пресврт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Sep 2020 16:38:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пресврт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По 16-ти септември голем пресврт за само еден хороскопски знак https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/po-16-ti-septemvri-golem-presvrt-za-samo-eden-horoskopski-znak/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/po-16-ti-septemvri-golem-presvrt-za-samo-eden-horoskopski-znak/#respond Mon, 07 Sep 2020 17:05:38 +0000 https://kurir.mk/?p=400290

Од апсолутно сивило, уште само неколку дена за еден знак животот ќе биде обоен во розово. Се работи за Близнаци. Лошиот период е речиси позади вас. По 16 септември ве очекуваат нови можности на секој агол. Успесите на работа нема да запрат, а за некои припадници на овој хороскопски знак можно е и унапредување. Љубовта исто така ќе ви цвета. Оние кои се зафатени ќе имаат прекрасни моменти за прераскажување, а слободните ќе ја запознаат својата сродна душа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/po-16-ti-septemvri-golem-presvrt-za-samo-eden-horoskopski-znak/feed/ 0
Пресврт во судењето: Мајка ѝ на Тамара не го зела решението за одобрени пари за лекување, сакала азил во странство! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presvrt-vo-sudenjeto-majka-na-tamara-ne-go-zela-reshenieto-za-odobreni-pari-za-lekuvanje-sakala-azil-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presvrt-vo-sudenjeto-majka-na-tamara-ne-go-zela-reshenieto-za-odobreni-pari-za-lekuvanje-sakala-azil-vo-stranstvo/#respond Mon, 27 Jan 2020 15:46:27 +0000 https://kurir.mk/?p=295391

За малата Тамара Димовска која почина пред пет години и било обезбедено и решение и пари за лекување во болницата Медипол во Турција, но нејзината мајка не го подигнала решението од Фондот за здравство и сакала да бара медицински азил во Германија или во САД, сведочеше на денешното рочиште вработен во Фондот за здравство, Бранко Аџигогов кој на судењето беше предложен како сведок на одбраната на поранешната директорка на ФЗОМ, Маја Парнаџиева- Змејковска, пишува Фокус. Според неговото сведочење, мајката на девојчето, Жаклина Димовска побарала средба со директорката на Фондот и на 21 јануари 2015 година, дошла во канцеларија во Фондот и се сретнала со Аџигогов. На оваа средба тој и го покажал позитивното решение за лекување на малата Тамара која имаше тежок облик на сколиоза, за во болницата во Турција, но мајката се распрашувала дали може операција да биде направена во Чикаго или Германија, каде Димовска сакала да побара медицински азил бидејќи и нејзината помала ќерка има срцева маана. За неа имала закажано операција во приватната кардиохирургија Жан Митрев. Оваа операција за второто дете рекла дека ќе ја плати на притватно, бидејќи немале здравствено осигурување. Кога ја прашав зошто немаат здравствено осигурување ми кажа дека таа и и сопругот си дале отказ од работа и дека убаво живееле од парите од донации, сведочеше Аџигогов. Тој и објаснувал дека мора да имаат здравствено осигурување за да се лекува Тамара во странство и и ја објаснил процедурата каде и како да се пријави за да се осигура здравствено. Сепак, според сведочењето на вработениот во Фондот за здравствено осигурување, мајката не ја однела нејзината помала ќерка на операција за срце, а за ова Аџигогов го известила лекарката која требало да го оперира девојчето. Мајката не го подигинала решението со кое и се одобрува на Тамара операција во болницата Медипол бидејќи за на осми февруари договарала операција во Турција кај професорот Уфук Талу во болницата „Аџибадем“ во Турција, кај лекарот кој претходно ја прегледувал Тамара. Сведок тврдеше дека за операцијата биле обезбедени 33.000 евра, кои требало потоа да бидат рефундирани. Љубомир Михајловски, адвокатот на поранешната директорка на Фондот, Маја Парнаџиева вели дека со ова сведочење се случил пресврт на судењето. Се потврди она што одбраната цело време го кажува, се потврди дека јавноста е доведена во заблуда во изминатиот период. Ова е пресврт во судењето и во понатамошниот тек на постапката се повеќе ќе се докажува околу средства што се собрани, потрошени, средства коишто биле наменети за лекување, а не се употребени за лекување. Јас знам дека не се искористени за лекување, а каде се потрошени, тоа ќе мора мајката да ја прашате. Има материјални докази, пари се одобрени од Фондот, паричните средства, решение и формалности не биле причина за да девојчето не биде лекувана во странство, вели Михајловски. Решението со кое ѝ се одобрува лекување во домот на Тамара стигна неколку дена по нејзината смрт. За овој случај се води судски процес против 12 лица, но не и против тогашниот министер за здравство Никола Тодоров. извор: Фокус.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presvrt-vo-sudenjeto-majka-na-tamara-ne-go-zela-reshenieto-za-odobreni-pari-za-lekuvanje-sakala-azil-vo-stranstvo/feed/ 0