превенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 11:39:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png превенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Затоа што превенцијата е половина здравје: ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ организира бесплатни дерматолошки прегледи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatoa-shto-preventsijata-e-polovina-zdravje-dm-drogerie-markt-organizira-besplatni-dermatoloshki-pregledi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatoa-shto-preventsijata-e-polovina-zdravje-dm-drogerie-markt-organizira-besplatni-dermatoloshki-pregledi/#respond Tue, 18 Jul 2023 11:38:01 +0000 https://kurir.mk/?p=857721

Под слоганот ,,Следи го својот ритам’’, овој јули, dm ја започна овогодинешната кампања посветена на женското здравје, во склоп на која ќе организира бесплатни дерматолошки прегледи на плажата Golden Beach во Охрид. Настанот ќе се одржи на 22 јули, од 10 до 14 часот и ќе биде отворен за сите заинтересирани. Сите кои имаат желба и потреба ќе можат бесплатно да направат дерматолошки преглед, како и да добијат стручни и корисни совети за кожни заболувања од страна на дерматолозите.
„Бројот на кожни заболувања секоја година станува сѐ поголем и затоа е важно да се разбуди свеста на јавноста за овој проблем. Ова е една одлична иницијатива на dm, по која се надевам дека многумина ќе ја сфатат важноста на редовните дерматолошки прегледи и заштитата на кожата од сончевите зраци “, изјави  Д-р Александра Лазаревска, специјалист по дерматовенерологија, која ќе биде едно од стручните лица присутни на настанот.
Еден од најдобрите начини за превенција на прекумерното изложување на сонце е едукацијата од мали нозе и стекнувањето на добри навики. Па затоа, dm на плажата Golden Beach, освен дерматолошки прегледи, ќе организира и забава за најмалите кои ќе можат на интересен начин да се информираат за тоа како е најбезбедно да си играат под сонцето! Соодветната нега и заштита на кожата е само една од многуте теми кои ги опфаќа кампањата за женско здравје на dm, која ја слави различноста на жените и има за цел поддршка на сите припаднички на женскиот пол, преку зајакнување на инклузивноста и разбивањето на застарените бариери во општеството. Од компанијата, во којашто 90 проценти го сочинуваат женскиот колектив, порачуваат дека ова е само уште еден начин да продолжат да ја инспирираат заедницата на позитивни промени и здрави навики.
„dm, како компанија, постојано и на разни начини поддржува иницијативи за унапредување на здравствената заштита. Како дел од една поголема кампања насочена кон женското здравје, оваа година се одлучивме да спроведеме иницијатива за бесплатни дерматолошки прегледи, со што сакаме посебно да ја потенцираме клучната улога на превентивните прегледи и преку нив да ја подигнеме свеста за целокупното здравје на жените.“ – изјавија од компанијата во врска со организацијата на овој настан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatoa-shto-preventsijata-e-polovina-zdravje-dm-drogerie-markt-organizira-besplatni-dermatoloshki-pregledi/feed/ 0
СВР Тетово привршува со превентивно-едукативниот проект „Правата и обврските на децата“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-privrshuva-so-preventivno-edukativniot-proekt-pravata-i-obvrskite-na-decata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-privrshuva-so-preventivno-edukativniot-proekt-pravata-i-obvrskite-na-decata/#respond Mon, 13 Dec 2021 11:27:48 +0000 https://kurir.mk/?p=607759

Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово привршува со практичната реализација на уште еден превентивно-едукативен проект „Правата и обврските на децата“, кој започна кон крајот на минатиот месец. Со овој проект вкупно ќе бидат опфатени околу 2300 ученици во деветто одделение од основните училишта на поширокото тетовско-гостиварско подрачје, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик. -На посебни часови, стручно обучени полициски службеници поблиску ги запознаваат учениците со нивните права, но и со обврските кон самите себе, семејствата и општеството, како и со законските импликации доколку се инволвираат во малолетничка деликвенција или други форми на девијантно и асоцијално однесување. На часовите, исто така, учениците интерактивно се интересираат, прашуваат и добиваат конкретни одговори околу темата и за други теми и прашања од безбедносна природа и карактер, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Јосифоски посочува дека целта на проектот е највозрасните основци непосредно да бидат информирани за нивните права и општествени, односно законски определени обврски, но и за ризиците кои ги носат разните пороци и прекршувања на законската регулатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-privrshuva-so-preventivno-edukativniot-proekt-pravata-i-obvrskite-na-decata/feed/ 0
Светски ден на хепатитис: Превенцијата клучна за спречување на пренесување на вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-den-na-hepatitis-prevencijata-kluchna-za-sprechuvanje-na-prenesuvanje-na-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-den-na-hepatitis-prevencijata-kluchna-za-sprechuvanje-na-prenesuvanje-na-virusot/#respond Tue, 28 Jul 2020 07:37:52 +0000 https://kurir.mk/?p=382397

