приемен испит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 05:07:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приемен испит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дебата „Државна матура или приемен испит на факултет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-drzhavna-matura-ili-priemen-ispit-na-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-drzhavna-matura-ili-priemen-ispit-na-fakultet/#respond Wed, 17 May 2023 05:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=835026

Дебата на тема „Државна матура или приемен испит на факултет“ денеска ќе се одржи во просториите на Универзитетот ФОН. На дебата, која е во организација на Американскиот универзитет на Европа, ќе присуствуваат поранешните министри за образование Мила Царовска и Никола Тодоров, како и продеканот за настава на ФЕИТ проф д-р Соња Геговска Зајкова, директорката на СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Маја Салиу и генералниот секретар на Сојузот на средношколци Влатко Стојковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-drzhavna-matura-ili-priemen-ispit-na-fakultet/feed/ 0
Директорот на средното уметничко организира приемен испит на неработен ден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/direktorot-na-srednoto-umetnichko-organizira-priemen-ispit-na-neraboten-den/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/direktorot-na-srednoto-umetnichko-organizira-priemen-ispit-na-neraboten-den/#respond Wed, 16 Jun 2021 13:49:14 +0000 https://kurir.mk/?p=524347

Професорскиот президиум на средно уметничко училиште „Лазар Личеноски” од Министерството за образование бараат разрешување на в.д. директорот Филип Фидановски. Професорите ги наведуваат следните причини: 1. ВД директорот го прогласи празникот ЗАДУШНИЦА ЗА РАБОТЕН ДЕН и организира приемен испит на тој ден 2. ВД директорот САМИОТ противзаконски си ја зголеми платата од 33.000 ден на 42.000 ден, преку зголемување на коефициентот за плата т.е. користење на коефициент за школо со над 50 паралелки, а имаме само 8. Државниот просветен инспекторат молчи. 3. Министерката НЕЗАКОНСКИ го постави за ВД директор Филип Фидановски два пати. Два пати противзаконски. Првиот пат спротивно на член 91 став 2 и 3 од законот за средно, а вториот пат спротивно на чл. 93-в став 2, кадешто многу јасно се вели дека „ВД директор може да се биде само еднаш во времетраење од 6 месеци“ 4. ВД директорот САМИОТ ги промени нормативите за наставниот кадар во нови тотално нелогични нормативи за да неколку професори од септември бидат прогласени за технолошки вишок и на нивно место вработени нови професори по вкусот на Филип Фидановски. 5. Оцрнување на колегите наставници и ставање во улога на суд и судија кон членови на Училишен одбор со издавање на документ во кој стои формулацијата „НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ” и ускратување на нивното право да бидат повторно избрани за членови на Училишен одбор. (согласно решение на Дпи бр.ИП 09-24 од 23.02.2021). 6. Незаконско издавање на официјален училишен документ со кој се забранува изборот на дел од претседателите на советот на паралелки за членови на УО (противправно толкување на решението на Дпи бр.ИП 09-24 од 23.02.2021) 7. Донесување на одлука за работа на училиштето со физичка настава и тоа во време на најголемите бројки (како во државата, така и во училиштето) на пандемија во состојба со 50 починати дневно и со голем број на позитивни наставници и ученици. 8. Донесување на одлука за 8 часовно работно време, повторно во време на екстремните услови на пандемијата, без разлика што во време на пандемија училиштето работи во посебни услови, со посебен распоред на часови за хибридна настава при што некои професори воопшто немаат часови во определени денови. Со тоа директно беше срушен протоколот за работа во услови на пандемија на училиштето.—–(прилог 8) 9. Уништување на училишната клима преку неколегијалниот, деспотски, диктаторски однос спрема колегите, но и спрема учениците. 10. Неносење на одлука за јавна набавка (за превоз на ученици) и користење на услуги со анекс на изминат договор во вредност од значитечно поголем од 20% од договорот, спротивно на член 108 од законот за јавни набавки. 11. Комплетно опструирање на формирањето на Училишен одбор во период подолг од 100 дена, со што училиштето се држи во правен мрак, без управно тело и во комплетно незаштитена положба од постапките од ВД директорот. 12. Прескокнување на Училишниот одбор (кој регуларно ги извршуваше своите обврски до крајот на февруари) со неприложување на Завршна сметка на училиштето за 2020 година како и годишната програмата за работа, со тоа директно кршејќи го членот 89 од законот за средно образование. 13. Вршење на мобинг и притисок на работното место на вработените. Секретарот на училиштето беше принуден предвремено да замине во пензија поради притисок е неподнослива тортура од страна на ВД Директорот. 14. Непочитување на волјата на наставниците и неставање на важни точки на состаноците на наставнички совет, како и предвремено напуштање на истите во моменти кога од него се бара да даде одредено објаснување. 15. Пред да биде избран за ВД на 11.11.2020, Филип Фидановски сподели скриншот од Вибер во кој се обраќа до премиерот Зоран Заев и до министерката Мила Царовска претставувајќи се себеси за член на СДСМ, а за претходниот директор Димитар Филиповски упатува серија на ЛАЖНИ обвинувања дека е од ВМРО. (прилог 9, 9-а и 9-б) 16. Непоседување на раководни, менаџерски способности. 17. Непочитување на колегите и крајно деградирачки однос кон нив во секојдневната комуникација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/direktorot-na-srednoto-umetnichko-organizira-priemen-ispit-na-neraboten-den/feed/ 0
Квалификациско тестирање за насока медицинска сестра во три средни училишта, во гимназијата „Орце Николов“ ќе нема приемен испит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kvalifikacisko-testiranje-za-nasoka-medicinska-sestra-vo-tri-sredni-uchilishta-vo-gimnazijata-orce-nikolov-kje-nema-priemen-ispit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kvalifikacisko-testiranje-za-nasoka-medicinska-sestra-vo-tri-sredni-uchilishta-vo-gimnazijata-orce-nikolov-kje-nema-priemen-ispit/#respond Sun, 21 Jun 2020 10:34:28 +0000 https://kurir.mk/?p=360411

