приказна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 13:02:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png приказна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оваа кратка приказна ќе ви ја раскаже најважната животна лекција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-kratka-prikazna-ke-vi-ja-raskazhe-najvazhnata-zhivotna-lektsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-kratka-prikazna-ke-vi-ja-raskazhe-najvazhnata-zhivotna-lektsija/#respond Wed, 31 May 2023 13:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=840871

Еден постар Индијанец на својот внук му ја раскажал следнава приказна: -Во луѓето се одвива непрекината борба. Тука секогаш се борат два волци. Еден е лош – тој е стравот, гневот, зависта, каењето, огоченоста, лагите… Другиот е добар – тој е радоста, мирот, љубовта, надежта, добрината, сочувството, великодушноста, вистината, раскажал старецот. -Кој волк победува, дедо? – го прашал внукот на крајот. - Оној кој повеќе го храниш, одговорил стариот Индијанец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-kratka-prikazna-ke-vi-ja-raskazhe-najvazhnata-zhivotna-lektsija/feed/ 0
КОЛКУ ВРЕДИТЕ? Поучна приказна чија порака треба да ја разберете! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vredite-pouchna-prikazna-chija-poraka-treba-da-ja-razberete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vredite-pouchna-prikazna-chija-poraka-treba-da-ja-razberete/#respond Mon, 10 Apr 2023 20:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=822552

Еден познат говорник го започнал својот говор покажувајќи банкнота од 20 долари. Почнувајќи ја својата приказна пред 200 присутни, тој прашал: -Кој ја сака оваа банкнота? Присутните полека почнале да ги креваат своите раце. Потоа, говорникот додал: -Ќе ви ја дадам оваа банкнота, но само ако ми дозволите да направам нешто прво. Потоа ја изгужвал. Прашал повторно: -Кој ја сака оваа банкнота? Пак, луѓето почнале да ги креваат своите раце. Тој се насмевнал и продолжил: -Што ако го направам ова? Потоа ги спуштил парите на подот и ги згазил, а потоа валкани и изгужвани повторно ги подигнал и го поставил истото прашање: -Ја сакате ли уште оваа банкнота? Луѓето повторно ги кренале своите раце. -Пријатели мои, ова што денес го научивте е вредна лекција. Без оглед на тоа што и да направив со парите, тоа не ја намали нивната вредност. Уште вредеа 20 долари. Многупати  во нашиот живот ќе бидеме згужвани, ќе паднеме на земја, ќе бидеме згазени. Но, размислете -  ја намалува ли тоа нашата вредност? Не сте безвредни. Напротив, вие сте посебни и никогаш немојте да го заборавите тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vredite-pouchna-prikazna-chija-poraka-treba-da-ja-razberete/feed/ 0
СТРАШНАТА ПРИКАЗНА за „Снежана и седумте џуџиња“: Измачени деца и болна смрт – ништо не можеше да ја спаси, дури ни бакнежот и вистинската љубов https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/strashnata-prikazna-za-snezhana-i-sedumte-dhudhina-izmacheni-detsa-i-bolna-smrt-nishto-ne-mozheshe-da-ja-spasi-duri-ni-baknezhot-i-vistinskata-lubov/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/strashnata-prikazna-za-snezhana-i-sedumte-dhudhina-izmacheni-detsa-i-bolna-smrt-nishto-ne-mozheshe-da-ja-spasi-duri-ni-baknezhot-i-vistinskata-lubov/#respond Wed, 05 Apr 2023 15:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=820668

