пријави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Mar 2023 21:07:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пријави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи, завршија сите потребни проверки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazhni-se-prijavite-za-navodno-postaveni-eksplozivni-napravi-zavrshija-site-potrebni-proverki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazhni-se-prijavite-za-navodno-postaveni-eksplozivni-napravi-zavrshija-site-potrebni-proverki/#respond Wed, 01 Mar 2023 21:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=806886

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazhni-se-prijavite-za-navodno-postaveni-eksplozivni-napravi-zavrshija-site-potrebni-proverki/feed/ 0
Расчистена тешка кражба во Скопје, следуваат пријави против две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/raschistena-teshka-krazba-vo-skopje-sleduvaat-prijavi-protiv-dve-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/raschistena-teshka-krazba-vo-skopje-sleduvaat-prijavi-protiv-dve-lica/#respond Thu, 17 Jun 2021 08:29:28 +0000 https://kurir.mk/?p=524661

На 16.06.2021 во 22.20 часот на ул.„Нов живот“, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода А.Г.(20) од Скопје, поради сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“. Во врска со истиот настан, односно поради откупување предмети од пријавена „тешка кражба“, во 23.45 во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор бил повикан Ф.О.(39) од Скопје. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетениот. По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“, додека против Ф.О. ќе биде поднесена кривична пријава по член 261 од Кривичниот законик за „прикривање“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/raschistena-teshka-krazba-vo-skopje-sleduvaat-prijavi-protiv-dve-lica/feed/ 0
ДКСК: Најмногу пријави за партиска поврзаност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-najmnogu-prijavi-za-partiska-povrzanost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-najmnogu-prijavi-za-partiska-povrzanost/#respond Thu, 06 May 2021 12:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=506575

