превозници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 08:45:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png превозници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приватните превозници очекуваат од денеска да започне исплатата на долгот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-ochekuvaat-od-deneska-da-zapochne-isplatata-na-dolgot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-ochekuvaat-od-deneska-da-zapochne-isplatata-na-dolgot/#respond Mon, 06 Mar 2023 08:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=808485

Приватните превозници од денеска очекуваат да започне исплатата на неподмирениот долг што кон нив го има Град Скопје. Минатата недела конечно беше постигнат договор со Градот Скопје, да се реализира исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра. - Исплаќањето на долгот оди директно преку ЈСП кон нас возачите и ќе ги заобиколи фирмите кои не претставуваа, бидејќи мислењето на градоначалничката е дека премногу пари ни зимале. Признаена е целата сума и се очекува денеска да почне исплатата на сите превозници, изјави претставникот на приватните превозници во утринската емисија на МРТВ. Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Приватните превозници четири месеци не работат., а без примања се седум месеци, при што дел од возачите во меѓувреме мораа да бараат нови работни ангажмани. Сепак најавите се дека ќе се вратат сите претходни линии, автобуси и возачи до крајот на месецов, а со тоа и да ги снема гужвите во автобусите и доцнењата. Градоначалничката Данела Арсовска на приватните превозници воедно им дала ветување на приватните превозници дека ќе биде субвенционирана обновата на возниот парк на приватните превозници.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/privatnite-prevoznitsi-ochekuvaat-od-deneska-da-zapochne-isplatata-na-dolgot/feed/ 0
Град Скопје и Арсовска бараат превозници и за линиите 9, 11 и 12 https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-i-arsovska-baraat-prevoznici-i-za-liniite-9-11-i-12/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-i-arsovska-baraat-prevoznici-i-za-liniite-9-11-i-12/#respond Fri, 16 Dec 2022 09:44:50 +0000 https://kurir.mk/?p=776494

Град Скопје денеска објави нов оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во главниот град. Новиот оглас се однесува за линиите 9, 11 и 12, за чие опслужување се бараат најмалку 22 автобуси. Ова е втор оглас за приватни превозници што го распишува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако ги раскина договорите со „Макекспрес“ и „Слобода превоз“. Во претходниот оглас кој трае до 10 јануари се бараат превозници за линиите 20 и 22. Според денешниот оглас, на линијата 9 заеднички ќе возат автобусите на ЈСП и на новиот приватен превозник што ќе биде избран, додека линиите 11 и 12 ќе бидат опслужувани само од приватните превозници, што беше случај и досега. Право на учество на јавниот оглас за доделување на пакетот лини и за давање дозволи за вршење линиски превоз на патници имаат превозници – правни лица и трговци поединци, поединечно или организирани како група, кои ќе ги исполнат условите утврдени во документацијата за јавниот оглас и ќе достават банкарска гаранција или ќе го уплатат гарантниот депозит за учество на јавниот оглас во висина од 20.000 денари. Превозниците можат да се пријавуваат заклучно со 17 јануари 2023 година до 12 часот, а отворањето на понудите ќе се одржи на 24 јануари во 9 часот во барака 13 во Град Скопје. Пакетот на линии на избраните превозници ќе им се додели за период од две години, со можност за продолжување, но не повеќе од вкупно пет години. Инаку, по неколкудневните блокади на повеќе крстосници во Скопје, приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ги тргнаа автобусите од улиците на главниот град и очекуваат средба со премиерот Димитар Ковачевски. Блокадите ги спроведоа поради наводен долг од ЈСП и Град Скопје од околу 1,5 милион евра. Превозниците не се сретнаа со Арсовска, затоа што градоначалничката рече дека не преговара со некој што уценувал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-i-arsovska-baraat-prevoznici-i-za-liniite-9-11-i-12/feed/ 0
Ковачевски: Да ги добиеме информациите за долгот, па МОЖНО Е да се сретнеме со превозниците во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-da-gi-dobieme-informaciite-za-dolgot-pa-mozno-e-da-se-sretneme-so-prevoznicite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-da-gi-dobieme-informaciite-za-dolgot-pa-mozno-e-da-se-sretneme-so-prevoznicite-vo-skopje/#respond Thu, 15 Dec 2022 13:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=776119