Сите се сеќаваме на бајката „Снежана и седумте џуџиња“, но малкумина знаат дека е базирана на вистински настан што се случил во Баварија во 16 век. Маргарет фон Валдек ја изгубила својата мајка, па морала да живее во куќата на нејзиниот брат. Со оглед на страдањата на другите луѓе, таа помогна колку што можеше. За разлика од Маргарет, нејзиниот брат не бил сочувствителен иако бил доста богат бидејќи поседувал рудник за бакар. Бидејќи рудникот бил премногу тесен простор за големи мажи, тој вработувал деца да вадат метал од длабочините на планината. Со текот на времето, напорната работа толку многу влијаеше на физичкиот развој на тие деца што тие беа главно “стуткани“. Како што растеа, тие се повеќе се наведнуваа додека поминуваа часови, недели, месеци и години во тесни рударски коридори за да заработат корка леб. Наместо да ја преземе одговорноста за штетата што им ја нанел, братот на Маргарет ги исмевал своите малолетни работници нарекувајќи ги навредливо „џуџести“. Бидејќи заработката била мизерна, а никој веќе не сакал да ги вработува бидејќи изгледале така, рударите се свртеле кон ситни крадци за да ги прехранат своите семејства. Влегле во куќите на богатите жители на тоа место и земале што им требало. Знаејќи дека рударите се тие што ги ограбуваат домовите, една стара дама решила да ги преземе работите во свои раце. Еден ден ги чекала пред рудникот и им понудила јаболка потопени во отров. Гладните рудари со благодарност го зеле плодот и го изеле до душа. Никој од нив немаше поим дека ќе им дојде болна смрт. Така, сите работници кои работеле за нејзиниот брат загинале како и нејзиниот брат, додека таа страшна трагедија навестувала само дел од ужасот низ кој ќе помине Маргарет фон Валдек. Немајќи каде да оди и нема со кого да живее, Маргарет се сели во градот. Низ градот се прошири веста дека се вселила убавица со долга црна коса, а меѓу новите додворувачи бил и шпанскиот принц Филип Втори. Филип и Маргарет се заљубиле на прв поглед. Нивната љубов била толку голема што веднаш посакале да се венчаат, но кога тогашниот крал на Шпанија слушнал дека неговиот син планира да се ожени со сиромашна девојка - решил да го спречи тоа. Тој ги собра своите поданици и им нареди да стават крај на животот на девојчето, најдобро што знаат. Маргарет, која беше наивна и добра, не ни знаеше што ѝ се подготвува. Поданиците на кралот брзо стигнале до неа и истуриле отров во нејзината храна. Починала во прегратките на нејзиниот несуден сопруг. За разлика од бајката, никој не можеше да и помогне на Маргарет, никој не можеше да ја спаси од сигурна смрт, дури ни бакнежот на вистинската љубов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/strashnata-prikazna-za-snezhana-i-sedumte-dhudhina-izmacheni-detsa-i-bolna-smrt-nishto-ne-mozheshe-da-ja-spasi-duri-ni-baknezhot-i-vistinskata-lubov/feed/ 0
Неверојатна приказна: Oд фудбал на улица, до први голови во Катар, родени во ист град, имаат исти имиња, играат за различни репрезентации на Мундијалот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatna-prikazna-od-fudbal-na-ulica-do-prvi-golovi-vo-katar-rodeni-vo-ist-grad-imaat-isti-iminja-igraat-za-razlichni-reprezentacii-na-mundijalot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatna-prikazna-od-fudbal-na-ulica-do-prvi-golovi-vo-katar-rodeni-vo-ist-grad-imaat-isti-iminja-igraat-za-razlichni-reprezentacii-na-mundijalot-foto/#respond Mon, 28 Nov 2022 18:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=767817

Мохамед Салису е 23 годишен фудбалер на Саутемптон, репрезентативец на Гана. За оваа селекција дебитирал оваа година и има само пет мечеви за националниот тим. Неговата фудбалска бајка почнува во 2017-та кога станува дел од младинските категории на Ваљадолид. Мохамед Мунтари е 28 годишен фудбалер на Ал Ахли. Репрезентативец е на Катар. Нив двајца ги поврзува една успешна приказна како од бајките. Освен тоа што имаат исти имиња, двајцата се родени во градот Кумаси, Гана. Пред десетина години заедно играле фудбал на маалските терени или практично кажано на улица. Десет години подоцна тие се дел од Светското првенство. Едниот, Мохамед Салису со Гана, додека Мохамед Мунтари со репрезентацијата на Катар. Приказната да биде уште повозбудлива