превоз на ученици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 19:36:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png превоз на ученици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Девет технички неисправни автобуси што вршат превоз на ученици, исклучени се од сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/devet-tehnichki-neispravni-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-isklucheni-se-od-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/devet-tehnichki-neispravni-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-isklucheni-se-od-soobrakjaj/#respond Mon, 12 Dec 2022 19:40:57 +0000 https://kurir.mk/?p=774606

Денеска (12.12.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 32 сообраќајни прекршоци, a девет возила се исклучени од сообраќај поради констатирани технички неисправности.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, информираат од МВР.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/devet-tehnichki-neispravni-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-isklucheni-se-od-soobrakjaj/feed/ 0
Во Гостивар откриени технички неисправни возила кои превезуваат ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-gostivar-otkrieni-tehnichki-neispravni-vozila-koi-prevezuvaat-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-gostivar-otkrieni-tehnichki-neispravni-vozila-koi-prevezuvaat-uchenici/#respond Fri, 02 Dec 2022 11:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=770106

Во последните контроли на превозот на ученици, сообраќајците низ гостиварско откриле повеќе возачи кои управувале технички неисправни возила, без возачки дозволи и лекарски уверенија. Од СВР Тетово информираат дека за четири часа, вчера во периодот од 06:00 до 10:00 часот полициските службеници од СВР Тетово на гостиварското подрачје спровеле мерки и активности за подобрување на јавната безбедност. – Во спроведената акциска контрола се проверувала исправноста на возилата и поседување на соодветна документација за вршење на организиран превоз на ученици. Притоа биле констатирани девет прекршоци од кои четири технички неисправни возила, два – управување на возило без положен возачки испит, еден прекршок за поминат рок на важност на сообраќајна дозвола, наведуваат од СВР Тетово. Во контролите, полицијата констатирала и две кривични дела по член 284 А и уште две дела за останати прекршоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-gostivar-otkrieni-tehnichki-neispravni-vozila-koi-prevezuvaat-uchenici/feed/ 0
Учениците во Тетово и Гостивар ги возат возачи без дозвола и со претоварени комбиња https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenicite-vo-tetovo-i-gostivar-gi-vozat-vozachi-bez-dozvola-i-so-pretovareni-kombinja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenicite-vo-tetovo-i-gostivar-gi-vozat-vozachi-bez-dozvola-i-so-pretovareni-kombinja/#respond Wed, 17 Apr 2019 14:17:19 +0000 https://kurir.mk/?p=187750

Учениците од Гостивар и Тетово до нивните училишта се возат во преполни комбиња кои ги возат возачи без дозвола, откри тетовската полиција за време на засилените контроли на возилата за јавен превоз. Резултатите од само една контрола која е извршена вчера во рок од три часа се страшни, пренесува Порталб.мк. "Вчера, во периодот од 6 до 9 часот, во Гостивар беше извршена акциска контрола во која беа опфатени 35 комбиња од јавниот превоз. За време на контролата, откриени се девет комбиња претоварени со патници, осум возачи биле без лекарско уверение, три возачи без возачки дозволи, еден возач со несоодветна категорија, два нерегистрирани комбиња, додека еден возачот возел побрзо отколку што треба. Констатираните прекршоци се санкционирани со релевантни законски прекршоци", рече портпаролот на СПБ Тетово Марјан Јосифовски. Контрола на безбедноста во сообраќајот вчера беше направена и во регионот на Тетово. Таму се евидентирани 42 прекршоци, меѓу кои имаше и седум лица кои управуваа без возачка дозвола, шест возила беа со истечена регистрација, пет возила беа со технички неправилности, седум од возачите беа почетници кои не беа придружувани според законските ограничувања, додека останатите прекршоци беа за несоодветно паркирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenicite-vo-tetovo-i-gostivar-gi-vozat-vozachi-bez-dozvola-i-so-pretovareni-kombinja/feed/ 0
„Дурмо турс“ добила тендер за превоз на ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durmo-turs-dobila-tender-za-prevoz-na-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durmo-turs-dobila-tender-za-prevoz-na-uchenici/#respond Tue, 02 Apr 2019 13:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=181542

Два дена по автобуската несреќа кај селото Ласкарци во која животот го загубија 16 луѓе, автобуската компанија „Дурмо турс“ добила тендер за превоз на ученици. Договорот е склучен на 15 февруари, а дури вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки, пренесува ИРЛ.мк. Тендерот бил објавен од средното училиште „Неготино“ од селото Неготино во општина Врапчиште, а „Дурмо турс“ била одбрана во конкуренција со уште една фирма. Според договорот, „Дурмо турс“ почнувајќи од 15 февруари до крајот на годинава ќе ги превезува средношколците од шест села од дома до училиштето и обратно. Критериум за добивање на договорот била најниска цена. Според податоците на Јавни набавки „Дурмо турс“ понудила цена од 700 денари, а конкурентската фирма 3300 денари. Вкупната сума на тендерот со ДДВ е 27.600 евра. Од ИРЛ пренесуваат дека го побарале за коментар директорот на училиштето, но оттаму рекле дека бил на годишен одмор. По истрагата за несреќата беа приведени сопственикот на компанијата, возачот на автобусот и уште пет други лица меѓу кои, раководителот на компанијата, три лица кои се грижеле за технички преглед и едно правно лице кое издало документ дека автобусот е исправен. Истрагата покажа дека сопирачките на автобусот биле неисправни и иако тоа било увидено на техничкиот преглед, во јуни 2018 му било дадена дозвола за работа. Истото, и покрај неправилностите, било направено и при техничкиот прием во декември 2018. Дополнително е утврдено дека е манипулирано со тахографот со што не се покажувала реалната брзина на возење. Неисправноста на кочниците и големата брзина се причина за сообраќајката. Судот им одреди притвор на сопственикот, возачот на автобусот и раководителот на компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durmo-turs-dobila-tender-za-prevoz-na-uchenici/feed/ 0