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е можен евентуален состанок со претставниците на приватните автобуски превозници во Скопје. Ковачевски ја поздрави нивната одлука да ги тргнат автобусите од улиците на главниот град. -Можеме да организираме состанок со цел да видиме дали може да се помогне во определени сегменти, но откако ќе ги добиеме потребните информации, бидејќи, нагласувам, Владата нема информации за каков должничко-доверителски односи станува збор, рече Ковачевски. За проблемот со јавниот превоз исклучива надлежност има Град Скопје, рече премиерот и потенцира дека со вицепремиерот Фатмир Битиќи е разговарано за евентуален состанок за да се согледа дали може да помогнат во некој сегмент. -Но најпрво треба да добиеме информации за проблемот. Како и да е, организирањето на јавниот превоз и во иднина е во надлежност на Градот, зашто во поглед на децентрализацијата нема да се враќаме назад 20 години, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата. Во Скопје, повтори тој, власта ја имаше добиено ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше бесплатен автобуски превоз, дури и производство на електрични автобуси, но од тоа, посочи Ковачевскји, нема ништо, туку се бара и помош од Владата. -Помогнавме со преземањето на парното греење во Скопје, зашто Градот се покажа неспособен. Сега доколку се бара истото да го направиме и со јавниот превоз, велам дека исклучива е надлежноста на Град Скопје, рече премиерот.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-da-gi-dobieme-informaciite-za-dolgot-pa-mozno-e-da-se-sretneme-so-prevoznicite-vo-skopje/feed/ 0
Протестите од утре се дислоцираат: Еве каде ќе блокираат приватните превозници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestite-od-utre-se-dislociraat-eve-kade-kje-blokiraat-privatnite-prevoznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestite-od-utre-se-dislociraat-eve-kade-kje-blokiraat-privatnite-prevoznici/#respond Thu, 08 Dec 2022 13:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=772745

Координативното тело донесе одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од позади Владата кон Карпош до „Алумина“, информира денеска на прес-конференција Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“. – Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота и брука што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот? Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје, рече Муриќ. Тој претпладнево во изјава за медиумите потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници. Приватните превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestite-od-utre-se-dislociraat-eve-kade-kje-blokiraat-privatnite-prevoznici/feed/ 0
Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/#respond Mon, 04 Jul 2022 15:05:22 +0000 https://kurir.mk/?p=699867

Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока. „Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ. Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки. Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата. „Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ. Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/feed/ 0
Седум превозници исклучени од сообраќај во Тетовско https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sedum-prevoznici-isklucheni-od-soobrakjaj-vo-tetovsko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sedum-prevoznici-isklucheni-od-soobrakjaj-vo-tetovsko/#respond Thu, 19 Nov 2020 14:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=431858

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 10 до 16 часот спровеле акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, претежно комбиња и автобуси. -При контролата откриени се и законски санкционирани се седум технички неисправни возила, сите со неисправни сопирачки. Поради техничките недостатоци неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност, информираат од СВР Тетово. Во вчерашната контрола откриени се и четири други видови прекршоци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sedum-prevoznici-isklucheni-od-soobrakjaj-vo-tetovsko/feed/ 0
Превозниците на протест во понеделник поради измените во тарифникот за превоз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prevoznicite-na-protest-vo-ponedelnik-poradi-izmenite-vo-tarifnikot-za-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prevoznicite-na-protest-vo-ponedelnik-poradi-izmenite-vo-tarifnikot-za-prevoz/#respond Fri, 05 Oct 2018 14:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=111297

Протест со паркирање на автобусите пред општинската зграда, односно по булеварот „Први Мај“, најавуваат превозниците на линискиот општински превоз за во понеделник кога на седница на Совет треба да се донесат измените на тарифникот за првоз на ученици. Протестот на превозниците е пријавен и во МВР и ќе се одвива во понеделник од 9 до 11 часот во Битола. Тие во писмен допис до Општината соопштија дека не биле воопшто консултурани за измената на тарифите и дека предложените цени се економски неисплатливи. -Со предложените решенија ни се предизвикува ненадоместлива штета што е спротивно на економските законитости. Во случај да бидат усвоени предложените измени ве известуваме дека нема да бидеме во можност да продолжиме со вршење на превозот. Секоја промена на тарифата значи повреда на важечките договори. Ние не сме подготвени тоа да го прифатиме и доколку ни наметните обврска да го вршиме превозот по новата тарифа , ние ќе прекинема со вршење на превозот поради економска неисплатливост, стои во соопштението. Понатаму, посочуваат дека во време кога се зголемуваат трошоците за гориво, осигурување, регистрација и набавка на возила нејасно е кој е мотивот и причината да се врши имена на тарифата. За време на протестот во понеделник нема да сообраќаат редовните автобуски линии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prevoznicite-na-protest-vo-ponedelnik-poradi-izmenite-vo-tarifnikot-za-prevoz/feed/ 0