и поубава и двајцата постигнаа гол за своите селекции на Мундијалот во Катар. Салису стрелаше за 1:0 на мечот Гана-Јужна Кореа (3:2), а Мунтари беше стрелец на единствениот гол за Катар досега и тоа на мечот против Сенегал (1:3). Катар е веќе елиминиран бидејќи има два порази, додека Гана со победата над Јужна Кореја останува во игра за пласман во осминафиналето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatna-prikazna-od-fudbal-na-ulica-do-prvi-golovi-vo-katar-rodeni-vo-ist-grad-imaat-isti-iminja-igraat-za-razlichni-reprezentacii-na-mundijalot-foto/feed/ 0
Приказната која го расплака регионот доби среќен крај (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prikaznata-koja-go-rasplaka-regionot-dobi-srekjen-kraj-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prikaznata-koja-go-rasplaka-regionot-dobi-srekjen-kraj-foto/#respond Thu, 17 Nov 2022 18:24:05 +0000 https://kurir.mk/?p=762584

Приказната за една баба во Србија која живееше без струја во домот доби среќен крај. Љубинка Анѓелковиќ го растажи целиот регион. Седумдесетгодишната жена, која живеела во многу тешки услови, доживеала да види светло во својот дом. Таа живее сама во шума во Козји Дол. До неодамна, нејзината трошна куќичка од контејнер имала само шпорет што не работел, под полн со пукнатини и стари предмети што глувците скоро целосно ги изеле. Тамара Мисирлиќ е млада каратистка од Врање, која ја формираше хуманитарната фондација „Тамара Мисирлиќ“ и помогна на оваа сиромашна жена. „Таа имала своја куќа која се срушила, а потоа ѝ доделиле контејнер кој веќе е дотраен. Бабата има пензија, но нема допир со парите, бидејќи луѓето од продавницата ги земаат тие пари и ѝ носат храна двапати месечно. Таа неретко има проблем со храната“, изјавила Мисирлиќ за „Телеграф“. За еден месец, домот на оваа жена е во ново руво. Контејнерот е пребоен, а жената има и нов мебел. Жената вели дека добрите луѓе ја спасиле од глад и од студ. Сега има можност да живее подостоинствено. Во местото каде живее Анѓелковиќ има многу диви свињи и таа се грижи за нив. Фото: Инстаграм/Тамара Мисирлиќ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prikaznata-koja-go-rasplaka-regionot-dobi-srekjen-kraj-foto/feed/ 0
„Бог знае како да направи чудо од нашите слабости“ – убава и поучна приказна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bog-znae-kako-da-napravi-chudo-od-nashite-slabosti-ubava-i-pouchna-prikazna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bog-znae-kako-da-napravi-chudo-od-nashite-slabosti-ubava-i-pouchna-prikazna/#respond Wed, 28 Sep 2022 19:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=738717

Некој стар трговец секое утро одел на изворот за да ги наполни своите стомни со вода и ги носел на рамена за да им ги даде на своите купци во градот. Една од стомните била напукната и затоа губел дел од водата додека стигне, а другата стомна била потполно нова и носела повеќе пари. Целосната стомна се гордеела со себе, додека пак оштетената стомна се срамела. Чувствувајќи се помалку вредна, оштетената стомна му рекла на својот сопственик: „Се срамам затоа што не можам да ти служам онака како што сакам. Свесна сум за своите ограничувања и дека поради мене не ја добиваш очекуваната заработка, затоа што сум речиси празна кога ќе стигнеме во град. Те молам прости ми за мојата слабост.“ Следното утро, на патот кон градот, сопственикот ја запрашал оштетена стомна: „Погледни крај патот, што гледаш?“ -Прекрасно е, полно со цвеќиња! – одговорила стомната. Тогаш човекот рекол: „Прекрасно е поради тебе. Дали си забележала дека цвеќињата покрај патот се само од твојата страна, а не и од страната на здравата стомна? Тоа е затоа што знаев за својот недостаток и купив семе и го посеав на твојата страна од патот, а ти, незнаејќи, секој ден ја полеваше почвата. Веќе две години го собирам тоа чудесно цвеќе кое на мене и на моето семејство ни носи толку многу радост. Кога ти не би била таква каква што си, тоа цвеќе не би нѐ радувало толку. Затоа не заборавај дека сите сме помалку скршени, но Бог знае како да направи чудо од нашите слабости.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bog-znae-kako-da-napravi-chudo-od-nashite-slabosti-ubava-i-pouchna-prikazna/feed/ 0