Состојбата со корупцијата е многу сериозна и понатаму постојат ризици од корупција што веќе се нотирани во Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси, на кои укажуваат извештаите од меѓународните институции, изјави Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на прес-конференцијата денеска посветена на сработеното во 2019-2020 година, симболично, како што рече, крајот на работењето во старите простории. Ги нагласи како ризици за корупција изразено политичко влијание, владеење односно не владеење на правото, отстсуство на казнивост, на интегритет како личен и институционален, не доволна транспарентност, како и недоречености во законската регулатива. Правосудните органи, извршната власта, институциите кои одлучуваат во сферата на урбанизмот и Општините, нагласи таа, се сектори што се перцепирани со најголем ризик на корупција, злоупотреба на службена должност и можност за судир на интереси. – Најмногу се пријавуваат состојби за незаконско вработување, издавање разни дозволи, решенија за градење и слично, концесии, постоење судир на интереси и при донесување судски одлуки. Најгорливиот проблем е во делот на вработување, најголем број пријави повеќе од 30 проценти се однесуваат на процесот на вработување, злоупотреба на дискреционото право на раководното лице. За раководните лица пресуден фактор при избор на кандидатите и интервјуто, не секогаш е успехот и освоените бодови, дотолку повеќе што ниту со закон, ниту со други со подзаконски акти не е уреден начинот на водење интервју преку структурирани прашања и негова еволуација, појасни претседателката на ДКСК. Во акцинерските друштва, подвлече таа, не се уредени никакви правила и норми за бодирање врз основа на образование, работно исксутво, други квалификации и слично. Честа пракса, која ДКСК редовно ја потврдува, е менување на систематизациите и прилагодување кон нови работни места, што се креираат и менуваат според квалификациите и видот на образованието потребното работното искуство на соодветиот кандидат. – Интересен момент е што во ниту еден од предметите ДКСК не наиде на искажан отпор или различен став за вработувањето од страна на членовите УО и Надзорните одбори, како органи на контрола над работењето на одговорните лица. Ова укажува на фактот за поврзаност и постоење заемен интерес. Овие вработувања во јавноста се препознаени како вработување непотизам, кронизам, клиентелизам, партиска поврзаност, што создава огромно незадовослтво кај граѓаните, чувство на нееднаквост, но и загрозеност на загарнтираното уставно право за еднакви услови и достапнсот на секое работно место, рече Ивановска. Забележана е и состојба за избори и разрешување на директори на ЈП и АД, што најчесто се врши по укажување или препорака на основачот, а тоа е најчесто владата или општината. Како што истакна Ивановска, ретко се земаат предвид условите за разрешување предвидени со законите, а на објавениот оглас за избор на директор, најчесто се јавува само еден кандидат, вообичаено, подвлече, лицето кое однапред е планирано за таа функција. – Непостоењето правила за креирање работни места и компетенции во ЈП и во АД е проверен начин за вработување лица поврзани со политички партии без разлика на нивната стручност и компетентност и е препознаен како поделба во управувањето со државните институции помеѓу политичките партии од власта, рече меѓу другото претседателката на ДКСК. Ивановска говореше и за повеќекратно именување за вршители на должност за директори, при што не се почитуваат законите за распишување конкурс за избор на директор, се именуваат без положен испит за директори онаму кај што треба, УО не секогаш распишуваат конкурси и чекаат прво владата да одлучи што треба тие да преземат, не се обезбедува избор на директори низ фер конкуренција врз основа на приложена програма за работа, нема отчетност за вршење на фухкцијата и за трошењето државни ресурси. – Изборите и разрешувањата многу често се врзуваат со одредна политичка гарнитура, дури постои и реваншизам особено кога локалната и централната власт се од различни политички опции, потенцира меѓу другото Ивановска, додавајќи оти ова доведува до разградување на системот на вредности, на професионализмот и губење на квалитетен кадар. ДКСК препорачува што побрзо да се донесе Законот за висока раководна структура, кој подолго време е во подготовка. Како што рече, уште еден феномен е докажување на познавање на странски јазик за раководните лица или директори. Низ работењето по предметите ДКСК се наметнала и состојбата во урбанизмот и градежништвото, а голем број доставени пријави се за злоупотреба овластувања од страна на лица и институции кои имаат надлежност да издаваат одобренија за градење. По бројните постапувања и обезбедна документација, се укажува, рече таа, на бројни законски слабости кои вешто се користат од страна на заинтересираните инвеститори за остварување на своите цели. Претседателката на ДКСК информира дека за надминување на сите овие состојби поднесени се околу 58 иницијативи заклучно со 31 декември 2021 година, а најмногу се доставени до владата, потоа до градоначнници, до инспекциски служби, во министерствата за здравство, за култура, за образование, до Основото јавно обвинителство и други. По околу 30 проценти од овие иницијативи е постапено, отфрлени се 26 проценти, 31 процент не доставиле одговори, а има уште постапку пред Управен суд, и рокот за одговор не е изминат во седум проценти од иницијативите. Се препорачува да се почитуваат препораките на ДКСК и на другите независни тела во насока на подобрување на состојбите во сиситемот. Од ДКСК изразуваат надеж дека ќе се обезбеди вработување во јавниот сектор врз база на мерит систем, транспарентност, намалување на политичките или личните влијанија и строго ограничување на дискреционите овластувања. Очекуваат да се зајакнат контролните механизми во однос на ефикасно и ефективно извршување на работите од јавниот сектор, посебно во делот на јавните набавки и издавање разни дозволи, одобренија и лиценци и да се обезбеди поголема независност и професионалност во органите за спроведување на законите. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-najmnogu-prijavi-za-partiska-povrzanost/feed/ 0
Тинејџер од Гостивар заработи две пријави, откако со четирицикл оштети сообраќаен знак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-gostivar-zaraboti-dve-prijavi-otkako-so-chetiricikl-oshteti-soobrakjaen-znak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-gostivar-zaraboti-dve-prijavi-otkako-so-chetiricikl-oshteti-soobrakjaen-znak/#respond Sat, 17 Apr 2021 17:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=498626

Седумнаесетгодишникот, кој пред некој ден во обид да сними видео за социјалните мрежи, оштети сообраќаен знак доби две пријави од полицијата. Тој, попладнево е повикан во полиција и со него е извршен службен разговор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар. За сторените прекршоци, подготвени се две пријави согласно Законот за возила. Од СВР Тетово информираат дека го идентификувала и санкционира лицето, кој управувајќи четирицикл на 4 април во близина на крстосницата на улиците „Живко Брајковски” и „101″ во Гостивар, преминува преку тротоарот и со четирициклот оштетува сообраќаен знак. Видеото што беше објавено на социјалните мрежи наиде на реакции во јавноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-gostivar-zaraboti-dve-prijavi-otkako-so-chetiricikl-oshteti-soobrakjaen-znak/feed/ 0
Полицијата добила 3 пријави за славење Нова Година од поголема група луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-dobila-3-prijavi-za-slavenje-nova-godina-od-pogolema-grupa-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-dobila-3-prijavi-za-slavenje-nova-godina-od-pogolema-grupa-lugje/#respond Fri, 01 Jan 2021 12:09:47 +0000 https://kurir.mk/?p=451016

