Пресвета Богородица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 05:48:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пресвета Богородица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Раѓање на Пресвета Богородица – заштитничка на мајките https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ragane-na-presveta-bogoroditsa-zashtitnichka-na-majkite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ragane-na-presveta-bogoroditsa-zashtitnichka-na-majkite/#respond Thu, 21 Sep 2023 05:48:58 +0000 https://kurir.mk/?p=880059

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 септември. Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица-Мала Богородица. Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете. Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Марија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими благата вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот на светот. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ragane-na-presveta-bogoroditsa-zashtitnichka-na-majkite/feed/ 0
Венчавка по речиси осум децении: Храмот на Пресвета Богородица во Ростуше светна во полн сјај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venchavka-po-rechisi-osum-detsenii-hramot-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe-svetna-vo-poln-sjaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venchavka-po-rechisi-osum-detsenii-hramot-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe-svetna-vo-poln-sjaj/#respond Thu, 07 Sep 2023 11:22:27 +0000 https://kurir.mk/?p=875680

По речиси осум децении, како што потврдува црковната книга, во сечесниот храм на Пресвета Богородица во долнореканското село Ростуше, двајца млади го кажаа судбоносното „да“ и на вечна љубов се заколнаа пред Бога. Мартина и Владимир Јовевски и двајцата од Скопје, поодамнешни жители на селото Ростуше, двегодишната љубов ја крунисаа со брак со благослов од Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. -Денеска станува голема радост, како за земната, така и за небесната црква, затоа што во овој свет и сечесен храм што неодамна го осветувавме, се раѓа еден нов почеток, се гради уште една црква во мало – имено, светата брачна заедница помеѓу Владимир и Мартина. Дај Боже овој брак да биде квас за повеќе христијански бракови во славниот крај на Мијачијата, посака владиката Партениј. -Љубете се еден кон друг. Бидете од оние кои се љубат брзо и си проштеваат. Дури и кога ќе има некакво недоразбирање, љубовта ќе ве врати на правиот пат. Бракот е, пред сè, преданост и жртва. Денес луѓето не се научени на жртва, не сакаат подвиг. Насекаде бараат радост, исполнетост и љубов, но не ги наоѓаат, затоа што сакаат да го избегнат крстот. Сакаат некаков друг ’христос‘, кој ќе им ги исполнува само егоистичните желби. Но, Спасителот Христос ни вели: „Кој сака да врви по мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по мене. Бог да ве благослови и да ве обдари со таква божествена љубов што ќе ја најдете само во Христа, ги благослови владиката Партениј, чиј лик посотојано го красеше насмевка што ја чувствуваше во неговата душа. Честитајќи им го бракот со желби до година да ја крштеваат нивната рожба, не можевме а да не им го поставиме прашањето зошто метрополата ја замениле со селска средина. Одговорот и на двајцата е дека мирниот начин на живот, волшебната природа и блискоста на Бигорскиот манастир, кој е стар повеќе од илјада години е еден од мотивите поради кои одлучиле да го продолжат својот живот во селото Ростуше. -Ова место ни даде можност да се спознаеме себеси и да ги спознаеме вистинските вредности во животот. Една од клучните работи исто така е и подршката на владиката Партениј кој со неговото трпение и неизмерна љубов знае да ги насочи неговните духовни чеда и да го развие нивниот потенцијал, велат двајцата. За новиот брачен пар еден голем предизвик е да учествуваат во мисијата на Владиката Партениј за мултикултурниот развој на регионот. Откако решиле остатокот од животот да го продолжат во овој крај без никаков притисок и слободна волја, владиката Партениј им овозможи редовна работа во „Гостинскиот Палат“ „ и „ Куќа на Мијаците“ кои имаат посетители од целиот свет. Покрај оваа работа, Владимир при неговиот престој во манастирот магистрирал Дизајн на ентериер и се запишал на архитектонскиот факултет, а исто така секојдневно учествува и, во голем дел од проектите за внатрешно уредување во различни објекти во овој крај. -За ваков начин на живот сонувавме уште од деца, а Господ преку благословот на старецот и владика Партениј ни овозможува овој сон да се реализира. Господ преку благословот на нашиот владика ни овозможи овој наш сон да се реализира, посочуваат Мартина и Владимир. Храмот на Пресвета Богородица, издигнат над пенливата Радика и со поглед на Бигорскиот манастир, за кој постои сигурен запис дека постоел уште од првата половина на 15. век, беше обновен и осветен на 30 јули годинава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venchavka-po-rechisi-osum-detsenii-hramot-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe-svetna-vo-poln-sjaj/feed/ 0
Честитка од МД „Илинден“ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-md-ilinden-po-povod-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-md-ilinden-po-povod-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/#respond Sun, 27 Aug 2023 19:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=871610