Во скопската гимназија „Орце Николов“ утре нема да се полага квалификациско тестирање како што претходно беше најавено поради поголем број пријавени ученици со ист број бодови од предвидените места во Конкурсот. На својата веб-страница гимназијата објави дека тестирањето нема да се одржи откако МОН одобрило четврта билингвална англиска паралелка, а и за да се заштити здравјето на учениците. – По одлуката на МОН за одобрување 4-та билингвална англиска паралелка, а во насока за зачувување на заедничката безбедност и здравје, следејќи ги препораките на Владата и на СЗО, квалификациското тестирање за билингвална англиска паралелка нема да се одржи, објавено е на веб-страницата на училиштето. Како што од МОН соопштија во петокот за МИА, во оваа скопска гимназија беше предвидено квалификациско тестирање за билингвална настава на англиски јазик, по предметот англиски јазик. Биле пријавени 145 ученици со максимални 75 бода, а  според Конкурсот треба да се примат 136. Тоа предизвика реакции во некои од останатите три средни училишта со здравствена струка каде што за насоката медицинска сестра се пријавиле повеќе ученици со ист број бодови. Утре од 10 часот за тие кандидати ќе има квалификациски тестови и од резултатите ќе зависи конечната листа за прием на ученици во прва година во 2020/2021. Се работи за СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици. Во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, слободни се 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови. Учениците што се пријавиле за оваа насока во овие три училишта утре ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија на јазикот на кој тие ја следеле наставата во основното училиште. Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а комисијата за организирање на квалификациското тестирање е формирана од членови на МОН, БРО и наставници од самите училишта. Средните училишта во петокот по 15 часот ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок кое беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни. Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kvalifikacisko-testiranje-za-nasoka-medicinska-sestra-vo-tri-sredni-uchilishta-vo-gimnazijata-orce-nikolov-kje-nema-priemen-ispit/feed/ 0
Приемен испит за новата Математичко-информатичка гимназија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priemen-ispit-za-novata-matematichko-informatichka-gimnazija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priemen-ispit-za-novata-matematichko-informatichka-gimnazija/#respond Tue, 02 Jun 2020 05:26:16 +0000 https://kurir.mk/?p=352562

Приемен испит за ученици кои се заинтересирани да се запишат во новото училиште – Математичко-информатичка гимназија ќе се организира денеска и во четврток, со писмено проверување на нивното знаење по предметите математика (2 јуни) и физика (4 јуни). Испитите ќе траат по 120 минути и ќе се одржат во просториите на средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје. Од учебната 2020/2021 таму ќе бидат сместени двете паралелки (по 34 ученици на македонски и на албански наставен јазик) на новата гимназија за средношколци кои се талентирани по овие предмети и која беше најавувана неколку години. Бројот на заинтересирани не е голем, така што и нема одложување на приемниот испит со тестирањата по двата предмета на 2 и 4 јуни. Но по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата и за овој испит усвои протокол како да се спроведе, исто како што се усвоени и протоколи за запишувањето на првачињата, за уписот на средношколците во јунскиот рок во втората половина на месецов и за полагањето испити на факултетите во јунската сесија. Според протоколот, во средното училиште „Здравко Цветковски” треба да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови и задолжително да се дезинфицираат клупите во просториите каде што учениците ќе полагаат. Задолжително е носење заштитна маска и да има физичко растојание меѓу учениците од најмалку два метра. Во една училница може да присуствуваат најмногу 10 ученици, а на нивните родители не им е дозволен влез во училиштето. Приемниот испит се состои од полагање тестови согласно со наставните програми по математика од VI до IX одделение и наставните програми по физика за VIII и IX одделение. Потврдата со бројот на освоени бодови од приемниот испит учениците ќе ја достават при запишување во Математичко-информатичка гимназија во јунскиот уписен рок, во термините за пријавувања содржани во Конкурсот за прва година во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година. Учениците кои сакаат да се запишат во оваа гимназија треба да имаат и општ успех од најмалку 4.5 од шесто до деветто одделение и оценка 5 по наставните предмети математика (од шесто до деветто одделение) и физика (од осмо и деветто одделение). Информации за начинот на пријавување и роковите, како и за тестирањето по предметите се содржани во јавниот повик што го објави Министерството за образование и наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priemen-ispit-za-novata-matematichko-informatichka-gimnazija/feed/ 0