Во текот на ноќта МВР костатира осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. -На 31.12.2020 во 18.40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита, информираат од полицијата. На подрачјето на СВР Скопје во текот на новогодишната ноќ евидентирани се три пријави за прославување на новогодишната ноќ од поголема група луѓе, и тоа на подрачјето на Карпош во стан на бул.„Партизански одреди“, на подрачјето на Центар на бул.„Илинденска“ и на подрачјето на Бит Пазар, во Старата чаршија. По комплетно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policijata-dobila-3-prijavi-za-slavenje-nova-godina-od-pogolema-grupa-lugje/feed/ 0
Јавно обвинителство: Нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/#respond Wed, 15 Jul 2020 08:34:42 +0000 https://kurir.mk/?p=375960

До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во текот на ноќта и предизборните денови, стои во соопштението, пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. За останатите известувања, се подвлекува, јавните обвинители преземаат дејствија во предистражна постапка за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот. – Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот во ПО Галате каде дошол претседателот на месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. Лицата со автомобил низ селото растурале пропаганден материјал-флаери на една од коалициите. При што биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар -Гостивар. Сите иволвирани во моментот се во ПО Галате. Се работи на расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението од ЈО на Република Северна Македонија. За овие настани, како и за сите останати информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, се подвлекува во соопштението, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/feed/ 0
Австрија: Поднесени над 2.800 пријави за непочитување на мерките на Владата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-podneseni-nad-2-800-prijavi-za-nepochituvanje-na-merkite-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-podneseni-nad-2-800-prijavi-za-nepochituvanje-na-merkite-na-vladata/#respond Mon, 23 Mar 2020 08:46:09 +0000 https://kurir.mk/?p=320578

Полицијата во Австрија поднела 2.883 пријави до синоќа за неисполнување на мерките на австриската влада со цел намалување на социјалните контакти, според австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер. – Ние се уште имаме ситуација кога 95 проценти од населението соработува совршено, а 5 проценти не го разбрале тоа и полицијата константно постапува против нив, рече Нехамер во изјавата за радиото Ое1. Тој додаде дека загрижените граѓани укажуваат на кршење на мерките и полицијата сериозно го сфатила секој повик и го проверува. Нехамер потврди дека дронови биле користени и за почитување на мерките за ограничено движење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-podneseni-nad-2-800-prijavi-za-nepochituvanje-na-merkite-na-vladata/feed/ 0
Ќе отвори ли обвинителството постапка по пријавите на бизнисменот Киро Тошевски? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-otvori-li-obvinitelstvoto-postapka-po-prijavite-na-biznismenot-kiro-toshevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-otvori-li-obvinitelstvoto-postapka-po-prijavite-na-biznismenot-kiro-toshevski/#respond Thu, 12 Dec 2019 17:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=276743

