прифаќање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 May 2022 10:36:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прифаќање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Како да ги прифатите маните на вашиот партнер? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-gi-prifatite-manite-na-vashiot-partner/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-gi-prifatite-manite-na-vashiot-partner/#respond Wed, 04 May 2022 10:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=671619

Психолозите често нагласуваат колку е важно да се прифатат слабостите на партнерот во остварувањето здрава љубовна врска. Никој не е совршен и сите имаме свои мани. Сè додека овие недостатоци не нѐ загрозуваат и не се извор на големо незадоволство или несигурност, ние едноставно треба да ги прифатиме. Како да го направите тоа? Следете ги овие совети на терапевтите. Преиспитајте колку се овие маани сериозни Честопати нè нервираат некои аспекти на личноста на нашиот партнер кои не се баш премногу важни. Нашата фрустрација тогаш расте, но мора да се прашаме дали е оправдано во однос на тоа колку навистина се значајни недостатоците на партнерот. Ако вашиот партнер е емоционално сигурен и ги има сите други фундаментални квалитети што ви се многу поважни, тогаш едноставно игнорирајте ги споменатите ситници. Прифатете ги сопствените недостатоци Првиот чекор во прифаќањето на недостатоците на вашиот партнер е сознанието дека и ние ги имаме. И можеме да го иритираме партнерот со некои наши навики или карактеристики. Во моментот кога ќе се фокусираме на неговите недостатоци, забораваме дека и ние не сме совршени. Ние секогаш ја гледаме ситуацијата од наша перспектива, но понекогаш е добро да ја разгледаме ситуацијата и од нашиот партнер, со цел подобро да го разбереме неговото однесување. Размислете зошто одредени маани на партнерот толку многу ве нервираат Можеби ве потсетуваат на претходни лоши љубовни искуства и ги активираат старите чувства во вас. Во тој момент вие всушност не реагирате на однесувањето или личноста на вашиот партнер, туку на сеќавања и претходни настани, т.е. луѓе во вашиот живот. Не принудувајте го партнерот на неважни промени Нормално е да очекувате од партнерот да промени некоја форма на лошо однесување што негативно влијае на вас, него или вашата врска. Ова се големи, важни и значајни промени што можат да ја подобрат љубовната врска. Сепак, не можеме да очекуваме човек да промени сè само заради нас, а особено не да менува некои ситници што воопшто не нѐ загрозуваат, туку само повремено ни „одат“ на нерви. Не заборавајте дека некои навики или однесувања се резултат на вредностите на вашиот партнер кои можат да бидат различни од вашите. Во тој случај, треба да размислите дали сакате да бидете со личност која не ги споделува вашите вредности или не ви пречи да бидете различни. извор: kajgana.com]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-gi-prifatite-manite-na-vashiot-partner/feed/ 0
Три услови на Сојузот на средношколци за целосно прифаќање на компромисното решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-uslovi-na-sojuzot-na-srednoshkolci-za-celosno-prifakjanje-na-kompromisnoto-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-uslovi-na-sojuzot-na-srednoshkolci-za-celosno-prifakjanje-na-kompromisnoto-reshenie/#respond Mon, 15 Feb 2021 10:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=468860

