претстава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 13:18:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претстава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА на Бриони во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-gostuva-na-festivalot-ruta-na-brioni-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-gostuva-na-festivalot-ruta-na-brioni-vo-hrvatska/#respond Fri, 25 Aug 2023 13:18:16 +0000 https://kurir.mk/?p=870904

Драмски театар со претставата „Мојот маж“ гостува в среда на 30 август во Хрватска. На Бриони во организација на Театарот Улисис се одржува летното издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Гостувањето на членките од Регионалната унија на театри се реализира со изведба на претстави во рамките на фестивалската програма на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати теататски куќи и музичари од десетина земји. Претставата „Мојот маж“ е колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози. Режисер е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф на претставата е Роза Трајчевска – Ристоска, сценограф Костантин Трпеноски и асистент сценограф е Моника Ангелевска. Музиката е избор на Нела Витошевиќ. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ. Во пресрет на ова гостување потсетуваме дека во рамките на фестивалот РУТА, со изведбата на „Мојот маж“ театарот гостуваше во Словенија на сцената на Местно гледалишче Љубљана во 2022 година и во Црна Гора на сцената на Градско позориште Подгорица во април годинава каде имаше извонреден прием кај публика. Претставата „Мојот маж“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во 2022 година освои пет фестивалски награди. Драмската структура на театарската претстава Мојот маж е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарниот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел со авторските монолози тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сеуште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото. Премиерата на „Мојот маж“ беше во февруари 2020 година, и досега има 26 изведби. Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје во организација на Драмски театар од 3 до 8 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалната фестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри во регионот, членки на регионалната унија на театри - РУТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-gostuva-na-festivalot-ruta-na-brioni-vo-hrvatska/feed/ 0
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Изведена првата куклена претстава при МНТ, „Силјан Штркот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot-2/#respond Fri, 21 Apr 2023 17:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=826207

Првата премиера на куклена претстава при Македонскиот народен театар била изведена на денешен ден во 1946 година. Станува збор претставата „Силјан Штркот“, работена според истоимената народна приказна. Имено, Македонски народен театар прв ја согледува потребата од негување најмлада публика – децата, со што создава услови за формирање куклен театар. Поради тоа во 1946 година, само една година по неговото формирање МНТ, формира и Куклена сцена иницирана и остварена од режисерот Светлана Малахова и актерот Петре Прличко, која на плакатот за првата претстава е назначена како Куклен театар за деца. Во 1949 година и официјално прераснал во Градски куклен театар, чиј директор бил Лазар Балабанов. Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско- детски театар. Веројатно токму и поради авантурата и перипетиите во кои се преплетува светот на реалноста и фантастичноста, не случајно е одбрано таа магија на театарот да се отвори/разоткрие со Силјан Штркот. Премиерно прикажана на 21 април 1946 година, Силјан Штркот живее 76 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а сега во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција. Силјан Штркот започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и живата игра на актерите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot-2/feed/ 0
Премиера на претставата „Покондирена тиква“ на Театарот при Дом на култура Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-pokondirena-tikva-na-teatarot-pri-dom-na-kultura-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-pokondirena-tikva-na-teatarot-pri-dom-na-kultura-kavadarci/#respond Fri, 28 Oct 2022 05:19:22 +0000 https://kurir.mk/?p=751529

Театарот при Дом на култура Кавадарци вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова. Во претставата улогите ги толкуваат актерите Ивана Данова, Ангела Василевска, Диме Боцев, Јована Секуловска, Александар Малинков, Сашко Орешков, Диме Коцевски, Валерија Пашова. Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“. Првите репризи на претставата се закажани за на 29 октомври и 1 ноември 2022 од 19:30 часот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-pokondirena-tikva-na-teatarot-pri-dom-na-kultura-kavadarci/feed/ 0
Премиерна изведба на претставата ,,Женска гардероба“ во Театар Комедија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premierna-izvedba-na-pretstavata-zenska-garderoba-vo-teatar-komedija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premierna-izvedba-na-pretstavata-zenska-garderoba-vo-teatar-komedija/#respond Wed, 26 Oct 2022 05:24:06 +0000 https://kurir.mk/?p=750453