Во пресрет на утрешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“- Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. -Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот, на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на Успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата, стои во честитката. На овој голем празник, се подвлекува во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет. Инаку, според традицијата негувана со векови голем собир ќе се одржи во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богордица“, во селото Церје, Мала Преспа, каде се очекува да присуствуваат сегашни и поранешни жители од ова област. Голем број македонски семејства низ Албанија денот го одбележуваат како домашна слава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-md-ilinden-po-povod-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/feed/ 0
Осветување на сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osvetuvane-na-sechesniot-hram-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osvetuvane-na-sechesniot-hram-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe/#respond Sun, 30 Jul 2023 10:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=861665

Со масовно присуство на верници од многу градови во државава, постојани и поранешни жители и нивни потомци од долнореканските села и од Дебар денеска осветен беше сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше. Осветувањето го извршија Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископ Антаниски г. Партениј. На богослужбата пред многубројните верен народ се обрати владиката Партениј. - Драги Христијани, Да Му благодариме на Господ Бог и на Пресветата Владичица наша Богородица што нè удостоија да го видиме на ова возвишение овде, во славниот мијачки крај, над некогашниот славен манастирски комплекс наречен Двораник, повторно во полн сјај овој свет и сечесен Храм, посветен на Мајката Божја. Бездруго многу поколенија го очекувале овој свештен миг. Оти, историјата на ова Светилиште се протега длабоко во вековите и со него се поврзани доста значајни моменти од историјата на православниот народ во овој крај, но и многу премрежија и искушенија, рече владиката. Додаде дека за Богородичната црква во село Ростуше имаат сигурен запис уште од првата половина на 15. век. -Имено, познатиот феудалец во тоа време од овие простори, Иван Кастриот, таткото на легендарниот Георгиј Кастриот, познат и како Скендербег, кој бил борец за христијанската вера, како мошне побожен Христијанин, посакал дел од своето владение да и го подари на Светата Гора Атонска, поконкретно на манастирот Хилендар. Така, во неговата дарителска Повелба до Хилендарската Света Обител стои, мег у другото, дека тој и ја подарил Црквата на Пресвета Богородица во с. Ростуше, којашто суштествувала од порано, заедно со селото Радостуше (Радост на душата) и селото Требиште. Оттогаш поминаа речиси 600 години и еве, по Божја промисла, ние токму сега го правиме осветувањето на новиот Храм на Царицата Мајка, кој не е ништо друго, освен едно непрекинато продолжение на црковната историја и наследство во овој крај, нагласи владиката Партениј. Архиерејската литургија со свое молитвено пеење ја збогати хорот Митрополит Козма Пречистански од Кичево. Свеченоста со културно уметнички настап ја збогатија Ансамбл Македонија и музичкиот состав Чагија мерак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osvetuvane-na-sechesniot-hram-na-presveta-bogoroditsa-vo-rostushe/feed/ 0
СЕ ПРАЗНУВА НАЈГОЛЕМИОТ ЖЕНСКИ ПРАЗНИК: Жени направете го ова во текот на денот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-najgolemiot-zenski-praznik-zeni-napravete-go-ova-vo-tekot-na-denot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-najgolemiot-zenski-praznik-zeni-napravete-go-ova-vo-tekot-na-denot/#respond Fri, 14 Oct 2022 05:17:43 +0000 https://kurir.mk/?p=745026

