Прилеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 13:46:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Прилеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Потребно е во Прилеп да се изгради обиколницата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-potrebno-e-vo-prilep-da-se-izgradi-obikolnitsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-potrebno-e-vo-prilep-da-se-izgradi-obikolnitsata/#respond Sat, 04 Nov 2023 13:46:34 +0000 https://kurir.mk/?p=896442

Потребно е во Прилеп да се изгради обиколницата, објави на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.. Иако обиколницата е ветена од страна на Владата на СДС и ДУИ на терен нема никакви активности. Од исклучително значење е изградбата на оваа обиколница бидејќи ќе го реши проблемот со сообраќајот на товарните возила кои влегуваат во градот. Како идна власт овој капитален проект ќе биде еден од приоритетите за општина Прилеп. Важно е да инвестираме во капитални проекти. Важно е Прилеп да се развива, пишува Мицкоски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-potrebno-e-vo-prilep-da-se-izgradi-obikolnitsata/feed/ 0
Мицкоски: 34 милиони евра за 4 години за Прилеп за инфраструктурни проекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-34-milioni-evra-za-4-godini-za-prilep-za-infrastrukturni-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-34-milioni-evra-za-4-godini-za-prilep-za-infrastrukturni-proekti/#respond Sat, 04 Nov 2023 11:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=896397

Денеска сме во Прилеп како дел од теренската акција „Важно е, од тебе зависат промените“. Продолжуваме насекаде низ Македонија, заедно сме со потпретседателот Николоски, со градоначалникот, со пратениците, со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, со советниците, со луѓето, со поддржувачите, со активистите,изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.. -Денеска во Прилеп ќе разговараме за она што е важно за прилепчани, а што треба да биде дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните парламентарни избори бидејќи за неколку месеци од денеска почнува и официјалната кампања за следните парламентарни избори. Ние имаме би рекол студиозен и многу темелен пристап, во оваа предкампања, во оваа теренска акција сакаме со граѓаните или групи на граѓани да разговараме и директно од теренот да слушнеме што е она што е за нив важно, а што би требало да биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, кои се очекувањата од идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Па, да видиме, да ги анализираме, да направиме јасна методологија што е тоа што ќе го исполниме, што е тоа што едноставно поради објективни причини не може да се реализира, што е тоа кое што во фази ќе се реализира. Многу сме внимателни и сакаме да влеземе во кампања во која што тоа што ќе биде кажано и ќе биде испорачано. Не сакаме да ветуваме чуда, ние не сме чудотворци, а и чудата не се возможни. Сакаме тоа што ќе го ветиме да биде и реализирано бидејќи во минатото сме свесни дека се давани големи ветувања, се креваат очекувањата, а потоа кога политичарите нема да го испорачаат ветеното следат големи разочарувања. И тоа е лош пример, и затоа сега имаме таков темелен и студиозен пристап. Можам да кажам дека проектот кој што овде во Прилеп значеше реконструкција и ревилитализација на голем број на улици во општина Прилеп заедно со уште неколку други проекти кои што во минатото сме ги комуницирале полека но сигурно се привршуваат. Навистина тоа кое што беше кажано се реализира, очекувам така да продолжи и во периодот кој што следи иако сум свесен за сите би рекол предизвици со кои што се соочува Општината. Онаа состојба која што беше наследена. А, од друга страна и односот на Владата на СДСМ и ДУИ кон општините каде што имаме градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Но, тоа е лошата вест. Добрата вест е дека за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Влада која што на целата територија на Македонија во сите општини, без разлика дали градоначалникот е од редот на ВМРО-ДПМНЕ или не е од редот на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме насекаде да инвестираме. И минатиот пат кога бев во Прилеп кажав, но сакам и сега да повторам дека повеќе од 250 милиони евра годишно ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините. Во Прилеп овде во еден четиригодишен мандат ќе бидат инвестирани до 34 милиони евра помеѓу 8 и 8,5 милиони евра годишно. Што ценам дека е бројка која што навистина ќе допре до секој граѓанин во Прилеп. Ние не можеме сите проблеми да ги решиме, но очекувам, дека со оваа инвестиција во еден четиригодишен мандат на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ голем дел од потребите на прилепчани ќе бидат решени. Така што уште еднашка сакам да ги поздравам прилепчани и да ги поканам денеска да ни се придружат за време на теренските активности, да слушнеме што е тоа што е за нив важно и истото тоа да биде дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, заклучи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-34-milioni-evra-za-4-godini-za-prilep-za-infrastrukturni-proekti/feed/ 0
Во Прилеп хуманитарен концерт за лицата со цистична фиброза https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-humanitaren-kontsert-za-litsata-so-tsistichna-fibroza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-humanitaren-kontsert-za-litsata-so-tsistichna-fibroza/#respond Wed, 01 Nov 2023 13:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=895395