Кристијано Роналдо му ја должи кариерата на овој човек: Никогаш не го заборави пријателот поради кој успеа во фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kristijano-ronaldo-mu-ja-dolzi-karierata-na-ovoj-chovek-nikogash-ne-go-zaboravi-prijatelot-poradi-koj-uspea-vo-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kristijano-ronaldo-mu-ja-dolzi-karierata-na-ovoj-chovek-nikogash-ne-go-zaboravi-prijatelot-poradi-koj-uspea-vo-fudbalot/#respond Sun, 27 Mar 2022 10:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=654083

Приказната која во една прилика ја раскажа светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го воодушеви цел свет. „Морам да му се заблагодарам на мојот пријател Алберт Фантрау за мојот успех. Игравме заедно за младински клуб. Кога пристигнаа луѓето од Спортинг ни рекоа дека кој ќе даде повеќе голови ќе биде примен во нивната Академија. Тој натпревар го добивме со 3-0, јас го постигнав првиот гол, потоа Алберт уште еден со глава, а третиот беше гол кој ги импресионираше сите. Алберт тргна еден на еден со голманот. Трчав до него, тој го заобиколи голманот, сè што требаше да направи беше само да ја внесе топката во празната мрежа. Но, тој ми додаде и јас постигнав гол. Ме примија на Академијата. “ - раскажа славниот голгетер. По натпреварот, кога му пришол и го прашал „зошто“, Алберт одговорил; „Ти си подобар од мене“. Неколку години подоцна, новинар отишол во куќата на Алберт и прашал дали приказната е вистинита. Тој ја потврдил. Кажал и дека кариерата како фудбалер му завршила по тој натпревар и сега е невработен. „Но, од каде имате толку прекрасна куќа, автомобил.. ? Изгледа сте богата личност. Го одржувате и вашето семејство....... од каде пари за сè?“ Алберт гордо одговорил „Тоа е од Кристијано.“.
ПОУКА: Никогаш не заборавајте на личноста која веруваше во вас и ви пружи рака на помош во животот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kristijano-ronaldo-mu-ja-dolzi-karierata-na-ovoj-chovek-nikogash-ne-go-zaboravi-prijatelot-poradi-koj-uspea-vo-fudbalot/feed/ 0
„Приказна за еден Прибе!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prikazna-za-eden-pribe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prikazna-za-eden-pribe/#respond Fri, 05 Nov 2021 12:38:10 +0000 https://kurir.mk/?p=591337

Пред неколку години, не толку одамна, во нашава убава Македонија, дојде Рајнхард Прибе. Дојде, виде и победи, затоа што триумфално ни даде препораки за реформа на безбедносно разузнавачката заедница, кои покрај другото беа и „итни“, а воедно и „реформски приоритети“. Од итноста не видовме ништо, ама пак и од реформските приоритети немавме некој абер. Ниту беа реформски, затоа што беа козметички реформи и беа донесени заради кревање имиџ во јавноста и глумење загрижени државници, а ниту пак беа приоритети, затоа што процесот на реформа се раздолжи до непрепознатливост, а крајниот резултат беше „мртвороденче“, односно служба која беше компромитирана уште во своето основање, уште во самиот процес на „селекција“, со непочитување на законските одредби за тест за интегритет и полиграфски тест за новите вработени, но и со одврзани раце за нови вработувања (без и со конкурси) и можности за преземање од други државни органи, коментира на својата Фејсбук страница по вчерашната полициска акција во која за рекет беа уапсени припадници на АНБ универзитетскиот професор по одбрана и безбедностАлександар Нацев. И додека го гледавме ова на почетокот, јас во многу мои настапи и колумни ги потенцирав овие неправилности, но ете денес, со апсењата на припадници токму на АНБ, добиваме потврда дека се што е кажано, е всушност точно! А Прибе? Е сега можеме да кажеме дека Прибе дојде, виде, ама сепак изгуби!, пишува во својата објава Нацев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prikazna-za-eden-pribe/feed/ 0