Денес, 14 октомври, Православната црква и нејзините верници го слават празникот Покров на Пресвета Богородица, настанот што црквата го слави на овој ден се случил на 14 октомври 911 година. Црквата секогаш ја славела Пресвета Богородица како покровител и заштитничка на христијаните, којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1-ви (по старо, по ново 14-ти) октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Покровот на Пресвета Богородица е нејзиниот омофорион (ќебе) што го рашири над христијаните – во видението што го имаа преподобниот Андреј и неговиот ученик. Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се восхитувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја. Патем, е исто така познат како Покров, Покровот на Богородица и Ден на жената. Многу жени постат пред Покров со цел да се причестат на денот на празникот. Жените го слават за полесно раѓање и одгледување деца. Оние што немаат деца, на тој ден се молат на Пресвета Богородица да имаат деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-najgolemiot-zenski-praznik-zeni-napravete-go-ova-vo-tekot-na-denot/feed/ 0
Се слави Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slavi-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-mala-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slavi-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-mala-bogorodica/#respond Wed, 21 Sep 2022 05:13:51 +0000 https://kurir.mk/?p=735466

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат литургии. Во предвечерието на великиот празник синоќа беше отслужена вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. Вечерната молитва беше проследена со литија околу централното градско подрачје. Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Пресвета Богородица, Марија, е родена од родители Јоаким и Ана, кои живееле во Назарет. И двајцата биле многу скромни, побожни и ги помагале сиромасите и болните. Долго време немале деца, а ќерката ја добиле после пет децении брак. Македонскиот народ, како впрочем и сите христијани, со многу внимание ја празнува и слави Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Многу цркви го носат нејзиното име, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја. Меѓу народот овој празник се слави и со различни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Се верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Заедно со Рождеството, според календарот на МПЦ-ОА, денеска се празнуваат и иконата на Пресвета Богородица во Калишта и иконата на Пресвета Богородица Почајевска. Следниот ден по Мала Богородица, 22 септември црквата го празнува споменот на нејзините родители Јоаким и Ана. Житие (МПЦ-ОА): Рождество на Пресвета Богородица Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и од родот Аронов. Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа се ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук – но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата – тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-slavi-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-mala-bogorodica/feed/ 0
Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-polozuvanje-na-pojasot-na-presveta-bogorodica-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-polozuvanje-na-pojasot-na-presveta-bogorodica-2/#respond Tue, 13 Sep 2022 06:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=731969

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 август. Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица. Празников е востановен во спомен на чудесното исцелување на византиската царица Зое, сопругата на Лав Мудриот, со посредство на појасот на Богородица што се чуваше до тоа време во Богородичната црква во Влахерна, Цариград. Подоцна, еден дел од овој појас беше пренесен во Грузија, во градот Зугдид, каде се чува до денес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-polozuvanje-na-pojasot-na-presveta-bogorodica-2/feed/ 0
Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-golemiot-hristijanski-praznik-uspenie-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-golemiot-hristijanski-praznik-uspenie-na-presveta-bogorodica/#respond Sun, 28 Aug 2022 07:32:16 +0000 https://kurir.mk/?p=724964

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република  Македонија. -Од сѐ срце ви посакувам празникот посветен на Пресвета Богородица да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и среќа. Токму Успение на Пресвета Богородица попознат меѓу народот како Голема Богородица, како еден од неколкуте празници посветени на Мајката Божја, несомнено има долга и богата традиција на заеднички собири и прослави, наведува Пендаровски. На овие собири, се додава, се дели трпезата, но и добриот збор и се дарува внимание и љубов. -Имајќи ги предвид сите искушенија со кои се соочуваме, да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни и грижливи за ближните. Само така можеме да ги надминеме сите кризи и искушенија. Нека молитвите кон Пресвета Богородица, ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение, духовност и верба во иднината. За многу години празникот, стои во честитката од претседателот Стево Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-golemiot-hristijanski-praznik-uspenie-na-presveta-bogorodica/feed/ 0
УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Рождество на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-golem-praznik-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-golem-praznik-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/#respond Mon, 20 Sep 2021 15:52:07 +0000 https://kurir.mk/?p=565912

