претставник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Mar 2022 09:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png претставник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ванг: САД ќе имаат претставник на средбата во Кина за Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-sad-kje-imaat-pretstavnik-na-sredbata-vo-kina-za-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-sad-kje-imaat-pretstavnik-na-sredbata-vo-kina-za-avganistan/#respond Tue, 29 Mar 2022 09:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=654968

САД ќе имаат свој претставник на средбата на министрите за надворешни работи на соседните земји на Авганистан, што ќе се одржи утре и в четврток во Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин. Пакистан, Иран, Русија, Таџикистан, Туркменистан, како и Узбекистан, ќе имаат свои претставници на средбата. Како што е најавено, средбата ќе се одржи во Тункси во централната кинеска провинција Анхуи, а ќе претседава кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-sad-kje-imaat-pretstavnik-na-sredbata-vo-kina-za-avganistan/feed/ 0
Бучковски доби нов мандат како специјален претставник на Владата за Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-dobi-nov-mandat-kako-specijalen-pretstavnik-na-vladata-za-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-dobi-nov-mandat-kako-specijalen-pretstavnik-na-vladata-za-bugarija/#respond Tue, 30 Nov 2021 20:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=602175

На универзитетскиот професор Владо Бучковски му е продолжен мандатот како специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. На денешната седница, ден пред истекот на мандатот на Бучковски, Владата донесе одлука тој повторно да биде именуван на оваа позиција. -На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница, проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година, информираа од прес-службата на Владата. Лани на 1 декември, Владата го именува Бучковски за специјален претставник за Бугарија, со мандат од една година. Тогаш од Владата соопштија дека ова именување на поранешниот премиер за специјален претставник во Софија е со цел да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/buchkovski-dobi-nov-mandat-kako-specijalen-pretstavnik-na-vladata-za-bugarija/feed/ 0
БиХ и оваа година без претставник на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-i-ovaa-godina-bez-pretstavnik-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-i-ovaa-godina-bez-pretstavnik-na-evrovizija/#respond Wed, 20 Oct 2021 12:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=582554

Официјалната страница на Evrovision Song Contest денес го откри списокот на кои се наоѓаат 41 земја кои ќе учествуваат во 66-то издание на Евровизија. На списокот повторно се најдоа и Црна Гора и Арменија кои последен пат учество имаа на Еворвизија во 2019 година во Тел Авив. Поради финански проблеми и долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Босна и Херцеговина за жал ни овој пат нема да имаат претставник на овој натпревар. Од ЕБУ велат дека ова исто така ќе биде посебна година за норвешката национална радио и телевизија НРК, која во февруари ќе го прослави јубилејниот шеесетти избор на песни за Евровизија, во големото финале на Гран при Мелоди. Со вториот јубилеј ќе се одбележи 300. изведба на „Големата петорка“, која се состои од песни од Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bih-i-ovaa-godina-bez-pretstavnik-na-evrovizija/feed/ 0
ВТОРА СРЕЌА – струмичанецот Васил Гарванлиев официјално повторно ќе ја претставува нашата земја на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-srekja-strumichanecot-vasil-garvanliev-oficijalno-povtorno-kje-ja-pretstavuva-nashata-zemja-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-srekja-strumichanecot-vasil-garvanliev-oficijalno-povtorno-kje-ja-pretstavuva-nashata-zemja-na-evrovizija/#respond Wed, 20 Jan 2021 14:58:59 +0000 https://kurir.mk/?p=457604

Македонската радио телевизија официјално објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. Тој минатата година беше избран за да ја претставува нашата држава на Евровизија, но поради пандемијата со коронавирусот настанот се откажа. - Според јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев, се вели во соопштението од МРТ. „Ретко кога во животот добиваме не само една, туку ТРИ шанси да го оствариме нашиот сон. Во 2019 година гордо стоев зад Тамара; во 2020-тата година ти посветив сè - но Ковид рече не! Во 2021 го користам моето лично патување и приказна за да го ставам срцето во ваши раце преку мојот глас. Никогаш не престанувајте да верувате, да сонувате и да се борите за она за што се залагате во животот. Соништата навистина се остваруваат! Благодарен сум за вашата постојана поддршка и едвај чекам да го споделам она што го планираме како македонски тим. Подобро е да бидете подготвени за ова“ , напиша Васил Гарванлиев под објавата на неговиот официјален Инстаграм профил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Оваа година Евровизија ќе се одржи традиционално, со две полуфинални и едно финале 18, 20 и 22 мај повторно во Ротердам, Холандија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-srekja-strumichanecot-vasil-garvanliev-oficijalno-povtorno-kje-ja-pretstavuva-nashata-zemja-na-evrovizija/feed/ 0
Претставник на Белата куќа од септември е во болница поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnik-na-belata-kukja-od-septemvri-e-vo-bolnica-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnik-na-belata-kukja-od-septemvri-e-vo-bolnica-poradi-kovid-19/#respond Thu, 08 Oct 2020 07:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=413745

Високиот безбедносен претставник на Белата куќа, Кред Бејли уште од септември е во болница откако се зарази со новиот коронавирус, објави „Блумберг њуз“. Агенцијата се повикува на неименувани извори, а Белата куќа одби да коментира. Досега кај 27 блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп е потврдено присуството на Ковид-19. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnik-na-belata-kukja-od-septemvri-e-vo-bolnica-poradi-kovid-19/feed/ 0
Белата куќа ја разгледува листата на кандидати за претставник на САД во ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-ja-razgleduva-listata-na-kandidati-za-pretstavnik-na-sad-vo-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-ja-razgleduva-listata-na-kandidati-za-pretstavnik-na-sad-vo-on/#respond Sun, 14 Oct 2018 08:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=114672

Белата куќа ја разгледува листата на кандидати за функцијата дипломатски претставник на САД во Обединетите нации, вклучувајќи и две искусни амбасадорки - Џејми Мекорт и Кели Најт Крафт, јави Танјуг. Високи претставници на Белата куќа велат дека претседателот Доналд Трамп преферира да избере жена за заменик на Ники Хејли и да побара некој кој е веќе во администрацијата. Џејми Мекорт е амбасадорка на САД во Франција и Монако, а Крафт е амбасадорка во Канада, сопруга на рударски магнат и голем републикански донатор. Прв фаворит за наследничка на Хејли беше Дајна Пауел, поранешен заменик советник за национална безбедност, но нојзиното име испадна од списокот потенцијални кандидати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-ja-razgleduva-listata-na-kandidati-za-pretstavnik-na-sad-vo-on/feed/ 0