пријава на штети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jun 2023 13:31:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пријава на штети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се интервенира во населбата Пролет во Делчево, во тек проценка на штетите од невремето https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-intervenira-vo-naselbata-prolet-vo-delchevo-vo-tek-protsenka-na-shtetite-od-nevremeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-intervenira-vo-naselbata-prolet-vo-delchevo-vo-tek-protsenka-na-shtetite-od-nevremeto/#respond Tue, 13 Jun 2023 13:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=845293

Вработени во Територијалната противпожарна единица од Делчево им излегоа напомош на жителите од населбата Пролет, каде поради новите врнежи од дожд, дел од теренот е под вода.Во оваа населба на терен се и членови на Комисијата за проценка на штети од поплавите која ги регистрира оштетувањата настанати од поплавите кои претходно се пријавени од страна на граѓаните. Поради новите врнежи кои со помал интензитет во изминатите три часа го зафатија градот, жителите од оваа делчевска населба повторно со кофи ја вадеа водата од подрумите во своите домови. -Како што гледате сами се справуваме како знаеме и умееме, а потребни ни се пумпи за испумпување на езерото од вода која повторно надојде по денешните врнежи. Имаме и повозрасни граѓани кои не можат да се справат сами, исто и јас како родител на дете со посебни имам потреба од помош, вели Орце Крстевски, жител на населбата. Како најголема причина за поплавата жителите ја наведуваат изградбата на потпорен ѕид под патот кој минува веднаш до оваа населба, кој според нив го блокира истекувањето на водата. -Кога го ставаа тој ѕид велеа дека мора да се изгради иако ги предупредив дека може да дојде до ова што сега се случува. И ете како што гледате овде се е поплавено, додаваат тие. Освен во населбата Пролет проблеми со поткопување на куќи имаат и жители во населбата Трети Реон. -Над мене се наоѓа куќа од каде почна да паѓа земја близу до нашите прозорци. Почна брегот да се рони, страв ми ако продолжи дождот целата куќа да се сруши врз нашата, додава Ферчај жител на населбата Трети Реон. Во моментот нема нови врнежи, но граѓаните стравуваат од влошување на состојбата доколку продолжи неповолната временска прогноза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-intervenira-vo-naselbata-prolet-vo-delchevo-vo-tek-protsenka-na-shtetite-od-nevremeto/feed/ 0
Од невремето во Неготино штетите во земјоделството од 30 до 60 проценти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-nevremeto-vo-negotino-shtetite-vo-zemjodelstvoto-od-30-do-60-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-nevremeto-vo-negotino-shtetite-vo-zemjodelstvoto-od-30-do-60-procenti/#respond Mon, 24 Jun 2019 11:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=212353

Од 30 до 60 проценти се оштетувањата од врнежите од град, што пред неколку дена ја зафатија неготинската општина, за МИА потврдува Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството. -Според досегашните согледувања, најголеми се штетите околу градот и во Дисанијата. Дополнителните проверки ќе покажат дали има оштетувања и во други региони и ако има, во колкав обем се тие штети. Ги повикуваме сите земјоделци кои биле на удар на невремето, да се јават во нашата советодавна служба, за да добијат инструкции како да постапат со земјоделските култури кои имаат последици од градобијните зрна, нагласува Ајтов. Тој додава дека многу мал дел од земјоделците ги заштитиле своите земјоделски имоти со противградобијни мрежи, а поголем дел се заштитиле со осигурување, при што државата плаќа 60 проценти од вредноста на полисата. Потсетува дека преку ИПАРД програмата можат да бидат субвенционирани заштитни мрежи, со кои се постигнува двоен ефект. Заштита од град и од штетните ув зраци поради глобалното затоплување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-nevremeto-vo-negotino-shtetite-vo-zemjodelstvoto-od-30-do-60-procenti/feed/ 0
Од утре може да се пријават штетите од невремето во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-moze-da-se-prijavat-shtetite-od-nevremeto-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-moze-da-se-prijavat-shtetite-od-nevremeto-vo-ohrid/#respond Sun, 18 Mar 2018 08:17:01 +0000 http://kurir.mk/?p=30872

Јавните претпријатија денес продолжуваат со чистењето на Охрид по вчерашното невреме кое го зафати градот. Како што беше констатирано на синоќешното заседание на кризниот штаб, од утре (понеделник) правните и физичките лица кои имаат оштетување од невремето ќе може да поднесат барање за обештетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен Од Кризниот штаб апелираа да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување. Инаку како што вчера беше соопштено силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час, предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид. Нивото на Охридското Езеро е на  693,78 метри  и тоа е 3 сантиметри  над дозволената кота од 693,75 метри. Силниот ветер од над 90 километри на час, предизвика бранови во висина од 120 сантиметри. Кризниот штаб бил во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. -Екипите на јавните претпријатија  цел ден беа на терен  и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци.Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад, се вели во вчерашното соопштение по заседанието на Кризниот штаб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-moze-da-se-prijavat-shtetite-od-nevremeto-vo-ohrid/feed/ 0