Рождество на Пресвета Богородица Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа се ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело. Тропар Раѓањето Твое, Богородице Дево, радост и јави на целата вселена, зашто од Тебе засветли Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, и, откако ја разурна клетвата, благослов ни даде; а кога смртта ја уништи, вечен живот ни дарува. Кондак Јоаким и Ана со Твоето свето раѓање, Пречиста, се ослободија од срамот на бездетноста, а Адам и Ева – од распадливоста смртна. Затоа и празнуваат луѓето Твои, избавени од гревовната вина, кога Ти пеат: Неплодна (жена) ја раѓа Богородица и, на Животот наш – Хранителката. Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја покажуваше својата сила и милост низ могубројни чуда. Мнозина болни беа исцелени чудотворно, а разбојниците што намислуваа да го ограбуваат или осквернат манастирот беа луто казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа и чудотворна икона на Пресвета Богородица, а во близина има две исцелителни води: на Свети Петар и на Свети Ананија. Недалеку од главниот храм има пештера и во неа параклис посветен на Свети Атанасиј. Празникот на иконата на Пресвета Богородица Почајевска Во Волињската губернија во Почајево се наоѓа прочуен манастир на Пресвета Богородица, каде што Мајка Божја најпрво му се јави околу 1340 г. на еден од двајцата монаси што се подвизуваа во една пештера. Оттогаш местото стана непресушен извор на многубројни чудесни настани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-golem-praznik-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/feed/ 0
Денеска се празнува чудотворниот појас на Пресвета Богородица – се верува дека денешниот празник лекува и болни деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-chudotvorniot-pojas-na-presveta-bogorodica-se-veruva-deka-deneshniot-praznik-lekuva-i-bolni-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-chudotvorniot-pojas-na-presveta-bogorodica-se-veruva-deka-deneshniot-praznik-lekuva-i-bolni-deca/#respond Mon, 13 Sep 2021 07:04:34 +0000 https://kurir.mk/?p=562865

Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица. Чудотворниот Појас на Пресвета Богородица Поради чудото што се случило кога овој појас на Пресвета Богородица ја излекувал царицата Зоја, сопругата на царот Лаф Филозоф, определен е овој празник, кој нашол место и во нашата традиција. Празникот Положување појас на Пресвета Богородица или Богородичин појас се празнува во спомен на денот кога Богородица прв пат се опашала. Меѓу облеката останата од Пресвета Богородица бил и нејзиниот појас, кој бил предаван од поколение на поколение меѓу верниците. Во V век Појасот бил пренесен од Ерусалим во Цариград и бил положен во скапоцен ковчег во црквата „Св. Богородица“. Во X век се случило чудо во врска со овој појас кога се излекувала царицата Зоја, сопругата на царот Лаф Филозоф. Имено, таа во сонот имала видение дека ќе оздрави од тешката болест, ако врз неа биде положен појасот на Пресвета Богородица. Тоа било и направено, појасот врз неа го положил самиот патријарх по што таа веднаш оздравела. Потоа појасот пак со многу внимание бил положен во истиот ковчег. За спомен на ова чудо во врска со оздравувањето на болната царица во X век е востановен овој празник. Меѓу нашиот народ овој ден се смета за празник но тогаш сите работеле. Пред изгрејсонце болните деца ги провирале низ Богородичниот појас што се чувал во црквата. Ова провирање го правеле под калинка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-se-praznuva-chudotvorniot-pojas-na-presveta-bogorodica-se-veruva-deka-deneshniot-praznik-lekuva-i-bolni-deca/feed/ 0