претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 06:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајк Џонсон е најновиот кандидат за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-e-najnoviot-kandidat-za-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-e-najnoviot-kandidat-za-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=892792

Републиканците го избраа конгресменот Мајк Џонсон за свој најнов кандидат за претседател на Претставничкиот дом на САД, неколку часа откако претходниот кандидат Том Емер ненадејно се повлече. Конгресменот Емер се повлече наспроти противењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и некои конгресмени од редовите на Републиканската партија. Џонсон од Луизијана, кој е ниско рангиран член на републиканското раководство во Претставничкиот дом, стана четвртиот републикански кандидат по Емер и другите во циклусот политички конфликти што се појавија по смената на Кевин Мекарти од функцијата претседател на Претставничкиот дом. За време на поединечното гласање, Џонсон го освои мнозинството, но пред денешното очекувано гласање во Претставничкиот дом за победа ќе му бидат потребни гласовите на речиси сите републиканци. Американската влада ризикува да се затвори за неколку недели ако Конгресот не го усвои законот за финансирање до 17 ноември за да продолжат да работат службите и канцелариите. Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри 105 милијарди долари помош за Израел и Украина и да ја зајакне границата на САД со Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-dhonson-e-najnoviot-kandidat-za-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/feed/ 0
Трамп: Подготвен сум привремено да ја преземам функцијата претседател на Претставничкиот дом https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-podgotven-sum-privremeno-da-ja-prezemam-funktsijata-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-podgotven-sum-privremeno-da-ja-prezemam-funktsijata-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=885816

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен привремено да ја преземе функцијата претседател на Претставничкиот дом доколку Републиканската партија не може да се договори за друг кандидат. „Ме прашаа дали би се согласил да ја прифатам функцијата на кратко за доброто на партијата, додека не се договорат. Ова не го правам затоа што сакам. Ќе го направам ако треба, ако тие не можат да донесаѕ одлука“, рече Трамп. Тој рече дека ќе ја прифати третата позиција во хиерархијата на моќта на земјата за „период од 30, 60 или 90 дена“ - додека членовите на партијата не се договорат за подолготрајна опција. Републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом со 221 спрема 212, треба да одржат форум зад затворени врати за кандидатите кои бараат претседателска функција во вторник, состанок на кој поранешниот републикански претседател рече дека можеби ќе присуствува. Се очекува гласање следниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-podgotven-sum-privremeno-da-ja-prezemam-funktsijata-pretsedatel-na-pretstavnichkiot-dom/feed/ 0
Надал би сакал да стане претседател на Реал https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-bi-sakal-da-stane-pretsedatel-na-real/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-bi-sakal-da-stane-pretsedatel-na-real/#respond Tue, 19 Sep 2023 11:52:46 +0000 https://kurir.mk/?p=879508

Шпанскиот тенисер, 22-кратниот грен слем шампион Рафаел Надал одговори на прашањето дали би сакал да стане претседател на Реал Мадрид. - Немам таков сон, но би сакал. Нема смисла да се зборува за ова сега, бидејќи го имаме најдобриот претседател [Флорентино Перез] од сите можни. Животот зема многу кривини и треба да се запрашате дали сте доволно квалификувани да направите одредена работа, изјави Надал за „Marca“. Претходно 37-годишниот тенисер зборуваше за своето здравје и плановите за камбек. Играчот имаше повреда на мускул на левата нога. Функцијата претседател на Реал Мадрид од 2000 до 2006 година, а од 2009 до денес ја зазема Флорентино Перез.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-bi-sakal-da-stane-pretsedatel-na-real/feed/ 0
Бајден: Претседателот на Нигер веднаш да биде пуштен на слобода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelot-na-niger-vednash-da-bide-pushten-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelot-na-niger-vednash-da-bide-pushten-na-sloboda/#respond Thu, 03 Aug 2023 10:11:20 +0000 https://kurir.mk/?p=862939