Пациентите со цистична фиброза барата системско решавање на проблемите и терапија за сите, беше истакнато на денешниот хуманитарен концерт во центарот на Прилеп за донирање за овие пациенти. Од околу 140 пациенти, двајца се од Прилеп, а само 12 ја примаат терапијата. -Ова е начин да се биде гласен да се подигне свеста за пациентите со цистична фиброза. Ваквите хумани настани се битни за поддршката на пациентите и можност перманентно да се потсетува дека цистичната фиброза треба да биде заедничка битка: за унапредување на третманот и лекувањето, за обезбедување центар за цистична фиброза, пристап до модулаторната терапија и пристап до сите потребни лекови што е во согласност со современите и европски протоколи, изјави Елизабета Ангелеска Атанасоска, член на Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза и родител на лице со оваа болест. На хуманитарниот настан во центарот на Прилеп концерт одржа групата „The Haunds“, а општествено одговорна компанија подари два апарати за инхалирање за семејствата на прилепските пациенти. -Ова значи, апсолутно, да им се помогне на луѓето со цистична фиброза и сите лекови да се стават на позитивната листа и, пред сè, да се набават. Да се зголеми свеста дека треба најитно да се донесат лековите, рече Крсте Карчевски, музичар од групата „The Haunds“. -Општествено одговорна компанија донираше два апарати кои им се неопходно потребни на овие деца. Од четири семејства во Прилеп, поради лошиот третман, две се иселија во странство, рече Дејан Проданоски, претседател на советот на Прилеп. Со овој хуманитарен настан, под мотото „Прилеп-град борец, херој, хуманитарец“ почнува одбележувањето на Денот на градот - 3 Ноември и 79-годишнината од конечното ослободување.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-humanitaren-kontsert-za-litsata-so-tsistichna-fibroza/feed/ 0
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведен дилер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-prilep-pronajdena-droga-priveden-diler-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-prilep-pronajdena-droga-priveden-diler-2/#respond Tue, 31 Oct 2023 09:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=894805

На 30.10.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-prilep-pronajdena-droga-priveden-diler-2/feed/ 0
Филмот „Лена и Владимир“ на Игор Алексов во киното „Мис Стон“ во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=892773

Најновиот македонски филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов вечер првпат ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ во Прилеп, со почеток во 19.30 часот. Филмот е работен по сценарио на Александар Русјаков. Својата премиера ја имаше на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, а на 19 октомври се прикажа пред скопската публика во „Синеплекс“. Улогите во „Лена и Владимир“ ги толкуваат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски и други. Во филмот судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/feed/ 0
Трагедија во Прилеп: Загина млад мотоциклист, во него удрило товарно возило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-prilep-zagina-mlad-mototsiklist-vo-nego-udrilo-tovarno-vozilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-prilep-zagina-mlad-mototsiklist-vo-nego-udrilo-tovarno-vozilo/#respond Sat, 21 Oct 2023 11:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=891569

На 20.10.2023 во 13.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Народен херој Орде Чопела“, мотоцикл „кимко“ управуван од Љ.П.(44) од Прилеп удрил во заден дел од товарно моторно возило „ман“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од Р.П.(43) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде им подлегнал на повредите. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-prilep-zagina-mlad-mototsiklist-vo-nego-udrilo-tovarno-vozilo/feed/ 0
Во Прилеп почна традиционалниот саем на медот: „Која било цена под 400 денари значи дека е лажен мед“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-pochna-traditsionalniot-saem-na-medot-koja-bilo-tsena-pod-400-denari-znachi-deka-e-lazhen-med/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-pochna-traditsionalniot-saem-na-medot-koja-bilo-tsena-pod-400-denari-znachi-deka-e-lazhen-med/#respond Thu, 12 Oct 2023 12:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=888099

