португалија ветија слични реформи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-izmenite-na-zakonot-vo-shvedska-ima-za-75-otsto-povekje-presudi-za-siluvanje/feed/ 0
Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichen-sud-skopje-donese-presudi-za-723-lica-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichen-sud-skopje-donese-presudi-za-723-lica-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/#respond Thu, 28 May 2020 13:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=351083

Основниот кривичен суд – Скопје , по однос на казнените налози издавани од скопското Обвинителство за непочитување на полицискиот час (кој траеше до 26 мај како превентивна мерка за заштита од КОВИД-19) досега имаа донесени пресуди за 723 лица, информираат за МИА од ОКС-Скопје. Основното јавно обвинителство – Скопје, до нив доставило 621 казнени налог, против 751 лице. За донесените пресуди поднесени се приговори во 72 предмети од 102 лица и за нив се закажани расправи. Од досега сработенотo во Кривичен суд Скопје, седум предмети се правосилни, за осум обвинети. Статистичките податоци објавени од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, покажуваат дека речиси триесет отсо од прекршувањета на полицискиот час се регистрирани во Скопје, потоа следат Битола, Прилеп и Тетово. Просечната парична казна која е им изречена на обвинетите за стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, е две илјади евра. Против одлуките на судовите, обвинетите како што наведено во Законот за кривична постапка, имаат право на приговор до судот, во рок од осум дена од приемот на пресудата за издавање на казнен налог. По однос на оваа прашање од Коалицијата сите за правично судење имаат објавено инфографик кој покажува дека доколку обвинетите поднесат приговор, судот без да навлегува во основаноста на приговорот ќе закаже главна седница, а пресудата за изрекување на казнен налог ќе се смета дека никогаш не била донесена. Воедно од Коалиција истакнуваат дека во постапката по приговор на пресудата за издавање на казнен налог, судот повеќе не е врзан за правната квалификација на делото и предложената санкција од страна на обвинителот – што значи дека судот може да изрече повисока или пониска казна од првично изречената со пресудата за издавање на казнен налог. Забраната за движење во територија на Република Северна Македонија, траше вкупно 67 дена. Првично Владата донесе одлука за полицискиот час да почне од 21 до 05 час, за потоа со тек на времето полицискиот час да се зголеми. Во текот на периодот додека траеше полицискиот час Владата неколку пати донесе одлука за целосен карантин, односно најдолгиот каратин беше воведен за Велигденските празници и траше 85 часа. Освен поединечни прекршувања на полицискиот час, Министерството за внатрешни работи во два наврата регистрирало групно прекршување на забрана за движење, односно за настаните во Сингилиќ и Гевгелија, надлежните обвинителства изрекоа повеќе казнени налози. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichen-sud-skopje-donese-presudi-za-723-lica-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/feed/ 0
Монструозно: Заев договарал пресуди: ”Ако не се договориме преку СЈО да паднат случаите трас трас ќе има одлука на Врховен” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstruozno-zaev-dogovaral-presudi-ako-ne-se-dogovorime-preku-sjo-da-padnat-sluchaite-tras-tras-kje-ima-odluka-na-vrhoven/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstruozno-zaev-dogovaral-presudi-ako-ne-se-dogovorime-preku-sjo-da-padnat-sluchaite-tras-tras-kje-ima-odluka-na-vrhoven/#respond Sun, 23 Feb 2020 11:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=307647

Погледнете што договарал Зоран Заев со Јово Вангеловски. Како екс премиерот ја менаџирал Катица Јанева. Што се случвувало изминатите 3 години, како се спроведува политичкиот прогон од страна на власта и како се договорале процеси, пресуди и нади врз политичките противници. Од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ одекна аудио бомба од која може да се слушне како Заев сака да спаси случаи кои ги води СЈО преку законот за СЈО, а ако не се случи тоа договорен е со Јово тие одлуки да паднат преку Врховниот суд. ”Ако не се договориме преку СЈО да паднат случаите трас трас ќе има одлука на Врховен” вели Заев во аудио разговорот кој денес го презентираше пратеникот Антио Милошоски. Заев вели дека Катица тоа го знае и така ги води предметите, а дека со Јово се блиски и преку Врховен ќе паѓаат случаите. Интегрален текст од аудио записот ЗЗ.; Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може… З.З.; Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена. З.З.; Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат. З.З; Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал З.З.; Ова е политичка нбитка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега. З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/monstruozno-zaev-dogovaral-presudi-ako-ne-se-dogovorime-preku-sjo-da-padnat-sluchaite-tras-tras-kje-ima-odluka-na-vrhoven/feed/ 0
Политичка пресуда: За напад врз Села казни по 13 години, а свирепи убијци се судат на 8 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichka-presuda-za-napad-vrz-sela-kazni-po-13-godini-a-svirepi-ubijci-se-sudat-na-8/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichka-presuda-za-napad-vrz-sela-kazni-po-13-godini-a-svirepi-ubijci-se-sudat-na-8/#respond Thu, 05 Jul 2018 14:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=73505

Пратеникот Зијадин Села на 5  јуни во гостување на „Алсат“ телевизија говореше дека актуелната Влада не заслужува преодна оценка.  Пратеникот Зијадин Села еден месец после случувањата од 27-ми април се врати целосно на политичката сцена и оттогаш е постојано присутен  во јавноста.

Партизираното судство на Зоран Заев изрече драконски казни затвор од 10 и повеќе години за обидот за убиство на напаѓачите на пратеникот Зијадин Села во Собранието на Република Македонија на 27-ми април. Судиите надвор од воспоставена судска пракса изрекоа неверојатно високи казни за кривичното дело - обид за убиство.

