претседател на република македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Feb 2019 13:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претседател на република македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иванов најостро го осудува физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во затворот во Шутка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-najostro-go-osuduva-fizichkoto-nasilstvo-shto-se-sluchi-vo-tekot-na-vcherashniot-den-vo-zatvorot-vo-shutka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-najostro-go-osuduva-fizichkoto-nasilstvo-shto-se-sluchi-vo-tekot-na-vcherashniot-den-vo-zatvorot-vo-shutka/#respond Fri, 22 Feb 2019 13:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=166922

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро го осудува физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во КПУ Затвор Скопје – Скопје. -Безбедноста на сите притворени и затворени лица мора да биде загарантирана од затворската управа, за ваквите и слични случаи, не може и не смее да има никакво оправдување. Во казнено поправните установи во Република Македонија  мора  да  се  заштити  психофизичкиот  и  моралниот интегритет на лицата, да се почитува нивната личност и достоинство, како и нивното право на лична сигурност. Согласно чл.10 од Уставот на Република Македонија „Животот на човекот е неприкосновен“, а согласно чл.11 „Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“, стои во соопштението на Иванов. Од кабинетот на Иванов додаваат дека согласно Законот на кривична постапка, чл.176 ст.1, „При издржување на притворот не смее да се навредува личноста и достоинството на обвинетиот“. -Во изминатиов период до Комисијата за помилување како и до Одделението за постапување по претставки и предлози во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, беа доставени писма од граѓани кои изразуваа загриженост за безбедноста во затворите во Република Македонија. Затоа, очекуваме што побрзо расчистување на овој, како и на сите досегашни случаи, познати или непознати за јавноста. Бараме одговорност од сите надлежни институции, стои во соопштението на Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-najostro-go-osuduva-fizichkoto-nasilstvo-shto-se-sluchi-vo-tekot-na-vcherashniot-den-vo-zatvorot-vo-shutka/feed/ 0
Иванов до Фрчковски: Јас не сум ти, кој си ти е опишано во мемоарите на Глигоров и Андов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-do-frchkovski-jas-ne-sum-ti-koj-si-ti-e-opishano-vo-memoarite-na-gligorov-i-andov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-do-frchkovski-jas-ne-sum-ti-koj-si-ti-e-opishano-vo-memoarite-na-gligorov-i-andov/#respond Fri, 07 Dec 2018 14:15:34 +0000 https://kurir.mk/?p=137049

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата  „24 Анализа“ на Телевизија 24. Сметаме дека ваквиот однос на Фрчкоски кон Претседателот на Република Македонија е резултат на личен анимозитет, како и последица на неговите лични фрустрации поради доживеаниот пораз на претседателските избори, токму од страна на претседателот Иванов. Сметаме дека Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов. Дали треба да ја потсетуваме јавноста на веќе укажаните сведоштва дека Фрчкоски е архитектот на политичката полиција и криминализирање на Службата за безбедност во Република Македонија на штета на националните прашања? Дали непрофесионализмот, кршењето на човековите права и владеење на подземјето е неговиот печат во управувањето со институциите? Дали Фрчкоски смета дека јавноста заборави за криминалните и неморалните дела од неговото владеење? Претседателот Иванов му порачува на Фрчкоски: „Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на поранешниот претседател Киро Глигоров и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов“. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија очекува од Јавното обвинителство да реагира на сите досегашни изјави и сведоштва за улогата на Фрчкоски во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-do-frchkovski-jas-ne-sum-ti-koj-si-ti-e-opishano-vo-memoarite-na-gligorov-i-andov/feed/ 0
Иванов за смртта на Стефановски: Загубивме врвен драматург и прекрасен човек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-za-smrtta-na-stefanovski-zagubivme-vrven-dramaturg-i-prekrasen-chovek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-za-smrtta-na-stefanovski-zagubivme-vrven-dramaturg-i-prekrasen-chovek/#respond Wed, 28 Nov 2018 12:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=133081

Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство по повод смртта на драматургот Горан Стефановски. Во писмото Иванов вели дека со тага ја примил веста за Стефановски и изразува длабоко сочувство до семејството и јавноста. „Со прераната смрт на Горан Стефановски загубивме врвен драматург, но и голем ерудит, мислител и пред сè прекрасен човек кој со своето дело остави неизбришлива трага во нашето културно и општествено живеење. Горан Стефановски беше наш најпознат и најизведуван современ драмски автор чии драми оставија неизбришливи траги во нашиот театар и книжевност, претставувајќи своевидна луцидна панорама на нашето живеење и светоглед. Покрај маркантниот драмски опус, неизбришливи се и неговите остварувања во телевизискиот медиум, пред сè преку култната телевизиска серија ‘Бушава азбука’. Вечно ќе сме благодарни за творештвото што ни го остави, за сè што напиша, создаде и инспирираше“, се вели во писмото на Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-za-smrtta-na-stefanovski-zagubivme-vrven-dramaturg-i-prekrasen-chovek/feed/ 0
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-so-poraka-do-gragjanite-na-ilinden-site-dojdete-na-mechkin-kamen-vo-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-so-poraka-do-gragjanite-na-ilinden-site-dojdete-na-mechkin-kamen-vo-krushevo/#respond Mon, 30 Jul 2018 10:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=82710

Претседателот Иванов ги повика граѓаните на 2 август да дојдат на Мечкин Камен во Крушево на државната прослава на Илинден каде што тој ќе има свое обраќање. Тој испраќајќи ги коњаниците во петокот, потенцираше дека слободата не се освојува еднаш, туку секој ден и постојано. – Ја користам оваа прилика, во предвечерјето на нашиот најголем и најсветол празник Илинден, да упатам еден повик. Ги повикувам македонските граѓани од сите краишта на нашата татковина Република Македонија, во што поголем број да дојдат во Крушево. Да дојдат во нашата прва македонска република, да се искачат на Мечкин Камен, за заедно да ги пречекаме овие храбри и посветени коњаници. Да ги пречекаме и да го поздравиме нивниот истраен и незапирлив марш кон слободата. Бидејќи слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг и низ секој изгрев што нè осветлува – порача Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-ivanov-so-poraka-do-gragjanite-na-ilinden-site-dojdete-na-mechkin-kamen-vo-krushevo/feed/ 0
Иванов се сретна со романската премиерка Виорика Данчила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-se-sretna-so-romanskata-premierka-viorika-danchila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-se-sretna-so-romanskata-premierka-viorika-danchila/#respond Fri, 27 Jul 2018 15:46:15 +0000 https://kurir.mk/?p=81875

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателката на Владата на Романија Виорика Данчила. Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог. На средбата, како што информираат од прес службата на Претседателот, биле разменети мислења за актуелните политички случувања во Македонија и во Романија и за предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа. Иванов потенцирал дека мирот, стабилноста и безбедноста на регионот се од клучно значење за целиот европски континент. - За таа цел е неопходно јакнење на регионалната соработка и јакнење на меѓусебната доверба и поддршка, порачал на средбата претседателот Иванов, се вели во соопштението. Двајцата соговорници разменија мислења за стратешките цели и надворешно политички приоритети на Република Македонија и изразиле подготвеност за натамошно продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план. На средбата, се посочува во соопштението, биле разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес, а посебен акцент беше ставен на потребата од јакнење на економската соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-se-sretna-so-romanskata-premierka-viorika-danchila/feed/ 0