Во Театар Комедија вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска, по текст на современиот чешки автор Арношт Голдфлам. – Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува е нивната заедничка гардероба зад сцената, и театарот воопшто, со сета негова магија и страст, информираат од Театар Комедија. Улогите ги играат актерите Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска Милјановска, Ева Скендеровска, Тања Мицков и Тони Денковски. Автор на музиката за претставата е Ристо Вртев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска Угуровска, сценограф е Војдан Запров, а дизајнер на светло Милчо Александров. Асистент на режија е Иван Вртев, а драматург е Благица Секуловска. Комедијара е во продукција на Театар Комедија, Амбасада на Република Чешка, МА2К Invest S.P.O. и SOR Libhavy OOD. Првата реприза на претставата е на 28 октомври, а следна изведба на „Женска гардероба“ е на 1 ноември.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premierna-izvedba-na-pretstavata-zenska-garderoba-vo-teatar-komedija/feed/ 0
Со претставата „Вујко Вања“ вечер завршува 62. издание на фестивалот „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-pretstavata-vujko-vanja-vecher-zavrshuva-62-izdanie-na-festivalot-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-pretstavata-vujko-vanja-vecher-zavrshuva-62-izdanie-na-festivalot-ohridsko-leto/#respond Sat, 20 Aug 2022 11:12:15 +0000 https://kurir.mk/?p=721425

