претстава власт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Jun 2022 12:19:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претстава власт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Власт“ – нова премиера на Штипскиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlast-nova-premiera-na-shtipskiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlast-nova-premiera-na-shtipskiot-teatar/#respond Tue, 14 Jun 2022 12:19:22 +0000 https://kurir.mk/?p=690718

Текстот „Власт“ на Бранислав Нушиќ вечер ќе се постави на штипската театарска сцена во рамки на проектот „Нушиќ – наш современик“. Претставата по текстот на врвниот комедиограф Нушиќ во Штип ќе се гледа по речиси петнаесетина години откако претходно се играше неговата „Нажалена фамилија“. Комедијата „Власт“ е трета премиера годинава на Театарот во Штип, режисер е Ѓорѓи Ризески и играат осум актери. -Мило ми е што ја работиме „Власт“ од Нушиќ, бидејќи неговите дела се апсолутно актуелни и ден-денес. Тоа е последно дело на Нушиќ и, да речам, можеби е најзрело, бидејќи колку повеќе твори, толку повеќе се истакнува неговиот квалитет. Тоа е недовршено дело и ние не го буквално довршивме, но имавме една наша креација и мислам дека тоа ќе се почувстува во претставата, рече режисерот Ризески. Според актерите, станува збор за актуелна приказна, а пренесува и голема порака и ги вклучува емоциите. Ги поканија штипјани да уживаат во претставата. -Не само што е актуелна приказната и не дека тоа е тоа што „ќе ја вози“ претставата, туку се емоциите. Секој од нас кога ќе се најде во таква ситуација, кога негов близок се наоѓа на власт, сѐ се менува. И тоа толку боли, бидејќи знаеме дека има еден куп проблеми. Со ова може да го кажеме и нашиот став гласно и јасно, рече актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски. Актерот Милорад Ангелов додаде дека е чест и задоволство да се учествува во вакво дело режирано од, како што рече, еден прекрасен млад режисер. – Гарантирам дека публиката ќе ужива во претставата, рече Ангелов. НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип со претставата „Власт“ ја завршува полусезоната. Во неа учествува голем тим, од кој дел се и невработени актери избрани на аудиција. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Горан Трајков е со став дека на ваков начин се подобрува квалитетот и се задоволува потребата од млади актери. По вечерашната премиера, претставата „Власт“ ќе има уште две репризи, на 20 и 28 јуни. Почетокот е во 20 часот, а влезницата чини 300 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vlast-nova-premiera-na-shtipskiot-teatar/feed/ 0