Светскиот ден на хепатитис се одбележува секоја година на 28 јули со цел подигнување на свесноста за глобалното значење на вирусниот хепатитис, заштитата и влијанието врз здравствената состојба. – Се претпоставува дека 325 милиони луѓе во светот живеат со вирусен Хепатит Б и Ц. Во државава во 2019 година регистирани се 91 заболен од Хепатит Б, а вирусниот хепатитис Ц е регистриран кај 50 случаи, соопшти Министерството за здравство. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) годишно 171.000 лица умираат од последици поврзани со вирусен хроничен хепатитис Б или Ц. Во земјава еден отсто од населението е инфицирано со хроничен хепатитис Б или Ц. Вирусен хепатитис претставува воспаление на црниот дроб што доведува до негово оштетување. Најчесто е предизвикан од пет главни видови на вируси на хепатитис – А, Б, Ц, Д и Е. Иако клиничката слика на вирусниот хепатитис е слична независно од причинителот (пожолтување на кожа и склери, болки во стомак, тежина под десен ребрен лак, гадење, повраќање, губење на апетит, замор, темна мокрача) тие се различни вируси кои даваат спрецифични одлики кај поединечните хепатитиси во начинот на пренесувањето, различни дијагностички тестови, исходот на болеста, лекувањето и превенцијата. Хепатитис А и хепатитис Е, се вели во соопштението, обично се шират преку директен контакт и преку храна или вода загадени од столицата на заразено лице. Хепатитис Е може да се добие и со јадење недоволно термички обработено месо. Хепатитис Б, хепатитис Ц и хепатитис Д се шират преку контакт со крвта на заразено лице, а хепатитисот Б и Д и преку контакт со други телесни течности. Постојат многу начини на пренесување преку контаминирана крв или крвни продукти, контаминирани игли случајно кај здравствени работници и кај и.в. наркомани, тетоважа, незаштитен секс, при породување од мајка на новореденче. – Вирусите на хепатитис А и Е обично предизвикуваат само акутни и краткорочни инфекции кои најчесто спонтано поминуваат. Вирусите на хепатитис Б, Ц и Д може да предизвикат акутни и хронични, па и трајни инфекции. Хроничниот хепатитис може да доведе до компликации како што се цироза, слабост на црниот дроб и хепатоцелуларен карцином. Раната дијагноза и антивирусна терапија може да ги спречи или намали можностите за развој на овие компликации, наведуваат од Министерството. Хепатитис А и Е најдобро може да се превенираат со добра лична хигиена (миење раце со вода и сапун), соодветна хигиена на храната и водата за пиење, подобрување на санитарните услови. Хепатитис Б и хепатитис Ц може да се превенираат со засилени мерки на грижа кај професиите со висок ризик и сексуалното однесување (употреба на кондоми). Не треба да се делат предмети од инфицирани лица. Многу важен поединечен фактор на ризик посебно за хепатитис Ц е интравенската злоупотреба на дрога каде е потребна едукација да не се користат заеднички игли. Истражувањата велат дека со навремено информирање и превенирање, достапност до третмани и иновативни лекувања, во следните пет до 10 години, смртноста од хроничен хепатитис може да се намали и до 70 отсто. Хепатитис Ц е првата излечива хронична вирусна инфекција во медицинската историја. Хепатист Б пак е превентивна вирусна инфекција што може да се третира доколку стане хронична. Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80 проценти од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот. За Хепатитис А и Хепатитис Б постои вакцина како превентивна мерка. Вакцинација за хепатитис Б во нашата земја од 2004 година се спроведува како рутинската за сите новородени, а дополнително се спроведуваат вакцинални програми кои ги опфаќаат ризичните групи како пациенти на дијализа, здравствени работници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-den-na-hepatitis-prevencijata-kluchna-za-sprechuvanje-na-prenesuvanje-na-virusot/feed/ 0