Со претставата „Вујко Вања“ во изведба на Југословенски драмски театар, а во режија на Егон Савин вечер на сцената на Антички ќе биде спуштена завесата на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. „Вујко Вања“, како што забележа денеска на прес-конференција селекторката на драмскиот дел од Фестивалската програма Сања Арсовска, е уште едно дело кое зборува за емотивните фрустрации, несреќните љубови и за немоќта да се вратат и поправат работите, кои донеле до некое емотивно мртвило и автодеструкција. – Сведочејќи на целиот емотивен хаос и една колективна хистерија во која владее некако да се има Чехов во тетатрската програма на фестивалот си дојде природно, затоа што Чехов претставува еден вектор кој ја одредува количината на несреќа и квалитетот на болка и никој како него не може да го опише тој жеден мазохист за страдање, кој се наоѓа во нашите мали, бедни и промашени животи, како и оној порив да се направи нешто, да се тргне некаде, а без притоа да се направи ниту еден чекор, истакна Арсовска. За режисерот Егон Савин, Чехов е најсуптилен меѓу писателите за театар. – Чехов од некои причини, е писател за човечката интима и тешко е да се игра на големи сцени и на отворен простор зашто тој во својата природа е камерен писател и неспоредливо е важна импресијата од експресијата. Веруваме дека сме направиле добра претстава и ќе вложиме огромен напор да го совладаме огромниот атрактивен простор на Античкиот театар и да се обидеме да го доловиме тој интимен свет, приказната за малите промашени луѓе кои чувствуваат празнина, рече Савин. Директорката на Југословенскиот народен театар Белград, Тамара Вучковиќ Манојловиќ посочи дека институцијата настанала во 1947 година со идеја да ги собере на едно место најдобрите уметници од целата земја, она што денес го велиме цел регион и тоа е континуитет до денес. Тоа го потврдува работата на повеќе македонски режисери меѓу кои Слободан Унковски, Александар Поповски, Дејан Дуковски, Горан Стефановски, како и бројни други уметници од целиот регион. -Она што беше идеја на Југословенскиот драмски театар има сериозен континуитет во меѓународната соработка, учествува на фестивали ширум светот и разменува претстави со театарски куќи од целиот свет, од Јужна Америка преку Европа, Русија, до Кина. Она што е исто така важно да се каже, е дека Егон Савин е еден од најеминентните режисери кој работи во целиот регион и редовно во Југословенскиот народен театар, истакна Вучковиќ Манојловиќ. Директорката на националната установа „Охридско лето“ изрази задоволство, за, како што рече, уште едно успешно реализирано Фестивалско издание. – Реализиравме фестивалско издание кое ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. На сцените на Античкиот театар, црквата Св.Софија, Предворјето на Св. Софија, Долни Сарај и Центарот за култура со одржаа 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Настани кои беа проследени од над 20 илјадна публика која уживаше во секоја една вечер, истакна Поповиќ. Низ 40-те Фестивалски денови, додаде, можеше да се видат големи музички ѕвезди, врвни театарски престави, премиери, настани за кои се бараше карта повеќе но и гости од целиот свет. Бевме сцена на која се прикажаа многу новитети во третманот на уметноста, во новите естетики, во новите видувања на уметничките дела. – Позитивната критика и задоволството што го искажаа уметниците за беспрекорната организација не прави горди но и не обврзува секоја следна година да ги подобруваме условите за нивниот настап. Во таа насока веднаш по завршувањето на ова Охридско лето започнуваме со подготовка на програмата за 63-то издание за кое можам да најавам многу новини, многу славни имиња а веќе се договорени и неколку копродукциски проекти. Ваквата соработка ќе овозможи подобро наше претставување на светската културна сцена, забележа директорката. И селекторките на музичкиот и драмскиот дел од програмата Бисера Чадлоска и Сања Арсовска се задоволни од изборот, посетеноста на настаните, но и позитивната критика од публиката и уметниците. – Се радувам што имавме задоволна публика и на одзивот на уметниците, кои беа присутни на Фестивалот. После секој концерт во разговор со нив тие беа импресионирани прво од градот, беа презадоволни од приемот. Тие што доаѓаат прв пат не веруваа дека ќе налетаат на ваква убавина. Тоа само ги инспирираше да направат поубав настап. Пресреќна сум што имавме успешно издание оваа година, нагласи Чадлоска. Нагласи дека е посебно горда на нашите македонски уметници, кои се покажаа во најдобро светло и докажаа дека можат да се носат рамо до рамо со сите светски музичари на ова време, а инпресионирана била и од квалитетот на гудачките квартети, како и пијанистите што настапија на ова фестивалско издание. За драмскиот дел од програмата, селекторката Арсовска, ја радува големата посетеност и како што рече тоа и дава еден порив, желба силна за следната година да имаме уште поголема и подобра програма. Понесени од позитивната критика, директорката и двете селекторки ветија дека веднаш ќе почнат со подготовка на 63. „Охридско лето“, со цел, како што подвлекоа, да се надминат себеси и да направат уште подобро фестивалско издание На 62. издание на фестивалот „Охридско лето“ учествуваа над 1.000 уметници од 25 земји Србија, Чешка, Либан, Италија, Словенија , Полска , Франција, Албанија , Аргентина, Турција, Израел, САД, Унгарија, Украина, Шпанија, Австрија, Црна Гора, Грција, Косово, Велика Британија, Германија, Азербејџан, Кина, Шведска и секако уметници од Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-pretstavata-vujko-vanja-vecher-zavrshuva-62-izdanie-na-festivalot-ohridsko-leto/feed/ 0
Народен театар Белград со „Војна и мир“ вечер на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-teatar-belgrad-so-vojna-i-mir-vecher-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-teatar-belgrad-so-vojna-i-mir-vecher-na-ohridsko-leto/#respond Wed, 17 Aug 2022 12:03:44 +0000 https://kurir.mk/?p=719910

