претседателски мандат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Aug 2020 10:50:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претседателски мандат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дуда положи заклетва за втор претседателски мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-polozi-zakletva-za-vtor-pretsedatelski-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-polozi-zakletva-za-vtor-pretsedatelski-mandat/#respond Thu, 06 Aug 2020 10:50:58 +0000 https://kurir.mk/?p=387135

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска пред пратениците во Парламентот положи заклетва за втор петгодишен мандат. Опозициските пратеници и премиерот не присуствуваа на седницата, бидејќи сметаат дека тој не го почитувал Уставот за време на неговиот прв мандат и затоа што неговите политики, како што велат, се во судир со лидерите на ЕУ. Како што пренесуваат странските агенции, Дуда е близок соработник на владејачката десничарска коалиција, што ја сочинуваат партијата Право и правда и две помали политички партии. По заклетвата, Дуда вети отвореност за сите групи и политички партии и ја истакна клучната улога на семејството и потребата тоа да се заштити. Дуда освои 51,03 отсто од гласовите на претседателските избори на 12 јули, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, освои 48,97 отсто. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-polozi-zakletva-za-vtor-pretsedatelski-mandat/feed/ 0