Брутални и свирепи убиства или двојни убиства се кривични дела за кои македонските судови изрекувале казни затвор од 5 до 10 години. Убиството во обид според судската пракса досега завршувало и со условни казни или минимални казни затвор од 1, 2 или 3 години затвор.

Обид за убиство врз лекар 5 ипол години затвор

Имер Никшиќ е човекот кој во 2016-та година беше осуден на казна затвор од 5 ипол години за обид за убиство врз лекар на своето работно место, додека неговиот брат кој бил помагател добил условна казна од 2 години затвор. Имено Никшиќ  со огнено оружје  - пиштол се обиде да го убие хирургот Љубомир Огненовиќ при вршење должност.

Осум години затвор за кумановецот кој уби човек и го фрли во бунар

Еден од најбизарните судски случаи во судската пракса во  Македонија е случајот со убиството на младиот кумановец Бојан Илиевски, кој беше убиен од страна на Даниел Д. и фрлен во селски бунар и заврши со пресуда од 8 години затвор. Имено Даниел извадил пиштол и испукал еден куршум во Бојан кој седел на клупата. Потоа го фрлил телото во бунарот и побегнал.

За да го сокрие убиството го фрлил телото во бунар и го сокрил пиштолот, кој уште не е најден. Според обвинителот, за неговата ладнокрвност сведочи и тоа што наредното утро уште во 6 часот заминал со такси во Аква парк во Пробиштип каде цел ден се капел за да ги измие барутните честички од рацете.Облеката што ја носел ја фрлил, но не и патиките на кои подоцна биле најдени  траги од крв. И покрај тоа што семејството го барало Бојан, тој тврдел дека не знае каде се наоѓа, па се вклучил во потрагата и погрешно ги насочувал. Даниел пет дена молчел за убиството, додека случајот не бил пријавен од граѓани кои забележале крв кај бунарот, по што е приведен.

Роднините на убиениот бараа доживотни казни затвор, но сепак судот не ги пресуди.  Сега имаме ситуација во која обид за убиство е казнето повеќе од убиство на подмолен начин.

Двојно убиство 8 години затвор

Пред неколку години судот во Скопје пресуди 8 години затвор за кривично дело двојно убиство за случајот во кој младиот скопјанец Ѓорѓи Топаловски ги уби двајцата скопјани Андреј Филипов и Новица Благоевиќ. Одбраната се темелеше на убиство во афект и претходна вознемиреност на убиецот од страна на жртвите.

Правниците кои ги консултиравме велат дека според десегашната судска пракса е целосно невидено лица за обид за убиство да бидат судени со толку дракноски казни. Тие посочуваат безброј примери  од нивната работа и поранешни случаи во кои убијци за убиства кои често наликуваат на свирепи убиства и се вршени на подмолен начин, а биле судени за пониски казни.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichka-presuda-za-napad-vrz-sela-kazni-po-13-godini-a-svirepi-ubijci-se-sudat-na-8/feed/ 0
Судот пресуди: 81,6 година затвор за седуммината напаѓачи на Села https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-presudi-81-6-godina-zatvor-za-sedumminata-napagjachi-na-sela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-presudi-81-6-godina-zatvor-za-sedumminata-napagjachi-na-sela/#respond Thu, 05 Jul 2018 09:55:35 +0000 https://kurir.mk/?p=73349

Судијката Славица Андреевска денеска ги изрече пресудите за седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април минатата година. Кире Ѓорѓиевски 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци. Опишувајќи кој и како го извлекол Села од Прес-центарот во Собранието и како го удирале по глава и тело, судијката рече дека обвинетите со умисла се обиделе да го лишат од живот пратеникот Села. Во затворските казни ќе им биде пресметано и времето поминато во притвор. Пратеникот Зијадин Села не беше присутен во судницата да ја слушне пресудата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-presudi-81-6-godina-zatvor-za-sedumminata-napagjachi-na-sela/feed/ 0
Донесени првите две пресуди за нападот врз Села https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-prvite-dve-presudi-za-napadot-vrz-sela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-prvite-dve-presudi-za-napadot-vrz-sela/#respond Wed, 13 Jun 2018 09:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=65315

Казна затвор од три години за Стојан Павлевски и една година и два месеци за Цејо Георгиевски изрече  денеска Кривичниот суд за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година. Во казната на обвинетите им се пресметува и времето поминато во притвор. Обвинетите Павлевски и Георгиевски треба да ги намират сите трошоци. Претседателката на Судечкиот совет Славица Андреевска на денешното рочиште кажа дека разликата во висината на казаните е поради тоа што Стојан Павлевски е првиот што влегува во Собранието и се насочил кон пратениците. Павлевски по изрекувањето на пресудите пред Судот рече дека не очекувал толку висока казна и најави дека ќе ја обжали одлуката до повисокиот суд. На претходното рочиште, двајцата обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за делото. Двајцата во завршни зборови, кажаа дека се покајуваат за стореното дело и дека немале намера никого да повредат. Застапникот на обвинението Дарко Јакимовски, во завршни зборови, кажа дека со оглед на признанието на вина Судот треба обвинетите да ги прогласи за виновни и казни за стореното дело. Нагласи дека обвинетите не одговараат само за напад врз  Села, туку за целокупните дејствија во Собранието и прес центарот. Постапката за седуммина обвинети за нападот врз  Села во Собранието на Република Македонија продолжува на 2 и 5 јули, за кога се закажани завршни зборови. За обид за убиство на  Села, според новиот обвинителен акт, обвинети се  Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doneseni-prvite-dve-presudi-za-napadot-vrz-sela/feed/ 0