Народен театар од Белград вечер на сцената „Долни Сарај“ ќе ја изведе претставата „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој, во режија Борис Лијешевиќ, во рамките на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Селекторката на драмскиот дел од фестивалската програма, Сања Арсовска, денеска на прес-конференција посочи дека публиката ќе биде сведок на комплексно дизајнирани животи, кои се во постојана потрага по смислата на животот, на Бога. Собрани се заедно да ја покажат волјата за одлучувањето и да го покажат текот на човечките настани. „Војна и мир“, според неа, е дело кое може да биде политичко, историско, љубовно, егзистенцијално, социјално, секакво. – Комплексно и многуслојно во својата наративна структура, во психологијата на ликовите, во значењето на дејствијата. Војната и мирот, односно зборовите кои го обликуваат насловот, што асоцира на политичка состојба и на историски настан, од друга страна може да значи и состојба на човековиот ум. Постојаната војна со човечките страсти и желби, духовните конфликти, како и вечната потрага по мирот во самите нас, истакна Арсовска. Од друга страна, додаде, заплеткувањето на романот со Наполеоновата инвазија во Русија и зачнувањето на Декабристичкото востание покажуваат дека војната е еден фатален ефект, кој продолжува да перпетуира во човештвото без да ја научи поуката. За режисерот Лијешевиќ, „Војна и мир“ е голем роман, кој е тешко да се сведе на неколку реченици, да се каже што е најважно. Тоа, посочи, е роман и претстава, која говори и за смислата на историјата, но и за смислата на човековото постоење и бесмислата на војните. – Тоа што мене ми беше важно е таа Толстоева перспектива, во која војните и мировите се случуваат секаде на сите простори и во геополитичка смисла и во длабоката интимна човечка смисла. Односно, војната и мирот се и во човекот, во односите меѓу луѓето, во природата, во историјата и се тоа е само некој дел од општото постоење. Тоа се некои нормални циклуси во историјата, која се менува, во која наизменично се менуваат војната и мирот. Во романот се генерации кои растат во тој период на војната, која го формира животот, судбините. Луѓе кои бараат смисла, љубов, Бог, рече Лијешевиќ. За „Војна и мир“ вели дека е тешко да се прочита романот, а уште потешко да се драматизира. – Во тек на процесот на работа на драматизацијата отпаѓаше дел од материјалот, бидејќи првичната веризја беше 350 страници, а последната се сведе на 70 страници. Животот ме научи дека секогаш треба да одиме во правец на својот страв и дека тие работи кои на почетокот изгледаат невозможни, на крајот секогаш излегуваат најубави. И да успеавме да дојдеме до последната сцена, премиерата, публиката, но и до „Охридско лето“, нагласи режисерот на претставата. Уметничка директорка на Народен театар – Белград, Молина Удовичи, изрази задоволство за повторното гостување на „Охридско лето“, по речиси една деценија. Во однос на креирањето на претставата забележа дека процесот и асоцирал на вајарска работа, а за нејзината реализација била потребна голема храброст. – Прво беше едно грубо дело, потоа отпаѓаа делови додека не дојде до фина изработка. Мене ми е исклучиво важно, а важно е и за претставата дека во суштина е многу драга, храбра и во однос на Толстој, но и на комплетниот резултат. За претставата требаше храброст и полно срце. Дел од актерскиот Ансамбл се глумци, кои се спремни да го остават срцето на сцената и тоа се чувствува во претставата. И тука некаде е таа љубов, која е Толстоева филозофија. Тоа е една трпелива и посветена работа, рече Удовичи. Според дректорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, денешната претстава ќе го потврди квалитетот кој годинава го има драмската програма на фестивалот. – Токму претставата „Војна и мир“ е една од најпривлечните за љубителите на театарот со што можам да кажам дека гледалиштето на отворената сцена на Долни Сарај ќе биде исполнето до последното место, рече Поповиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-teatar-belgrad-so-vojna-i-mir-vecher-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Претставата „Црнила Ремикс“ на меѓународна сцена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-na-megjunarodna-scena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-na-megjunarodna-scena/#respond Thu, 04 Aug 2022 06:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=713792