Сојузот на средношколците ја прифати опцијата да полагаат два екстерни и два интерни испити од државната матура, односно третиот екстерен испит да биде интерен, но за решението да биде целосно прифатено постави три услови. Бара да се формира работна група во која покрај нивни претставници, ќе има од Државниот испитен центар, наставници во средното образование и со неа да претседава претставник од Кабинетот на премиерот. Работната група треба да одлучува за скратените наставни програми кои ќе се однесуваат на екстерните испити (мајчин јазик, странски јазик, математика) и за тоа кои содржини нема да бидат вклучени во испитите. Таа треба да ја заврши својата работа во средината на март, а директорот на ДИЦ ќе треба да ги спроведе нејзините препораки. Со ова ќе биде задоволено нивното барање за скратени наставни програми. Вториот услов на Средношколскиот сојуз е наставниците да ги споделат со матурантите испитните материјали за интерните испити, а образовните власти да се осигураат дека наставниците ќе ги споделат испитните материјали за интерните испити со своите ученици најмалку три недели пред денот на испитот. -Испитните материјали се однесуваат на форматот на испитот, конректни содржини покриени од истиот, како и банки на прашања за испитот. Овој чекор ќе им овозможи на матурантите соодветно да се подготват за нивните испити, наведува Сојузот. Третото барање е промена на коефициентот за добивање на поените за несоодветен екстерен испит. Сегашниот модел подразбира дека доколку екстерен испит е несоодветен за уписот на факултет, тој испит може да носи најмногу пет поени. Менувањето на коефициентите кај интерните испити, како што посочи Сојузот, значи дека несоодветен интерен испит би носел повеќе од несоодветен екстерен испит (шест поени во споредба со пет). -Поради ова, бараме коефициентот за несоодветниот екстерен испит да се промени во 0,7. Ова значи дека несоодветен екстерен испит би носел седум поени, посочи Средношколскиот сојуз. Од Сојузот додаваат дека со овие три услови покажуваат дека и покрај компромисот продолжуваат да се борат за да биде слушнат гласот на средношколците и дека властите мора да признаат, како што наведува, дека оваа учебна година не е како секоја друга и дека државната матура мора да претрпи измени. -Иако постигнавме заедничко решение, нашата борба ќе продолжи сè додека не го имплементираме целосното решение, како и нашите услови за негово прифаќање, велат од Сојузот на средношколци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-uslovi-na-sojuzot-na-srednoshkolci-za-celosno-prifakjanje-na-kompromisnoto-reshenie/feed/ 0
Синдикатот препорача прифаќање пониски плати за пилотите во Бритиш ервејз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatot-preporacha-prifakjanje-poniski-plati-za-pilotite-vo-british-ervejz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatot-preporacha-prifakjanje-poniski-plati-za-pilotite-vo-british-ervejz/#respond Thu, 23 Jul 2020 09:37:46 +0000 https://kurir.mk/?p=380103

Синдикатот на пилоти во Велика Британија БАЛПА им препорача на 4.300 свои членови да го прифатат предлогот на „Бритиш ервејс“ за намалување на платите од 20 проценти, за да се ограничат присилните намалувања на работните места. Британското здружение на пилоти за авиони (БАЛПА) соопшти дека може да бидат отпуштени 270 пилоти, но очекува мерки за ублажување за да се намали тој број. Претходно оваа година, „Бритиш ервејс“ се обиде да отпушти четвртина од своите пилоти поради влијанието на пандемијата. „Исклучително е разочарувачки што за време на обемните преговори, „ Бритиш ервејс “не го прифати целосниот пакет за ублажување што го поставивме, на тој начин избегнувајќи загуби на работните места и немаше ја чини компанијата дополнителни трошоци“, соопшти синдикатот. Според договорот, платите на пилотите првично би се намалиле за 20 проценти, а во наредните две години намалувањето на платите би се намалило на осум проценти и на нула на долг рок. Исто така, 4.300 пилоти на „Бритиш ервејс“ треба да прифатат работа со скратено работно време, отпремнина и аутсорсинг. Околу 300 пилоти ќе бидат во мирување и ќе се вратат на летови кога ќе се зголеми побарувачката. „Бритиш ервејс“ потврди дека постигнал договор со синдикатот. Нема да има повторно вработување на пилоти, смета синдикатот, а британските законодавци ја критикуваа авиокомпанијата за користење тактики со кои компаниите ги принудуваат вработените да прифатат неповолни услови. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatot-preporacha-prifakjanje-poniski-plati-za-pilotite-vo-british-ervejz/feed/ 0