претседателство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Jun 2021 09:36:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претседателство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утре Словенија ќе го преземе претседателството со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utre-slovenija-kje-go-prezeme-pretsedatelstvoto-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utre-slovenija-kje-go-prezeme-pretsedatelstvoto-so-eu/#respond Wed, 30 Jun 2021 09:36:30 +0000 https://kurir.mk/?p=529787

Словенија утре ќе го преземе претседателството со Европската унија, а меѓу нејзините приоритети ќе биде процесот на проширување на Западен Балкан, нејзиниот одржлив развој и закрепнување по пандемијата. Владата на Словенија утре ќе организира Колеџ на комесари на Брдо кај Крањ, предводен од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, каде ќе се разговара за програмата и приоритетите на словенечкото претседателство. Приоритетите и целите на словенечкото претседателство, под слоганот „Заедно. Издржлива. Европа”, ќе бидат зајакнување на отпорноста, закрепнување и стратешка автономија на Унијата, дебата за иднината на Европа, зајакнување на европските вредности со посебен акцент за владеењето на правото, како и развој на трансатлантските односи и продолжување на процесот на проширување на ЕУ. Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар изјави дека Словенија ќе се фокусира на социо-економското закрепнување на Западен Балкан по пандемијата и одржливиот развој и напредок на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ. – Словенија го потенцира регионот (Западен Балкан) како еден од главните геостратешки приоритети на ЕУ, затоа мора да ги зајакне своите активности, присуство и фондови за развој на регионот. Еден од најголемите предизвици на нашето претседателство ќе биде да најдеме доволно политичка волја, и во ЕУ и во регионот, да се решат дури и најтешките прашања во регионот на конструктивен начин, рече Логар во интервјуто објавено на веб-страницата на словенечкото претседателство. Логар вели дека Словенија ќе им помага на земјите од регионот да се приближат до ЕУ, како во контекст на процесот на проширување, така и преку реализација на проекти од областа на економијата, енергетиката, дигиталното и инфраструктурното поврзување. Посебно внимание ќе се посвети на спроведувањето на Зелената агенда во регионот и проектите што се важни за постепената трансформација на земјите од Западен Балкан во одржливи и зелени економии. Во Словенија, за време на нејзиното второ претседателство со ЕУ, ќе бидат организирани околу 190 настани, повеќето од нив на Брдо кај Крањ. Словенија стана полноправна членка на ЕУ во 2004 година, по шест години преговори. Три години подоцна, Словенија стана членка на Шенген зоната и еврозоната. Нејзиното прво претседателство со Унијата, во првата половина на 2008 година, беше обележано со подготовки за спроведување на Лисабонскиот договор, самитот ЕУ-САД и почетокот на спроведувањето на иницијативата за Црноморска синергија. Во тоа време, и Косово еднострано прогласи независност. Во следните шест месеци, Словенија ќе продолжи да ја спроведува програмата за тројно претседателство со ЕУ, што ја усвои со претходните две земји претседавачи, Португалија и Германија. Главната цел на таа програма е справување со пандемијата на коронавирусот и нејзините социјални и економски последици и развој на поотпорна ЕУ, која ќе биде подобро подготвена за решавање на кризите во иднина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utre-slovenija-kje-go-prezeme-pretsedatelstvoto-so-eu/feed/ 0
Грција ѝ го предаде на Германија претседателството со Советот на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grcija-go-predade-na-germanija-pretsedatelstvoto-so-sovetot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grcija-go-predade-na-germanija-pretsedatelstvoto-so-sovetot-na-evropa/#respond Wed, 18 Nov 2020 14:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=431326

На онлајн манифестација, поради пандемијата, наместо во живо во Атина како што беше првично планирано, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, на министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, му го предаде претседателството со Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина. Варвициотис рече дека е многу важно што приоритетите на германското претседателство се слични со грчките од изминатите шест месеци и изрази поддршка за Берлин. Паралелно истана дека за време на претседателството акцентот беше ставен на промоција на демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, особено за време на пандемија. Целото шестмесечно грчко претседателство беше дигитално, поради околностите наметнати од пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grcija-go-predade-na-germanija-pretsedatelstvoto-so-sovetot-na-evropa/feed/ 0
Грција денеска го презема претседателството во Советот на Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-deneska-go-prezema-pretsedatelstvoto-vo-sovetot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-deneska-go-prezema-pretsedatelstvoto-vo-sovetot-na-evropa/#respond Fri, 15 May 2020 09:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=346140