Театарски хип-хоп проект на МКЦ Скопје – „Црнила Ремикс“ е дел од официјалната селекција на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, кој од 5 до 9 август ќе се одржи во Ниш, Србија, на сцените во Нишката тврдина. Во рамки на популарниот „Нишвил џез фестивал“ од 2017 година како посебна програмска целина постои Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, на кој оваа година ќе бидат прикажани продукции од Франција, Швајцарија, Србија, САД, Хрватска, Бугарија и Македонија. Програмската селекција на овој фестивал е базирана на продукции кои ја користат музиката како еден од главните драмски елементи во креирање на самата претства, а целата програма се прикажува исклучиво на отворени сцени низ градот. -Ќе погледнеме од многу мали трупи како француската Les Nouveaux Ballets du Nord-Pas de Calais од Лил која ги комбинира техниките на театар, кукларство и танц, или пак хрватската трупа CIrk од Загреб која спојува театар, филм, циркус и визуелни уметности, или вашата Црнила Ремикс која ни доаѓа како претстава-концерт. Тука се и најдолговечните Мимарт театар (1984) - танцов и физички театар, и Дах театар (1991) - лабораториски театар поврзан со работата на Јержиј Гротовски и Еуџенио Барба, па се до светски познатата театарска трупа ЛаМама од Њујорк (1961) која ја негува работата на експерименталниот театар, потенцираше Маја Митиќ, уметнички директор и селектор на Нишвил меѓународен џез театар фестивал. Со гостувањата на фестивалот Егзит во Нови Сад и клубот Мочвара во Загреб во 2019 година „Црнила Ремикс“ ги започна своите меѓународни активности, а проектот беше дел и од хибридната меѓунардона програмска соработка реализирана за време на пандемијата во 2020 година меѓу МКЦ Скопје и Кино Шишка од Љубљана - Cross Stream. За потсетување, „Црнила Ремикс“ е урбано читање на класичното дело на Коле Чашуле, работено по идеја и режија на Јордан Симонов, со оригинален препев и музика на Дарко Димитриески и Павле Димковски од колективот Зад Аголот. Членови на Организацијата се: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски. Оваа музичко - драмска продукција имаше свои премиери во 2019 година на меѓународниот театарскиот фестивал МОТ и музичкиот фестивал Здраво млади, а покрај театарска и концертна верзија, овој проект во 2020 го доби и својот трет формат - аудио запис на винил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-crnila-remiks-na-megjunarodna-scena/feed/ 0
Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokjta-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokjta-na-ohridsko-leto/#respond Wed, 20 Jul 2022 05:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=707618

Драмски театар Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ денеска ќе учествува на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува од 12 јули до 20 август. Претставата, работена според романот на Марк Хадон, својата премиера ја имаше на крај на минатата година. Режијата е на Зоја Бузалковска, асистент на режија е Димче Николовски, драматургијата на Александра Бошковска, сценографијата на Константин Трпеноски, а асистент на сценографија е Марија Мукоска. Улогите ги толкуваат актерите Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска. Костимографијата е на Елена Вангеловска и Раде Василев, музиката е на Давид Ангелевски, кореографијата и free running техника на Симон Симоновски, а 3D Mapping видео дизајн на Osama Almughanni.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokjta-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Четири награди за претставата „Народен непријател“ и МНТ на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-nagradi-za-pretstavata-naroden-neprijatel-i-mnt-na-56-mtf-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-nagradi-za-pretstavata-naroden-neprijatel-i-mnt-na-56-mtf-vojdan-chernodrinski/#respond Thu, 09 Jun 2022 10:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=688827

Оценувачката комисија на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп денеска ги соопштија одлуките на наградените. Во официјалната фестивалска програма учествуваа осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ. Едногласниот став и оценка на жирито во состав: Љупчо Ѓорѓиевски – режисер, Бесфорт Идризи – актер и Сотир Трајков – театарски критичар, го истакнаа следново — наградата за уметничко остварување се доделува на претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ; наградата за главна машка улога во истоимената претстава се доделува на Никола Ристановски, наградата за сценографија е доделена на сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда се доделува за рекламен материјал на Димитар Димитров. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-nagradi-za-pretstavata-naroden-neprijatel-i-mnt-na-56-mtf-vojdan-chernodrinski/feed/ 0
Македонскиот народен театар го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-naroden-teatar-go-otvora-56-mtf-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-naroden-teatar-go-otvora-56-mtf-vojdan-chernodrinski/#respond Thu, 02 Jun 2022 09:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=685451

Македонскиот народен театар на 3 јуни го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. -Со особено задоволство ја прифативме поканата од селекторот на фестивалот, Иван Додовски, да учествуваме на овој реномиран театарски фестивал, кој во годините наназад како и денес на вистински начин знаел да ги негува естетските вредности, информираат од МНТ. Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“, која ќе се одигра во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-naroden-teatar-go-otvora-56-mtf-vojdan-chernodrinski/feed/ 0