превентивни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 08:59:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png превентивни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР на Србија нареди превентивни мерки поради најавеното невреме во сите 27 полициски одделенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mvr-na-srbija-naredi-preventivni-merki-poradi-najavenoto-nevreme-vo-site-27-politsiski-oddelenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mvr-na-srbija-naredi-preventivni-merki-poradi-najavenoto-nevreme-vo-site-27-politsiski-oddelenija/#respond Sat, 05 Aug 2023 08:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=863607

Министерството за внатрешни работи на Србија синоќа соопшти дека со оглед на невремето во регионот, ги презема сите неопходни мерки со цел заштита од последиците од обилните врнежи, како и на населението и имотот. -Вршителот на должноста помошник министер и началник на Секторот за вонредни состојби при Министерството Лука Чаушиќ, упати наредба за преземање превентивни и оперативни мерки преку сите 27 организациски единици во Србија, се вели во соопштението на МВР. Наредбата за преземање превентивни и оперативни мерки е испратена до градоначалниците, претседателите на општините, како и раководителите на административните области, се со цел да се спречат и отстранат последиците од временските непогоди и да се заштитат животите на луѓето, материјалните и културните добра. Најмалку три лица загинаа како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mvr-na-srbija-naredi-preventivni-merki-poradi-najavenoto-nevreme-vo-site-27-politsiski-oddelenija/feed/ 0
Превентивните мерки против коронавирусот во Италија продолжени до 7 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivnite-merki-protiv-koronavirusot-vo-italija-prodolzeni-do-7-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivnite-merki-protiv-koronavirusot-vo-italija-prodolzeni-do-7-oktomvri/#respond Tue, 08 Sep 2020 09:17:33 +0000 https://kurir.mk/?p=400510

Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов указ со кој превентивните мерки против коронавирусот во Италија се продолжуваат до 7 октомври, соопшти италијанската Влада. Во новиот декрет се предводува ноќните клубови и стадионите во Италија да останат затворени. Меѓу неколкуте измени во споредба со претходната уредба е можноста некое лице да влезе на територијата на Италија во случај на „стабилна емоционална врска“ со лице кое престојува во земјата, а пристигнува од земји за кои италијанските граници се затворени поради пандемијата. Употребата на заштитната маска е задолжително во затворени простори што се достапни за јавноста, но, исто така, и на отворен простор доколку не е можно безбедно растојание. Поради пандемијата капацитетот на возилата за јавен превоз е ограничен на 80 проценти, пренесоа италијанските медиуми. За патниците кои доаѓаат од Хрватска, Малта, Грција и Шпанија, се уште се во сила мерките што предвидуваат задолжителен тест за Ковид-19, а за оние кои доаѓаат од Романија и Бугарија, карантинот е задолжителен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivnite-merki-protiv-koronavirusot-vo-italija-prodolzeni-do-7-oktomvri/feed/ 0
Стартуваат превентивни мерки против коронавирусот, надлежните тврдат дека нема простор за паника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuvaat-preventivni-merki-protiv-koronavirusot-nadleznite-tvrdat-deka-nema-prostor-za-panika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuvaat-preventivni-merki-protiv-koronavirusot-nadleznite-tvrdat-deka-nema-prostor-za-panika/#respond Mon, 27 Jan 2020 06:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=294907

Превентивни мерки против корона вирусот кој предизвика глобална загриженост, од денеска ќе се спроведуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус. На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед на сомнителните патници. Надлежните тврдат дека простор за паника од коронавирусот во земјава не постои, но Комисијата за заразни болести, сепак, заклучи по препораките на СЗО, да бидат преземат превентивни мерки. -Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека  нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Потенцира дека скопскиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и дека ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пациентите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми. Со оглед на тоа што е сезона на грип се очекува и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување. За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионот на Кина, од регионот на Вухан, а кај кои може да се јават симптоми, од денеска ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понатаму насочени каде да обратат во здравствениот систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус доколку постои да не се прошири. Сите други пациенти кои имаат симптоми на грип ќе го пратат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника. Ако има потреба, подготвен е план за лекување, изолација и карантин. Епидемиолозите појаснуваат дека станува збор за вирус што дава многу слични симпотми на грипот. Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми и смртни последици, најчесто кај пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања. Засега нема вакцина против коронавирусот и затоа се препорачуваат мерки на превенцијата за заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuvaat-preventivni-merki-protiv-koronavirusot-nadleznite-tvrdat-deka-nema-prostor-za-panika/feed/ 0