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика пучистите во Нигер да го ослободат соборениот претседател Мохамед Базум и неговото семејство. „Повикувам на итно ослободување на претседателот Базум и неговото семејство и за зачувување на тешко стекнатата демократија во Нигер“, се наведува во изјавата на Бајден објавена на веб-страницата на Белата куќа. Американскиот претседател додаде дека одбраната на основните демократски вредности, застапувањето за уставниот поредок, правдата и правото на мирно собирање се од суштинско значење за партнерството меѓу САД и Нигер. „Оваа година, додека земјата ја одбележува 63-годишнината од својата независност, Нигер се соочува со сериозен предизвик за нејзината демократија. Во овој критичен момент, САД стојат покрај народот на Нигер во чест на нашето повеќедецениско партнерство вкоренето во заедничката демократска вредности и поддршка за граѓанското управување“, изјави Бајден. Американскиот претседател посочи дека народот на Нигер има право да ги избере своите лидери и дека својата волја ја изрази на „слободни и фер избори и тоа мора да се почитува“. Воените офицери на Нигер минатата недела го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале Уставот и ги распуштиле сите поранешни институции, откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум во неговата палата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pretsedatelot-na-niger-vednash-da-bide-pushten-na-sloboda/feed/ 0
Претседателот на Судски совет го посети опожарениот кумановски суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sudski-sovet-go-poseti-opozhareniot-kumanovski-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sudski-sovet-go-poseti-opozhareniot-kumanovski-sud/#respond Tue, 11 Jul 2023 13:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=855407

Претседателот на Судски совет на РСМ, Сашко Георгиев рано утрово го посети Основниот суд во Куманово, каде ноќеска околу 2 часот по полноќ избил пожар. - Во разговор со ВД претседателот на кумановскиот суд Снежана Манев, Георгиев беше информиран дека пожарот бил регистриран во подрумскиот дел во една од просториите каде што се наоѓа архивата со стари предмети, се вели во соопштението од Судски совет. Георгиев, како што информираат од Судски совет, изразил надеж дека последиците од пожарот што поскоро ќе бидат санирани, а криминалистичките вештачења и преземените истражни дејствија завршени во најкус можен рок, за да се откријат причините за несреќата и обемот на направената штета. Од Судски совет, посочуваат дека Георгиев е во постојана комуникација со ВД претседателката и пожарникарните служби, на кои им понуди дополнително ангажирање и на други служби, со цел успешно да се изгасне пожарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-sudski-sovet-go-poseti-opozhareniot-kumanovski-sud/feed/ 0
Почина поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-srbija-milan-milutinovik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-srbija-milan-milutinovik/#respond Sun, 02 Jul 2023 14:04:34 +0000 https://kurir.mk/?p=851815

Поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ, почина на 81-годишна возраст. Веста за неговата смрт на Инстаграм ја објави шефот на срската дипломатија и претседател на Социјалистичката партија на Србија  Ивица Дачиќ. Милан Милутиновиќ беше претседател на Србија од 1997 до 2002 година. По завршувањето на неговиот претседателски мандат, во декември 2002 година, тој се предаде на Хашкиот трибунал, каде што беше обвинет за воени злосторства за време на конфликтот во Косово и Метохија. На 26 февруари 2009 година, беше ослободен и прогласен за невин по сите обвиненија. Милутиновиќ претходно беше републички секретар за образование и наука на Србија од 1977 до 1982 година, амбасадор на Југославија во Грција од 1989 до 1995 година и сојузен министер за надворешни работи од 1995 до 1997 година. Роден е во Белград во 1942 година, каде завршил основно училиште и гимназија, а дипломирал во 1965 година на Правниот факултет во Белград.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-srbija-milan-milutinovik/feed/ 0
Судијата Сашко Георгиев избран за претседател на Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-sashko-georgiev-izbran-za-pretsedatel-na-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-sashko-georgiev-izbran-za-pretsedatel-na-sudskiot-sovet/#respond Thu, 04 May 2023 15:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=830610

