претепано дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Feb 2023 10:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претепано дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЖАС ВО МАКЕДОНИЈА: Дете претепано и премрзнато најдено на улица, со тешки повреди се бори на клиника – од шок не може да зборува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uzhas-vo-makedonija-dete-pretepano-i-premrznato-najdeno-na-ulitsa-so-teshki-povredi-se-bori-na-klinika-od-shok-ne-mozhe-da-zboruva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uzhas-vo-makedonija-dete-pretepano-i-premrznato-najdeno-na-ulitsa-so-teshki-povredi-se-bori-na-klinika-od-shok-ne-mozhe-da-zboruva/#respond Tue, 14 Feb 2023 10:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=800299

Ужасна слика затекнале велешани во саботата околу 13 часот, кога зад Ликовниот салон, близу Ловното на улица „Алексо Демниевски Бауман” во Велес забележале дете кое со тешки повреди и премрзнато било оставено да лежи на земја. Настанот бил пријавен во СВР Велес, а детето со тешки телесни повреди било пренесено во Општата болница Велес. Како што дознава „Фокус”, станува збор за момче на возраст од 12 години, со тешки повреди, отворена рана на брада и скршеница на долна вилица. Поради специфичните повреди  било префрлено на Детската клиника во Скопје. Околу тоа што се случило со детето, кој и зошто му нанел тешки повреди, а потоа го оставил да смрзнува среде улица, и колку време било момчето ставено таму да лежи, се уште нема информации. Од СВР Велес за „Фокус” го потврдија настанот, и велат дека се работи на негово расчистување. Појаснуваат дека детето се уште е на клиника во Скопје, но поради повредата не е во состојба да зборува. На социјалните мрежи посветени на градот, велешани коментираат дека и во минатото имало случки кога повозрасни тинејџери без причина нападнале дете на улица. Една мајка раскажува за случај кога нејзиното дете освен што било без причина тепано од две непознати момчиња, девојка која била со нив го снимала со мобилниот. Појаснува дека иако случајот го пријавиле во полиција, се уште не се откриени напаѓачите и се надевале како еден ден ќе биде некаде објавено видеото од нападот, со цел да им се влезе во траг на напаѓачите, пренесе порталот.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uzhas-vo-makedonija-dete-pretepano-i-premrznato-najdeno-na-ulitsa-so-teshki-povredi-se-bori-na-klinika-od-shok-ne-mozhe-da-zboruva/feed/ 0
НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ДРАМАТА ВО КОЧАНИ: 7 кривични за насилство врз дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-detali-za-dramata-vo-kochani-7-krivichni-za-nasilstvo-vrz-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-detali-za-dramata-vo-kochani-7-krivichni-za-nasilstvo-vrz-dete/#respond Thu, 15 Apr 2021 15:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=497747

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани денеска поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), Н.С.(55), М.В.(31), С.С.(27), С.Д.(46), Р.Р.(31) и М.П.(34) сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство врз дете“ предвидено по член 201-а од Кривичниот законик. Настанот се случил на 11.04.2021 околу 19.50 часот, во дворот од куќата на Н.С. во Кочани, каде пријавените физички нападнале дете. За случајот бил известен Центарот за социјална работа Кочани, по што детето било предадено во Центарот за социјални работи Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-detali-za-dramata-vo-kochani-7-krivichni-za-nasilstvo-vrz-dete/feed/ 0
Претепано дете на автобуска во Скопје: Ме влечеше за ранец и ме удри со боксирач, едвај спасив жива глава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretepano-dete-na-avtobuska-vo-skopje-me-vlecheshe-za-ranec-i-me-udri-so-boksirach-edvaj-spasiv-ziva-glava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretepano-dete-na-avtobuska-vo-skopje-me-vlecheshe-za-ranec-i-me-udri-so-boksirach-edvaj-spasiv-ziva-glava/#respond Thu, 15 Nov 2018 16:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=128245

Вчеравечер на фан страната на „Сител“ загрижен родител испратил слика од своето дете кое било нападнато на автобуската станица кај Веро Џамбо. Како што наведува родителот, користејќи ја ситуацијата со затворањето на центарот на градот во вечерните часови не сообраќаат автобуси, разбојничка група од 5-6 мина дејствува на автобуските постојки кај Југо Дрво и Џамбо. Последниот во низата напади се случил вчера нешто по 18 часот, кога тројца непознати во два одделни настани нападнале средношколци, удирајќи ги со „боксирачи“. -Чекајќи автобус, две лица ми пријдоа и ме прашаа дали ги познавам. Одговорив, не, и се оддалечив од нив. Во тој момент едниот ме повчече за ранецот, а другиот ме удри со боксирач. Успеав да се оттргнам и да бегам околу двајца повозрасни луѓе. Среќа, во тој момент дојде автобус, во кој се качив и побегнав, изјавило момчето кое беше жртва на овие хулигани. Инаку, ова и не е единствениот ваков случај деновиве.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretepano-dete-na-avtobuska-vo-skopje-me-vlecheshe-za-ranec-i-me-udri-so-boksirach-edvaj-spasiv-ziva-glava/feed/ 0
Претепаното двегодишно дете e добрo и денеска ќе биде пуштено дома, таткото во притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretepanoto-dvegodishno-dete-e-dobro-i-deneska-kje-bide-pushteno-doma-tatkoto-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretepanoto-dvegodishno-dete-e-dobro-i-deneska-kje-bide-pushteno-doma-tatkoto-vo-pritvor/#respond Fri, 10 Aug 2018 12:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=86570

Министерството за труд и социјална политика е запознаено и постапува по случајот во кој двегодишно дете со телесни повреди на 9 август е примено на Детска хирургија. Веднаш по пријавувањето на случајот дека таткото, односно сопругот, извршил семејно насилство врз децата и нивната мајка односно сопруга, специјализираниот стручен тим од Центарот за социјални работи на Град Скопје излезе на терен, информира Министерството. На таткото му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, а здравствената состојба на двегодишното дете е добра и денеска ќе биде пуштено дома. Останатите 3 деца кои вчера беа интервентно сместени во згрижувачко семејство ќе се вратат кај мајката и сите заедно ќе бидат згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Воедно, Центарот ќе иницира постапка за изрекување мерки за времена заштита од семејно насилство. Семејството е познато на Центарот и по претходни пријави за семејно насилство. Од средината на март до почетокот на април годинава, мајката и четирите деца биле згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Центарот го напуштиле по писмена изјава на мајката дека сака да се врати во домот на сопругот со своите деца, бидејќи ги надминале недоразбирањата и состојбата во домот е смирена. Новиот случај на семејно насилство во Скопје го откри полицијата во утринскиот билтен. Татко си го тепал двегодишниот син до онесвестување по што ги заклучил другите деца во соба, а ја претепал и сопругата кога сакала да им помогне. Детето е задржано во болница на лекување, а татко му е приведен во полиција. Станува збор за 47-годишен скопјанец Ф.С. против кој е поднесена кривична пријава од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје. Според полицијата, тој извршил две кривични дела- телесни повреди во вршење семејно насилство, казниво по член 130, став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretepanoto-dvegodishno-dete-e-dobro-i-deneska-kje-bide-pushteno-doma-tatkoto-vo-pritvor/feed/ 0