Поучна приказна: Живеј си го животот, пушти ги луѓето нека зборуваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-zivej-si-go-zivotot-pushti-gi-lugjeto-neka-zboruvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-zivej-si-go-zivotot-pushti-gi-lugjeto-neka-zboruvaat/#respond Wed, 14 Jul 2021 20:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=536923

Си живееле еднаш маж и жена, кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре. Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот, и така тргнале на пат. Кога дошле во првото село, луѓето коментирале: „Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат.“ Тогаш жената рекла на својот маж: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“ Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него. Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле: „Погледнете го ова, нека се засрами човекот што дозволува неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи.“ Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите. Така тие пристигнале и во трето село каде што луѓето повторно коментирале: „Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. И кутро дете, којзнае што уште го чека со таква мајка.“ После ова одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат. Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца одлучиле да се симнат и да пешачат. Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле: „Видете ги овие три будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедите од пешачење, а само двајца да пешачат.“ Секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе што и да направиш. Тешко е да им удоволиш на сите, а и тешко е да пронајдеш личност на која ќе ѝ бидеш добар таков каков што си. Пушти ги луѓето нека зборуваат, живеј си го животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-zivej-si-go-zivotot-pushti-gi-lugjeto-neka-zboruvaat/feed/ 0
Ова е најтажната детска приказна – нека ни биде лекција да станеме подобри луѓе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najtaznata-detska-prikazna-neka-ni-bide-lekcija-da-staneme-podobri-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najtaznata-detska-prikazna-neka-ni-bide-lekcija-da-staneme-podobri-lugje/#respond Thu, 31 Dec 2020 19:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=450891

Една од најубавите приказни од детството е приказната за „Девојчето со кибритчињата“, прекрасно дело на Ханс Кристијан Андерсен. Секогаш успева да ни ги насолзи очите, да нè потсети за значајните работи во животот, да нè врати во детството и школските клупи кога уживавме во убавите сказни. Наша желба е да си ја сочуваме оваа преубава приказна за да може да си ја прочитате во секое време... Ужасно студено беше надвор, снегот паѓаше без престан во глувата ноќ. А беше Нова година. Низ пустите и студени улици осамено, скиташе сиромашно девојче. Босоного и без шапка на главата. Кога излезе од дома имаше на себе некакви папучки, но тие не беа нејзини. Едноставно беа преголеми за нејзините мали, нежни нозе и ги загуби некаде по пат во длабокиот снег. Продолжи боса по снегот, а стапалата веќе и беа помодрени од мразот кој беше секаде наоколу. Во рацете носеше сноп кибритчиња, но денес не продаде ни едно единствено кибритче. Сиротото девојче се тресеше од студот, гладна и премрзната. Снегулките паѓаа врз нејзината прекрасна долга коса. Русите