претстави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Jan 2022 09:50:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претстави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Виенската државна опера ги откажа сите претстави до среда поради омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vienskata-drzavna-opera-gi-otkaza-site-pretstavi-do-sreda-poradi-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vienskata-drzavna-opera-gi-otkaza-site-pretstavi-do-sreda-poradi-omikron/#respond Sun, 02 Jan 2022 09:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=615527

Виенската државна опера ги откажа сите претстави до среда поради неколку случаи на зараза со коронавирус во ансамблот. Првата претстава беше откажана во саботата кога требаше да биде изведена „Лилјакот“ на Јохан Штраус помладиот. Државната опера порано не мораше да се затвори поради случаи на Ковид-19. Повеќе од 85 отсто од персоналот се вакцинирани три пати, а ПЦР тестови се прават најмалку три пати неделно, изјави директор на операта Богдан Рошчиќ. – Но, условите за работа, особено со уметнички групи, играње, пеење, танцување, заедничко музицирање, оневозможуваат целосна заштита, додаде Рошчиќ. Тој рече дека поради варијантата омикрон, брзината и интензитетот на заразата „драстично се зголемени“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vienskata-drzavna-opera-gi-otkaza-site-pretstavi-do-sreda-poradi-omikron/feed/ 0
Претстави и концерти од средината на јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavi-i-koncerti-od-sredinata-na-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavi-i-koncerti-od-sredinata-na-januari/#respond Thu, 03 Jan 2019 06:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=147595

Театрите во Скопје од средината на месецов ќе ги прикажат првите претстави во 2019 година. Македонската опера и балет традиционалниот концерт за празникот Василица ќе го изведе на 12-ти и на 13 јануари. Годинава тој е насловен „Диско треска“ и ќе содржи диско хитови од 1970-тите години во целосно нови симфониски аранжмани. Првата претстава на репертоарот на Македонскиот народен театар е „Не се клади на Енглези“ на 14 јануари, а во наредните два дена публиката во МНТ ќе може да ја види претставата  „Животот е прекрасен“. Во Драмски театар првата претстава е закажана за 15 јануари – „Странци“, по која следно на програмата, според објавениот репертоар, е „Крал Иби“ на 23 јануари. Театарот за деца и младинци на 10 јануари ќе ја изведе претставата „Оливер Твист“, а наредниот ден – „Пепелашка“. Првиот симфониски концерт на Македонската филхармонија во 2019 година е на 24 јануари, со солистот Лусјен Ренодин-Вари и диригентот Петер Феранец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavi-i-koncerti-od-sredinata-na-januari/feed/ 0
Почнува 11.„Панфиз“, четири претстави до понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-11-panfiz-chetiri-pretstavi-do-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-11-panfiz-chetiri-pretstavi-do-ponedelnik/#respond Sat, 07 Jul 2018 07:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=74023

На малата сцена на Македонскиот народен театар од денеска до 9 јули ќе се одржува првиот дел од 11. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2018“. Ќе бидат изведени четири претстави од три соседни земји (Грција, Бугарија и Србија), сите жанровски различни, така што публиката ќе може да види куклен, ритуален, класична пантомима и буто. Фестивалот ќе почне вечер во 20 часот со претставата „Снешкото што не сакаше да се стопи“ на Визуелен куклен театар „Празеин Алога“ од Грција и настап на Емануела Капокаки. Утре ќе има две претстави на уметници од Бугарија - гостуваат „Симург“ со Александар Илиев (20 часот) и  „Кругот на животот“ на Филип Дончев (21.30 часот), а во понеделник е претставата „Мандрагора“ на Марко Нектан од Србија. Под водство на буто-артистот Нектан, денеска и утре во рамки на фестивалот ќе биде одржана работилница за буто, кој е театар на движењето со потекло од Јапонија и е мешавина од германската експресионистичка школа за игра, Но театар и јапонската зен-традиција. Според уметничкиот директор Трајче Ѓорѓиев, „Панфиз“ се обидува оваа година да претстави неколку различни жанрови од областа на пантомимата и физичкиот театар. Во основата на сите нив е движењето, а пристапот се базира на драматургијата и карактерите. Вториот дел на „Панфиз“ ќе се одржи на 30 септември, кога ќе гостува финската атракција „Мимо Арт“ од Хелсинки со претставата „Боди Ноутс“ (Body Notes). „Мимо Арт“ е новоформирана театарска трупа која на „Панфиз“ во септември ќе прикаже една од своите најнови продукции. Се работи за артикулирана сценска физичка игра, која во исто време кокетира со танцот како ад хок израз. Влезот за претставите на 11. „Панфиз“ од денеска до 9 јули е бесплатен за посетителите, со претходна резервација во МНТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-11-panfiz-chetiri-pretstavi-do-ponedelnik/feed/ 0