Со централна тема и состаноци прилагодени на моменталната ситуација поради пандемијата со Ковид-19, Грција денеска го презема претседателството со Советот на Европа, а манифестацијата на примопредавањето ќе се одржи на далечина, преку интернет. Заштита на човечките животи и јавното здравје во услови на пандемија –ефективно управување со здравствена криза со целосно почитување на човековите права и принципите на демократијата и владеењето на правото, ќе биде централната тема на шестмесечното грчко претседателство до 18 ноември 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина. Денеска напладне, Грција ќе го презеде претседателството од Грузија, а на онлајн манифестацијата ќе присуствуваат алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, кој ќе биде и претседавач, шефот на грузиската дипломатија, генералната секретарка на Советот на Европа, претседателот на парламентарното собрание, претседателот на Европскиот суд за човекови права, комесарката за човекови права, постојаните претставници на 47-те земји членки, како и претседателите на други институции на Советот на Европа. На денешниот настан, Варвициотис ќе ги презентира приоритетите на претседателството, кои пред три дена ги претстави пред новинарите во Грција. На онлајн прес конференцијата во вторникот, рече дека се воведува и „E-Chairmanship“, односно состаноци и активности ќе преку видеоконференции, барем до септември, поради ситуацијата со Ковид-19. Иако првично биле планирано грчкото претседателство да се задржи на други теми, како што објасни Варвициотис на 9 март во Стразбур веќе ги презентирал приоритетите за кои Грција се подготвувала од минатата есен, сепак пандемијата наложила, во изминатите два месеци целосно да се променат темите. Освен централната тема, за време на шестмесечното претседателство ќе стане збор и за младите и новите генерации, децата и децата бегалци без придружба, заштита на културното наследство од климатските промени, насилството врз жените итн. Централниот настан на претседателството ќе биде 70-годишнината од потпишувањето на Европската конвенција за човекови права и на 4 ноември 2020 година, планирано е во Атина да се одржи 130-от министерски самит. Во рамките на грчкото претседателство, планирано е на есен да се одржат министерски самити за правда и за образование. Првиот, посветен на независното судство и владеењето на правото, со учество на министрите за правда. Мониторинг за проучување на историјата во рамките на Советот на Европа ќе биде една од темите за кои ќе дискутираат министрите за образование на втората конференција, исто така планирана за на есен. -За нас е особено важно, особено во соседството во кое што живееме, кое што произведува повеќе историја отколку што може да консумира, како што карактеристично велат некои аналитичари, да постои орган за мониторинг за проучувањето на историјата во наставата. Такво нешто би ни помогнало во прашањата што ги имаме со соседите, во решавањето на билатералните теми, рече Варвициотис, на прес конференцијата во вторникот, како што веќе објави МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-deneska-go-prezema-pretsedatelstvoto-vo-sovetot-na-evropa/feed/ 0
Австрија од утре го презема шестмесечното претседавање со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-od-utre-go-prezema-shestmesechnoto-pretsedavanje-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-od-utre-go-prezema-shestmesechnoto-pretsedavanje-so-eu/#respond Sat, 30 Jun 2018 10:04:43 +0000 https://kurir.mk/?p=71460

Австрија од утре го презема шестмесечното претседавање со ЕУ во чувствителен момент, посебно поради очекуваното завршување на договорот за Брегзит и буџетот на Унијата. Третпат, по 1998 и 2006 година, Австрија ќе претседава со ЕУ, овојпат под мотото „Европа која штити“, чии главни приоритети ќе бидат миграциите и прашањата за безбедноста и конкурентноста на ЕУ, но и натамошното приближување на земјите од Западен Балкан кон Унијата. Австрија, која подолг период се ангажира околу регионот на Западен Балкан, сака да го задржи фокусот, кој Бугарија го насочи кон овој регион за време на своето претседавање. Освен тоа, една од целите на официјална Виена е и подобрување на односите на ЕУ со земји како што се Русија и Израел. ЕУ, како што истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц, треба да се занимава со големи прашања, како што е заштита на надворешните граници или надворешната политика, а да се повлече од помалите прашања кои треба да останат во надлежност на националните влади, регионите и локалните власти. За Австрија голем предизвик ќе биде постигнување договор за буџетот на ЕУ за периодот 2021/2027 година, бидејќи Виена бара да не се зголемуваат уплатите за државите кои се нето-уплатувачи, како што е Австрија, и тоа поради излезот на Велика Британија од европското семејство. Исто така, и Брегзит е голема тема со која ќе се соочи Австрија, бидејќи се очекува да се постигне договор до октомври, за да може процесот на ратификација да заврши до крајот на март следната година. Засега е неизвесно дали ќе се успее во тоа, бидејќи и главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние неодамна во Виена изрази загриженост дали воопшто ќе биде постигнат договор. Инаку, претходните две претседавања на Австрија беа во време на криза. Во 1998 година во фокусот на интересирањето на светската јавност беше пред се косовскиот конфликт, а во 2006 година во тој период се случи уставна криза на ЕУ бидејќи Франција и Холандија одбија договор. Во текот на сегашното претседавање предвидени се околу 300 собири во Австрија, меѓу кои и 13 неофицијални совети. Трошоците за претседавањето се проценуваат на околу 43 милиони евра, а медиумите шпекулираат дека би можеле да бидат и двојно поголеми. Канцеларот Курц на 3 јули ќе се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, а на 5 и 6 јули еврокомесарите ќе допатуваат во посета на Виена. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-od-utre-go-prezema-shestmesechnoto-pretsedavanje-so-eu/feed/ 0