превртен воз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 07:01:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png превртен воз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Возот кој излетал од шините во Србија бил натоварен во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vozot-koj-izletal-od-shinite-vo-srbija-bil-natovaren-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vozot-koj-izletal-od-shinite-vo-srbija-bil-natovaren-vo-bugarija/#respond Mon, 26 Dec 2022 07:00:55 +0000 https://kurir.mk/?p=780419

Товарниот воз со амонијак што излета од шините во источна Србија бил натоварен во Бугарија. Тоа го изјави бугарскиот заменик министер за транспорт Красимир Папукчииски за БТВ. Несреќата се случи кај Пирот. Според Папукчииски, нема начин да се бара одговорност од бугарска страна, бидејќи инцидентот се случил на територијата на Република Србија. Товарот бил префрлен од бугарската инфраструктура во српската, во моментот на излетувањето со составот стопанисувале српската железница. Единствениот кој ќе учествува во истрагата е сопственикот на цистерните. Сите 20 вагони се француски и германски, а биле транспортирани од бугарски приватен оператор, посочи бугарскиот заменик министер. Тој ги советува бугарските граѓани да го ограничат патувањето во Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vozot-koj-izletal-od-shinite-vo-srbija-bil-natovaren-vo-bugarija/feed/ 0
Се преврте воз во Словенија: Истекоа 10 тони керозин- еве од што се стравува https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-prevrte-voz-vo-slovenija-istekoa-10-toni-kerozin-eve-od-shto-se-stravuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-prevrte-voz-vo-slovenija-istekoa-10-toni-kerozin-eve-od-shto-se-stravuva/#respond Wed, 26 Jun 2019 14:57:40 +0000 https://kurir.mk/?p=213084

Товарен воз излета од шините и се преврти кај место Храстовље во југозападна Словенија, во близина на словенечко-хрватската граница, при што од вагоните истекле околу 10.000 литри керозин. Припадници на словенечката железница и пожарникари повеќе часови се обидувале да го спречат истекувањето на керозинот, поради стравувањата дека горивото би можело да продре до подземните води и да предизвика штети врз животната средина. Железничката композиција од шест вагони сообраќала на релација од пристаништето Копер до Љубљана, а крајната дестинација на керозинот бил германскиот град Минхен. Причините за несреќата засега не се познати. Словенечките медиуми посочуваат дека возот излетал од шините во близина на месноста Рижан, каде што се наоѓа најголемиот извор на вода за пиење за населените места во словенечкиот дел на полуостровот Истра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-prevrte-voz-vo-slovenija-istekoa-10-toni-kerozin-eve-od-shto-se-stravuva/feed/ 0