Судскиот совет попладнево на итна седница со осум гласа „за" и четири „против" го избра судијата Сашко Георгиев за нов претседател. Седницата ја водеше заменикот Селим Адеми, кој пред гласањето посочи дека претседателот на Судски совет се избира со осум гласа од членовите со право на глас. На седницата не присуствуваше претходната претседателка на советот Весна Дамева. Пред гласањето Георгиев рече дека гордоста е на негова страна што го предлагаат и оти го прифаќа предлогот само ако е од сите заедно сплотени. -Очекувам само сите заедно, сплотени и надпросечен придонес да ја вратиме довербата пред се меѓу нас и граѓаните. Затоа ве повикувам, доколку овој предлог излегува искрено, само сите заедно ќе го прифатам овој предизвик. Ве повикувам сите, да придонесеме, доколку стоите позади мене го прифаќам предлогот, изјави Георгиев. Членовите на советот Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимоски, Ивица Николовски и Мери Радевска, без да образложуваат кажаа дека „принципиелно гласале против" бидејќи, како што посочија Сашко Георгиев гласал за разрешувањето и со тоа и самиот придонел за состојбата во која се најде Судскиот совет. Судскиот совет, 439-та седница која претходно беше одложена за завчера, ја закажа попладнево на 15 минути пред нејзиниот почеток во 16:30 часот. Весна Дамева беше разрешена неочекувано минатата среда на јавна седница на Судскиот совет, Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“, произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата, рече дека се надева оти во наредните денови ќе има доволно време да се види дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за да се легализира, како што наведе, нејзиното незаконско разрешување. Разрешувањето на Дамева и случувањата во Судскиот совет предизвикаа бројни реакции во јавноста, а правите експерти го оценија како нелигитимно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-sashko-georgiev-izbran-za-pretsedatel-na-sudskiot-sovet/feed/ 0
Нов претседател на Судскиот совет ќе се избира на 2 мај со присуство на сите членови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-pretsedatel-na-sudskiot-sovet-ke-se-izbira-na-2-maj-so-prisustvo-na-site-chlenovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-pretsedatel-na-sudskiot-sovet-ke-se-izbira-na-2-maj-so-prisustvo-na-site-chlenovi/#respond Thu, 27 Apr 2023 13:53:49 +0000 https://kurir.mk/?p=828358

Седницата на Судскиот совет на која треба да се гласа нов претседател е закажана за 2 мај во 11 часот. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, кој вчера со седум гласа ја разреши претседателката Весна Дамева без присуство на сите членови на ова тело, денеска побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето, како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови. - Денеска беше закажана 439 седница, но веќе дебатиравме дека кога се прави избор на претседател на Судски совет, добро е и пожелно сите 13 члена да бидат присутни и Советот да биде во полн состав. Но, од оправдани причини еден член на Судскиот совет не е присутен и сите се согласуваме дека кога имаме ваква важна точка треба да сме сите присутни и од тие причини предлагам да се одржи за 2 мај, изјави на седницата заменик-претседателот. Разрешената претседателка Дамева произнесувајќи за предлогот за одлагање на седницата рече дека се надева дека во наредните денови ќе има доволно време да се обезбеди потребното мнозинство. -Мене ми е навистина непријатно што ова се случува. Иако морам да бидам искрена, како што сум била секогаш, дека очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување без проверена каква било постапка понатаму на некој начин ќе се легализира. Спомнувајќи од ваша страна преку Уставен суд итн. не навлегувам. Но требаше да не заштитите вие како заменик-претседател и одговорен во овој момент претседавач на оваа седница, да не заштитите од сите можеби влијанија, притисоци, закани итн. И доблесно беше бидејќи ставот на секој судија и на секој член на Судски совет е во овој момент и сега ако никој нема изградено дефинирано став сега, тогаш колеги повторно потврдувам дека ние не сме на ниво на задачата да бидеме дел од ова судско тело, истакна Дамева. Гласањето за одлагање на седницата продолжи, а откако Адеми истакна дека 8 гласала биле „за“ и двајца „против“, Дамева побара поединечно гласање по кое резултатот беше 4 „против“, наспроти 8 „за“. Тој не даде изјава за новинарите, кои побараа појаснување на забелешките на невладините и експертите дека вчерашното разрешување на Дамева е незаконско и против процедурите и Деловникот, а не одговори ниту како вчера за разрешувањето не се барало присуство на сите членови, а денеска за изборот на нов се бара. Адеми во присуство на Дамева, по неколку часа тензии и караници на седница во Советот вчера го презеде раководењето со седницата и предложи да се гласа за нејзино разрешување со кревање рака. За разрешувањето на Дамева гласаа седум членови - Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска, по што заменик-претседателот констатира дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата и ја закажа денешната за избор на нов претседател. Коалицијата „Сите за правично судење“ за вчерашната седница на Судскиот совет на РСМ изготви извештај во кој меѓу другото се наведува дека престанок на мандат, во смисла на разрешување, може да постои само како резултат на сторена дисциплинска повреда согласно членот 34 од Законот за Судски совет. Од Колицијата појаснуваат дека за да постои каква било дисциплинска мерка или разрешување на член на Советот, претходно мора да биде спроведена дисциплинска постапка согласно членот 35, односно да биде поднесено формално образложено барање поткрепено со докази, доставено од кој било член на Советот или најмалку 20 судии. На ваквото барање, членот против кого се однесува, може да достави одговор во рок од 8 дена од денот на добивање на барањето со доказите, по што во рок од 2 дена претседателот, односно заменик претседателот на Советот ги доставува материјалите до останатите членови и закажува седница на која ќе се расправа по барањето. -По ова, за да може да се донесе одлука за разрешување на член на Советот, за истата мора да гласале најмалку 8 члена со право на глас, при што мора да гласале за разрешувањето и најмалку двајца членови избрани од Собранието, а притоа членот за чија одговорност се одлучува и членот кој е подносител на барањето не учествуваат во гласањето. Поради ова, Судскиот совет не можел да донесе одлука за разрешување од функцијата претседател на Судски совет без да донесе одлука за разрешување на членот како член на Судски совет, односно не ја испочитувал процедурата во која може да се одлучи за каква било дисциплинска одговорност на член, вклучително и претседателот на Судски совет, како и ја донел одлуката со несоодветно мнозинство, односно наместо со 8, одлуката ја донел со 7 гласа „за“, од кои еден бил и глас на членот кој ја покренал иницијативата за разрешување, нагласуваат од Коалицијата. Разрешувањето на Дамева предизвика реакции во јавноста и кај експертите во правосудството дека всушност станува збор за непочитување на процедурата и Деловникот, а со став излегоа претседателот на држвата, пратеници во Собранието, ДКСК. Министерството за правда заради добивање повеќе информации испратило барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од вчерашната седница, како и усвоениот дневен ред, на која беше разрешена претседателката Дамева. Во денешното соопштение од Министерството за правда се вели дека со голема загриженост ги следат настаните во Судскиот совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-pretsedatel-na-sudskiot-sovet-ke-se-izbira-na-2-maj-so-prisustvo-na-site-chlenovi/feed/ 0
Најдено решение за исплата на јануарската плата во Кабинетот на претседателот, со покачување од 5 проценти за административните службеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najdeno-reshenie-za-isplata-na-januarskata-plata-vo-kabinetot-na-pretsedatelot-so-pokachuvane-od-5-protsenti-za-administrativnite-sluzhbenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najdeno-reshenie-za-isplata-na-januarskata-plata-vo-kabinetot-na-pretsedatelot-so-pokachuvane-od-5-protsenti-za-administrativnite-sluzhbenitsi/#respond Wed, 15 Feb 2023 13:20:35 +0000 https://kurir.mk/?p=800825

Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во Кабинетот. - Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати, се појаснува во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najdeno-reshenie-za-isplata-na-januarskata-plata-vo-kabinetot-na-pretsedatelot-so-pokachuvane-od-5-protsenti-za-administrativnite-sluzhbenitsi/feed/ 0
Андрија Мандиќ кандидат за претседател на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrija-mandik-kandidat-za-pretsedatel-na-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrija-mandik-kandidat-za-pretsedatel-na-tsrna-gora/#respond Tue, 07 Feb 2023 18:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=797461

Црногорската Државна изборна комисија (ДИК) денеска ја потврди претседателската кандидатура на претседателот на Новата српска демократија (НСД), Андрија Мандиќ, откако со проверката беше утврдено дека има доволно важечки потписи за неговата кандидатура да биде валидна. -За никој да не сфати погрешно, административното барање за некомплетноста на одредени потписи беше сосема поинаку од барањето за двојно државјанство. Не сакам да се мисли дека некој од ДИК нема доверба во одредени кандидати и дека нема еднаков пристап кон сите, изјави членот на ДИК Милисав Ќориќ, пренесува РТЦГ. ДИК на седницата во петокот не ја потврди кандидатурата на Мандиќ поради некомплетна документација, па беше побарано кандидатурата на Мандиќ да биде вратена на ревизија. Републичката изборна комисија на Србија (РИК) вчера испратила допис до ДИК, во кој се наведува дека ќе ги проверува наводите за државјанството на Мандиќ, како и на најавениот кандидат Милојко Спајиќ. РТЦГ потсетува дека во петокот ДИК се обрати до Републичката изборна комисија во Србија со барање да им даде информации дали Андрија Мандиќ (ДФ) и претседателскиот кандидат Милојко Спајиќ (Европа Сад) имаат право да гласаат и да престојуваат во Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrija-mandik-kandidat-za-pretsedatel-na-tsrna-gora/feed/ 0