Предистражна постапка – во оваа фаза бил предметот во обвинителство за кој неколку кривични пријави има поднесено Киро Тошевски, човекот кој тврди дека премиерот односно неговиот брат, преку манипулации и трети луѓе сакаат да му го земат имотот и објектот голем 12 700 метри квадратни, помеѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН. Тошевски поднел пријави за лихварство, за измама, и против „Настел“, односно неговиот сопственик Азманов и против докторите Марјан Стојовски и Влатко Цветановски. -Надлежниот јавен обвинител издаде наредба до Министерството за внатрешни работи, БЈБ – Единица за економски и компјутерски криминал за прибирање на докази релевантни за утврдување на фактичката состојба. По наредба на јавниот обвинител, МВР изврши разговори со пријавителот и со сите пријавени лица, а комплетната документација е доставена до обвинителството. Во моментов се врши анализа на прибраните материјали и на доказите доставени од подносителот, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, велат за Алфа од обвинителство. Азманов вчера демантираше дека воопшто во име на Заеви настапил пред Тошевски со намера да го купи имотот на Тошевски. Всушност Азманов е дециден дека не сакал никогаш да го купи. Тошевски сведочи оти самиот му признал со која намера ја прават зделката. -Третиот посредник, Азманов. Истата приказна, истиот настап. Азманов веќе ги отвара картите со мене. Ми кажува конкретно дека позади овој проект стои болница, СДСМ-овска болница, „да се правиме будали, знаеш дека позади ова стои Вице, а ти затоа што со попуштил во цената ќе бидеш до века лекуван кај нас“. Потоа веќе преземаат докторите, едниот е гинеколог – тој е директен актер или спотер меѓу Заев и Азманов, но и еден од круцијалните играчи за да успее овој проект – Марјан Стојовски. А другиот доктор е Влатко Цветановски, вели Тошевски. Докторите одбраа да не зборуваат. Стојовски рече дека нема да биде во можност да ни одговори на прашањата, а Цветановски не возврати на нашите повици и испратени прашања. Но премиерот вчера се произнесе. Сакал да му помогне на Тошевски, затоа комуницирал со него. Демантираше дека брат му Вице има некаква врска. -Може тој да објасни се, слободно, очигледно ја давале понудата (Тошевски) насекаде во државата, на деловни луѓе, па давана е и таму, но ние немаме никакви допирни точки на комуникација. Јас го прашав брат ми дали е нешто конкретно разговарано, он вика да човекот понуди таква локација но рече „бате ти знаеш оти ние такви бизниси немаме за развој“. Па ако може да ја понудат на некој, секој пат сите не може да ја понудуваме-тоа е комуникацијата, изјави Зоран Заев, претседател на Владата на 11.12.2019. Вице Заев пак ни одговори дека „секојдневно добивал различни понуди за градежни земјишта, од различни бизнисмени, па немало логика да влегува во нешто што не го сака, мислејќи на имотот на Тошевски, злоупотребувајќи го името на својот брат“. Извор: Алфа]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-otvori-li-obvinitelstvoto-postapka-po-prijavite-na-biznismenot-kiro-toshevski/feed/ 0
СКАНДАЛ: Со цел државата да удри по џебот на граѓаните, УЈП ги затвори вратите среде работно време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-so-cel-drzavata-da-udri-po-dzebot-na-gragjanite-ujp-gi-zatvori-vratite-srede-rabotno-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-so-cel-drzavata-da-udri-po-dzebot-na-gragjanite-ujp-gi-zatvori-vratite-srede-rabotno-vreme/#respond Sat, 29 Dec 2018 13:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=146464

Од 7:30 до 16:30 канцелариите на УЈП денеска ќе бидат отворени за граѓаните кои не се регистрирале во системот, информираа од Управата за јавни приходи. Но денес, голем број на граѓани наидоа на затворена врата. Иако беше најавено сосема друго работно време, службениците излегле од просториите речиси три часа пред истекот на работното време. Повеќе граѓани ја контактираа редакцијата на КУРИР жалејќи се како од неправдата, така и од безобразниот однос на вработените. -Имаше малку гужва и застанав да почекам ред. Вработените полека станаа и тргнаа кон вратата да си одат. Една жена викна и ги праша каде одат сите кога уште им е работно време, а тие скришум излегоа од просториите и заминаа, вели граѓанка која ја контактираше нашата редакција. -Чуварот ни се развика зошто сме чекале последни денови. Му објаснувавме дека сме на работа и дека сега имаме време. Ни реше „Ајде сега мрш, не работиме“, ни раскажа скопјанка која чекала денес пред УЈП. -Што сакаат, тоа си прават. Избегаа од нас, буквално, си заминаа. Ова намерно го прават за после да плаќаме казни од џеб, ни кажа еден граѓанин кој денес имал план да поднесе пријава. Дополнително скандалозно е што од вработен на шалтер дознаваме дека иако за во понеделник беше најавено цело работно време, на вработените им било кажано пријави да примаат само еден час во денот. 31-ви јануари, инаку, е работен ден за сите граѓани на Република Македонија. Екипа на КУРИР излезе на терен. Пред канцелариите на УЈП уште чекаат граѓани во надеж дека некој ќе дојде да си ја сработи работата за која е платен од нивни џеб. Залудно. Вработените одамна си заминаа. Одговори сакавме да побараме од УЈП, но на нивните телефонски броеви се уклучува говорна пошта која ни порача „Јавете се во работно време“. Ова требаше да биде нивно работно време, но ниту на управата, а ниту на државата, очигледно не им е грижа за граѓаните кои освен за нивните плати, од џеб ќе треба да издвојат и сума за големи казни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-so-cel-drzavata-da-udri-po-dzebot-na-gragjanite-ujp-gi-zatvori-vratite-srede-rabotno-vreme/feed/ 0