плетенки и го обвиткуваа вратот, но таа никогаш и не помислување на нив. Од сите прозорци излегуваше светлината на свеќите, а наоколу се ширеше прекрасниот мирис на печени гуски и мисирки. Таа знаеше, вечерва е Нова година. Се склупчи во аголот кој го формираа ѕидовите на две соседни куќи. Ги допре своите мали, боси стапала едно до друго во надеж дека барем малку ќе ги стопли во таа смрзнувачка ноќ. Студот и навлегуваше во коските. Да си оди ли дома? Без продадено кибритче? Не!!! Нема да оди. И дома е исто така студено и темно. Татко и сигурно повторно ќе ја тепа бидејќи денес, не продаде ни едно кибритче и не донесе ни една паричка дома. Прстите и беа премрзнати и вкочанети. Едно кибритче сигурно ќе ме затопли си помисли. Само кога би смеела да запалам барем едно кибритче. Само кога би имала малку смелост да го сторам тоа. Студенилото ја совладуваше. Извлече едно дрвце и го запали. Светлиот пламен блесна во аголот. Беше тоа прекрасен пламен. Русокосата душичка за момент почувствува дека седи покрај еден голем камин и го слуша пукотот на огнот од дабовите трупци. Ги пружи премрзнатите ноџиња кон огнот, но тој изгасна. Го снема. Повторно завладеа мракот и студенилото наоколу. Извади уште едно кибритче. Овој пат блесокот ја одведе на голема убава маса со бел чаршав. Масата беше спремна за новогодишната вечера. Пред неа беше прекрасниот порцелански сервис. Мисирката беше на средина на масата, украсена со јаболка и сливи. Токму кога посака да ја вкуси, пламенот повторно исчезна. Кутрото девојче, толку беше блиску, но сето тоа го снема. Одново запали кибритче. Сега седеше до новогодишната елка, која блескаше во светлината на илјадниците свеќички на неа. Светлоста одеше нагоре, нагоре високо се дури до небото. Погледна во висината и ги виде ѕвездите на небото. Виде како падна ѕвезда. „Некој штотуку умре“ помисли девојчето. Се сети на нејзината баба. Единствената личност која неизмерно и искрено ја сакаше. Но, таа повеќе не е тука. Таа замина, онака како што и раскажуваше за ѕвездите коиж паѓаат. Нејзината баба е сега таму Горе, кај Севишниот. Против својата воља запали ново кибритче. Овој пат нејзината баба беше пред неа. Јасно ја виде во темнината. Го почувствува нејзиниот топол и мил допир. „Бабо, најсакана моја“ викна низ солзи малата душичка. „Земи ме со тебе. Знам дека ќе заминеш заедно со пламенот на ова дрвце, како што замина и каминот и мисирката, и елката затоа земи ме со тебе.“ Го запали целото преостанато купче кибритчиња, за да се осигура дека баба и нема да ја напушти. Огнот беше прекрасен, толку силен и толку светол, посветол од било кое пладне што го имаше видено. Ја почувствува топлината и го виде прекрасниот лик на баба си. Баба и ја зеде во своите раце. Русокосото ангелче се најде во нејзината прегратка. Двете среќни заминаа Горе. Горе онаму каде никогаш нема студ, каде нема глад, каде нема немир, онаму каде што е Тој. Изутрината околу аголот беа собрани неколкумина случајни минувачи. Го гледаа премрзнато девојче навалено на ѕидот. Нејзините образи се уште беа розеви, а насмевката го покриваше нејзиното невино лице. „Сакала само да се згрее“ тивко зборуваа луѓето. Никој од нив не ни помислуваше колку прекрасни работи малечкото ангелче виде таа ноќ. Никој од нив не можеше ни во сон да ја замисли убавината каде таа и нејзината баба влегоа понесени од радоста која ја донесе за нив таа новогодишна ноќ. Оваа приказна нека ни биде лекција на сите! Имајте чувства за луѓето околу вас на кои можеби им треба помош. Среќа не е богатство, среќа се луѓето околу вас, семејството, пријателите. Ниту едно дете на светов не смее да доживее ваква тажна судбина! Сите треба да станеме подобри луѓе.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najtaznata-detska-prikazna-neka-ni-bide-lekcija-da-staneme-podobri-lugje/feed/ 0