Од денеска до сабота во центарот на Прилеп, по 14-ти пат се одржува Саем на медот што го организира прилепското здружение на пчелари „Братство“. На саемот се изложени повеќе пчелни производи. За пчеларите годинава е просечна, ама проблемите остануваат. Глвно климатските промени, а намалувањето на сточарството со годините го преполови производството на мед во земјава. -Оваа година беше просечна за производството на медот. Се одразија пролетните обилни дождови, а потоа и топлотниот бран. Сепак е задоволителна година, зашто имало и многу лоши периоди. Многу се одразуваат временските неприлики и флората и фауната. Со намалувањето на сточарството, се намалува количински и производството на мед, како што се уништува сточарството се уништува и медоносната трева. Една од причините е и уништувањето на шумите. Појасите од багреми се намалуваат, се помалку се сеат репи, сончогледи кои го зголемуваат приносот. Со годините, за 50 насто е намален родот, изјави Дејан Бошкоски, претседател на прилепското здружение на пчелари „Братство“. За пчеларите најголем проблем останува нелојалната конкуренција и увозот на „лажен“ мед. Сметаат дека нема доволна контрола,а намаленото производство влијае да се има организиран извоз. - Внесот во државава на неквалитетен, „лажен“ мед негативно се одразува на медопроизводството. Се увезува од други земји, со гликози е од и генетски модифицирани производи. Недоволно се контролира, и од царината и од инспекциските служби што се увезува. Организиран извоз немаме зашто и количински не задоволуваме за да го извеземе. Недостасуваат младите пчелари, зашто повеќето се возрасни. како здружение се трудиме да ги вклучиме, но нчесто неисплатливоста ги разубедува и мора да имаат и друга дејност, смета Бошкоски. Пчеларите не се откажуваат да го унапредат производството и да се живее од пчеларството. -Јас сум млада пчеларка. Наследив од татко ми и од дете сум со пчелите и со производството на мед. Имаме 25 пчелни семејства, настојуваме да ги зголемиме. На потрошувачите им велам да внимаваат каков мед купуваат. А има интерес за чист мед, рече Флорина Бошкоска, млада пчеларка од Прилеп. - Ја зголемуваме понудата и на пчелни производи и услуги. За квалитетно и поголемо производство ги преселуваме кошниците на побогати медоносни пасишта. Но има и ризик. Еве годинава мечка ми уништи две кошници, што не се случило досега, вели искусниот пчелар Зафир Зафироски. Во Прилеп се околу 200 пчелари, повеќе од половината се членови на пчеларското здружение „Братство“. Инаку,во Прилеп медот се продава од 600 денари па и повеќе за еден килограм. За пчеларите која било цена под 400 денари значи дека е лажен мед. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-pochna-traditsionalniot-saem-na-medot-koja-bilo-tsena-pod-400-denari-znachi-deka-e-lazhen-med/feed/ 0
СКАНДАЛ: Власта не сака да се меша со обичните граѓани, забрани и тие да се поклонат во исто време со нив на Могилата на непобедените (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vlasta-ne-saka-da-se-mesha-so-obichnite-gragani-zabrani-i-tie-da-se-poklonat-vo-isto-vreme-so-niv-na-mogilata-na-nepobedenite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vlasta-ne-saka-da-se-mesha-so-obichnite-gragani-zabrani-i-tie-da-se-poklonat-vo-isto-vreme-so-niv-na-mogilata-na-nepobedenite-foto/#respond Wed, 11 Oct 2023 14:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=887752

За првпат за обичните граѓани денеска беше забранет пристапот до Могилата на непобедените и Алејата на народните херои. Луѓето чекаа да заминат делегациите за да можат да положат цвеќе пред споменикот на своите предци. На семејствата на паднатите борци и народни херои дури и на новинарите им беше забранет пристап додека делегациите беа на самото место. Со ова уште еднаш се докажа дека власта е над народот и не сака да се меша со обичните граѓани, но уште помалку да слушне нечие мислење или коментар во врска со лошите политики кои ескалираат од ден на ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vlasta-ne-saka-da-se-mesha-so-obichnite-gragani-zabrani-i-tie-da-se-poklonat-vo-isto-vreme-so-niv-na-mogilata-na-nepobedenite-foto/feed/ 0
Прилеп го чествува 11 Октомври https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-go-chestvuva-11-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-go-chestvuva-11-oktomvri/#respond Tue, 10 Oct 2023 20:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=887626

Со импровизиран напад на градот, со бројни настани и огномет во предвечерието на празникот, Прилеп ги почна чествувањата и одбележувањето на 82 години од почетокот на Народното востание и антифашистичката борба. Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Прилеп ја испрати пораката дека 11 Октомври е еден од најсветлите датуми од поновата историја и мора да добива соодветно значење и внимание. - Со импровизираниот напад потсетивме дека македонскиот народ се изборил за својата независност и самостојност и тоа мора да се памети и почитува, изјави Јовчески. Меморијалниот музеј „11 Октомври“, некогашниот „Участак“ пред кој започнале настаните на 11 октомври 1941 беше отворен и бројни прилепчани и гости го посетија музејот. Граѓаните со порака - да не се заборави скапо платената слобода и пожртвуваноста на револуционерните генерации. - Во Прилеп и Куманово пукнала првата пушка, рече млад прилепчанец. - Јас сум од постарата генерација, 11 Октомври многу ми значи. Мојата порака е да го чествуваме празникот, да се потсетуваме и никогаш да не заборавиме што сѐ е дадено за нашата слобода и независност. Многу е значаен за Македонија, смета еден од повозрасните прилепчани. - Редовно доаѓам во Музејот, кој бил полициска станица. Сакам да видам каде е мачена мајка ми која со години ни говореше што претрпеле во тие тешки времиња, ни спомена прилепчанец пред Музејот „11 Октомври“. Во чест на празникот, во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп. Во Градската библиотека „Борка Талески“ се чествуваше празникот со манифестацијата „Октомвриска ноќ: Прослава на уметноста и поезијата“ во спомен на хероите од НОБ и револуцијата. Се отвори изложба од академскиот сликар Сергеј Андреевски, а ќе се чита избор песни од Метре М. Андреевски и од Светлана Христова Јоциќ. Централното чествување синоќа беше на камената бина на плоштадот „Александрија“, со музичко сценски изведби и рецитал „Октомври“. Во предвечерието на празникот, учениците од 10-те прилепски основни училишта на плоштадот „Методија Андонов - Ченто“, традиционално, во пресрет на празникот 11 Октомври го формираа македонското знаме. На празникот, бројни државни делегации ќе им одадат почит на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов - Ченто, пред неговиот споменик во центарот на градот, на идеологот на Револуцијата Кузман Јосифоски - Питу, а почит за борците ќе им биде оддадена на Могилата на непобедените каде во криптата се моштите на 650-те борци кои ги дал Прилеп во НОБ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-go-chestvuva-11-oktomvri/feed/ 0
Со формирањето на македонското знаме во Прилеп почнаа одбележувањата за 11 Октомври https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-formiraneto-na-makedonskoto-zname-vo-prilep-pochnaa-odbelezhuvanata-za-11-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-formiraneto-na-makedonskoto-zname-vo-prilep-pochnaa-odbelezhuvanata-za-11-oktomvri/#respond Tue, 10 Oct 2023 11:30:38 +0000 https://kurir.mk/?p=887434

Учениците од 10-те прилепски основни училишта на плоштадот „Методија Андонов ченто“, традиционално, во пресрет на празникот 11 Октомври го формираа македонското знаме. Со тоа во Прилеп и официјално почнаа одбележувањата на 82-годишнината од почетокот на Народното востание. Во чест на празникот меморијалниот музеј „11 Октомври“ цел ден и вечер, а и утре на празникот, ќе биде отворен за посетителите. Музејот, некогашниот участок е местото каде со нападот на групата на одредот „Гоце Делчев“ на 11 октомври 1941 беше  означен почетокот на народното и последно, победоносно востание за создавање македонска самостојна и независна држава. Во последно време зголемен е интересот за посета. - За разлика од еден период кога новите генерации многу не знаеја и не го посетуваа Музејот, во последниот период ситуацијата е изменета. Сето зависи од образовниот процес и нашиот однос спрема поблиската историја. Можеби влијаат и последните општествено политички ситуации. Во секој случај, зголемен е интересот да се познава историјата, зашто не ја учиме историјата само за да го знаеме минатото, туку и за да знаеме како да се однесуваме и да ја градиме иднината, вели Рубин Белчески, историчар од прилепскиот Завод и музеј и претседател на Сојузот на борците од Прилеп и поддржувачи на традициите од НОБ. Во чест на празникот, во 18 часот во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп. Во 18, 30 часот во градската библиотека „Борка Талески“  ќе се чествува празникот со манифестацијата „Октомвриска ноќ: Прослава на уметноста и поезијата“ во спомен на хероите од НОБ и револуцијата. Ќе биде отворена изложба од академскиот сликар Сергеј Андреевски, а ќе се чита избор песни од Метре М. Андреевски и од Светлана Христова Јоциќ. Централното чествување е од 19 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“. Ќе има музичко сценски изведби, рецитал „Октомври“, а потоа се традиционалниот огномет и импровизираниот напад на градот како потсетување на виорните времиња на 11 октомври 1941-та. Утре, на празникот почит за борците и хероите. Делегации од Сојузот на борците, од Владата, Парламентот, од локалната самоуправа и граѓани ќе се поклонат и ќе положат венци и свежи цвеќиња пред спомениците на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и на Кузман Јосифоски-Питу, идеологот на Револуцијата, во центарот на градот, а потоа и на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци што ги дал Прилеп во НОБ и Револуцијата. Почит за хероите и во Алејата на народните херои во Паркот на Револуцијата каде се бистите на 10- народни херои. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-formiraneto-na-makedonskoto-zname-vo-prilep-pochnaa-odbelezhuvanata-za-11-oktomvri/feed/ 0